
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Изборот на расата куче кое ќе биде идното домажно милениче, е тесно поврзано со животниот стил на сопственикот и влијае за хармоничен соживот. Во таа смисла, некои кучиња често лаат или завиваат, што може да биде „предизвик“ во урбаните средини. Следат 10 од најгласните раси на кучиња кои треба да се избегнуваат доколку миленикот се зема за во потивка средина. Бигл е екстремно друштвено и енергично куче, но е и многу гласно. Неговиот глас е ...
Институтот за медиуми и аналитика – ИМА в среда ќе биде домаќин на панел дискусијата на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“. Наодите и анализите на оваа тема ќе ги претстават стручњаци од областа , односно м-р Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, потоа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки ...
Астероидот YR4 минува низ Сончевиот систем и најмоќните телескопи се насочени кон него за да се внимателно проучи и одреди неговата точна идната патека. Поради тоа, Наса повторно ги зголеми проценките дека вселенската карпа може да погоди Земјата во 2032 година. Сега шансите се 2,6 проценти, пренесува ртс.rs. Тоа се исти шанси како да топката на рулетот да заврши на вашиот избран број. Кога првпат беше детектиран, процените беа многу мали. ...
„Единствен матичен број“ ги истражува комплексните теми на идентитет, припадност и сивата бездушност која ги одбележува современите животи. Романот ги дели идентитетите на намислени и вистински, покажувајќи како човекот се наоѓа во постојан конфликт со себе и својата околина. Овој исцрпен и длабок опис на животот во современото македонско општество е навистина актуелен и резонира со читателите. Промоцијата ќе започне во 19:00 часот, а книгата ...
На 1 ноември 2024 година, страшната трагедија во Нови Сад резултираше со смртта на 15 лица, додека двајца други беа тешко повредени, кога се сруши натстрешницата. Во врска со овој несреќен настан, припадниците на УКП (Управата за криминалистичка полиција) денеска ја привеле менаџерката од „Железниците на Србија“, со седиште во Белград. Полицијата врши серија апсења, а акцијата се спроведува по наредба на антикоруптивното одделение на Вишото ...
Во новата епизода на РеТрн ДУО ни гостуваат Миа Костова и Тијана Скулиќ– две девојки кои добро ги познава јавноста.Едната водителка од 16 години а другата заљубена во лонгнорд од најраната возраст.Двете се денес успешни во тоа што го прават. Тие одговараат на нашите кратки брзи прашања.Што најмногу сакаат една кај друга и која им е омилена особина што ја ценат едната кај другата. Ако беа животни, кое животно би била Миа, а кое Тијана? Кој е ...
Во четврток на 27 февруари во 21:30 часот, во Котур ќе се одржи концерт на бендот Next to Silence. Бендот го сочинуваат: Кирил Кузмановски – саксософон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас и Гоце Наумов – барабани. „Next to Silence немаат правец, но имаат насока. Сочинети од членови на некои од најистакнатите македонски музички состави и оркестри, Next to Silence ја следат епифанијата од звукот по кого ...
Австралиското регулаторно тело за безбедност на интернет ја казни платформата Telegram со околу 640.000 долари поради доцнење во одговорите на прашањата за мерките што таа апликација ги превземала за да спречи ширење на злоупотреби на деца и насилни екстремистички содржини. Австралиската комесарка за безбедност на интернет, Џули Инман Грант, соопшти дека доцнењето на Telegram во обезбедувањето информации го оневозможува спроведувањето на мерките ...
Темературите во земјава и понатаму остануваат ниски а се очекува и нов снег, најавуваат метеоролозите. „Повисоки температури се бележеа во западните предели од земјава, додека значително поладно е во источните и во североисточните предели, каде во ноќеска имаше врнежи претежно од снег, а се очекува и формирање на помала снежна покривка. Во некои делови од земјава врнежите од снег ќе продолжат и во тек на денот. Ќе биде претежно тивко и без ...
