Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На снимките што брзо се шират на интернет се гледа како Лан полека се наведнува нанапред додека го слуша говорот на друг колега, а потоа паѓа преку пултот. Премиерот Улф Кристерсон, други политичари на сцената и дел од новинарите веднаш ѝ пружиле помош. Лан изгледала без сознание по падот. Според локалните извештаи, членови на владината заштита веднаш реагирале и ѝ помогнале, а министерката подоцна се вратилa на сцената и го објаснила ...
Неговите снимки, направени со професионален фотоапарат, ги собра во серија фотографии кои го прикажуваат небесниот спектакл во неверојатни детали. Скопското астрономско друштво ја сподели оваа серија на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека Кузманоски со своите фотографии „навистина се надмина себеси“ и дека љубителите на астрономијата може да уживаат во прекрасните снимки од затемнувањето. Фотографиите ја прикажуваат постепената промена ...
Влагата продира во објектот, подот е распукан, витражите се скршени, рамките на прозорците кородирани, а водата стигнува дури и до гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Надворешниот изглед на споменикот не е во ништо подобра состојба – фасадата е оштетена и оставена без одржување. Одговорните институции признаваат дека нема средства за темелна санација, а дополнителна пречка е и недостигот од стручни кадри кои би ...
Во Охрид е приведено лице осомничено дека предизвикало пожар на глисер во сопственост на неговиот брат, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пламенот од пловилото се проширил и зафатил дел од станбена зграда, како и едно патничко возило. Лицето, со иницијали З.С., било задржано во полициска станица и во разговор со службените лица признало дека стои зад настанот. Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава по ...
Дел од граѓаните кои дошле на закажани прегледи или за рутински анализи велат дека чекале со часови без да добијат здравствена услуга, а некои од нив биле приморани да си заминат. „Имав број 91, стигнаа до 30 и потоа застанаа. Луѓето се собираа околу шалтерите да прашаат што се случува, јас се откажав и си заминав“, сведочи еден од пациентите. Директорот на „Мој термин“, Фикрет Шабани, уверува дека системот денеска не е целосно ...
Вели дека по повеќе од 30 години живот меѓу Балканот и Европа, секогаш се враќа во Македонија, но овојпат почувствувал потреба јавно да реагира. „Мојот град и мојата земја не сум ги видел во полоша состојба – запуштени, занемарени, оставени сами себе да се изглодаат однатре“, пишува Стефановски, додавајќи дека не сака да критикува, туку да предложи решенија. Во своето писмо тој изнесува пет конкретни предлози: „Сакам Македонија да ми биде ...
Во вторникот наутро, силни експлозии одекнаа во главниот град на Катар, Доха, по, како што потврди израелски извор за CNN, „прецизен напад“ насочен кон раководството на Хамас што дејствува од територијата на Катар. Според истиот извор, цел на нападот биле водечки членови на Хамас кои со години ја користат Доха како своја база надвор од Газа. Иако не е прецизирано кои поединци биле таргетирани, нападот следи веднаш по средбата меѓу главниот ...
Вонредната мерка опфати неколку блокови во централното градско подрачје, вклучително и големиот мост преку реката Дунав. Јавниот превоз и целиот сообраќај беа прекинати за време на утринскиот метеж. Специјализирани тимови планираат да ја деактивираат бомбата, која тежи 225 килограми, до пладне. Таа беше пронајдена во понеделникот навечер за време на градежни работи. Рафинеријата за нафта што се наоѓа во таа област била цел на сојузничко ...
Денес, 9ти септемви во 18:00 часот иницијативата Сите за Палестин организира протест пред Министерството за надворешни работи, во пресрет на македонското учество во генералното собрание на обединетите нации. Иницијативата во рамките на овие протестни настани ја повикува јавноста да се потпише на петиција каде ќе се бара владата и меѓународните претставници на Македонија да гласаат со поддршка на Палестина во текот на ова собрание. Share this: ...
Европските берзански индекси денес бележат раст, додека цената на златото достигна нов рекорд од околу 3.650 долари за унца. Овој скок се должи на очекувањата дека Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе ги намалат каматните стапки до крајот на 2025 година. И покрај политичката нестабилност во Франција, каде што премиерот Франсоа Бајру поднесе оставка по падот на неговата влада на гласање за доверба, европските пазари останаа стабилни. Според ...
