
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Две балетски вечери на современ танц и една вечер на класичен танц се дел од 2. издание на Фестивалот за класичен и современ танц Credеnce Dance Festival што ќе се одржи од 1 до 5 јуни во Националната опера и балет. Фестивалот е профилиран како платформа за презентација на искуствата и знаењата, а го организира , а го организира Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На програмата се современи дела кои ...
Бугарскиот писател Петар Денчев во три градови ви Македонија ќе го претстави преводот на своето дело „Малиот бог на земјотресот“ на македонски јазик. Турнејата ќе почне вечерва во 19.30 часот во Јуроп хаус во Струмица. Модератор на настанот е Далибор Плечиќ. Утре (29 мај) Денчев ќе гостува во Скопје во книжарницата „Антолог“ во Центар од 19 часот. Настанот ќе го модерира Пепи Стамков, а освен авторот, ќе се обрати и преведувачот Душко Крстевски. ...
„Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата ја организираат Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ. Куратори се Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашања: Кои значења и пораки се својствени за ткаенините? Каква е ...
Во Културно-информативниот центар на Скопје вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Социолингвистика“, со поднаслов „Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација“ од д-р Александра Ѓуркова, издание на „Македоника литера“. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Симона Груевска-Маџоска и проф. д-р Димитар Пандев. Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира ...
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20 часот Ателјето за цртање и сликање на Лара Ташковска ќе ја отвори годишната завршна изложба. Учесниците ќе ги презентираат своите дела создадени во изминатата учебна година. Со цртежи и слики ќе се претстават деца, млади и возрасни учесници на кои ќе им бидат врачени сертификати. Свеченото отворање и врачувањето на сертификатите ќе се одвива на Зелениот кров, а ликовните дела ќе бидат ...
Претставата „Мац, мац!” во режија и кореографија на Филип Петковски и копродукција на „Пресврт“, Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес и „Гете институтот“ ја доби наградата за најдобра претстава од студентското жири на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина, што заврши синоќа. Режисерот Петковски ја сподели радоста што студентите од Приштина ги препознале стилот и естетиката на претставата како релевантни и дека е почестен ...
Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип вечерва во 19 часот концерт ќе одржат чешкиот кларинетист Карел Дохнал и нашата пијанистка Наташа Трбојевиќ. Со концертот почнува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што го организира Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Фестивалот предвидува концерти на познати музичари од различни држави и мастеркласови кои уметниците ќе ги одржат за студентите од ...
Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово во режија на Владимир Јованоски освои Гран при на 61. Драмски аматерски фестивал, што заврши синоќа во Кочани. Наградата што го носи името „Васил Ќортошев“ ја добива за сите театарски сегменти: актерска игра, режија и визуелен идентитет кои беа на највисоко ниво. Пленеа со искрена енергија, исклучителна партнерка игра и не ја оставија публиката рамнодушна, вели ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска. Ова трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка-Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот ...
Претставници од две македонски училишта учествуваа на обуката „Зелени практики во Еразмус+ проекти“ што се се одржа во Братислава, Словачка. Заедно со повеќе од 50 учесници од 21 европска земја работеа и претставници од училиштата „Петар Поп Арсов“ од Општина Чашка и од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово. – Настанот се фокусираше на разработка на различни пристапи кон зелена агенда и одржливост, вмрежување помеѓу колеги од европските ...
Надвор од училишните обврски, активно се ангажирам на неколку различни полиња. Ко-основач сум на Webiray, агенција за развој на софтверски решенија, каде веќе две години посветено работиме со цел да помогнеме со дигитализација и интеграција на вештачката интелигенција во различни области – вели средношколецот од САБА од Скопје Филип Најдовски од Скопје, ученик во трета година во Приватната гимназија САБА ќе биде единствен претставник од ...
Проектот “Are you ready for Pelister„ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става концептот на паметно село, а ќе се одржи утре во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на ПРЕДА и конзорциумот од партнери вклучувајќи ги општина Битола, Универзитетот ...
Биста на Томас Транстромер, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, е поставена во спомен-домот на браќата Миладиновци, каде се одржа свечен настан. Спомен-обележјето чиј автор е академскиот вајар Сокол Цфарку е донација за СВП од страна на македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и неговата сопруга Пирко Т. Киленен. Транстромер го доби „Златниот венец“ во 2003 година, а добитник на Нобеловата награда за ...
Македонскиот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово го награди актерот Сашко Коцев со „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата. Наградата ќе му биде врачена на денот на отворањето на фестивалот кон крајот на септември. – Посебен ден за мене – напиша тој на својот фб-профил. Сашко Коцев е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар каде игра во поголемиот дел од репертоарот. ...
