Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
По вчерашното објавување дека компанијата е избрана за изградба на преостанатиот дел од автопатот Скопјe-Блаце, имаше голем број реакции на социјалните мрежи, но и политички судири меѓу власта и опозицијата. За партијата ВЛЕН, овој автопат станува реалност, критикувајќи ја претходната власт дека според нив тие не го правеле тоа 24 години, а дека ВЛЕН ќе го реализира за 24 месеци. „24 години на граѓаните им беше ветуван овој автопат, но тоа ...
Албанскиот премиер Еди Рама изрази загриженост за влијанието што протестите го имаат врз туристичкиот сектор, предупредувајќи дека откажувањата на резервациите од странски туристи стануваат сериозен проблем за економијата. Во својот подкаст „Фласим“, Рама рече дека добил бројни пораки од туристички оператори кои пријавуваат откажувања за летната сезона. Според него, оваа ситуација директно влијае на локалните бизниси, домаќинствата и ...
Според првичните проекции, гласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони. Иако пребројувањето на гласовите сè уште не е завршено, моменталните резултати покажуваат дека околу 55 проценти од гласачите гласале против предлогот, додека 45 проценти го поддржале. Предлогот дојде од десничарската Швајцарска народна партија, која долго време води кампања против имиграцијата. Оваа контроверзна ...
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ „Пред сѐ, ...
Автобус пд Светското првенство беше запален, а тинејџер беше ранет од огнено оружје за време на хаотичните сцени во Мидтаун Менхетен, додека илјадници кошаркарски навивачи се собраа на улиците доцна во саботата за да ја прослават историската победа на Њујорк Никс во финалето на НБА. Некои навивачи запалија огномет и испукаа димни гранати откако се излеаја од преполните барови и места на отворено, скандирајќи „Никс во пет!“ за да ја одбележат ...
Венко Филипче, лидерот на СДСМ деенска од Карбинци испрати серија критики до власта за негрижата околу земјоделството. Филипче смета дека трошоците се зголемени, дека каналите не се исчистени, и дека нема доволно пари за субвенции. „Тотална негрижа од страна на Владата за сите проблеми со кои што земјоделците се соочуваат. Прво зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од ...
Вечерва се играат два натпревари од групната фаза на Светското првенство. Полноќните натпревари донесоа многу возбудувања, во кои Бразил и Мароко одиграа нерешено 1:1, Шкотска со минимални 1-0 ја совлада селекцијата на Хаити, а Австралија ја изненади Турција и ја победи со 2-0. Германија и Холандија вечерва го стартуваат патот кон успех на Мундијалот. Германија игра против селекцијата на Курасао, и важи за голем фаворит за победа, додека ...
Во поморска несреќа што се случила денес околу 11:38 часот во водите меѓу островите Шолта и Брач, загинале три лица, а по едно лице сè уште се трага. На преостанатите патници на едрилицата (четири лица) им е укажана медицинска помош од страна на персоналот на Итната медицинска помош на местото на настанот и немало потреба да се однесат во болница – соопшти сплитската полиција. На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, ...
Во Струмица на 17 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи роденденот на партијата. После него ќе почнат разговорите за реконструкција на Владата. Ова го најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „Следната недела после роденденот на партијата кој ќе биде на 17 јуни во Струмица, ќе почнеме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкција на Владата“, изјави Мицкоски. Мицкоски го коментираше и ставот на опоизицката СДСМ, која вели ...
„Европската унија треба сериозно да ја преиспита методолијата на преговорите со земјите кандидати и да се откаже од пристапот „молчи и слушај“, смета претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во интервју за МИА. Според неа, кандидатите за членство не смеат да бидат третирани како помлади партнери без право на сопствен став. „И кандидатите за кандидати имаат што да кажат. Какви се тие преговори во кои мене ми велите – еве ја рамката, ...
Министерството за внатрешни работи извести дека во Штипско било пронајдено починато лице, кое претходно од својот внук било пријавено како исчезнато. „На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од ...
Возач кој управувал со своето возило 244 километри на час на автопатот Скопје – Гевгелија, остана без своето возило откако бил сопрен од полицијата. „На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе го прослави својот 80-ти роденден со спектакл што некогаш би изгледал незамисливо: приредба со борби во кафез на историскиот Јужен тревник на Белата куќа. Оваа недела, суровата реалност на функцијата се закани да го засени раскошниот UFC спектакл во мешани боречки вештини, каде борците затворени во осумаголен кафез од жичена мрежа се обидуваат со удари, клоци и силни напади да го принудат противникот на ...
Вчера попладнет на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(24) од Скопје кој сквернавел гробови на градските гробишта во Бутел. „На 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото. По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска ...
„Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата „МојДДВ“, при обидите на граѓаните да ги скенираат фискалните преку системот што овозможува поврат на ДДВ. Од Управата за јавни приходи велат дека проблемот е од техничка природа. Оттаму не соопштуваат дополнителни детали, ниту рок кога користењето на апликацијата ќе се нормализира. „МојДДВ“ и претходно во неколку наврати имаше технички потешкотии. ...
