Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница. – Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат ...
Девет лица се повредени, 4.328 куќи се оштетени, а 7.812 жители се евакуирани откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лонгси, градот Дингси, во северозападната кинеска покраина Гансу, утрово, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи (CENC). Епицентарот бил на длабочина од 10 километри и бил силно почувствуван во соседните окрузи Џангсиан, Веијуан, Линтао и Вушан, објави Синхуа. Спасувачите ...
Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над „Карул“ најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Инаку во воената база надлетувана со дронови, сместени се и ловците од ...
Својата балканска турнеја „Танец“ ја започна со триумфален концерт во Валпово, пред целосно исполнета сала. Настапот предизвика огромен триумфален ентузијазам и беше награден со долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за целиот претстоен циклус на концерти. Веднаш по Валпово, успехот продолжи и во Крањ, Република Словенија, каде „Танец“ одржа спектакуларен концерт во Прешерново гледалишче Крањ, Со својата препознатлива мешавина на ...
Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија во југоисточно Мексико, што предизвика хаос, особено во туристичкиот град Канкун, соопштија тамошните власти. Прекинот на електричната енергија траеше четири часа во петокот навечер поради прекин на врските меѓу неколку мрежи, а половина од корисниците во силно погодените области на државите Јукатан, Кампече и Кинтана Ру сè уште се без струја. „Околу 2,3 милиони потрошувачи беа погодени“, ...
Од 15 до 18 октомври, во Ријад, Саудиска Арабија, втора година по ред ќе се одржи егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот. Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, и најтрофејниот во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, директно се пласира во полуфиналето. Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Италијанецот ...
Нацрт-резолуцијата предложена од Кина и Русија за поштедување на Иран од санкции беше отфрлена во Њујорк во петокот вечерта. Девет од 15-те членки на советот гласаа против, две беа воздржани, а четири, вклучувајќи ги Кина и Русија, гласаа „за“. Тоа значи дека веќе од утре, би се вратиле санкциите на ОН врз Иран, кои беа во сила од 2006 до 2010 година. Германија, Франција и Велика Британија, трите земји колективно познати како Е3, минатиот ...
Двајца 17-годишни тинејџери беа уапсени оваа недела во Холандија под сомнение дека шпионирале во корист на проруски хакери, објави весникот „Телеграф“. Портпаролката на обвинителството Брехте ван де Мосдејк потврди дека апсењата биле извршени во понеделникот, но одби да даде дополнителни информации поради тоа што осомничените се малолетници. Според „Телеграф“, повикувајќи се на таткото на едно од момчињата, тие се обвинети за контакти со ...
Двете млади туристки од Португалија, кои денеска се изгубиле во реонот од врвот на Водно кон Матка, попладнево се пронајдени, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. „Денес околу 17:00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка. Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше ...
Со оваа услуга, компанијата Meta на Марк Цукерберг одговара на предупредувањата од регулаторите за користење на лични податоци при прикажување персонализирани реклами. Новата претплата ќе им овозможи на корисниците пристап до двете мрежи без следење и обработка на нивните податоци за таргетирање на огласи. Регулаторите веќе подолго време ја притискаат Meta да понуди алтернатива за корисниците кои не сакаат нивните информации да се користат за ...
Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, две лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во градот Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно. ...
Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и најизведувани дела во светската музичка литература. Секоја нота од „Реквием“ го носи печатот на Моцарт и ја потврдува неговата вечна музичка величина. Големата сцена на Македонската опера и балет на 3 октомври во 20:00 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите: ...
На прес конференцијата ќе се обратат директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, уметничкиот директор, Гена Теодосиевска, селекторот на програмата, Игор Анѓелков, како и претставници од екипата на филмот „Изгубениот сон на тимот од соништата“, кој ќе ја отвори јубилејната 10. сезона на фестивалот. Медиумите се поканети да присуствуваат со свои новинарски екипи, фоторепортери и сниматели, со што ќе имаат можност да добијат ексклузивни ...
Голем број делегати на Генералното собрание на ОН ја напуштија салата во знак на протест при обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Иницијативата за масовен излез ја предводеа земји кои го критикуваат израелското раководство и неговите политики кон Палестинците. Протестот, кој предизвика внимание во светските медиуми, беше јасна порака на делегатите дека не се согласуваат со политиките на Израел. Откако говорот заврши, ...
Акциите на модниот ланец H&M скокнаа за 10 проценти откако објавија поволни резултати за третиот фискален квартал, што потврди дека стратегијата за закрепнување под водство на извршниот директор Даниел Ервер се исплатува. H&M објави зголемување од 40 проценти на оперативната добивка на годишна основа, на 4,9 милијарди шведски круни (околу 444 милиони евра), што е далеку над очекувањата на аналитичарите на LSEG кои прогнозираа 3,7 ...
Од 16 до 28 септември во хотел Бисер во Струга се одржува ОСТЕН БИЕНАЛЕ на наградени автори 2025, а на кое учествуваат: Роберт ДАНДАРОВ, Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Јорго КСЕНОС (Грција), Ристо МИЈАКОВСКИ, Данчо ОРДЕВ, Новица ТРАЈКОВСКИ и Симон ШЕМОВ. ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на НАГРАДЕНИ АВТОРИ е една од гланите активности на ОСТЕН АРТ – институција од областа на културата за музејска и галериска дејност, која се одржува во непарните години и се состаи од ...
