Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат на царината“. -До крајот на ...
Објавувајќи го овој документ од Централниот регистар од 17 август, опозициската ДУИ вели дека ВЛЕН пред граѓаните се претставува како обединет субјект, но документот покажува дека Движењето БЕСА и натаму фигурира како активна партија, со Билал Касами како претседател и со неограничено овластување. Поаѓајќи од ова, интегративците обвинуваат дека „ВЛЕН постои како име за пропаганда и дека партиите, претседателите, печатите и личните интереси ...
Пожарот што зафати дел од прилепскиот дел на Мариово, во близина на селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека огнената линија во моментов е долга околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро. Во гаснењето се ангажирани прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, како и ...
Четворица лица се осомничени дека на 14 и 15 август намерно предизвикале десет пожари на повеќе локации во околината на Задар. Меѓу нив се 42-годишен, 45-годишен и 46-годишен хрватски државјанин, како и 33-годишна државјанка на Полска. Според полицијата, тројцата мажи се од српска националност, а во моментот на настаните биле под значително влијание на алкохол. Осомничените ја признале вината. Пожарите биле предизвикувани на подрачјата на ...
Недостиг на вода или злоупотреба? Ова е прашањето за кое најмногу се дискутира во Тетово во овој период, додека продолжуваат високите температури, а дел од иселениците сè уште се на одмор. Во текот на денот, на терен беа забележани граѓани кои со вода за пиење ги мијат улиците и тротоарите, а ги наводнуваат и зелените површини во дворовите. Анкетираните граѓани велат дека снабдувањето зависи од населбата во која живеат. Тие признаваат дека ...
Регистриран е нов смртен случај од Западнонилска треска, со што бројот на жртви од оваа болест во Македонија достигна четири. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, соопшти дека пациентот бил хоспитализиран 27 дена. „Во текот на вчерашните попладневни часови е регистрирана и четвртата жртва од Западнонилската треска. Станува збор за 76-годишен пациент кој имал акутна форма на воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Кај ...
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на ...
Ситуацијата со пожарите и натаму е загрижувачка. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека шест во текот на денешниот ден беа активни. Најсериозна била ситуацијата во селото Чаниште во близина на Прилеп, каде што пожарот навлегол меѓу куќите, но не ги зафатил домовите на жителите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарникарите работеле ...
Од модернизацијата на вооружувањето и воената опрема до справувањето со сајбер и хибридни закани – Армијата на Македонија има за цел дополнително да ги зајакне своите капацитети и улогата во рамките на НАТО. На Денот на Армијата, претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја оцени како професионална, доверлива и интероперабилна сојузничка сила, притоа нагласувајќи дека безбедноста бара инвестиции и прилагодување кон новите предизвици. ...
Преку нашата дипломатска и конзуларна мрежа ќе се врши засилено аргументирано претставување на нашите позиции и реформски резултати пред европските партнери. Ова го најави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кој повторно ќе го активира Советот на амбасадорите. Неговата прва средба ќе се одржи деновиве во Скопје, на која ќе учествува и вицепремиерот на Чешката Република Петар Мацинк, кој од утре е во официјална посета на земјава. ...
Зголемената загриженост поради ширењето на западнонилската треска предизвика и значителен број пријави за угинати птици. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека во изминатите денови добиле стотина пријави од граѓани преку бесплатната телефонска линија, електронската адреса и други канали. Од АХВ апелираат граѓаните да не создаваат непотребна паника доколку забележат поединечна угината птица во урбана средина, вклучително ...
Финансиската поддршка за онколошките пациенти кои ги исполнуваат условите е исплатена, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На јавниот повик досега се пријавиле повеќе од 1.200 пациенти, а повикот и натаму останува отворен. Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук посочи дека секоја апликација била разгледана со особено внимание, додека исплатите за сите кои ги исполнуваат условите се реализираат денес или ќе бидат завршени ...
Нов пресврт во односите меѓу Вашингтон и Техеран се наѕира по спротивставените изјави од двете страни за состојбата во Ормускиот Теснец. Додека американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нема никакви преговори со Иран и дека теснецот е отворен, од Техеран велат дека неговото повторно отворање е условено со исполнување на конкретни барања од САД. Трамп преку својата платформа Truth Social порача дека во моментов нема преговори, ниту ...
Најмалку 50 лица се повредени во експлозија што се случила во училиште во западниот дел на Кабул, а најголем дел од повредените се ученици, соопштија болнички извори. Талибанските власти, пак, наведоа дека биле повредени околу 25 ученици. Експлозијата се случила синоќа во областа Дашт-е Барчи, во близина на приватното училиште „Шам-е Хедајат“, во западниот дел на Кабул, пренесува порталот Afintl. Според информациите од болничките извори, меѓу ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести починал уште еден пациент, кој бил во тешка состојба и претходно со лабораториски анализи бил потврден со Западнонилска треска. Во моментов во болница се хоспитализирани 20 пациенти со Западнонилска треска, од кои 18 случаи се лабораториски потврдени, додека кај два случаи постои само клиничко сомневање. Пет пациенти со потешка клиничка слика се на интензивна нега и се лекуваат согласно сите ...
