Aктерката Мег Рајан ја доби наградата „Почесно срце на Сараево“ синоќа, а нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност. – Вие докажавте дека уметноста и културата е отпорот. Вие сте доказ дека разновидноста е сила, дека уметноста не прави да сме помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето над сите ограничувања и дека не постои поделба. Ова е уметност, не војна. Ви благодарам толку многу за ова Срце, вие го имате моето! – рече ...

Француските продуценти создаваат високобуџетни продукции, а буџетските можности на балканските продуценти се мали, и тоа се причините што тешко се потпишуваат договори Развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји е главна цел на 6. издание на форумот МакеКоПроДокс што се одржува во рамките на Фестивалот „Македокс“. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски ...

Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts чии активности се спроведуваат во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, предвидува поддршка за снимање на 3 кратки филмa на млади режисери кои учествуваа на работилниците што изминативе месеци се спроведуваа со поддршка на British Council. Средношколецот Јон Будина од Албанија е првиот млад филмски автор што доби поддршка за снимање на краток филм, во рамките на ...

„Пливање за инклузија“ беше насловен хуманитарниот настан во чии рамки македонската пливачка легенда Томи Стефановски вчера пливаше 4 часа во Охридското Езеро за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица.Тој исплива 15 километри од хотелот „Десарет“ до црквата „Св. Јован Канео“ и назад до охридското пристаниште. Со ова Стефановски одбележа 15 години од препливување на каналот Ла Манш. – Оваа соработка ме мотивираше да го ...

Почина академик Бојан Шоптрајанов, редовен професор (во пензија) на Институот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1996 година. Имаше 87 години. Семејството, соработниците, неговите ученици денеска се простуваат од големиот човек и порачуваат своите енормни знаења да ги шири во некои други светови. Бојан Шоптрајанов е роден на 26 јануари 1937 година во Чачак. ...

Битола повторно ќе биде во бело на 12. издание на „Широк Сокак во бело” што ќе се одржи претстојниот викенд (на 23 и 24 август). Оваа година, настанот носи изменет концепт, нови локации и уште повеќе магија за сите посетители. Белата ноќ на Широк Сокак започнува во петок, на 23 август, на плоштадот Магнолија. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ...

Вкупно 35 дела се пријавени за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, велат од асоцијацијата. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со бодови од 5 до 1, а верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови. За наградата „Стале ...

„Одблесоци“ е насловот на на изложбата од Слободан Милошески што ќе биде отворена в сабота (24 август) во 18 часот во галеријата „Friedrich7“ во Дортмунд, Германија. Тој ќе се претстави со 16 скулптури во галериски формат. – „Одблесоци“ е волшебна изложбена поставка на скулптури која ги поканува гледачите да ја истражат интеракцијата помеѓу формата, светлината и нивната перцепција. Ова визуелно доживување, преку својата прецизна изработка и ...

Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ на кој настапија поети од Македонија, од Хрватска, од Ирска, од Србија и од Кина. Беше организиран и поетски портрет на Елизабета Баковска. Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“. Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина ...

Убеден сум дека професионална екипа со несебичен продуцент, добро сценарио и режисер со егото под контрола секогаш ќе сними барем пристоен филм, било тоа во САД или Македонија – вели режисерот Димитар Оровчанец во интервјуто за Умно.мк, по повод синоќешната премиера на Филмскиот фестивал во Сараево Идеите за приказни ми доаѓаат спонтано. Скоро секогаш се инспирирани од еден момент, слика, музика, муабет, сведоштво; било тоа да видам некоја млада ...

Главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17. пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот, ќе започне денес во Богданци. 15 студенти од уметнички академии од регионот ќе учествуваат на оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ...

Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да започнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава. Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една ...

Во македонското општество има висока стапка на невработеност, голема економска неактивност, а жените особено имаат многу мало учество на пазарот на труд. Индустриите во коишто доминираат жените се најчесто со ниски плати и не соодветствуваат на високото образование и вештините што жените ги стекнуваат. Причините за оваа ситуација се во сооднос со нестабилните економски и општествени услови во земјата, неусогласеноста со достапните и потребните ...

„Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски ја доби наградата „Антево перо“. Наградата се состои од печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори. Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, комисијата едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, односно една повеќе од досегашната пракса. Добитници се: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на ...

Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „Македокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри Од денеска до 21 август во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи 6. издание на форумот МакеКоПроДокс во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план ...

Пишува: Марија Лукаревска „Кикс“ е документарен филм (вечерва на „Македокс“ во 23 часот во Куршумли ан) за созревањето, за последиците од отсуството на родителска грижа, за вечната борба што ја водат оние на работ на егзистенцијата, но и за надежта за подобро утро. Режисерите Давид Микулан и Балинт Ревез веројатно немале претстава што сѐ ќе посведочат кога решиле активно да го следат животот на 8-годишниот Сањи. Нивната случајна средба со група ...

