Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Главната причина за повлекувањето се врзува со можното учество на Израел, кое предизвикува поделби меѓу учесниците. Европската радиодифузна унија (EBU) во моментов се консултира со националните емитери, а конечната одлука дали Израел ќе настапи се очекува на Генералното собрание во декември. Неколку земји, меѓу кои Словенија, Ирска и Холандија, јасно најавиле дека ќе се повлечат доколку Израел учествува. Исланд и Шпанија, пак, соопштиле дека ...
Просечната температура во периодот од 1 јуни до 31 август изнесувала 24,2 °C, што е највисока забележана вредност од почетокот на мерењата во 1961 година. Претходниот рекорд од 24,1 °C беше поставен во 2022 година. Највисоката температура измерена во еден ден изнесувала 45,8 °C во Јерез де ла Фронтера на 17 август, за време на топлотен бран. Летото исто така беше исклучително суво, особено во северозападните делови на земјата каде што дивееле ...
Настанот го организира иницијативата „Кој е следен?“ со цел да им се оддаде почит на загинатите и да им се покаже поддршка на нивните семејства и повредените. Вечерва беше истакнато дека на овој начин се оддава почит кон настраданите, се поддржуваат нивните најблиски, кои се соочуваат со голема загуба, како и повредените кои се во процес на рехабилитација по несреќата која се случи пред шест месеци. Граѓаните имаат можност да остават и пораки ...
Робинсон е обвинет по седум точки: тешко убиство, кривично дело пукање со огнено оружје, попречување на правдата преку преместување на оружјето, попречување на правдата преку уништување на облека, влијание врз сведок – барање од цимерот да избрише пораки, влијание врз сведок – наредба на цимерот да молчи, и извршување насилно кривично дело во присуство на дете. Окружниот обвинител Џеф Греј соопшти дека неговата канцеларија планира да побара ...
„НаТочак“ посочува дека за првпат досега Министерството за внатрешни работи не дало никакво образложение за отфрлањето на предлозите, ниту пак воспоставило комуникација со подносителите. „Членовите на НаТочак и нашите стручни соработници од релевантни области ги доставија своите предлози волонтерски, одвојувајќи време и експертиза. Заслужуваме барем одговор, како што тоа било случај во минатото“, велат од иницијативата во јавното отворено ...
Настанот ќе ги спои уличната храна, музиката и добрата енергија во единствена тридневна приказна под отворено небо. Посетителите ќе имаат можност да пробаат специјалитети на 10 штандови со највкусна улична храна, да се забавуваат на детски креативни работилници, да уживаат во pet corner катчето за миленици, како и во социјални игри што носат дружење и смеа. Атмосферата ќе биде збогатена со музичка програма преку целиот ден, а секоја вечер ќе ...
Американските и кинеските претставници постигнале рамковен договор за префрлање на апликацијата за кратки видеа Тик Ток во сопственост контролирана од САД, што ќе биде потврдено во телефонскиот разговор во петок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Потенцијалниот договор за популарната апликација за социјални медиуми, која брои 170 милиони американски корисници, беше редок пробив во повеќемесечните ...
Дене, 16 септември, светот го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, посветен на потсетување на значењето на оваа природна бариера која ја штити Земјата од штетните ултравиолетови зраци. Овој ден е прогласен од Обединетите нации во 1994 година, во чест на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година – глобален договор со кој државите се обврзаа постепено да ги укинат супстанците што ја уништуваат озонската ...
Илјадници граѓани, меѓу кои деца, млади и возрасни, тргнаа од мостот „Киро Глигоров“ и маршираа до општинската зграда во Аеродром, барајќи конечно решение за долгогодишниот проблем. Неформалната депонија, која не се користи веќе три децении, и понатаму е жариште на загадување. Жителите на Ново Лисиче и Аеродром велат дека веќе предолго живеат во смрдеа и чад од намерни палења на отпадот, а блокадите на крстосницата кај мостот станаа ...
Во споредба со истиот месец минатата година, извозот паднал за 5,2%, додека увозот забележал пад од 9,4%. Во јули вредноста на испораките се намалила за 3,1% на годишно ниво, додека увезената стока останала речиси на исто ниво како минатата година. Најголем пад е забележан кај енергентите: испораките на природен гас се намалиле за 16,1%, а нафта за 11,3%. Ако се исклучат енергетските производи и опрема, извозот во август пораснал за 10,7%, ...
Денес во Ерусалим, американскиот државен секретар Марко Рубио вети „непоколеблива поддршка“ од Вашингтон на Израел во остварувањето на неговите цели во Појасот Газа и спомена „елиминација“ на палестинското движење Хамас. „Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа подобра иднина може да започне само кога Хамас ќе биде елиминиран“, рече Рубио на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Американскиот министер оцени ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина. Проблемот е поврзан со давањето информации за луѓето што живеат или влегуваат нелегално во Соединетите Држави. Одлуката на претседателот беше ...
Жителите на Аеродром утрово организираа протест со блокада на „Мостот Близнаци“, барајќи чист воздух и трајно решение за кризите кои со години ги трујат нивните домови. Загадувањето и силниот мирис од Дрисла и Вардариште, кои често предизвикуваат чад и вознемиреност, повторно ја натераа јавноста да излезе на улица. Протестот е дел од иницијативата „Стоп за Вардариште“, која веќе неколку недели алармира за итно оградување на депонијата, ...
Според Дојче веле, банди во Дуизбург и Гелзенкирхен носат луѓе претежно од Бугарија и Романија и ги злоупотребуваат за измами со социјална помош (Bürgergeld). Работниците добиваат лажни договори со минимални плати, по што бараат дополнителна социјална помош – која најчесто завршува во рацете на измамниците. Бандите дополнително заработуваат со издавање руинирани станови по високи кирии, кои надлежните заводи мора да ги плаќаат како дел од ...
