Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 18 август 2026 година (вторник) во Кампот за обука на вода во Охрид, со почеток во 11.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека инсистира јавно да биде објавен официјалниот извештај и анализата со кои се потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Неговата реакција следува по обвинувањата од СДСМ, како и по кривичните пријави што опозициската партија ги поднесе против министерот за здравство, директорите на Институтот и Центарот за јавно здравје, како и против директорите на Здравствениот и санитарниот инспекторат. ...
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Ивановски ја мина маратонската патека со време од 2:22:39 часа, со заостанување од 13 минути и 28 секунди зад победникот Аманал Петрос од Германија. Ивановски имаше добар старт на трката и во почетната фаза се движеше во средината од групата. Сепак, меѓу 15. и 20. километар се соочи со криза, поради што загуби околу 20 ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави интензивирање на градежните активности, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ целата земја во наредниот период. Тој рече дека денес во Македонија се гради на повеќе од 1.200 локации и дека тоа е многу важно за Владата, бидејќи се ангажира домашната оперативна сила, што е сериозен показател за подобра економска активност, објави ТВ21. На крајот од овој месец, најверојатно на 26 август, како што ...
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на Партијата на правдата и развојот (АКП) за следните 25 години, во својот говор по повод 25-годишнината од основањето на партијата. Јубилејот беше одбележан со голем митинг во паркот „Милет Бахчеси“ во Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. „Почнуваме одново. Ова движење, овој тим, овие млади луѓе, нивните деца и внуци прво ќе ја однесат Турција до 2053 година, а ...
Пензионерите во Македонија во септември се очекува да добијат ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања, пренесува ТВ21. По неколкуте линеарни зголемувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување се очекува да се пресметува процентуално. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат исто зголемување во денари – повисока пензија ...
„Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради што панично бараше помош. Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е вистинита а состојбата алармантна“, пишува директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Пожарникарите се борат со огромен шумски пожар, кој зафати повеќе од 27 квадратни километри во природниот резерват Хохес Вен во источна Белгија, принудувајќи ги жителите од околните населени места да се евакуираат. Медиумите го опишуваат пожарот како еден од најголемите во поновата историја на земјата. Околу 600 жители на општините Вајмс и Битгенбах, во провинцијата Лиеж, во близина на германската граница, во саботата добиле наредба за ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 10 други се тешко повредени откако автобус со полски регистарски таблички рано во неделата излетал од патот и се превртел во источна Унгарија. Несреќата се случила во близина на градот Мезокерестеш, околу 140 километри источно од Будимпешта. Унгарската полиција соопшти дека автобусот излетал од автопатот и се превртел во крајпатен канал околу 1 часот по полноќ. Итните служби веднаш пристигнале на местото на ...
Пилот на шпански борбен авион Ф-18, кој учествувал во мисија на НАТО за воздушно патролирање, утрово соборил дрон што незаконски го нарушил националниот воздушен простор на Романија. Ова е четвртиот дрон што Романија го соборила годинава, соопшти романското Министерство за одбрана. Романија, која е земја – членка на НАТО, има 614 километри долга копнена граница со Украина и во изминатите четири години неколкупати се соочи со нарушувања на ...
Околу 5.000 луѓе се евакуирани по земјотресот со магнитуда од 7,7 степени што во саботата го погоди источниот дел на Индонезија, при што загинаа најмалку 51 лице, беа блокирани патишта и беа предизвикани свлечишта, соопштија властите. Во земјотресот, кој вчера наутро ја погоди провинцијата Источна Нуса Тенгара, тешко се повредени 36 лица, додека 77 се здобиле со полесни повреди, изјави заменик-министерот за здравство Бенџамин Паулус ...
Поп ѕвездата и поранешен член на „Take That“, кој претходно отворено зборуваше за тоа дека има АДХД, откри дека дознал оти е аутистичен за време на неодамнешна сесија со прашања и одговори во Лондон, пренесе Њу Мјузик Едитор (NME). „Имам АДХД, а штотуку дознав дека имам и малку аутизам, што всушност многу ми се допаѓа бидејќи објаснува многу работи…Сега тоа е мојата ‘карта за излез од затвор’, па за сите чудни работи што ги правам само велам: ...
Претставници на Централниот кризен штаб наздравија со вода од оваа чешма за да им покажат на гостиварчани дека водата е безбедна за пиење. Но, колку навистина ѝ веруваат? Денеска спроведовме анкета во Гостивар, а граѓаните ни велат дека сè уште се плашат да пијат вода од чешма, извести новинарот на ТВ21, Сенат Зилбехари. „Не, не ја користам. Многу ретко ја користам. На пример, кога пијам кафе, користам флаширана вода, газирана или ...
Во Гостивар водата е пуштена во употреба, но едно село во оваа општина се соочува со сериозен недостиг на вода за пиење. Околу 90 отсто од Дебреште нема вода за пиење од почетокот на годината, тврдат од селското здружение, кое функционира и како месна заедница. Според Берат Салиу, 10 отсто од селото кое има вода се снабдува од планината, но таа вода не е за пиење! „Сега, тоа е вода што доаѓа од планината и не знам од какви извори и каква вода ...
