Дел од ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс Икс“, тежок околу четири тони, најверојатно се судрил со површината на Месечината во средата. Овој дел од ракетата се наоѓа во вселената уште од минатата година. Се претпоставува дека до судирот дошло ненамерно и со голема брзина. Според НАСА, ударот не претставува никаква опасност за Земјата. Објектот, со големина приближно како една зграда, е дел од ракетата „Спејс Икс Фалкон 9“, која беше ...

Иран испратил јасно предупредување до земјите од Персискиот Залив дека секој нов американски напад врз негова територија ќе биде проследен со одмазднички напади врз клучната енергетска инфраструктура во регионот. Според повеќе дипломатски извори, Техеран настојува да ја зголеми цената на евентуална воена акција преку притисок врз најблиските регионални сојузници на Вашингтон. Предупредувањето следувало по изјавата на американскиот претседател ...

Обидите на Џани Инфантино да ја задржи својата позиција во услови на внатрешна криза во ФИФА би можеле да имаат негативни последици за Шпанија и нејзината кандидатура за Светското првенство во 2030 година. Според „Тајмс“, претседателот на ФИФА презема ризичен потег за да обезбеди поддршка за неговиот реизбор на гласањето закажано за 18 март. Неговиот клучен потег наводно е договор со Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF). Според ...

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ...

Чешката туристка Кејт, која своите патувања низ Европа со „Веспа“ редовно ги споделува на Инстаграм, за време на неодамнешната посета на црногорското приморје решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори на некои од најпознатите плажи во Милочер и Свети Стефан. Цените што ги затекнала пријатно не ја изненадиле. Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето лежалки и плажен кревет чини дури 200 евра ...

Повеќе детали за епидемијата со загадената вода во Гостивар ќе бидат познати до 20 август, кога Министерството за здравство ќе ја објави анализата, најави министерот Сашо Клековски. „Излегуваме од акутната фаза и веќе влегуваме во нормален период. Бројот на новопријавени пациенти последните денови се движи меѓу 40 и 80, што е во рамки на вообичаените августовски бројки“, изјави Клековски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. Тој нагласи дека ...

Температурите во Австрија денес достигнаа рекордни максимуми, а Унгарците го намалија снабдувањето со електрична енергија, бидејќи најновиот топлотен бран и суша во централна и јужна Европа го земаа својот данок. Европа, континентот што се затоплува најбрзо во светот, е погодена од рекордни топлотни бранови и разорни шумски пожари ова лето, а Франција и Шпанија се особено погодени во последните недели. Италија издаде црвено предупредување за ...

Бугарија ги зголеми контролите на увозот на овошје и зеленчук на граничните премини со Македонија, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Мерката е во сила од 3 август и се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и производи од Македонија наменети за бугарскиот пазар. Од АХВ информираат дека извозните компании и транспортерите треба да ги земат предвид зголемените контроли при планирањето и реализацијата на пратките, ...

Повеќе од 3 илјади случаи на злоупотреба на боледувања се евидентирани од Фондот за здравствено осигурување. На брифинг со новинарите, директорот Златко Перински изјави дека најголемите прекршувања се регистрирани кај вработени во јавниот сектор, каде што предничат припадниците на армиските и полициските униформи. Тој посочи дека во Министерството за внатрешни работи и Армијата има случаи кога вработени користат боледување повеќе од 5 години, ...

Само денес до пладне, екипите на итната медицинска помош во Скопје интервенирале во четири случаи, додека на дневно ниво информираат дека имаат по 200 повици. Еден од случаите е повозрасна жена која доживеала колапс во градски автобус и се здобила со повреди на главата, раскажува докторот Ријад Реџепи. Високите температури кои ја зафатија земјата влијаеле врз зголемувањето на бројот на повици во Службата за итна помош и интервенции, главно ...

На фотографиите се наредени повеќе од 40 луксузни автомобили, а според проценките на странските медиуми, целата колекција денес вреди повеќе од 50 милиони евра. Најголемата ѕвезда во неговата колекција е „Bugatti Centodieci“, еден од само десетте произведени примероци во светот. Овој хиперавтомобил се проценува на околу 10 милиони евра и е најскапиот автомобил со четири тркала што го поседува Роналдо. Во неговата гаража се наоѓаат и: Ferrari ...

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Бесфорт Ламалари, информираше дека одлуката двајца државјани на Македонија, Ваљон Бела и Бекир Алими, да бидат прогласени за непожелни лица во период од 10 години, е донесена на 17 јули, со цел заштита на националниот интерес. Во интервју за емисијата „Tirana Live“ Ламалари изјави дека Албанија нема да дозволи каква било агенда или поттикнување насилство што ја загрозува безбедноста на земјата, ...

Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...

Владата подготвува терен за прифаќање на таканаречениот француски предлог и веќе постојат сигнали за договор во таа насока. Ова го изјави Андреј Жерновски од СДСМ кој тврди дека опозициската партија има информации дека Владата веќе постигнала договор за начинот на кој ќе се одвива процесот, а е во согласност со она што министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го потврди за постоење на таен договор за откочување на европскиот пат на ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од Обвинителството. „Од ...

Вкупно седум пожари на отворен простор се евидентирани до 13:00 часот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според извештајот, пет пожари сè уште се активни – во општините Гостивар, Ранковце, Кратово, Битола и Старо Нагоричане, пренесува ТВ21. Под контрола се ставени два пожара, и тоа во Виница и Неготино. Пожарите зафатиле претежно ниска вегетација, грмушки, мешана шума, стрништа и површини со отпад. Надлежните служби ...

Вечерва, со свечено отворање во Паркот на поезијата во Струга, започнува 10-тото јубилејно издание на Дрим Шорт Филм Фестивал (DSFF), кое од 5 до 9 август ќе го претвори градот на поезијата во регионален центар на краткиот филм. Во пет фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи 42 краткометражни филмови, селектирани во повеќе програмски целини, како и мастеркласови, разговори со автори и специјални фестивалски настани. ...

Владејачката коалиција во Турција до парламентот поднесе предлог-закон, чија цел е постигнување мир со Курдистанската работничка партија (ПКК), меѓу другото преку заштита на многу поранешни припадници од кривично гонење и суспендирање на затворските казни за голем дел од оние осудени за членство во организацијата. Законот, кој се очекува да биде усвоен во парламентот подоцна оваа недела, има за цел да стави крај на повеќедеценискиот конфликт, ...

ДУИ во Сарај побара транспарентност од раководството на Општината и Јавното комунално претпријатие Сарај во врска со наводите за кражба на финансиски средства од јавното претпријатие. Портпаролот на огранокот, Февзи Ебипи, побара целосна истрага и институционална одговорност доколку се утврдат пропусти во безбедноста и управувањето со јавните средства. Тој прашува дали безбедносните камери и системот за контрола на влез и излез во објектот ...

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, полицајци од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршиле преглед на три лица со иницијали Ј.Б., С.В. и Д.П. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана, соопштија од МВР. “Д.П. е лишен од слобода и спроведен во ...

Таксист од околината на Тетово е осомничен дека се однесувал несоодветно кон две млади девојки, откако не ги однел до побараната дестинација и ја променил рутата, пренесува ТВ21. Како што соопштија од СВР Тетово, на 4 август околу 16:30 часот во Полициската станица Теарце било пријавено дека 20-годишна девојка од селото Пршовце и нејзината 16-годишна другарка, за време на возење со такси, се соочиле со несоодветно однесување од страна на ...

Сојузот на синдикати на Македонија ги повика работодавачите да спроведат мерки за заштита на здравјето и безбедноста на работниците поради високите температури што се предвидуваат во наредните денови. Сојузот на синдикати на Македонија бара работата на отворени простори да биде ограничена или запрена во најжешките часови од денот, како и да се обезбедат услови и средства за заштита на вработените од топлотниот бран. Според препораките на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе. Мицкоски преку објава на социјалните мрежи истакна дека му било чест да биде дел од овој посебен момент и да даде поддршка на, како што го нарече, еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. „Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а ...

Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на магистралниот пат Битола–Прилеп, на излезот од Битола кон Прилеп. Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана медицинска помош. Директорката на болницата, Ненси Лозанче, информираше дека еден од пациентите е подложен на операција, додека останатите се во стабилна состојба. Од повредените, двајца пациенти се згрижени на ...

Уште еден убав пример на хуманост и солидарност од македонската дијаспора беше реализиран денес во Струга. Ќендрим Кала, кој работи во Општина Урдорф во Швајцарија и е доброволен пожарникар во противпожарната единица на оваа општина, донираше 41 комплет професионална заштитна опрема отпорна на пожар за Територијалната противпожарна единица – Струга. Со овој гест, Кала покажа голема поддршка и солидарност кон своите колеги пожарникари во ...

Во хотел во Охрид утрово е пронајдена почината 53-годишна државјанка на Република Белорусија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 5 август 2026 година во 07:45 часот во СВР Охрид. Смртта на жената, идентификувана со иницијали И.Т., ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, по што ќе треба да се ...

Товарниот сообраќај на австрискиот дел од реката Дунав е речиси целосно прекинат поради екстремно ниското ниво на водата, соопшти австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарниот превоз практично е запрен, додека сообраќајот на речните крстосувачи е значително ограничен“, се наведува во соопштението на Министерството. Поради сушата и нискиот водостој, на делови од Дунав каде што нема хидраулични конструкции нивото ...

Македонија внимателно ја следи состојбата со енергетските ресурси во регионот и Европа, но домашниот електроенергетски систем во моментов останува стабилен и подготвен за снабдување на граѓаните и стопанството. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека состојбата со акумулациите е стабилна, со вкупна исполнетост од околу 70 проценти, што овозможува сигурно управување со хидропотенцијалот. Заедно со АД ...

Севернокорејска ракетна единица почна да се распоредува во западна Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина, изјави функционер во украинската воена разузнавачка агенција, пренесува Ројтерс. Украина има многу недостаток од висококвалитетна воздушна одбрана, а Русија се обиде да го искористи тоа со користење на повеќе балистички ракети, кои се особено тешки за соборување. Русија истрела ...

Царинската управа во јули годинава оствари историски највисока месечна наплата на приходи, со вкупно собрани 14,14 милијарди денари. Остварениот резултат е за 1,5 милијарди денари, односно 11,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека рекордната наплата е потврда дека реформите и системот што се гради во изминатиот период даваат конкретни резултати. „Најважно ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.42
42%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.5
51%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
76%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.64
45%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
47%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
86%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.54
39%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.71
51%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
41%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 21ᴼ
5.81
57%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
39%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.73
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Бакар

13.36

Кобалт

56.29

Калај

56.16

Родиум

278103.96

Злато

141498.65

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Паладиум

43853.62

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50