Одлична изведба на претставата „Не ме чекај“ на театар од Нант, Франција, насмеани дечиња, инспиративни говори го красеа отворањето на 3. Интернационален фестивал за детски театар „Игор Маџиров“ синоќа на сцената на Театарот за деца и младинци. Присутните ги поздрави претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која е покровител на фестивалот. Мотото на фестивалот годинава е „Се’ e твое“. Фестивалската програма продолжува денеска. Во 19.30 ...

Чинот на превод ги вклучува сите предизвици што литературата се обидува да ги постигне: форма на комуникација што се труди да го изрази човечкото битие, неговата визија за постоењето во неговите многу форми. Обидувајќи се да ја постигне таа бескрајна задача, литературата ја покажува својата несовршеност – вели португалскиот писател Хозе Луиш Пејшото. Жозе Луиш Пејшото е португалски прозаист, поет и драматург. Досега има објавено тринаесет прозни ...

Четврт уписен рок за запишување во прва година на прв циклус студии распиша Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола во академската 2024/2025 година. Овој уписен рок започнува со пријавување на кандидатите на 4 октомври, по што ќе следува објавување прелиминарна ранг- листа на 7 октомври. Решението за прием на кандидатите ќе биде објавено на 9 октомври, а ден подоцна, кандидатите ќе може да се запишат. Во претходните три уписни рокови ...

Во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 21.30 часот ќе се одржи премиера на проектот „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска. Станува збор за музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со ...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Нова димензија во создавање 2“ од Александра Димитрова. Според Синиша Новески, самиот чин на создавање уметничко дело е трансформирање и создавање нова метафизичка димензија, чиј краен резултат е дело кое е поразлично од реалноста. – Затоа сликите на Александра Димитрова, и покрај тоа што мотивите се пејзажот и портретот, се оригинални и ...

Претстави од Франција, Србија, Словенија, Турција, Македонија од вечерва до 5 октомври ќе бидат на програмата на 3. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што го организира Театарот за деца и младинци од Скопје. Мотото е „Сè е твое“, инспирирано од безвременото писмо на Горан Стефановски, до својата внука Калина. Во дел од пораката, тој вели: Сиот свет сега ти припаѓа тебе и сè во него е твое! Твои се земјата и луѓето И ...

Книгата „Бог на ба(к)терии“ од поетот Митко Гогов, во издание на „Макавеј“ ќе биде промовирана вечерва во 19.19 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За делото ќе зборуваат Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски. Митко Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено на „Твитер“. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку ...

„Сенки во облаците“ е насловот на изложбата на дела од Емил Шулајковски со која вечерва во 20 часот во Чифте амам тој ќе одбележи тридецениско творештво. Изложбата е составена од пет одвоени циклуси создадени во изминатите пет години, изведени во техниките масло и акрил на платно, како и акварел на хартија, што од своја страна претставува увид во еден опсежен творечки континуум, во кој на извесен начин се сублимирани „состојбите“ на емоциите и ...

За улогата на Павле во претставата „Лагата“, актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобар актер на 23. фестивал „Албански театар во Македонија“ во Дебар. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар, по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. По учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, ...

Полемиката отвори низа интересни прашања. Како науката да се избори за своето место и зошто широките народни маси одбираат повеќе да веруваат на тоа што не е потврдено со факти. Особено кога е поттикната од национални и етноцентрични побуди Археолошкиот локалитет Влахо кај селото Живојно во Пелагонија, едно од наоѓалиштата каде што научниците докажаа дека најрано се појавиле неолитските населби во Европа, деновиве стана интересен за социјалните ...

Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на 3. Меѓународен театарски фестивал РУТА. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје публиката ќе може да проследи шест претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри – Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска ...

Театарот Комедија на својот влез доби нова визуелна приказна. Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina. Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” ќе ja има светската премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот – првиот долгометражен анимиран филм во историјата на Македонија, влезе во соѕвездието на најдобрите фантастични филмски остварувања на светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” ќе ја има својата светска премиера во Шпанија, на 57. ...

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar ) почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи денеска, а ќе трае до 3 октомври. Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција Publishing ...

На Летната сцена „Славиша Кајевски“ утревечер во 21 часот Националниот џез оркестар ќе настапи со концерт со хитови на легендарните „Битлси“. Веќе на 8 октомври на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), оркестарот ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. Хитовите на „Битлси“, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар. Нашите џезери ветуваат ...

Пред точно 817 години роден е Руми – поет на љубовната мистика, великан на класичната персиска поезија, а денес еден од најчитаните и најцитираните поети на светот. Во насока на славење на вековното светско книжевно и културно наследство, Друштвото на писателите на Македонија организира „Вечер со Руми“ вечерва во 19 часот во ДПМ. Стихови, разговори и суфи музика ќе бидат дел од вечерта. Настанот ќе го водат Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, ...

На меѓународните натпревари се запознавав со наши врсници, но и со професори од други држави и видов дека ние не заостануваме зад другите, објаснува Јан Талентираниот Јан Стојановски, еден од најтрофејните македонски ученици на меѓународните научни олимпијади утре ќе го има првиот академски час на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој не само што реши да студира дома, туку ...

