
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Мирослав Поповски-Вински. Тој ќе се претстави со четириесетина дела работени во кован бакар во последните неколку години. Поповски-Вински (1958 година, Куманово) со техниката кован бакар се занимава повеќе од 30 години. Својата прва изложба ја реализирал во Куманово во 2007 година, а во последните три години излагал во Струмица, ...
Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на селектор на главна, документарна, кратка и студентска програма на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Може да аплицираат членови на Друштвото и други истакнати, докажани филмски професионалци, повеќегодишни критичари, теоретичари на филмот, како домашни така и странски граѓани кои ги исполнуваат следните критериуми: • да има високо ...
На научна конференција за фолклористика која во септември 2022 година се одржа во селото-музеј Тршиќ, во Србија, родното место на првенецот на српската лингвистика Вук Караџиќ, свое учество земаат и тројца струмичани, Иван Котев, Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева. До двете дами остварени во областите во кои работат и посветени на научното проучување на јазикот, присутните академици од Српската академија на науките и уметностите, професори ...
Проф. д-р Жељко Милановиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад ќе одржи онлајн-предавање денеска во 10 часот, на темата „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?“. Предавањето е во рамките на на манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Предавањето можете да го ...
Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ Скопје 1964 – 2024“. Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. – Во услови кога светот се соочува со ...
Нашата основна цел е пред сè да бидеме достапни и близу до сите млади од различни региони во нашата држава, а овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност, вели Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција Во централното градско подрачје во Битола или место кое битолчани го знаат како поранешно „Кафе чао“ денеска во 18 часот ќе биде отворен Еразмус+ инфо центар. Локацијата ја отвора Националната ...
Комедијата „Цело тело тука ме боли“ по текст и режија на Никола Пејаковиќ ќе гостува на 8 април, во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Пред скопската публика ќе настапи легендарната српска актерка Светлана Бојковиќ, заедно со Радован Вујовиќ и Андријана Оливериќ. Комедијата „Цело тело тука ме боли” си поигрува со актуелните, современи болести на општеството, комбинирајќи ги со проблемите на сите времиња кои го следат ...
Во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска во 12 часот свечено ќе бидат отворени „Деновите на македонската литература“. Пригодна реч ќе одржи деканот, проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителот на катедрата проф. д-р Трајче Стамески, по што следува предавањето на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска на тема „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“. Професионалниот пат на ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со Живко Грозданоски, автор на книгата на месецот „Писмо за Глорија“ како дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Со Грозданоски ќе разговара книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Писмо за Глорија“, издание на „Или-Или“ е слоевито дело, кое меѓу другото говори и за ...
„Од архивите на МРТ“ е насловен концертот кој вечерва во 20 часот ќе се одржи во малата сала на Филхармонија во рамките на манифестацијата „Денови на македонската музика 2024“. Концертот на оркестарот на „Танец“ обединува неколку јубилеи – 80 години од основањето на МРТ, 75 години од основањето на „Танец“ и Народниот оркестар на МРТ, и 70 години од раѓањето на Тодор Трајчевски, член на Сојузот на композиторите на Македонија и автор, ...
Во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Скопје сити мол“ утре во 18.30 часот ќе биде промовирана новата книга „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов, еден од најплодните македонски писатели за деца. Делото ќе го промовираат Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Извадоци од книгата ќе интерпретира актерката Снежана Конеска Руси. Кон ...
Снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума започна вчера во продукција на „Сестри и брат Митевски“. Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа, проект кој ни е особено драг бидејќи е сместен во енергична ромска заедница во Шуто Оризари, велат од продукцијата. – Ова е филм што следи три генерации жени – додека тие се движат низ ...
Ристо Ристовски, Васко Ташковски и Лара Ташковска, три генерации уметници ќе ги изложат своите дела во галеријата на Македонската академија на науките и уметностите на 11 април во 19 часот. Ристо Ристовски е роден 1912 година во битолското село Нижополе. До јули 1928 година. се занимава со земјоделие, а од август истата година учи шеќерџиски занает во Скопје во бонбонџиската работилница „Европа“. Со сликарство активно се занимава од септември ...
Eвалуација 360, централизирано спроведување на сите анкети, континуирано следење на меѓународните активности на факултетите и наставниот кадар, како и остварените кариерни можности за студентите се дел од активностите за обезбедување на квалитетот кои од овој месец ќе ги спроведува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Воспоставувањето на новиот систем за квалитет беше предвидено во програмата на ректорката, проф. д-р Биљана ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по 8. пат за време на Саемот на книгата, ќе ги додели наградите на МАИ. На Саемот, кој ќе се одржи од 18 до 24 април, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до овогодишниот саем (мај 2023 – април 2024 година). Поканата за учество на конкурсот за наградите на МАИ е отворена за сите издавачи од Македонија кои можат да ...
Во Музејот на македонска борба и самостојност во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија со фокус на зборообразувањето како главен начин за да се збогати македонскиот јазик. Ќе се обрне внимание на теоретскиот и практичниот дел од процесот на создавање нови зборови и ќе го поставиме прашањето дали сме доволно продуктивни во негувањето и развојот на нашиот јазик, велат организаторите. На дискусијата ќе учествуваат: проф. д-р Славица Велева, професор ...