Европската унија свика вонреден самит за 6 март поврзан со Украина и европската безбедност, објави вчера претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. „Одлучивме да свикаме посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на X. „Живееме во одлучувачки момент за Украина и за европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во своите консултации со европските лидери има „заедничка посветеност“ за справување со овие предизвици на ниво на ЕУ. ...
Од Ватикан соопштија дека состојбата на Папата Франциск останува критична, а тестовите на крвта покажале и знаци дека има благо откажување на бубрезите. Сепак, велат дека ситуацијата е под контрола и Папата не покажал дополнителни респираторни кризи од вчера вечерта. Тестовите на крвта на папата укажале на „почетна, блага бубрежна инсуфициенција, која моментално е под контрола“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата продолжува да биде ...
Со 28,5% од гласовите, Мерц сега се позиционира како водечки кандидат за наследник на актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Изборите донесоа историски успех и за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која освои 20% од гласовите – највисок резултат во нејзината историја, објави јавниот сервис ЗДФ. Од друга страна, социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа рекорден пад, добивајќи само 16,5% од поддршката, што е ...
„Ако повлекувањето од мојата функција е цената за мирот во Украина, подготвен сум да го направам тоа. Исто така, ако членството во НАТО е можност, би ја направил таа размена веднаш. За мене, најважна е безбедноста на земјата во овој момент, а не некои долгорочни политички планови. Не планирам да бидам на власт со децении“, изјави Зеленски. Тој нагласи дека очекува американскиот претседател Доналд Трамп да биде вистински партнер на Украина, а не ...
Овој нов периферен уред го продолжува истражувањето на компанијата за инкорпорирање на мирисот во технологијата, по воведувањето на Adol 14 Air на магнетски прицврстен дифузер за масло кој ослободува есенцијални масла додека лаптопот се загрева. Мирисниот глушец се одликува со едноставен, функционален дизајн со две копчиња и тркало за лизгање, што нуди конвенционално искуство со глувчето. Сепак, неговата карактеристична особина се наоѓа на ...
Не им требаат непријатели затоа што тоа си се самите – и нивниот внатрешен критичар работи прекувремено. Ви пренесуваме четири хороскопски знаци кои се најстроги кон себе. Девица Доколку имаше натпревар за самокритика, Девицата ќе го организираше, ќе го анализираше секој натпреварувач и на крајот ќе си одземеше поени бидејќи заборавила совршено да ја испегла кошулата. Перфекционистите од Зодијакот, Девиците секогаш мислат дека можат подобро. ...
Со настинка, секојдневните активности обично сè уште се подносливи, додека во првите неколку дена од грипот ќе се чувствувате толку лошо што нормалните активности нема да бидат возможни. Друга клучна разлика е во тоа што настинката обично предизвикува назални симптоми како што се течење или затнат нос и кивање, а првиот симптом најверојатно ќе биде болно грло, додека тоа е помалку веројатно кај грипот. Силната, сува и упорна кашлица е честа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега не е подготвен да потпише договор за минерали со САД, бидејќи Киев гледа „голем број проблематични точки“ во неговата содржина, јавува „Скај њуз“, повикувајќи се на украински извор запознаен со преговорите. Иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се близу до договор, украински извори тврдат дека постојните предлози не го одразуваат партнерството и содржат „еднострани обврски само ...
Германските власти денеска евакуираа станбена зграда во градот Потсдам, откако беше пронајден експлозивен уред, јави ДПА. Акцијата била дел од истрага за можен напад врз израелската амбасада во Берлин. Полицијата потврди дека бил пронајден сомнителен предмет, кој бил безбедно отстранет и ќе биде детониран на друга локација. Евакуацијата била спроведена утрово, само еден ден откако германските власти уапсија 18-годишен руски државјанин со ...
Поради обилните снежни врнежи кои трет ден ја зафаќаат Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот денеска е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност при турското Министерство за транспорт и инфраструктура. „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради невремето дел од летовите од и кон аеродромот во Истанбул за утре се откажани, пренесува „Хуријет“. Властите најавија дека в понеделник училиштата во Истанбул ќе бидат ...