Македонската филхармонија настапи пред распродадено гледалиште на палатата „Кнежев двор“ во Дубровник, Хрватска. Концертот го диригираше Борјан Цанев, додека како солист на Моцартовиот концерт за виолина бр. 5 во А-дур, настапи дубровничката виолинистка и концерт-мајстор на симфонискиот оркестар на Дубровник, Џана Кахриман. Концертот се одржа во рамките на Дубровничкиот музички есенски циклус, пишува Дубровникнет.хр. Заедно со концертот за ...

Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски ќе ја има својата премиера во Скопје, вечерва во 20 часот во „Киноверзум“ при Домот на културата „Билјана Беличанец“. Филмот ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Овој месец се прикажа и на фестивалот „Браќа Манаки“, додека следни фестивалски прикажувања ќе има во САД, Италија и Узбекистан. Главните улоги ги толкуваат: Јана Никодиновска и ...

Наградата „Златна камера 300“ на 45. ИФФК „Браќа Манаки“ ја доби кинематограферката Џудит Кауфман за филмот „Наставничка канцеларија“. „Сребрена камера 300“ отиде за Ранабир Дас за филмот „Сè што замислуваме како светлина“, за кој жирито рече дека станува збор за мошне иновативна и интересна презентација на кинематографијата, а со „Бронзена камера 300“ е награден Расмус Видебек за данскиот „Ветената земја“, за „неговото мајсторско толкување на ...

Славната британска актерка Меги Смит почина денес на 89-годишна возраст. Таа ја толкуваше познатата професорка Минерва Мекгонекал од „Хари Потер“ во неколку продолженија. Нејзината улога во франшизата за Хари Потер ја донесе кај новата генерација филмски фанови, пишува „Би-Би-Си“. За неа се зборуваше дека таа никогаш не ја земала улогата несериозно и често се шетала на пробите кои поминуваат преку нејзините реплики, додека остатокот од ...

Македонскиот народен театар со претставата „Лагата“ вечерва во 19.30 часот ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“ во Дебар. Претставата од Флоријан Зелер, e во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле, го доби ...

Изложба на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ од Владимир Мартиновски ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Струмица. Ова е негива трета изложба од овој циклус, а се состои од 12 цртежи (дигитален принт) кои тематски ја поврзуваат музиката, поезијата и ликовниот израз на Мартиновски. Изложбата се организира во рамките на 14. издание на поетската манифестација „100 илјади поети за ...

Во Паркот на франкофонијата во Скопје и Во КСП „Центар-Јадро“ викендов се одржува 3. издание на Маалски фестивал. Работилници, базари, концерти, саем на книги предавања ќе траат до утре. Фестивалот беше отворен синоќа со изложба „Пет години КСП Центар – Јадро“ и концерт на Букршлиев/Томевски, „Мојра“, Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев. – Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава славиме и јубилеј – „Пет години КСП Центар Јадро“, ...

Филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, ќе ја има македонската премиера вечерва во 20 часот на затворањето на 45. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Дебитантскиот долгометражен филм на Оровчанец, во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“, е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското ...

Еден од најинтригантните наслови оваа година, филмот „Мегалополис“ во режија на Френсис Форд Копола од вчера се прикажува низ киносалите на „Синеплекс“, „Киноверзум“ во Скопје, Велес, Свети Николе, во Центарот за култура во Битола. Од 1 октомври ќе се прикажува и во Кинотеката. Карактеризиран како римска епска приказна сместена во надреална, модерна Америка, научно-фантастичниот „Мегалополис“ беше премиерно прикажан на фестивалот во Кан. Беше ...

Голем дел од впечатоците забележани на овие скромни страници на книгата се создавани токму за време на фестивалските денови во Битола Битолска промоција на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска ќе се одржи денеска во 12 часот во кафулето „Порта џез“. Книгата, своевидна ретроспектива на сè што е снимено во Македонија од осамостојувањето до моментот на издавање на делото во април имаше промоција во Скопје. Василевска ...

Осум жени што работат на филм ги раскажаа своите искуства како успеале во свет кој е доминантно машки, на разговорот што се одржа во киното „Манаки“ во Битола, во рамките на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Како се справиле со улогата на мајки, како успеваат да се грижат за домот и семејството додека работат на сет раскажаа Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна ...

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел годинава беше лауреат на наградата за животно дело „Златна камера 300“. Самиот скромен деновиве во Битола велеше дека уште ќе работи и дека се изненадил од признанеито. До толку е скромен што едвај сака да зборува за своите проекти. Но, многу важно, вели секој треба да е свој, не се обидувајте некого да имитирате, тоа не е возможно. Негов хит што го лансира во светската филмска индустрија во 2001 година ...

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Видување“ од Анита Јовеска-Сот. Низ своите дела таа ги обликува комплексните форми креирани со помош на динамични контурни линии и интензивни вибрантни бои, вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност. – Портретот за уметничката претставува можност за пронаоѓање начини за инвентивна и автентична манифестација на неговите физички и емотивни ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
0.0
70%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.96
64%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
39%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
67%
1022
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
50%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
65%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505