Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Светска здравствена организација, Европски центар за превенција и контрола на болести и регионалните здравствени системи во Африка прогласија состојба на висока тревога поради новата епидемија на Ебола што се шири во Демократска Република Конго и Уганда. Ситуацијата е оценета како „итна ситуација од меѓународна загриженост“, со повеќе од 300 сомнителни случаи и најмалку 88 потврдени смртни случаи, додека дел од официјалните извори во Конго ...
Триесет и шестгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот Пух-Урштајн во близина на Салцбург. Според информациите од австриската полиција, акцијата за апсење била спроведена во населбата Елизабет-Форштат, во близина на главната железничка станица во ...
Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска ја доби плакетата „Европска личност на годината“ за 2025 година, признание што Европското движење во Република Македонија традиционално го доделува по повод одбележувањето на Денот на Европа. Кедев не присуствувал лично на свеченото доделување поради неодложни професионални обврски, но до присутните се обратил преку видеопорака во која изразил благодарност за ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна ...
На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици ...
Утре 21.05.2026 година (четврток) во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на прослава на Германската компанија „Костал” во Охрид по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Утре 21.05.2026 година (четврток) во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа закони во целосна спротивност со препораките ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, министерот Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските ...
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, ...
Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, ...
Прес конференција на претседтаелот на ГО СДСМ, Александар Давчевски Денеска нема да зборуваме за нова епизода од лошо изрежираната ПР серија на градската власт туку за реалноста што ја гледат скопјани секој ден штом излезам од дома. Зад целата таа ароганција, зад навредите и театарот што го гледаме на седниците на Советот, се крие една многу потемна, но и многу појасна слика – слика на неспособност, матни тендери и целосно запоставено ...
На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските државјани се ...
Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...
„Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора”, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на ...
Со објава на социјалната мрежа „Икс“, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“. – Нашите моќни вооружени сили се етаблираа како првите што го соборија широко рекламираниот ловец „Ф-35“ – изјави тој. Со научените лекции и стекнатото знаење враќањето во војна ќе донесе уште поголеми ...
По повод Денот на пожарникарството, беше упатена честитка и изразена длабока благодарност до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и несебична служба кон граѓаните. Во обраќањето беше истакнато дека пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти. Беше нагласено дека ...
Простор за едукација на околу 200 деца ќе се овозможи со доградба на осум училници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место Волково-Орман во општина Ѓорче Петров. Камен телемникот на доградбата денеска беше поставен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и општинските власти. Проектот е финасиран со 42 милиони денари преку вториот повик на Владата. – Денеска одбележуваме 80 години јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто ...
Реакција на Левица за новото задолжување: Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех”, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари”, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално ...
Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува ...
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, утревечер, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и афирмација на ...
Пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само Вистина” на Канал 5, реагираше на одбивањето на власта да го поддржи предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства. Лукаревска обвини дека власта избегна да даде јасен одговор зошто законот не доби поддршка и рече дека зад тоа стојат заткулисни игри. „Да објаснат зошто веднаш го тргнаа законот, ...
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ). Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од ...
На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...
На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите ...
Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата. Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во засолништа. – Веднаш ...