На програмата на „Македокс“ денеска во 11 часот во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи мастерклас со филмската режисерка Инеке Смитс и уредникот на радиосодржини Јероен Стаут со наслов „Звуци и слики од втора рака“. Смитс и Стаут со присутните ќе споделат како се запознале, нешто повеќе за својата заедничка љубов за луди земји, за својата соработка на филм и радио и за реупотребата на архивски звуци и слики. Во текот на предавањето ќе прикажат ...

Средношколецот Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, е меѓу петтемина најдобри ученици во светот и прв во Европа на глобалниот Microsoft Office Specialist натпревар, што се одржа во Анахајм, Калифорнија. Прекуокеанската авантура на македонските средношколци кои ја претставуваа нашата држава на светските првенства MOS и Adobe Certified Professional (ACP) заврши успешно. Тие се вратија дома со фантастични успеси. Во конкуренција од ...

Изложбата „Портрети и нивните луѓе” од Александра Гедеон од Смедеревска Паланка, Србија, која е поставена во уметничката галерија на Градскиот музеј Крива Паланка нуди нова перспектива на гледање портрети на уникатен и интерактивен начин. Изложбата беше отворена на необичен начин, а Гедеон ги повика присутните да бидат активни учесници во уметничкиот перформанс. „Ќе влезете внатре каде што се поставени портретите, ќе земете маски и вечерва ќе ...

Српските музичари Љубица Вранеш, мецосопран, Драгољуб Бајиќ, бас и Наталија Мијаиловиќ, пијано ќе одржат концерт вечерва во 21 часот во црквата Света Софија во Охрид. Настапот е во рамките на Охридско лето. Мецосопранот Љубица Вранеш, солистка на Народниот театар во Белград, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Радмила Бакочевиќ во чија класа и магистрира. Добитник е на прва награда, како и награда за ...

Јубилејното 30. издание на најзначајниот регионален филмски фестивал во Сараево беше отворено синоќа со премиерата на новиот филм на Данис Тановиќ, комичната драма „После летото“. Станува збор за филмска приказна за млада жена што заминува на далечен остров за да го реши прашањето на семејното наследство. Низ непредвидени ситуации, Маја конечно ќе се соочи со прашањата од своето минато. Потрагата за наследството станува потрага за сопствениот ...

Континуираното повеќедецениско одржување на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е потврда за живиот научен интерес за македонскиот како словенски јазик и дел од Балканскиот јазичен сојуз, за преокупацијата не само на лингвистиката туку и на научната мисла воопшто, со неговите корени, историски, јазични и други аспекти, рече вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на отворањето на 57. Летна ...

Во Богданци, на 20 август, започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17. пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот. Оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе биде крунисана со завршна изложба на студентите ...

Еден сребрен и три бронзени медали освои македонскиот олимписки тим на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина. Медалите ги освоија Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево во категоријата на индивидуален тест на знаења, помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Големи честитки за медалистите Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево. Сребрен медал (Михаела Павловска од ...

Kонтактот на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезија, но и почит на иновацијата на Брајовото писмо кое годинава одбележува два века е инспирацијата на ЗООТРОП студио да го создаде промотивното видео на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, Дестивалот ќе се одржи од 22 до 26 август. Автор на плакатот е дело на графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика. Музиката за видеото е фрагмет од ...

Во „Најмила Фиона“, режисерката се обидува да ги тестира границите и нормите на филмската уметност, создавајќи компилација од архивирани, црно-бели снимки од секојдневието на Холанѓаните, стари околу сто години Пишува: Евгенија Арсова, Гледај.мк Стоминутен документарец со вонсериска хипнотичка моќ, кој создава чувство како кога човек е заглавен во бесконечна верига од видеа на некоја од социјалните мрежи – веќе одамна му е загубена перцепцијата ...

За првпат ќе бидат доделени награди „Воздејства“ – на академик Виктор Фридман од САД и на Максим Каранфиловски Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска напладне ќе биде отворена 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Под мото „Македонистички гордорек“ до 29 август, 65 македонисти од 17 земји од светот ќе учествуваат на најновото, збогатено издание на 57. Летна ...

Триесетина поети од земјава и од странство учествуваа на 14. Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења“ што се одржа на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Одекнаа стихови и афоризми од потврдени и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Куманово, Кочани и Крива Паланка и од нивни колеги од Бугарија и од Србија. Манифестацијата ја збогатија и млади локални автори, подмладок на Литературниот клуб „Калин“, кои се ...

Со проекција на документарците „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан во Старата скопска чаршија ќе почне 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Фестивалот до 22 август ќе се одржува во Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, Младинскиот културен центар и „Лабораториум“ во Скопје. Сцена од „Како се мери годината?“ ...

Ви споделуваме рецензија за австриско-германскиот филм во режија на Елса Кремер и Левин Петер, што ќе биде прикажан на „Македокс“, утревечер во 20.30 часот, на платото пред Куршумли ан Пишува: Филипа Сара Попова, Гледај.мк „Еднаш многу одамна, звуците на безброј фабрики одекнуваа низ северната страна на Москва. Кога паѓаше ноќ, улични кучиња ги чуваа тивките ходници… генерации кучиња живееја таму додека еден ден фабриките не ги затворија своите ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
91%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1011
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.56
86%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
49%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
Currency

61.525

Currency

54.1257

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78