Најмалку 20 лица загинаа по земјотресот со јачина од 7,7 степени и десетиците последователни потреси што го погодија морското подрачје во близина на источна Индонезија, соопштија спасувачките служби. По силниот утрински земјотрес, во неколку подрачја на земјата беа регистрирани цунами-бранови високи помалку од еден метар. Предупредувањето за цунами беше укинато околу три часа по земјотресот. Спасувачите во близина на пристанишниот град ...

♈ Овен — Денот носи енергија за конкретни одлуки. На работа не брзајте со реакциите, а во љубовта искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик — Финансите бараат малку поголема внимателност. Во љубовта ве очекува стабилност, а слободните можат да запознаат интересна личност преку пријатели. ♊ Близнаци — Комуникацијата ви е најсилна страна. Можно е да добиете порака или повик што ќе ви го промени планот за денот. ♋ Рак — Ќе имате ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне ...

Стотици патници останаа на цедило откако вулканска пепел го затвори најголемиот меѓународен аеродром на Сицилија, во Катанија, во екот на летната туристичка сезона. Аеродромот во Катанија ќе остане затворен до раните утрински часови во сабота, непосредно пред Ферагосто, врвот на летната сезона во Италија кога милиони луѓе се упатуваат кон морето и планините, а градовите се речиси пусти. Активноста на Етна често предизвикува прекини во ...

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се соочија со масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, предизвикани од ненадејно нарушување на преносниот систем во меѓусебно поврзаната централноазиска енергетска мрежа, соопшти казахстанското Министерство за енергетика. Министерствата за енергетика на четирите земји ги потврдија дефектите и информираа дека екипите на терен веќе работат на постепено стабилизирање на ...

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција. Како резултат на повеќемесечната координирана ...

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. ...

Над селото Бојане избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце. Моментално сум на терен, заедно со екипите ангажирани за справување со пожарот. На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување се ангажирани и екипи на противпожарните служби од Тетово. Од терен директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот. Центарот за управување со ...

Во голем пожар што се прошири од областа Локва Рогозница до Омиш во текот на ноќта загина едно лице, а повеќе од 40 беа повредени. Пожарот се прошири на подрачјето над самиот град и загрози бројни згради, поради што некои жители и туристи беа евакуирани. При увидот на теренот, пронајдено е телото на едно лице, а осум од повредените се во сериозна состојба. Околу 13 часот беше потврдено дека на местото на пожарот е пронајдено телото на младо ...

Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Република Северна Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун, при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група. Во акцијата од слобода се лишени еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и ...

На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје. Како што информира Град Скопје, доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на ...

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР ...

Со наздравување со вода од јавна чешма пред Општина Гостивар, државните и локалните службеници ја пренесоа пораката дека водата во овој град сега е безбедна и може да се консумира. По речиси 30 дена од моментот кога Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани употребата на водата за пиење, денеска оваа забрана официјално е укината. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, вели може и да се пие. „По добивањето на задоволителните резултати од ...

Македонија полека, но сигурно постигнува билатерални договори со земјите од шенген зоната за надминување на проблемот на превозниците, изјави министерот за транспорт Александар Николоски откако деновиве возачите отворено побараа од земјите на Европската унија престојот да им се пресметува во часови и минути, а не во денови. Тоа е прашање кое што треба да го уреди Европската унија и ние веќе имаме склучено неколку договори со земјите дел од ...

Стотици туристи и жители се евакуирани од малото туристичко место Сивири, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики во Грција. Големиот пожар зафати површина од околу 350 хектари, а биле опожарени неколку објекти. Дел беа евакуирани по копнен пат, а дел преку море. „Веќе е до нас (пожарот). Од секаде сме затворени…Еве што се случува…“ Како што информираше Министерството за надворешни работи и трговија пет семејства побарале помош и асистенција ...

Го запали тракторот и ја презема работата во свои раце. Еден од хероите на денот во битката со пожарите во нашата држава е младиот тракторист Александар Чепиговски од село Ивањевци. Со неговиот голем трактор, низ линијата на пожарот направи т.н обрач со кој спречи негово ширење или поточно речено да не стигне до куќите. Јавно признание на Александар му оддаде директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. „Особено сакам да ...

На ден 14.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 пожари, под контрола се 2 пожари, а 10 пожари се изгаснати. Активни пожари – 8: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Велес: с. С’лп (ниска вегетација и ретка ...

Контролата на летање на скопскиот аеродром доби нов систем за менаџирање на авиосообраќајот. Според директорот на Македонска навигација, Владимир Ристески ставањето во употреба на новиот систем е од големо значење за М-НАВ и со него не се добива само нова технологија, туку се создава стабилна и современа основа врз која треба да се развива целиот систем во воздухопловната навигација. „Со новиот АТМ-систем, пред сè ја стабилизираме М-НАВ како ...

Забранета е водата за пиење во Демир Капија, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Оттаму известија дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Како што информираат, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати. Дополнуваат и дека поради различните резултати, в понеделник ќе биде извршена супер анализа. Според јавното ...

Транзитот низ Ормускиот Теснец се чини дека речиси целосно запре, откако беа нападнати уште два брода беа нападнати, а САД соопштија дека би можеле неограничено да ја одржуваат поморската блокада на Иран. Висок ирански извор завчера изјави дека нема напредок во разговорите за надградба на јунскиот договор за прекин на војната. Откако повторно пропадна тогаш договорениот прекин на огнот, Иран ги обнови нападите врз бродови за кои тврди дека се ...

Скопјанец на возраст од 72 години е втор смртен случај од западнонилска треска во земјава, информираше директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. „За жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход“, изјави тој. Како што објасни директорот на Инфективна, пациентот бил во тешка општа состојба уште при приемот, со ...

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани. Како што изјави министерот Николоски, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии. Во првите шест месеци од годинава над македонскиот воздушен простор имало околу 173 илјади прелети, што е ...

Полицијата пронашла тело на опожареното подрачје кај Омиш, Хрватска, соопшти сплитско-далматинската полиција. Телото било пронајдено денеска околу 13:30 часот, при преглед на теренот кој беше зафатен од големиот пожар што се прошири во околината на Омиш. Засега не се соопштува идентитетот на починатото лице, ниту се познати околностите под кои настанала смртта. На местото каде што е пронајдено телото ќе биде извршен увид, со кој ќе раководи ...

Жителите на Гостивар од денеска повторно можат безбедно да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Одлуката следува откако последните анализи покажале дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите за укинување на забраната за нејзино користење за пиење. Ова го потврдија надлежните институции, а информацијата ја соопштија и од Главниот штаб за управување со кризи. Водата во ...

Околу 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето кај Омиш, Хрватска, откако поради големиот пожар што го зафатил крајбрежјето биле принудени да побараат засолниште во морето и на чамци. Спасувачката операција започнала синоќа околу 23:40 часот, откако било пријавено дека голем број луѓе се наоѓаат во морето и на чамци без надзор, обидувајќи се да се заштитат од огнената стихија. Акцијата ја координирал Националниот центар за ...

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно ја заврши постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се дадени соодветните решенија за вработување, објави Клиниката на својата Фејсбук страница. Како што беше наведено, ова засилување на персоналот претставува важен придонес за понатамошно унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, со цел да се ...

Новиот систем ATM (управување со воздушниот сообраќај) во M-NAV е ставен во целосна употреба. Според властите, ова овозможува зголемена безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај. Министерот за транспорт, Александар Николоски, објави дека во текот на првите шест месеци од 2026 година, над воздушниот простор на Северна Македонија се извршени околу 173 илјади летови, што е за 12,2 проценти повеќе во споредба со ...

Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да работат на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските транспортери поради имплементацијата на „EES“ (Систем за влез/излез) во Европската Унија, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Во врска со предупредувањата од некои транспортери за можни протести доколку не се најде решение до 1 септември, Николоски рече дека Владата е во ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...

Вкупно пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, македонските семејства, во координација со надлежните грчки власти, биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75