Во малата сала на Филхармонијата никој не го криеше задоволството што поминал години во оваа институција, или пак малку придонел во нејзиното градење Пред повеќе од 100 години со арабаџиски коли се пренесувале камените споменици од цела Македонија во Куршумли ан во Скопје. Тие сè уште се во анот и ја пренесуваат својата порака на многу различни начини. Ја раскажуваат приказната на луѓето што ги создале, но и на колегите кои ги документирале, ...
Пред неколку години се погоди неколку романи што ги прочитав едно по друго да зборуваат за ликови незадоволни од својот живот, трагаат по нешто друго, но на крајот сфаќаат дека сето тоа е лажно, и се враќаат на својот живот, кој од таа подоцнежна перспектива повеќе го ценат. Тоа ме поттикна да размислувам за една сосема спротивна тема – да ја истражам можноста за прифаќање на сите избори како дел од развојот на личноста – вели Калина Малеска во ...
„За да ја зголемиме атрактивноста за студирање кај нас, треба државата да им обезбеди сместување, стипендии и поквалитетни програми на студентите, но и програми на англиски јазик особено на додипломските студии. Од друга страна, компаниите треба да се поодговорни кога земаат студенти на пракса и важно е да ги вклучат во процесот со цел да ги научат потребните вештини“, рече Ана Шоповска делегат од Универзитетското собрание на тематскиот форум ...
Под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ. Стартот на маратонот е во 11 часот во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар до Владата. – По завршување на трката ќе одржиме мирен протест пред Владата за да ја подигнеме свеста во државата за подобрување на условите за ...
Во 78-година од животот, денеска почина доајенот на Турскиот театар, Мустафа Јашар. Тој е роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работи како актер во Турскиот Театар Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во турскиот театар. Претставите како ,,Алиш” 1974, „Дервиш и смрт” 1976, „Лудата Емине“ 1984, „Јунус Емре” 1991, „Хамлет” ...
Филмскиот воз на Кинотеката за април ќе содржи киноприказни од различни жанрови, од различни земји, од различни континенти, со различен датум на создавање. Повторно продолжуваат филмовите од серијалот „Лауреатите на Манаки“ и веќе востановените денови на одредена кинематографија. За човечката психа говори филмот што оди потоа – „Лолита“. Но не култниот црно-бел филм на Кјубрик, туку римејкот во боја од деведесеттите години, снимен од режисерот ...
На свечена церемонија во Тоскана италијанската полиција му ја врачи наградата за најдобар филм на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, во рамките на фестивалот „Интернешнал полис артс авардс фестивал (International Police Arts Awards Festival – IPAAF). Се работи за престижна културна манифестација во Италија, каде што полицијата веќе 27 години наградува уметници во областа на филмот, музиката, сликарството, литературата, театарот, ...
Промоција на новиот роман „Светот што го избрав“ од Калина Малеска ќе се одржи утревечер во 19.30 часот во „Буква“. Промоцијата е замислена како разговор кој со авторката ќе го води Илина Јакимовска. „Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни ...
Во галеријата Чифте амам во Старата скопска чаршија, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Уметници и бегалци“. Изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалсикте заедници во Романија на почетокот на март годинава. На изложбата со свои дела ќе се претстават македонските уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Танева и ...
Во фоајето на Македонскиот народен театар утревечер во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од А.Чехов. Покрај главната уредничка Зоја Бузалковска, како главни промотори ќе зборуваат и Драгица Најческа, преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски, актер, и Гоце Смилевски, писател, а издавач е МНТ. – Со ова драгоцено издание на „Иванов“, комедијата од 1887 година и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, ...
Почетоците на музејската дејност во Македонија датираат од 1924 година, кога неколкумина истакнати научници кои со голем ентузијазам иницирале формирање на музејска установа во Скопје Со свечена академија на малата сцена во Филхармонијата во Скопје, денеска во 11.30 часот Археолошкиот музеј ќе одбележни 100 години од основањето. Истакнати претставници од научниот и културниот живот ќе зборуваат за неговата значајна улога во развојот на ...
Сто динамични млади поединци од Пелагонискиот Регион успешно ја лансираа првата Младинска платформа, како значајна иницијатива насочена кон справување со предизвиците со кои се соочуваат младите во регионот. Овој пионерски проект означува голем скок кон унапредување на соработката помеѓу граѓанскиот и јавниот сектор, со крајна цел за подигање на гласот на младите во заедницата. Девет клучни локални организации, предводени од „Про Локал“ и ...
Образованието, науката и културата се столбови на секое општество. Визијата на Здружението на граѓани за промоција и унапредување на културата, образованието и науката УМНО е да придонесе Македонија да биде место каде уметноста ќе биде дел од секојдневието, каде децата ќе растат со култура, ќе ја развиваат својата свест за културното наследство, а изложбите, театарските претстави и филмовите ќе бидат составен дел од нивниот живот. Сакаме да ...
Еден од главните акценти на законот е валоризација и категоризација со конкретни рокови, а тоа значи ревизија на целокупното културно наследство и почнување од почеток што се покажа како невозможно и несоодветно да биде предмет на закон, бидејќи валоризацијата му претходи на законот. Ова се само неколку главни недостатоци кои нанесоа многу штета. Пишува: Донка Барџиева-Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство Размислувајќи за ...