Фимот „Тага“ на Тина Величковиќ е во селекција за најдобар студентски краток филм кој од вчера до 17 јули се одржува Silver Frame Film Fest во Сребреница. Станува збор за студенстки филм во режија на Тина Величковиќ, на кој директор на фотографија е Димитар Атанасовски, а дел од екипата се: Филип Трајковиќ, Горјан Атанасов, Мaрко Рикалоски, Стефан Ѓорѓиев, Ивица Димитријевиќ, Стефан Николовски, Филип Христовски, Александар Микиќ и Ања Митиќ. ...

Стручното образование и обука и ЕПАЛЕ – образование за возрасни беа во фокусот на состанокот на Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Македонија, Турција и Грција што се одржа во Атина. Вработените во трите земји преку работилници го споделуваа спроведувањето на работните програми, добрите практики, искуствата и предизвиците, но и можноста за квалитетна идна регионална соработка и вмрежување. – Националната агенција ...

Места за вкупно 4.303 студенти во студенстските домови ќе има во академската 2024/25 година, според конкурсот кој вчера го отвори Министерството за образование и наука. Повикот е отворен до 31 јули и се однесува на сите студенти запишани на јавните и приватните високообразовани институции во Македонија. – Од обезбедените места 1.034 се за студенти од прва година, а 3.269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, ...

Ние важиме за училиште со добра инфраструктура. Дополнително и пазарот на труд си покажува побарувачка. Учениците добиваат можност по завршување на училиштето да почнат да работат веднаш, а и добро да заработуваат. Тоа е примамливо – вели Сибинивски. Средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје годинава бележи рекорден број на 254 вкупно запишани средношколци. 67 полуматуранти повеќе се запишаа во ова средно стручно училиште. Ова е само ...

Во Мултимедијалниот простор „Котур кафе и филм“ вечерва во 20 часот ќе биде изведена театарската претстава „Пингвинот“ во продукција на Театарот „Златен Елец“. Станува збор за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. Претставата е во рамките на манифестацијата Скопско лето. Концептот и режијата се на Стојаноска, а игра Поповиќ. ...

Гитаристот Герхарт Рајхенбах од Германија ќе одржи концерт во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот. На програмата се дела од Јохан Каспар Мерц, Мауро Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и од Жоакин Родриго. Рајхенбах е еден од водечките германски класични гитаристи. Дебитирал како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена за прв пат настапува во 1990 година на Фестивалот за ...

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка на Халкбанк – Halk Velo Green. Пријавувањето за 5. издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и ќе биде отворено најдоцна до 3. септември. Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе ...

Со традиционалните обичаи младенците Стефана Димитрова и Даријан Кочоски викендов стапија во брак во рамките на манифестацијата „Галичка свадба“. Свадбарските обичаи почнаа со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Националниот ансамбл „Танец“ го изведе „Тешкото“, препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Погледнете ги фотографиите од впечатливиот настан. Фото: Делегација на Европската Унија Сподели ...

Во „Љубовни маки“ се работи за младешката психолошка и ментална болест која често се прикажува на мрачен и стигматизирачки начин. Нашата надеж е да споделиме лично и позитивно искуство од внатрешноста на едно отворено психијатриско одделение. И едвај чекаме да го споделиме со сите на „Астерфест“ – вели продуцентката Прузан. Двократниот оскаровец – продуцентот Ким Магнусон и номинираните за златната статуетка, продуцентката Ребека Прузан и ...

Со пари од родителите и од неколкумина спонзори, петтемина талентирани ученици-олимпијци и нивните ментори вчера тргнаа во Кутаиси, Грузија, да ја претстават Македонија на 8. Европска олимпијада по физика. На претсижниот натпревар што ќе трае од 15 до 19 јули, македонската репрезентација ја сочинуваат: 1. Јан Стојановски – четврта година – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, 2. Дамјан Стојанов – трета година – ПСУ “Јахја Кемал“ Скопје, 3. Емилија ...

На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 21 часот стенд ап шоу ќе одржи српскиот глумец Никола Ѓуричко. Три години по многу успешниот стенд ап „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“, тој креира ново шоу со наслов: „Шоу биз“ кое како претходниот стенд-ап го пишува сам. – Овој перформанс доаѓа скоро по три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика. „Шоу биз“ на ...

Во скопската галерија „Грал“ утревечер во 21 часот ќе биде отворена изложба на дела од визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и од скулпторот Сашо Саздовски. Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Altum Silentium“, a Саздовски со проектот „Синергија“. Целта на „Altum Silentium“ њ да ги презентира актуелните и визуелни истражувања на авторката во сликарството паралелно со цртежот. Во нејзините дела таа ги истражува правата ...

Kнигата „Додека спиеш“ од поетесата Биљана Стојановска ќе биде промовирана вечерва во 19.30 часот во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид. Ова е трета поетска збирка на авторката, а прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. – Стојановска умее со природноста на ...

Кампањата веќе има собрано повеќе од 40% од потребните средства и како што се зголемува бројот на поддржувачи, така продукцијата на филмот во режија на Меглен Анжиќ Трпков прераснува во доказ за моќта на раскажувањето да ги премости културите и да го осветли се’ она што е човечко во нашите индивидуални потраги за припадност. Инспириран од безвременската народна приказна „Силјан Штркот“ на Марко Цепенков, новиот македонско-холандски филм на ...