Швајцарија денес на референдум бара одговор на прашањето – ќе се постави фиксна граница на бројот на жители, што би било прв ваков пример во светот? Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската Швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните ...
Њујорк Никс шампиони на НБА, првпат по повеќе од 50 години Њујорк никс доцна синоќа ја прославија својата прва титула во НБА по повеќе од половина век, откако со вкупни 4-1 во серијата ги совладаа Сан Антонио Спарс . Њујорк ја прекина 53-годишната пауза без шампионска титула благодарение на постигнатите 45 поени на бекот Џејлен Брансон, победувајќи го тимот на француската ѕвезда Виктор Венбанјама со 94-90. Тоа беше уште една победа по пресврт ...
Премиерот на Обединетото кралство, Кир Стармер, во раните утрински часови им наредил на британските вооружени сили да пресретнат танкер за нафта од таканаречената „флота во сенка“, кој се обидувал да помине низ Ла Манш. „Оваа успешна операција претставува уште еден удар за Русија и ги потсетува оние што ја финансираат војната на Путин во Украина дека нема да им дозволиме да се кријат“, објави Стармер на социјалната мрежа Икс. Тој им се ...
Овен Утрешниот ден носи можности за решавање на прашања што подолго време ги одложувате. На работа бидете внимателни со комуникацијата. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе побара ваш совет. Вечерта е поволна за одмор и релаксација. Близнаци Ќе бидете полни со енергија и идеи. Искористете го денот за нови контакти и разговори. Во љубовта ...
Во тивко кафуле познато по бесплатниот Wi-Fi и доброто кафе, руска дизајнерка на ентериер се поврзува на виртуелна приватна мрежа (VPN) за да може да разговара со пријатели во странство преку американската апликација WhatsApp, која е блокирана во Русија, пишува Ројтерс во сторија за начините како Русите ја прескокнуваат комуникациската цензура и блокада наметната од институциите. „Подоцна го исклучува VPN за да купи билет преку ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил билатерална средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста на натамошно зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција. Како што информираше Мицкоски преку социјалните мрежи, на средбата било истакнато задоволството од високото ниво на политички односи меѓу двете држави, кои се темелат на меѓусебна доверба, почит и долгогодишно ...
Драматичен инцидент среде бел ден во скопската населба Карпош пријавил 36-годишен жител на Скопје, кој тврди дека бил нападнат, насилно внесен во возило и однесен на друга локација. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје. Д.Е. (36) изјавил дека околу 14 часот, додека управувал патничко возило „мерцедес“ на подрачјето на Карпош, бил пресретнат од три автомобили – ...
Македонија летово ќе добие нов голем инфраструктурен проект, откако беше избран изведувач за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце. Станува збор за дел долг 10,5 километри, кој треба да обезбеди побрза и побезбедна патна врска со Косово и понатаму со регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека на тендерот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, а ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска обвини за неправилности во постапката против него, откако добил покана за издржување на затворска казна пред официјално да му биде доставена пресудата од судот. На прес-конференција, Јакимовски изјави дека во четвртокот му бил врачeн упатен акт со кој е повикан најдоцна до 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, но нагласи дека до денеска не ја добил писмената ...
Иран во саботата соопшти дека би можел во наредните денови да го потпише рамковниот договор за мировен договор со САД, но ја отфрли изјавата на медијаторот Пакистан дека тоа ќе се случи во следните 24 часа. САД и Иран во петокот сигнализираа дека договорот за завршување на три месеци војна е блиску, при што висок претставник на американската администрација изјави дека двете страни се договориле за текстот и дека Вашингтон очекува да потпише ...
На Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, претседателот на партијата, Али Ахмети изјави дека тие се најорганизираната партија во земјата и регионот, која, како што рече, направила 83 отсто промени во раководството на партијата и 73 отсто промени во раководството на кумановскиот огранок. Ахмети истакна дека оние што ја основале ОНА и ДУИ им отстапиле простор на новите генерации, додавајќи дека тоа било и мотото на ДУИ „да се ...
„Скопје сега поблиску до Приштина“, така изјави претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, и соопшти дека се издвоени 200 милиони евра за патот Скопје–Блаце–Приштина. Меџити рече дека градат патишта за да ги приближат луѓето и да создадат нови можности за идните генерации. Од друга страна, и копретседателот на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека се завршени сите бирократски процедури и дека е отворен патот за почеток на работите на автопатот ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога. На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле ...
На 12.06.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 07:00 часот од река Вардар на подрачјето на Карпош очевидец извлекол машко лице кое се давело во реката. Станува збор за лицето Д.И.(83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој по укажаната помош на местото од екипа на Итна медицинска помош Скопје бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно лекување. Извршен бил увид од увидна екипа од ...