Министерот Тимчо Муцунски потврди дека дипломатот Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор на Македонија во Бугарија. Ефремов е професионален дипломат и актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија при МНР. Тој во минатото ја извршувал и функцијата амбасадор на Македонија во Украина. Муцунски посочи дека во моментов се во тек подготовките за неговото заминување во Софија. За кандидатот за нов амбасадор во Атина, министерот не сакаше ...
Од прогласувањето на епидемијата на 19 јули, во Гостивар се евидентирани вкупно 1.149 лица со воспаление на дигестивниот систем. Од ИЈЗ појаснуваат дека оваа бројка се базира само на официјално пријавените случаи од лекарите, додека реалниот број може да биде поголем, бидејќи дел од граѓаните не се јавиле на лекарски преглед. Според извештајот на ИЈЗ, епидемијата првично била пријавена како епидемија на воспаление на стомакот, со сомнеж дека ...
Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, скопско. Во инцидентот нема повредени лица. Според информациите од МВР, вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишен скопјанец, додека управувал со автобус на ЈСП, пред влезот во село Цветово забележал чад кој доаѓал од предниот дел на возилото. Возачот веднаш го запрел автобусот, по што со противпожарен апарат успеал да го ...
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија во Србија доби судска разрешница преку предлог-спогодби меѓу надлежниот јавен обвинител и осомничените. Судот, по извршените законски проверки, ги прифатил спогодбите и донел соодветни одлуки. Јавното обвинителство денеска соопшти дека, по повеќе барања од медиумите за увид во анонимизирани примероци од правосилните пресуди, двете одлуки се објавени во прилог на соопштението. Од ...
Со пораки за силна, модерна и професионална Армија, денеска во Охрид беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста, претседателката и врховна командантка Гордана Силјановска-Давкова порача дека македонската Армија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висок степен на интероперабилност со сојузничките сили. Силјановска-Давкова се осврна на развојот на Армијата, од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше по руските напади во текот на ноќта во Украина, во кои, според првичните информации, загинале најмалку 10 лица, а неколкумина се повредени. Зеленски изрази сочувство до семејствата на загинатите и истакна дека екипите за итни случаи продолжуваат со операциите во погодените подрачја. „Досега е потврдено дека загинале 10 лица. Моето сочувство до нивните семејства и најблиски. Многу луѓе се ...
Денеска и утре е првиот рок за пријавување на кандидатите за упис на прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За академската 2026/2027 година, која започнува на 1 октомври, на 23 факултети се предвидени вкупно 8.851 слободно место. Од вкупниот број места, 4.395 се наменети за редовни студенти во државната квота, чии студии се финансираат од државниот буџет. Дополнителни 3.621 места има за редовни студенти кои ги ...
Најмалку 30 деца можеби биле зачнати со сперма или јајце-клетки од погрешни донатори во клиника за плодност во Северен Кипар, покажува истрагата за случајот, кој најмногу ги засега британските родители. Според информациите на Би-би-си, родителите избирале донатори врз основа на нивната здравствена историја, физичкиот изглед и личните податоци, но подоцна се појавиле сомнежи дека во процесот на асистирана репродукција биле користени други ...
Десет мигранти од Египет биле пронајдени во патничко возило при полициска контрола во близина на Богородица, а 59-годишен државјанин на Латвија е лишен од слобода под сомнение дека ги превезувал. Случајот се случил синоќа околу 22 часот во село Богородица, гевгелиско, каде што полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица извршиле контрола на патничко возило „Фиат Типо“ со скопски регистарски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...
Трагичен настан ја потресе туристичката сезона во Ксамил, Албанија, каде што во раните утрински часови бил пронајден безживотен 20-годишен француски државјанин. Според информациите од албанската полиција, телото на младиот Мигел Мендес било пронајдено околу 5:15 часот на лежалка на плажа. Постојат сомневања дека младиот Французин бил нападнат и избоден со нож. Полицијата како осомничен го посочува 29-годишниот Сократ Вата од северниот ...
Топлото време продолжува во земјава, но во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а максималната температура ќе се движи од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за појава на нестабилност, проследена ...
Единаесет нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во земјава во текот на еден месец, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавени во месечниот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Од новите случаи, девет се мажи, а две се жени. Станува збор за пациенти на возраст од 20 до 49 години. Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 јуни 2026 година, во Северна Македонија кумулативно се регистрирани 765 ...
Поскапувањето на горивата предизвика нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што двете партии си упатија критики за економската политика и последиците од растот на цените. Од СДСМ обвинија дека бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари, оценувајќи дека Владата не презела мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните. Од партијата велат дека нема намалување на акцизата, привремена интервенција или друг обид за ...
За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...