По повод јубилејот 75 години Народен театар „Војдан Чернодрински“, Битолскиот народен тетар гостуваше во Прилеп со претставата „Кокошка“. Комедијата на авторот Николај Кољада е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а драматург е Оливера ...
Босилекот (Ocimum basilicum) своите корисни својства ги должи на неговото етерично масло, кое иако е присутно многу малку во растението, дава многу интензивен, пријатен, препознатлив мирис. Оваа ароматична билка го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето и помага во намалување на надуеноста. Иако само по себе не е чудотворно решение за слабеење, може да придонесе за поздрав начин на живот и постигнување подобри резултати. Забелешка: Пред да ...
Австралија одлучи да ги забрани странските купувачи на станбени единици на две години со цел да ја зголеми понудата на пазарот. Оваа забрана ќе важи од 1 април 2025 година до 31 март 2027 година, а потоа ќе се разгледа можноста за нејзино продолжување. Овој потег се очекува годиѓни да врати околу 1.800 станбени единици на пазарот. Владата планира дополнителни реформски мерки за изградба на 1,2 милиони станбени единици до 2030 година. Овој потег ...
Проблемите со модниот синџир Quiz доведоа до затворање на 23 продавници „загуби или неодржливи“ откако компанијата прогласи банкрот. Модниот малопродажен синџир затвори непрофитабилни продавници низ Обединетото Кралство и Ирска, при што во опасност се околу 200 работни места, и покрај тоа што беше купен во договор пред стечај од подружница на основачкото семејство Рамзан. Минатиот месец, компанијата објави дека поради стравувањата дека ќе остане ...
Под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ во арената „Борис Трајковски“ се одржа 28. издание на најпопуларната манифестација на домашната сцена, Златна Бубамара на популарноста 2025. На сцената поминаа околу 100-ина учесници од земјата и од регионот. Меѓу гостите беа видени многу драги лица за македонската публика. Еден од нив е и легендарниот македонски спикер кој во април ќе полни 78 години. Тој со својата ...
Пред третата годишнина од инвазијата на Русија на Украина, САД предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации во која ДПА имала увид. Предлогот не ја именува експлицитно Москва како агресор, ниту пак повикува на повлекување на руските трупи од Украина. Тоа е во спротивност со изјавата поддржана од Европа во која се бара итно повлекување на силите на Москва од Украина. Текстот на САД исто така повикува на прекин на конфликтот и се изразува ...
Во Europe House Bitola се одржа промоција на првата книга со ромски бајки. ,,Оваа книга е повеќе од збирка приказни таа е мост помеѓу генерациите, начин да се зачува богатото усно наследство на ромската заедница и да се пренесе на идните генерации. Досега, овие приказни се прераскажуваа од уста на уста, но сега, за првпат, тие се зачувани во пишана форма, достапни на осум јазици, вклучувајќи го и македонскио” велат издавачите. Низ овие бајки се ...
Денеска ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со негативни утрински температури. Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите, соопшти УХМР. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег. Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -13 степени, -11 било ...
Директорот на ФБИ Кеш Пател нареди големо прераспоредување на персоналот, испраќајќи 1.000 агенти на ФБИ од седиштето на Вашингтон во различни канцеларии на терен, јави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на тројца сегашни и двајца поранешни функционери на ФБИ. Пател, исто така, наредил уште 500 агенти од штабот да одат во објектот на ФБИ во Хантсвил, Алабама. Американскиот ТВ канал наведува дека ова прераспоредување „не е без преседан“, бидејќи Луис ...
Македонскиот народен театар на 3 април ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со мултимедијалната претстава „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ во режија на Дејан Пројковски. На тој ден МНТ ќе прослави 80 години од првата претстава и изговорена реплика во 1945-та – премиерата на „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод од Блаже Конески. „Со овој спектакл ќе се доживее спојот на минатото и ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 108 илјади, во градско-приградскиот превоз 9 881 илјада, во железничкиот превоз 67 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 738 769. Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, количеството на ...