Договорот за продажба на сливи завршил со кривична пријава, неколку години по настанот, пренесува ТВ21. Според полицијата, во јули 2021 година, 48-годишен жител на Штип од едно лице зел 2,580 тони сливи, но не го платил договорениот износ. Поради неплаќањето, тој е осомничен дека предизвикал штета од 50.000 денари и се стекнал со противправна имотна корист. “Секторот за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи во Делчево поднесе ...
Полицијата денеска приведе 46-годишен државјанин на Германија, кој со своето БМВ возел со дури 203 километри на час на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково, гевгелиско. Како што информираат од СВР Струмица, ОВР Гевгелија во 08:00 часот при контрола на сообраќајот со радар констатирала дека М.Ф. управувал патничко возило „БМВ“ со германски национални ознаки со брзина од 203 км/ч. На делницата каде што бил измерен, максимално ...
Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени е регистриран денес во 16:10 часот , со епицентар на околу 8 километри северно од Гостивар. Според податоците објавени од EMSC, земјотресот имал длабочина од околу 5 километри и бил почувствуван и во неколку околни области. Бил почувствуван и во тетовскиот регион со послаб интензитет. Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени е регистриран денес во 16:10 часот , со епицентар на околу 8 километри северно од ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж поради сомнение дека сторил кривични дела „Загрозување на сигурноста“ и „Неизвршување судска одлука“, во случај поврзан со семејно насилство. Според Обвинителството, инцидентот се случил на 14 август, кога осомничениот наводно сериозно ѝ се заканувал на сопругата и ќерката, предизвикувајќи кај нив чувство на страв и загрозеност. Случајот добил дополнителна драматична ...
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и З.Х. (37) од село Вешале, сопственик и управител на субјектот, поради сомнение за сторено кривично дело „даночна евазија“. „При извршениот увид врз правното лице, во присуство на второпријавениот, констатирано е дека се извршувала дејноста изнајмување на АТВ-моторизирани теренски возила, без претходни договори за изнајмување со клиенти“, известува СВР ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска, 15 август, во земјава се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Од нив, шест пожари се активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е изгаснат. Активни пожари се регистрирани на повеќе локации низ земјава. Во Општина Студеничани гори во атарите на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума. Во Општина Македонски Брод активни ...
Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, посочи дека со водоводот и снабдувањето со вода управува јавно претпријатие, кое има свое раководство поставено од градоначалникот. Мицкоски потсети дека градоначалникот на Гостивар бил поддржан од СДСМ на вонредните локални избори, поради што, според него, од опозициската партија не се бара одговорност од градоначалникот. „Комплетно со водоводот и со ...
СДСМ излезе со остри критики до Владата и премиерот Христијан Мицкоски по повод состојбата со водоснабдувањето во Гостивар и Демир Капија. Од опозициската партија велат дека истиот ден кога, како што наведуваат, беше објавено дека водата во Гостивар повторно е безбедна за пиење, Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија соопштило дека водата од тамошниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење. „Мицкоски избега од ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има одредби со кои ќе се санкционираат лицата кои свесно создаваат чувство на страв, немир и хистерија кај граѓаните. Мицкоски ваквите активности ги опиша како форма на „хибриден напад“, посочувајќи дека станува збор за постапки со кои намерно се создава несигурност во јавноста. „Новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица ...
Земјотрес со магнитуда 5,0 рано утрово го погоди подрачјето на Гранада, во јужна Шпанија, со епицентар во близина на местото Алхендин. Засега нема информации за повредени, но регистрирана е материјална штета, а потресот бил почувствуван и во неколку други провинции. Шпанскиот Национален географски институт (IGN) првично ја проценил јачината на земјотресот на 4,8 степени, но подоцна ја коригирал на 5,0. Земјотресот бил на многу мала длабочина ...
На панелот по повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот договор, чиј главен фокус на владеењето на правото, европската иднина и младите, министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати се осврна на пристапот на политиката кон младите, за кој оцени дека треба да се менува. „Сепак, многу зборуваме за младите, нели. И ако го погледнете панелот, немаме баш толку млади. Тоа не е случајно. Мислам, ова е прва манифестација од ваков вид, ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес што во саботата ја погоди источна Индонезија се искачи на 38 лица, соопшти Сухарјанто, директор на Националната агенција за управување со катастрофи. Земјотресот со магнитуда од 7,7 степени го погоди подрачјето во близина на островот Флорес, по што илјадници жители беа принудени да ги напуштат своите домови. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините во потрага по преживеани. Во ...
Автопатот Охрид–Кичево се гради според предвидената динамика, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на „Фејсбук“. Тој објави фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, оценувајќи дека работите се одвиваат со висока динамика и дека се решаваат сложени инженерски проблеми. „Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го прогласат Ормускиот Теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“, во нова закана кон Иран, додека преговорите за ставање крај на конфликтот меѓу двете земји остануваат во застој. За време на говорот во полициска академија на Лонг Ајленд, Њујорк, во петокот, Трамп изјави дека „многу наскоро“ би можел да преземе таков чекор, бидејќи, според него, Иран е поразен. ...
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на ...