Спомен-куќата на Гоце Делчев, некогаш сопственост на битолското семејство Ракиџиеви, ќе биде свечено отворена утревечер во 20 часот во Битола. Преуредувањето на музејската поставка во спомен-куќата се состои од три дела – историска соба и етнолошка соба, кои се наоѓаат на горниот кат и училница која се наоѓа на долниот кат од куќата. Проектот го работеше Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. – Огромна работа завршија ...

Синоќа свечено беше отворена „Спомен куќата на Гоце Делчев“, во централното градско подрачје на Битола, во која македонскиот револуционер Гоце Делчев престојувал во 1901 година. Завод и Музеј Битола целосно ја реновираше спомен куќата, некогаш сопственост на семејството Ракиџиев. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, пратеници во парламентот, ректорот проф. д-р Игор Неделковски, делегации на ...

Реновирана спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола Со свечена церемонија вечерва беше отворена целосно реновираната спомен-куќа на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Битола. Директорот на Битолскиот музеј, Зоран Николовски, информираше дека објектот е темелно обновен, вклучувајќи го и ентериерот и екстериерот. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола, членови на Советот, пратеници, претставници на политички партии, граѓански ...

По повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија. ...