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамките на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на 71. издание на Филмскиот фестивал во Пула. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот национален ...

Бројот на цркви сведочи не само за големината и богатството на градот на Големо Градиште кај Коњух, туку и за неговото значење како важен црковен центар во регионот, кој најверојатно бил и седиште на епископ, велат од Археолошкиот музеј Базилика од 6 век открија археолозите во централното градско подрачје на локалитетот Големо Градиште кај кратовското село Коњух. Тоа е уште една потврда дека на локалитетот имало голем урбан и црковен центар од ...

Петнаесетмина дипломци, најуспешни студенти на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини, го примија признанието „Инженерски прстен“ во четвртокот на церемонија што се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид. Признанијата им ги врачи претседателката Гордана Сиљановска Давкова. „Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а годинашни добитници се 15 најуспешни дипломирани студенти од ...

Саранда Мехмеди и Иван Антоновски се првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“, што фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ одлучи да ја доделува на студенти од втор и трет циклус, по минатогодишното одбележување на 100 години од раѓањето на македонскиот класик. Кандидатите се избрани едногласно од страна на стручното жири на фондацијата, чии членови се: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (УКИМ), проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска (УГД ...

Големa е придобивката од едносменското работење. Првото е за децата наутро да учат, а второ, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, при посетата на Општина Охрид. – Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано осум ...

Пред полното гледалиште во паркот на Младинскиит културен центар, со македонската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket и концертот на „Ефтеркланг: Македониум“ синоќа беше отворен 23. Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во ...

На неколку локации во Преспа викендов започнува уште едно издание на “Мeet Prespa“ („Запознајте ја Преспа“), фестивал кој настана од иницијативата да ги поврзе луѓето од сите три страни на езерото, со добра музика, локална храна и дружење. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот во селото Брајчино со музичка програма на која ќе настапат Марија Каева, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Добрила и Дориан Дуо. Оваа музичка вечер е посветена ...

23. издание на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ беше отворено синоќа со македонската премиера на филмот „Ефтеркланк Македониум“ и со концерт во чест на филмот. Полн беше паркот на МКЦ со филмофили и почитувачи на овој фестивал. Фестивалот за прогласен го отвори министерот за култура Зоран Љутков. На програмата на вториот ден денеска се дури шест филма. Независниот македонски краток филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахими, ќе ја има ...

Светскиот виолинист Џулијан Рахлин ќе го отвори најголемиот фестивал во земјава, „Охридско лето“ вечерва во 21 часот на Античкиот театар. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија. За маестро Рахлин критиката вели дека е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Филхармонијата ...

Некои семејства размислуваат да подигнат кредит, сė уште бараат начин за учеството на нивното дете на олимпијадата во Иран – вели Ружица Андроникова, мајка на олимпиецот Јан Стојановски, едно од златните деца на Македонија што со години наназад освојува медали на светски натпревари Вкупно 138.400 денари ќе плати овој месец семејство на Јан Стојановски, еден од најталентираните македонски ученици, за да ја претстави Македонија на двете ...

Изложбата на Гордана Вренцоска, насловена „Геометриски медитации“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Изложбата е во рамките на програмата на настани за Павловден на Општина Виница. Гордана Вренцоска се истакнува како исклучителен деец, интердисциплинарен уметник, дизајнер и професор. Нејзиниот истражувачки дух и маестралното претворање на резултатите од истражувањата во уметничките дела е она што ...

Поради топлото време Владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12 јули до 18 јули. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други ...

До 31 август ќе трае јавната консултација за подобрување на квалитетот на основното образование, соопшти Министерството за образование и наука. Секој граѓанин може да учествува со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт-наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од ...

Полуматурантката Јана Кепеска ја освои првата награда, а Антонија Атанасова, ученичка во прва година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ја освои втората награда, на престижниот балетски натпревар „Миа Чорак Славенска“ што се одржа во Загреб. Атанасова доби и стипендија за едногодишно школување на Intrlochen Centre of the Arts во САД. Двете ученички се во класата на проф. Дафина Данилоска – Кочевска. Матурантката Ева Десоска доби награда да ...

Како студент на молекуларна биологија со генетика, практичната настава, односно вежбите кои ни се задолжителен дел од студиумот на нашиот смер и се одвиваат во лаборатории ја нудат една од најважните основи за стекнување нови рутини и знаења кои се на многу високо ниво – вели апсолвентката Деница Ангеловска од Скопје За секој љубител на биологијата и општо на природата, Институтот за биологија е вистинското место во кое припаѓа. Нашиот институт ...

Сè уште нема решение за талентираните ученици по природни науки кои ја претставуваат Македонија на светските олимпијади. Вкупно 28 ученици и 12 ментори ќе треба сами да ги платат авионските билети за да учествуваат на олимпијадите по биологија, математика, хемија и физика во Астана во Казахстан, Бат во Англија, Хонг Конг во Кина, Ријад во Саудиска Арабија, Исфахан во Иран и Кутаиси во Грузија. Со години тие се враќаат со медали освоени за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
46%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
55%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
63%
1010
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
6.09
55%
1009
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
75%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.58
43%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
57%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
48%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1009
Currency

61.535

Currency

54.1533

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78