Двете изведби ќе се одржат на 9 септември во Центарот за култура „Антон Панов“. Публиката најнапред ќе може да ја проследи претставата „Народен пратеник“ со почеток од 20:00 часот, а веднаш потоа, од 22:00 часот, ќе биде изведена и „Бели ноќи“. Годинешното издание на фестивалот беше свечено отворено на 8 септември, симболично – на Денот на независноста, и ќе ги обедини најдобрите камерни театарски продукции од Македонија, Србија, Бугарија и ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска кај грчкиот остров Евиа и силно се почувствувал во Атина, соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина. Епицентарот на потресот, кој се случил околу 00:30 часот по локално време (23:30 по средноевропско време), бил во морето, на 45 километри североисточно од главниот град Атина и само 4 километри од летувалиштето Неа Стира, на ...
Според објавата на портпаролот на израелската армија за арапски јазик, Авихај Адраеи, Израел е „решен да го порази Хамас“ и најави дека ќе дејствува со „голема сила“ во градот Газа, исто како што, како што рече, дејствувал и во останатите делови од Појасот Газа. Во објавата, жителите се повикуваат итно да се евакуираат преку крајбрежниот пат Ал-Рашид, во правец на ал-Маваси, јужен дел од Појасот Газа, кој Израел го означи како „хуманитарна ...
Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран нешто по полноќ на јужниот дел од островот Евија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Епицентарот бил лоциран пет километри северозападно од местото Неа Стира, на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот проследен со силен звук, бил почувствуван во Атина и поширокиот регион на Атика, но засега нема информации за материјална штета. Професорот Ефтимиос Лекас нагласи дека ...
Dow Jones порасна за 0,25% и изнесува 45.514 поени, S&P 500 се зголеми за 0,21% на 6.495 поени, а Nasdaq скокна за 0,45% и достигна рекордни 21.798 поени. Најголемо влијание врз растот на Nasdaq имаше технолошкиот сектор, особено акцијата на Broadcom, која скокна за повеќе од 3%. Компанијата објави дека очекува силен раст на приходите благодарение на развојот на вештачката интелигенција, со што нејзината пазарна вредност достигна 1.600 ...
Студијата „Онлајн запознавањето на партнери е поврзано со пониско задоволство и љубов: Податоци од 50 земји“, објавена во научното списание Telematics and Informatics, анализирала повеќе од 6.600 испитаници од 50 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Европа, САД, Австралија и земји од Африка, Азија и Јужна Америка. Истражувањето, предводено од Марта Ковал од Институтот за психологија на Универзитетот во Вроцлав, покажало дека дури 84% од ...
Илјадници млади луѓе во понеделникот упаднаа во зградата на парламентот во Катманду, барајќи укинување на забраната за 26 платформи, меѓу кои Facebook и YouTube, како и поефикасна борба против корупцијата. Според податоците, во насилствата биле повредени повеќе од 100 лица. Министерот за комуникации Притви Суба Гурунг изјави дека забраната е укината за да се излезе во пресрет на барањата на младите демонстранти, познати како „Генерација З“. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во наредните денови ќе именува нов премиер, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент му изгласа недоверба на францускиот премиер Франсоа Баиро. Бајру, кој побара гласање за доверба, ќе поднесе оставка утре наутро, соопштија од кабинетот на премиерот за Ројтерс. Францускиот премиер пред две недели побара гласање за доверба за да ја потврди валидноста на неговиот буџетски ...
Инфлацијата во Европа во 2026 година се очекува значително да се стабилизира, според проекциите на Европската централна банка (ЕЦБ) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Инфлацијата во еврозоната, која во 2024 година изнесуваше 2.4%, се предвидува да падне на 2.0% во 2025 и 1.6% во 2026 година. Највисока инфлација ќе има Турција, со 18.5%, иако тоа претставува голем пад од 58.5% во 2024 година. Меѓу останатите европски ...
