Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година, соопштија од ова Министерство. „Подмладокот со кој се порибува Охридското Езеро во оваа фаза е со просечна тежина од околу ...
Агенцијата за храна и ветеринарство е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што изјави директорот на АХВ, Оливер Миланов, сè уште се чека одлуката дали количината ќе биде уништена во земјата увозник, во Бугарија, или ќе биде вратена во Македонија и уништена на депонијата „Дрисла“. „Операторот има право пиперките да бидат уништени или вратени. Ние, заедно со Земјоделскиот ...
Македонскиот олимписки комитет во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Делегацијата од Македонија ќе брои 130 члена од кои 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 19 од вкупно 33 спортови. Ова е најброен состав на Македонија досега на Медитерански игри. Досега нашите спортисти имаат освоено 14 медали на Медитеранските игри. „МОК направи се што ...
Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои четири остануваат активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари се пријавени на подрачјата на Студеничани, Македонски Брод, Велес, Зелениково, Јегуновце и Сарај, а екипите на терен работат на нивно локализирање. Според ЦУК, во текот на викендот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Во ...
Пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој говореа министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на Армијата, Мисајловски им се заблагодари на вработените, истакнувајќи дека нивниот труд, посветеност и професионалност ...
Вчера попладне, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Како што соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. „Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно ...
Од полноќ поскапуваат горивата во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,85 проценти. Новите цени ќе важат од 18 август во 00:01 часот. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар. Така, литар 95-октански бензин ќе се продава по максимална цена ...
Општина Арачиново презема превентивни мерки по пријавувањето на случај на Западнонилска треска на нејзината територија. Градоначалникот Даут Беќири соопшти дека прскањето против комарци во општината било извршено на 12 јули, а по новиот случај, дезинсекцијата повторно ќе се спроведе во текот на оваа недела, на целата територија на општината. „Го разбираме загриженоста на нашите граѓани. Токму затоа превентивните мерки продолжуваат без ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски со спротивставените изјави шират паника и дополнителна неизвесност околу состојбата со водата во Гостивар. Од партијата велат дека во изминатите недели имало контрадикторни информации од повеќе владини претставници за исправноста на водата, додека резултатите од анализите сè уште не се објавени. „Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој се заоструваат условите и контролите при издавањето лиценци за приредување игри на среќа. Правилникот ги утврдува критериумите и потребната документација за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на правните и физичките лица кои аплицираат за лиценци за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип. Со новите правила, барателите ќе треба да ...
Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје, Никол Варнес, вчера попладне престојуваше во Дебар, каде што се сретна со градоначалникот на општината, Фисник Мела. „Посетата се одржа во пријателска атмосфера, додека Варнес имаше можност да се запознае со природните убавини, туристичкиот потенцијал и гостопримството на Дебар“, соопшти Општината. Посетата започна со кафе во близина на Дебарското Езеро и продолжи ...
По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изведе церемонијална артилериска стрелба, со 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе се одржи пробна стрелба со еден плотун од 6 истрели. 34-годишнината од формирањето на Армијата ќе биде одбележана и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со дефиле на Вториот пешадиски баталјон и други ...
Во стампедо во хиндуистички храм во источната индиска држава Бихар во неделата загинаа седум лица, а повеќе од десетина беа повредени. Властите велат дека пукнат електричен кабел предизвикал паника кај илјадници верници, јавува АП. Несреќата се случила во храмот Ашок Дхам во округот Лакисараи во источна Индија. Илјадници верници се собрале да се молат на третиот понеделник од Шраван, еден од најсветите месеци во хиндуистичкиот календар. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му нареди на Пентагон значително да ги намали годишните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, велејќи дека сојузникот одбил да помогне во војната против Иран и повикувајќи се на неговиот добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека вежбите, кои започнаа во понеделникот, не само што се скапи, туку испраќаат и „сигнал кој е целосно ...
По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопјe , вечерва во 19:00 часот, артилериската батаљонска единица на Армијата ќе изврши свечено артилериско гаѓање , со 10 збони од 6 артилериски топови. Претходно, во 18:00 часот, ќе се изврши пробно гаѓање со збони од 6 истрели. 34-годишнината од Армијата ќе биде одбележана и во касарната „Јане Сандански“ во Штип , со дефиле на Вториот пешадиски баталјон и други единици на Армијата. На ...
