Златен медал освои Дамјан Давков, сребрен освои Алексиј Тасиќ, а бронзени – Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски на 42. Балканска математичка олимпијада во Сараево која ќе заврши утре. На олимпијадата успешно се претстави и Андреј Тасиќ. Тимот ја претставуваше Македонија во организација на Сојузот на математичарите на Македонија, под раководство на Мирко Петрушевски, водач на тимот и Блаже Суклевски, заменик-водач. Нашите ...

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО 2025) – која годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен, еден сребрен и три бронзени медали. Успехот на ...