Во Париз започна вонредната седница на францускиот парламент, на која пратениците ќе гласаат за доверба на владата на премиерот Франсоа Бајру. Бајру, кој е четврти премиер на Франција во последните три години, изјави пред парламентот дека ова е “тест на вистината” кој го побарал со поддршка од претседателот Емануел Макрон, пренесува BFM телевизија. „Најголемиот ризик беше ништо да не се преземе, да продолжиме со истата политика како и досега. ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави воведување ембарго на оружје за Израел, како дел од напорите – како што рече – да се „запре геноцидот во Газа“. Девет мерки, кои веднаш стапуваат на сила, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вклучени во она што го нарече „масакр“. „Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата“, изјави Санчез, кој е еден од најгласните лидери во Европа во критиките кон израелските воени операции во ...
Netblocks, глобалниот набљудувач на интернетот кој работи на пресекот меѓу дигиталните права, сајбер безбедноста и управувањето со интернетот, денеска соопшти дека пристапот до онлајн платформите – меѓу кои се X, YouTube, Instagram, Facebook, TikTok и WhatsApp – е ограничен во Турција на повеќе мрежи. Netblocks соопшти дека блокирањето на пристапот до овие платформи се случило откако главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) ...
Затемнувањето можеше да се следи од повеќе од 7 милиони луѓе во Европа, Австралија, Азија, Африка, како и делови од Хаваи, Алјаска и Бразил. Највозбудливата фаза на целосното затемнување траеше од 17:30 до 18:52 часот по ГМТ. Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината. Наместо да исчезне, Месечината добива црвенкаст сјај, затоа што долгите црвени бранови успеваат да поминат низ атмосферата, додека пократките ...
Авторскиот концерт на Енес Беговски ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на поезијата, носејќи медитативни тонови, балкански призвуци и украинска поетска страст. Концертот ја носи идејата за спој на традицијата со современиот звук, на тишината со ритамот и на поезијата со музичката енергија. Енес Беговски е музичар и композитор чија работа опфаќа музика за театарски претстави и кратки филмови. Како мајстор на уникатниот инструмент ...
По феноменалната игра на US Open, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата победувајќи го Јаник Синер со 3:1 во сетови. Со оваа победа младиот Шпанец се врати на првото место на АТП ранг-листата. „Ова ми е втор трофеј тука, но сè уште е исполнување на сон. Работев напорно за да го освојам. Враќањето на првото место беше една од моите цели за оваа сезона. Фактот што тоа го направив со уште еден грен-слем е уште подобро. За тоа ...
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 5-0. Македонија доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу повеќе шанси. ...
Започнаа собирите „Граѓани против блокади“ во Србија на десетици локации низ државата. Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и Ѓуро Мацут се присутни на собирите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се придружи на маршот на поддржувачите на СНС кои се спротивставуваат на блокадите во Борча. Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, им се придружи во Борча, јавува Танјуг. Во Лештан (општина Грочка Белград), во преносот на ТВ ...
Оваа тенденција го потенцира зголемениот интерес кон лекови за слабеење – истите што се најчесто предписувани за хоспитализирани пациенти со дијабетес, но сè почесто ги бараат луѓе без медицинска потреба. Според Националната фармацевтска асоцијација на Британија, ваквите терапии се бараат и од оние кои не би имале реална корист од нив. Оливие Пикард, од радио NPR, коментира: „Инјекциите за слабеење се еден од изумите на векот, но поради ...
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА ГРАФИЧКА КНИГА НА МАРИЈА ТРАЈАНОСКА И ЃОРЃИ МИТРЕВСКИ “Влажна симболична меѓуигра” е графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се вплетуваат во бескраен дијалог, создавајќи неизмерни интерпретации на човечките интимни состојби. Секоја сцена е цртана интуитивно, без било каква ...
Овие монети се појавија во 1995 година, кога Народната банка на Македонија пушти во оптек специјална серија во чест на 50-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (FAO – Food and Agriculture Organization). FAO е позната по своето мото „Fiat Panis“ – Нека има леб, кое ја симболизира борбата против гладот и промоцијата на земјоделието низ целиот свет. Со издавањето на овие монети, Македонија се ...