Овен – Денот носи енергија за нови почетоци. На работа избегнувајте избрзани одлуки, а во љубовта бидете отворени за разговор. Финансиски, внимавајте на непланирани трошоци. Бик – Можно е да добиете позитивна вест поврзана со работа или пари. Во љубовта ве очекува стабилен ден, но не дозволувајте тврдоглавоста да создаде непотребна дистанца. Близнаци – Комуникацијата е вашата најсилна страна денес. Ќе имате можност да решите недоразбирање или ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на ...
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...
Она што досега се сметаше за проблем само во планинските предели, сега се приближи и до домовите на жителите во Полошкиот регион. Изобилството од вода и храна во нивите со пченка и лубеници ги привлекува дивите свињи од планините над Тетово. Жителите велат дека животните, тешки и над 100 килограми, слободно се движат и во текот на денот, без да се плашат од присуството на луѓето. „Тие се тука веќе неколку месеци. Претходно штетите беа во ...
Видео и фотографии на кои туристи во костими за капење се качуваат на камбанаријата на потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, со цел да скокаат во езерото, предизвикаа бројни реакции во јавноста откако беа објавени на социјалните мрежи. На снимките се гледаат млади девојки како се искачуваат на камбанаријата на црквата, облечени во костими за капење, по што скокаат во водите на Мавровското Езеро. Глетката предизвика негодување кај дел од ...
Пет лица од селото Броштица, Општина Центар Жупа, биле лишени од слобода поради физички напад врз 28-годишен жител на селото Могорче, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Како што соопшти полицијата, настанот бил пријавен откако лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар известил дека со повреди бил примен С.Р. (28) од Могорче. Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар околу 00:20 часот ги ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Бугарските власти вратиле во Северна Македонија пратка од 11,6 тони свежи пиперки, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволеното ниво, објави ТВ21. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговски оператор во Петрич. Пиперките биле задржани и складирани во ладилник до завршувањето на лабораториските анализи. По добивањето на резултатите, Бугарската агенција ...
Од раните утрински часови, градските служби спроведуваат интензивни активности за чистење и уредување на повеќе фреквентни локации низ Скопје, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на акцијата се врши машинско перење и уредување на автобуските постојки, се собира насобраниот отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најпрометните точки низ главниот град. „Неделата ја започнавме со акција за почист ...
Еден месец Кичево беше полно со живот. Луѓе имаше на секој агол од градот. Така беше до пред неколку дена, додека иселениците беа на одмор во родниот крај. Со нивното заминување, во градот повторно се врати вообичаената тишина. Тоа особено се забележува на градскиот зелен пазар. Продавачите велат дека иселениците се еден од главните двигатели на економијата во општината. „Летото, додека беа тука иселениците, односно печалбарите, како што ние ...
Жителите на Лојане секојдневно ги ризикуваат своите животи при преминувањето на железничката пруга, каде што нема соодветна сигнализација ниту рампа. Возот што минува на ова место свири со сирената за да спречи несреќа. Двата сигнали поставени покрај шините се толку застарени што тешко можат да ги забележат возачите на возилата кои секојдневно минуваат низ овој премин. „Меѓу селото Лојане и Табановце, на местото каде што железничката пруга ја ...
СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека наместо со реални економски резултати, се занимава со, како што велат, пропаганда, оценувајќи дека животниот стандард на граѓаните опаѓа. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека опозицијата со своето соопштение несвесно ја потврдува економската реалност и оти граѓаните денес живеат подобро. Од СДСМ велат дека Владата од почетокот на 2024 година нема остварено реални резултати во економијата и ...
Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало на непристапен терен над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Лицето се здобило со скршеници на двете потколеници и било во свесна состојба, но при движење имало и крварење. Веднаш по приемот на пријавата, преку ПОРКОА РЦУК Битола беа известени сите надлежни служби, меѓу кои Итната медицинска помош, СВР Битола, ДЗС Битола, ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија достигна 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е регистриран и кај жител на Арачиново. Епидемиологот Љуљзиме Бајрами посочува дека во оваа општина постојат услови погодни за размножување на комарците, поради присуството на канали, базени и застојани води. „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат ...
Од Генералштабот на Армијата денеска информираат дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се ...