Според официјалните информации, инцидентот се случил вечерта на 10 септември во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје. Осомничените заедно со жртвата консумирале алкохол, по што вербалната расправија меѓу нив преминала во насилство. Двајцата, користејќи тупаници и клоци, му нанеле тешки повреди на нападнатиот. Повикувајќи се на податоците од истрагата, жртвата била веднаш пренесена во болничка установа, но по два дена им подлегнала на ...
Витаминот е клучен за здрави коски, силен имунитет и хормонска рамнотежа, па затоа е важно да се внимава на храната која го обезбедува во природна форма. Сардини Сардините се едни од најбогатите природни извори на витамин Д – една порција содржи повеќе од поголемиот дел млечни производи. Освен тоа, тие се полни со омега-3 масни киселини и протеини, кои придонесуваат за јакнење на имунитетот, здрави коски и подобра функција на мозокот. Голема ...
Репрезентацијата на Германија е нов европски првак во кошарка, откако во финалето вечерва во Рига, ја победи Турција со 88-83. Во спектакуларно финале, Германците успеаја на крајот да дојдат до трофејот благодарение на прецизните шутеви во финишот, со кои направија оглем пресврт, откако по првиот дел имаа негатива од шест поени разлика. Но, успеаја сето тоа да го надополнат во третиот и во четвртиот период, и така да ги обединат светската и ...
Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти вечерва Јавното ...
Жители на Аеродром денеска повторно излегоа на улица протестирајќи против енормното загадување во нивната општина. “Загадувањето е само визуелно, умирањето реално”, “Премиерот дише ист воздух или има друг?”, “Ако те мрзи да одиш на протест, нема да те мрзи да одиш на доктор”, “Аеродром зелено гето”, “Сакам да дишам” и слично, беа дел од пораките што граѓаните ги упатија во знак на револт од нездравиот воздух што го дишат во последните две ...
Во мини драма во финишот Грција ја победи Финска со резултат 92:89 и го освои третото место и бронзениот медал на Евробаскетот 2025. Грција водеше низ целиот меч имаа и 14 разлика на почетокот на последната четвртина но Финците успеаја да се доближат на само еден поен разлика во последните секунди. Сепак неиксуните фински кошаркари не успеаја да направат сензација и да победат. Кај Грците најефикасни беа Јанис Антетокумбо со 30 и Тајлер Дорси ...
Украина е одговорна за два акти на саботажа на руската железничка мрежа, во кои загинаа најмалку три лица, дознава денес агенцијата Франс Прес од извор во украинската воена разузнавачка служба (ГУР). Во порака испратена до АФП, неименуван извор тврди дека ГУР, во соработка со воени единици, извршил напад во саботата во рускиот Орјолски регион и еден во недела наутро во областа на Санкт Петербург. Руските власти претходно денес соопштија дека ...
Австралија ќе инвестира 12 милијарди долари (6,8 милијарди евра) за надградба на едно од своите бродоградилишта за изградба на флота од нуклеарни подморници, објави владата во Канбера. 12-те милијарди австралиски долари ќе бидат потрошени во текот на десет години за реновирање и подобрување на капацитетот на бродоградилиштето „Хендерсон“, во близина на Перт во Западна Австралија, изјави министерот за одбрана Ричард Марлес. Во 2021 година, ...
На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец, веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу. Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третирасоодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома. Министерството за ...
Ирската радиодифузна мрежа РТЕ објави дека Ирска нема да настапи на Евровизија во 2026 ако учествува Израел. Оттаму кажаа дека учеството на Ирска „би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа“. На таквите најави на Ирска се приклучи и Холандија соопшти во петокот холандскиот јавен радиодифузер AvroTros. Ирска победи на натпреварот седум пати, последно во 1996. РТЕ ќе донесе конечна одлука откако организаторите на ...
Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе и биде ...
„Секој двор е сцена, секој жител е домаќин“ е своевидно мото на новото издание на мулдимедијлниот фестивал за заедничарење „комшиLOOK“, кој денес се сели селото Побожје. „Целодневен настан исполнет со изложби во дворови, работилници, вкусна трпеза и музика под отворено небо“, велат организаторите. Тие веќе ја објавија и целосната програма. Taa заочна од 10 часот, а ќе трае се до 21 часот. „Во секој двор имаме прекрасни домаќини кои со цело ...
По периодот на високи септемвриски температури, Македонија денеска и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме. Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер. Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња. И во Скопје и околината во погоре споменатиот ...
Се уште се издига чад од остатоците од пожарот што над 15 часа гореше во компанија за електронски отпад во Трубарево. Покрај чадот се чувствува и силна непријатна миризба во воздухот, а на лице место се и екипи на полицијата. Утрово, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека пожарот е изгаснат, но дека се уште чади од жариштето. Полицијата синоќа евакуирала дел од граѓаните кои живеат во непосредна ...
Украина во текот на ноќта изврши нов напад со дронови на руска територија при што биле погодени неколку објекти од клучната инфраструктура. Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, избил пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Тој потврдил дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени. Рафинеријата „Кинеф“ на „Сургутнефтегаз“ во Кириши е една од двете ...
Актуелниот светски првак Германија и репрезентацијата на Турција денеска од 20.00 ќе го играат финалниот меч на Евробаскетот. И двете репрезентации се без пораз, но вечерва една од нив ќе мора да загуби и да се задоволи со сребрениот медал. За Германија ова ќе биде шанса да го освои вториот златен медал на Европското првенство откако тоа последен пат им успеа во 1993, додека за Турција ова е второ финале по 2001 годиа кога беа сребрени на ...