Филмот „Анора“ на режисерот Шон Бејкер ја освои врвната награда „Златна палма“ на 77. Кански филмски фестивал синоќа. Филмот е комична, но и запрепастувачка одисеја за сексуална работничка што се мажи за син на богат руски олигарх. Најдобар режисер е прогласен Мигел Гомес за филмот Grand Tour. Најдобар актер е Џеси Племонс за улогата во „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос, а за најдобри актерки се наградени Адријана Паз, Зое Салдана, Карла ...
Инфомед (https://infomed.mk/) е нобвата бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Целта на агрегаторот е да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајки на сите лица кои што имаат потреба од брзи информации, односно со лекување на пациенти, да можат да ги најдат на едно место брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен архаичен пристап преку книги, ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот рок групата „Културно-уметнички работници“ ќе одбележи 25 годиби активна работа. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 Мај“ – концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во киното „Фросина“ во МКЦ. Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, ...
Овие 25 години значат многу за еден мал, но мошне значаен фестивал кој го става актерот во самиот центар. Ова е фестивал којшто докажа дека монодрамата како театарска форма е мошне значајна за актерот – вели Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура Под мотото „Славење на уметничката слобода“ вечерва во 19.30 часот со музичката манифестација „Глумците пеат“, ќе биде отворен 25. Фестивал на монодрама во Битола. Фестивалот ќе ...
Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали Во општество полно со корупција, уредникот-ветеран Бодан и амбициозната млада новинарка Софија, независно еден од друг, откриваат скандалозно видео. Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали. Филмот навлегува во темниот, груб свет на моќта и ...
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. – Бараме млади, храбри и креативни луѓе кои сакаат да се изразат слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени од сите вас, ќе бидат поделени во групи со по еден ментор, а на крајот секоја ...
Изложбата „Херојското доба на Хистрите“ на авторот проф. д-р Мартина Блечир Кавур ќе биде отворена денеска во 14 часот во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Изложбата се реализира во соработка со Археолошкиот музеј на Истра во Пула и ќе биде отворена до 1 септември. Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред н.е. и преку нивната материјална култура може да ...
„Фрагментирана интроспекција“ е насловот на изложбата на скулптури од Слободан Милошески која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена во изложбениот салон на Музејот во Неготино. Тој ќе се престави со 14 скулптури од галериски формат, создадени во инокс во последните две години. Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни. – „Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Синиша Новески. Под наслов „Мистерија и индивидуализам“, тој ќе се претстави со 12 скулптури. На отворањето ќе се обратат проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден амбасадор на нашата земја во Хрватска, Наталија Поповска, директорката на КИЦ во Загреб, проф. д-р. Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја ...
Ретроспективна изложба на Драган Верговски-Алпи, советник козерватор, современик на Борко Лазески и Димитар Кондовски ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Верговски во своето творештво вклучува повеќе „изми“, односно различни уметнички правци од модерната и постмодерната ликовна уметност и нивно еклектично поврзување, при што не се држи строго до одреден правец туку интегрира повеќе од нив во изведбата ...
Работа може многу лесно да се најде, тргнувајќи од фабриките, лабораториите, образовните институции, велат студенти од Институтот за физика при ПМФ Едниот студира астрономија и астрофизика, другиот применета физика, а третиот медицинска физика. И ова се само дел од насоките што може да се изберат на Институтот на физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Давид, Павел и Адам доаѓаат од различни делови на Македонија и имаат различни ...
„Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни фестивали конечно може да го споделиме филмот со македонската публика“, рече режисерката Елеонора Венинова на македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ што се одржа во преполна сала во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода. Низ емотивни излагања по проекцијата, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден ...
Илустрациите од реномираните турски автори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван и од нашата илустраторка Наташа Андонова кои беа изложени на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ е поместена во трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје. Посетителите на „Рамстор“ ќе можат уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на уметниците. – Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ...
„Боцкаме на кирилица“ е првиот настан што го организира редакцијата на Трн.мк вечерва во 20 часот во „Бруталиск“ во Скопје. – Многумина нè прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот. Дојдете и „боцнете“ од кириличното мени – велат од Трн. Ќе настапат: Јовица Михајловски со кириличен поздрав, Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет, Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со ...
Изложбата „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола. Станува збор за визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените ...
Музички спектакл ќе се одржи вечерва во 20 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Меродиј“ во Скопје. Платото ќе се трансформира во музичка сцена по повод настаните околу Денот на Европа, оносно концертот што го организира Јуроп хаус насловен „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. Концертот ќе биде незаборавно патување низ времето, каде што старите македонски хитови ќе добијат свежо и модерно руво, и тоа преку изведбите на ...