
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Бесплатна храна и активности ќе добијат туристите во Копенхаген ако учествуваат во еколошките задачи при посетата на градот. Пилот-проектот почнува на 15 јули. Туристите ќе може да собираат отпадоци, да патуваат со јавен превоз или да возат велосипед низ градот и слично. За награда, ќе можат да изберат бесплатен оброк, кафе, чаша вино или изнајмување кајак. – Проектот ‘CopenPay‘ е дизајнирана да го надомести еколошкиот товар на туризмот. Кога ...
Најмладиот олимписки медалист по математика во Европа доби финансиска поддршка од Cosmic Development, што ќе му овозможи да ги оствари своите амбициозни планови. Тој викендов патува за Бат, Велика Британија, каде што ќе биде дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по математика. Оваа поддршка ќе му овозможи на Дамјан да додаде повеќе медали во неговата импресивна колекција. На прашањето што му значи ...
Стопанската комора се одзвала на барањето на министерката за образование и наука Весна Јаневска за спонзорирање на дел од учениците од Македонија кои годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади, во услови кога ресорното министерство сè уште нема законска основа да исплаќа средства за оваа намена на средношколци. Јаневска вчера му се заблагодари на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, на кусиот состанок кој обајцата го ...
Прв добитник на наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот е актерскиот маг Владо Јовановски. Наградата ја доделува Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ што ќе се одржи во Дојран од 7 до 11 август. Фестивалот се одржува во соработка со Кинотеката. Во чест на Мето Јовановски, вчера беше промовиран мурал на Кинотеката, што го изработија уметниците Евгенија Трајковска и Драган ...
Поетски портрет на Елизабета Баковска, гости од шест земји се дел од програмата на 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ кога ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Ќе гостуваат поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и од Македонија. ‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени. Наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде ...
На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, Културно-уметничкото здружение „Фолклористи“ ќе одржи целовечерен концерт На концертот ќе настапат бројните фолкорни играчи и инструменталисти од ансамблот, кои се достојни репрезенти на кривопаланечката и македонска традиција и народно творештво во земјава и во светот. Концертот на КУЗ „Фолклористи“ е поддржан од Општина Крива Паланка во рамките на Кривопаланечко културно лето и ...
Од печат книгата „Патот накај дома“ од Ацо Гогов, во издание на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Книгата содржи 25 есеи и записи на книжевни и театарски теми и тоа првенствено за творци од Струмица и Струмичко: Антон Панов, Видое Подгорец, Митко Маџунков, Бранко Ставрев, Мите Грозданов, Киро Донев и др. Но и за творци кои, во одреден момент, патот ги донел накај Струмица: Коле Чашуле, Луан Старова и др. Книгата е еден вид мала ...
„Уметност и музика“ е насловот на мултимедијалниот настан што ќе се одржи вечерва во 20 часот во уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка. Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски. Сите создадени дела ќе останат во ...
Бронза освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Медал освои и Софија Велковска, која 2 години по ред освојуваше медали за Македонија, а годинава како ученичка во Хрватска, медалот го освои за таа земја Два бронзени медала за Македонија освоија средношколките-информатичарки на 4. Европска олимпијада по информатика за девојки ...
Златен медал освои Aна Котевска на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ што се одржа минатата недела во Гетинген, Германија. Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ е апсолутна победничка во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Првото место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната ...
Под падините на Беласица во амбиент на камениот амфитеатар на ресторанот „Атлантис“ во близина на Смоларски водопад денеска во 17 часот ќе почне 17. издание на „Роднокрајни поетски средби“. Ќе бидат промовирани две нови поетски збирки: „Смоларе во срце те носам“ од Марјан Христов Смоларски и „Размена меѓу световите“ од Елизабета Дончевка-Лушин. Ќе присуствуваат и дваесетина роднокрајни поети од Струмица и околината. Промотор на „Смоларе во срце ...
„Огледало“ е насловена изложбата на мултимедијалниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ отворена во Македонскиот културен центар (Галерија МЦ) во Њујорк. Проектот поаѓа од познатата теза на канадскиот теоретичар Маршал Меклуан, отсликувајќи ја сеприсутната дилема за вистинитоста на медиумската содржина. „Сите медиуми целосно нè обработуваат. Тие се толку распространети со нивните лични, политички, економски, естетски, психолошки, морални, етички и ...
Под отворено небо во Музјеот на современата уметност во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка. Проекцијата е сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година. Филмот следи уметници активни во 80-те години додека создаваат претстави, акции и јавни интервенции. Дел од нив, Кристо, Симон ...
Во Античкиот театар во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи Влатко Стефановски, еден од најпознатитет македонски рок, поп и џез музичари, основач на „Влатко Стефановски трио“, еден од основачите на групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. ...
Изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културниот центар „Магаза“ во Битола. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со невидливите опасности. Се однесува на ...
Во книгата „Селото и селанството во Битолскиот Санџак 1878-1912“ историчарот Васко Гичевски објаснува во какви околности живее населението во овој исклучително сензитивен период, какво било образованието, зошто е важно да се објавуваат книги работени според научна методологија, но пишувани за поширока популација Во 19 век преовладува принципот на историското право за создавање на една држава и нејзино проширување. Но, за да докажете дека имате ...
Македонија годинава нема да има филм-кандодат за наградата „Оскар“ зашто ниеден филм не ги исполнува стандардите, соопшти вчера Друштвото на филмските работници на Македонија. – Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки. Нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за ...
Дуодрамата „Кенди“ од Лук Дејвис, во продукција на „Златен Елец“, а во адаптација режија на Тамара Стојаноска во Центарот за култура во Крива Паланка вечерва во 21 часот ќе почне Мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА Фест“. Фестивалот е посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, основач и раководител на Драмското студио и драмската дејност при Центарот за култура во Крива Паланка. Улогите во „Кенди“ ги играат Лео Поповиќ и ...
На затворањето на фестивалот на 21 јули во познатата концертна сала на Виенската филхармонија прозвучија македонски хорски композиции, што ја одушевија публиката. Во годината кога одбележува 75 години постоење, академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје, под раководство на маестра Јасмина Каро, ја освои златната награда на 13. Светски мировен хорски фестивал (World Peace Choral Festival), што се одржа во Виена. Ова е прв македонски хор што воопшто ...
Во рамките на фестивалот Охридско лето, во црквата „Св. Софија“ вечерва во 21 часот концерт ќе одржат Доминик Вагнер, контрабас и Софија Палуровиќ, пијано. На програмата се дела од Бетовен, Малер, Ботесини, Мартин и од Пјацола. Доминик Вагнер (1997, Виена) е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во ...
„Министерството за образование и наука и Владата ги менуваат политиките кои значат грижа и посветеност кон талентираните ученици. Ќе ги смениме законите и ќе обезбедиме поголем буџет“, соопшти на својот Фејсбук профил министерката за образование Весна Јаневска. Таа ветува дека промените за поддршка на талентираните законски и практично ќе се случат наскоро. – Овие деца се предводници на своите генерации. Гордо стојат на македонската химна и го ...
Во рамките на 45. издание на Скопско лето вечерва во 20.30 часот во Сули ан во Старата скопск чарпија ќе биде изведена театарска претстава „Веселинови“, во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ од Штип. Играат Оле Поцкова (Весела) и Игор Стојанов-Баркли (Веселко). Интерпретацијата на песна е на Нела Гегова. Претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. Весела и Веселко не се надвор од аглите и сташиците што ги поставува семејниот ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворен Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“. На програмата се „24“ – изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекции на филмовите – „Митот за Сара“, „Мангава диско панк“ и „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ. Во својата основа целта на фестивалот е да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија ...
„Генеза на хроничната мистерија“ е насловот на мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески што ќе биде претставен вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој ќе се претстави со триптих – алегорија за губењето на идентитетот. – Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако ...
Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска. На програмата за четирирачно пијано се дела од Едвард Григ, Волфганг Амадеус Моцарт и од Морис Равел. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. ...
Наградата ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, на 1 август, во 20.30 часот, во Амфитеатарот во Струмица Македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески е лауреат на наградата „Астер“ на 19. издание на „Астерфест“. Наградата ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, на 1 август, во 20.30 часот, во Амфитеатарот во Струмица. Статуетката за наградата „Астер“ специјално ја изработи македонскиот уметник Никола Пијанманов. Мото на ...
Златните медали на младите таленти Дамјан Давков на Светската олимпијада по математика и на Јан Стојановски на Европската олимпијада по физика уште еднаш потврди колкав е научниот капацитет на подмладокот на Македонија. За жал, потврди и колку ниту една власт мува не ја лази за овие талентирани ученици. Вклучувајќи ја и актуелнава. Особено актуелнава. 2024 година испадна најтешка за талантираните ученици во Македонија и нивните семејства. Кој се ...
Оркестарот на ФАМЕ’С Институт вечерва во 20.30 часот ќе одржи концерт во Сули ан, во Старата скопска чарпија. Ќе настапат и гостите од Соединетите Американски Држави, диригентот Скот Флавин и виолинистката Ирина Мурешану. На програта се дела од Ф. Прајс, М. О Конор, Џ. Лесард, А. Копланд, Л. Бернштајн, С. Џоплин, Х. Манцини и од Џ. Гершвин. ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт е музички образовен центар, создаден во рамките на ...
На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 19.30 часот Народниот театар од Битола премиерно ќе ја изведе претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Багријана Попов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски. Улогите ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида ...