Регионот се соочува со нов бран контроли на безбедноста и квалитетот на храната, откако во соседно Косово беше откриена голема афера со неточна декларација и фалсификување на млечни производи. Лабораториските испитувања покажаа дека граѓаните купувале производи со скриени состојки како палмино масло, скроб, растителни масти и млеко во прав, кои воопшто не биле наведени на пакувањата. Ова ги алармираше надлежните инспекции, кои веднаш тргнаа ...

МВР предупредува на нови фишинг напади преку лажни СМС пораки и електронски пораки, наводно испратени од системот „Безбеден град“. Во пораките има лажен линк преку кој граѓаните се упатуваат да платат наводна казна за сообраќаен прекршок. Од МВР апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не внесуваат броеви на картички, лозинки и други лични податоци. Вистинските СМС известувања за прекршок треба да бидат испратени од „MVR-SC“ ...

По речиси пет години од отворањето на предметот, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го затвори случајот што се однесуваше на јавните набавки и изградбата на 19 модуларни болници во државата. Предметот беше отворен на 10 септември 2021 година по допрен глас, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени. Тогаш Обвинителството ...

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Државниот студентски дом „Пелагонија“ за 2024 година. Ревизорите констатирале слаби внатрешни контроли, набавки по цени повисоки од пазарните и исплати без соодветна документација. Особено е издвоена набавката на леб, каде што во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм. Утврдено е и дека биле набавени 250 душеци за 1,17 милиони денари, кои не одговарале на ...

Над 3,3 милиони денари изнесува штетата нанесена на АД „Тутунски комбинат“ – Прилеп, според сомневањата наведени во кривичната пријава што ја поднесе СВР Битола против три физички лица и едно правно лице од прилепско. Кривичната пријава е поднесена против Љ.Б.(59), К.С.(60) и Ј.Д.(41) од Прилеп, како и против правно лице од село Мало Коњари. Тие се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со откуп и продажба на отпадни материјали од ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека новата кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Техеран, наречена „Економски Д-Ден“, ќе им донесе на САД „нов пораз“ и дополнително ќе го продлабочи непријателството на Иранците кон Вашингтон. Неговата изјава доаѓа откако Трамп го најави она што го нарече „најразорната економска операција некогаш спроведена против која било држава“, опишувајќи ја кампањата како ...

Интелигентните камери на Центарот за управување со кризи навреме детектирале пожар на територијата на селото Никуштак, во Општина Липково, информираат од ЦУК. По алармот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица во Куманово и „Национални шуми“ – Куманово, за интервенција на терен. Од ЦУК велат дека системот овозможува следење на пожарот во реално време и помага во координацијата на ресурсите, како и во утврдувањето на ...

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека се подготвени да се соочат со предвремени парламентарни избори доколку опозицијата ги побара. Тој рече дека е подготвен за лидерска средба, утврдување датум и организирање избори. „Нема да бегаме, се разбира. Затоа јас велам, мандатот наш е за четири години и за толкав период сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи, но доколку имаме фрлена ракавица од страна на ...

Зборувајќи за економските резултати, премиерот Мицкоски во изјава за медиумите истакна дека ако се спореди периодот на претходната влада СДСМ-ДУИ со периодот на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, за три пати пократок период бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра повеќе. „Значи, за 120 милиони евра повеќе бруто домашниот производ за овие две години е поголем отколку за претходните шест од претходната влада. При тоа, јавниот ...

Утрово во земјава се активни пет пожари, додека пожарот на депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. Вкупно 31 пожар е изгаснат. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последните 24 часа, од 07:30 часот на 19 август до 07:30 часот на 20 август 2026 година, се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, еден е под контрола, а 31 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: Општина ...

Од почетокот на годината до јуни, од наплатата на патарините, односно од наплатните станици на автопатите низ земјава, се собрани рекордни 1.919.775.277 денари, или повеќе од 31 милион евра, пренесува ТВ21. Во споредба со 2025 година, биле собрани 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станица на автопатиштата е Тетово, по која следуваат Петровец, Рамно, Глумово, ...

Извештајот за резултатите од мерењата на квалитетот на водата во Гостиварско од јануари до август годинава, којшто го објави Министерството за здравство, предизвика нови меѓусебни обвинувања на опозицијата и власта. Опозициската СДСМ вели дека ова е само четвртина и парче од податоците, критикувајќи го министерот за здравство, Сашо Клековски, за нетранспарентност. „Најави целосен извештај за водата. А излезе само со дел, четвртина, парче. За ...

Дванаесет луѓе загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во Киев рано утринава од нападите на Русија со балистички ракети, соопштија украинските власти, додавајќи дека во нападот биле оштетени бројни објекти и бил прекинат доводот на електрична енергија во делови од украинската престолнина. Пожар избувнал во деветкатна станбена зграда во градската населба Соломјански, при што биле уништени нејзините горни катови. Во овој дел од градот загинале ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе ...

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за саботирање на преговорите и обид за обновување на конфликтот. Обвинувањето дојде по израелскиот воздушен напад врз полициска станица во градот Газа, во кој, според локални медицински извори, беа убиени девет Палестинци, повеќето од нив полицајци. Во соопштението, Хамас го нарече нападот ново воено злосторство кое, како што велат, ја разоткрива намерата на владата на Нетанјаху да ...

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...

Џош Раднор, најпознат по улогата на Тед Мозби во „Како ја запознав твојата мајка“, откри дека глумечката екипа не е ни приближно толку блиска како што беа кога снимаа. Иако серијата се емитуваше девет сезони и траеше речиси една деценија, а глумечката екипа изгледаше неразделна на снимањето, Раднор вели дека нивниот однос се променил со текот на времето. Во неодамнешно интервју, тој објасни дека немало кавга меѓу нив, туку дека едноставно се ...

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе од очекуваните за време на топлотниот бран што траеше од 3 до 22 јули. Бројките ги објави Министерството за здравство во среда врз основа на проценки од 5.000 општини, а беа објавени од француските медиуми. Францускиот весник Ouest-France пишува дека ова е зголемување на вкупната смртност од сите причини за време на период на екстремна топлина, објавува Анадолу. Зголемувањето, сепак, беше ...

Џони Деп долго време не се сметаше за веројатен кандидат за враќање во Дизни, особено по јавниот судски процес со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, кој силно влијаеше на неговата кариера. Сепак, се чини дека актерот може да се врати во улогата што го направи познат. Продуцентот Џери Брукхајмер откри дека е во преговори со Деп за шесто продолжение на „Пиратите од Карибите“, а улогата би можела да му донесе повеќе од 22,5 милиони долари. ...

Необична слика вечерва во центарот на Скопје. Просторот околу Собранието е во целосна или речиси целосна темнина, иако станува збор за една од најфреквентните локации во централното градско подрачје. Во непосредна близина се наоѓаат Собранието на Република Северна Македонија, Управниот суд, Државниот завод за статистика, Државниот пазарен инспекторат, како и верски објект и други административни згради. Покрај темнината, од локацијата се ...

Туристички хеликоптер се урна на планината Ололокве во Кенија во среда, при што загинаа сите седум лица во него, потврдија локалните власти. Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време, додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Њиро, објави „Еуроњуз“. Кениската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот бил „Еурокоптер EC130 Б4“. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат густ црн чад ...

Од античките набљудувања на небото до денешниот хороскоп, приказната за 12-те хороскопски знаци се протега илјадници години. Сè започна со набљудувања на небото Идејата за хороскопските знаци се разви од потребата на античките цивилизации да го разберат и евидентираат движењето на небесните тела. Дури и Вавилонците систематски ги набљудувале Сонцето, Месечината и планетите и ја поделувале површината на небото низ која Сонцето очигледно се ...

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...

На граничниот премин Табановце, денес има редици од странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Сејф сити“. Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци. Неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“. На граничниот премин ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било констатирано дека односите меѓу Македонија и Чешка се карактеризираат со традиционално пријателство, меѓусебна почит и разбирање. Соговорниците се осврнале и на заедничкото културно и историско ...

На ден 19.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 3 се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак ...

ВЛЕН тврди дека во ДУИ има судири меѓу Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Преку соопштение, ВЛЕН вели дека Османи бара повлекување на Ахмети за повторно да ја врати ДУИ како конкурентна опозиција, додека Ахмети, според ВЛЕН, се обидува да го продлабочи конфликтот меѓу Османи и Груби, особено преку ставот на партијата кон обвинението за „Државна лотарија“. Според ВЛЕН, Груби преку своите поддржувачи започнал да испраќа јавни пораки, ...

Речиси секој втор примерок вода за пиење анализиран во гостиварскиот регион оваа година се покажал како неисправен. Податоците на Центарот за јавно здравје од подрачната едница во Гостивар покажуваат дека, од 317 примероци анализирани во периодот од 1 јануари до 12 август оваа година, 159 се оценети како неисправни, додека 158 како исправни. 317 анализирани примероци 159 – неисправни 158 – исправни Проблемот не е ист во сите населени места. ...

Алијансата за Албанците бара во основното училиште „Његош“ во Идризово да се овозможи настава на албански јазик и од шесто до деветто одделение. Според нив, во моментов учениците Албанци можат да учат на албански јазик само до петто одделение, а потоа се принудени да го продолжат образованието во други општини. АA бара од Министерството за образование и од Владата веднаш да интервенираат, при што го критикува и ВЛЕН поради нерешавањето на ова ...

Бројот на заболени од Западнонилска треска достигна 38. Властите велат дека од нив 37 се од скопскиот регион, а само еден заразен е од Велес. Сите се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, од кои двајца се третираат како сомнителни случаи, додека кај други 36 пациенти е утврдена невроинвазивна форма. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека од нив 28 се мажи, а 10 жени, но последната недела била фатална за тројца ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32