Со проекција на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, филм во кој кинематографер е Наум Доксевски, вечер во Битола завршува 46-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Според програмата, пред проекцијата на филмот, доделени ќе бидат Специјална Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, и традиционалната награда на Друштвото на ...
Пресретнувачи на НАТО оваа недела беа повторно подигнати откако руски борбени авиони прелетале над Балтичкото Море, соопшти Алијансата. Унгарски борбени авиони биле распоредени за да ги идентификуваат и придружуваат пет воени летала близу воздушниот простор на НАТО покрај брегот на Летонија, пренесе ДПА. Откриената формација вклучувала три авиони МиГ-31, еден Сухој Су-30 и еден Сухој Су-35, кои „не се придржувале кон меѓународните правила за ...
Порталот Трн.мк во соработка со AI Tech Summit 2025 доделува две велзници за самитот. Како медиумски партнер на најголемиот AI настан во регионот, сакаме овие влезници (во вредност од 300€ секоја) да ги добијат оние кои ќе покажат креативност, дух и критичка мисла. Како до влезници? Одете на Фејсбук и Инстаграм објавите на Трн за Самитот а потоа одговорете на прашањето: „Која работа никогаш не смее да ѝ ја препуштиме на AI?“ Одговорете во ...
На 21 септември 2025 година во „Бистро Комедија“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „ПРВ изЛЕТ“ од авторот Мартин Стрезоски, во издание на издавачката куќа ПОЛИЦА. Настанот го проследи бројна публика, пред се’ љубители на драмската уметност. Книгата е збирка од пет драми (Таксистот, Костими, Вечера за тројца, Средба, Завршни зборови) и неколку кратки текстови во категоријата „Драми за лична употреба“. На промоцијата рецензентите проф. ...
Американската компанија Старбакс денеска соопшти дека затвора стотици продавници во САД, Канада и Европа, како и дека отпушта 900 вработени надвор од малопродажбата. Гигантот за продажба на кафе од Сиетл истакна дека затворањето на продавниците ќе почне веднаш, а поголемиот дел од своите ресурси ќе ги насочи кон реструктурирање на бизнисот. Старбакс наведува дека на отпуштените работници ќе им бидат понудени отпремнини и преместување на други ...
Водечкиот светски добавувач на автомобилската индустрија Бош (Bosch) денеска соопшти дека ќе укине 13.000 работни места до 2030 година во Германија, каде што неговите капацитети се недоволно искористени во споредба со кинеските конкуренти, што предизвика незадоволство кај синдикатот IG Metall. Околу три проценти од глобалната работна сила е погодена од овој план, кој се однесува на автомобилската дивизија (мобилност), која е приморана да ги ...
Според официјалните информации, станува збор за мали комерцијални дронови, а не за воени летала. Инцидентот е оквалификуван како „исклучителен“, но властите нагласуваат дека засега нема индиции дека зад него стојат странски држави, пренесува RFI. Дроновите биле забележани во ноќта меѓу 21 и 22 септември, по што е покрената истрага и преземени се безбедносни мерки. Воената база Мурмелон-ле-Гран се протега на повеќе од 10.000 хектари и е една ...
Демонстрантите истакнаа дека жените во земјава – но и глобално – не се чувствуваат безбедни. „Наместо да живееме во страв која ќе биде следната жртва, тука сме да порачаме: ниту една повеќе,“ беше речено на собирот. Организаторите ги повторија барањата за измени во Кривичниот законик и за тоа дека насилството врз жени треба да се гони по службена должност. Дополнително најавија дека вакви протести ќе се одржуваат секој четврток. Настанот ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави за американскиот портал „Аксјос“ (Axios) дека би бил подготвен да се повлече од функцијата по завршувањето на војната со Русија. „Мојата цел е да ја завршам војната, а не да продолжам да се кандидирам за функции“, изјави тој, пренесува медиумот. Зеленски исто така вети дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори доколку се постигне прекин на огнот. Поради војната, изборите ...
Демонстранти се собраа на аеродромот Бен Гурион, непосредно пред заминувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Соединетите Американски Држави, барајќи негова оставка и прекин на војната во Газа. Протестантите развиорија израелски знамиња и носеа транспаренти со барања за ослободување на заложниците кои сè уште се држат во енклавата. Некои од демонстрантите директно му се обратија на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се ...
Нејзиниот коментар следи откако Русија беше обвинета дека неколку пати во текот на овој месец нејзините авиони влегле во воздушниот простор на земјите членки на НАТО, вклучувајќи ја Полска, Романија и Естонија. „Мое мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата. Тоа значи дека ако дојде до упад во воздушниот простор и по предупредувањето, откако јасно ќе бидеме комуницирале, наравно дека опцијата за соборување ...
Се здружуваме за гласно и солидарно да зборуваме за еднаквост и живот без насилство. Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици за помош се задушени секој ден. Но, истовремено е и резултат на нашата храброст и одлучност: наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту ...
Ѕидот се гради во планинската област на покраината Ван, на надморска височина од околу 2.500 метри. Според турските власти, ќе бидат изградени уште 91 километар ѕид пред завршувањето на целиот планиран систем. Граничната зона е дополнително обезбедена со ровови и други физички пречки. Долж границата се инсталирани електрооптички кули, кули за набљудување со лифтови и радарски системи, што овозможува постојан надзор. За борба против беспилотни ...
„Русија продолжува да ги таргетира цивилите, цивилната инфраструктура, странските дипломатски мисии, а неодамна дури и ја нападна нашата соседна земја, Полска“, истакна Павел. Тој предупреди дека „руската агресија“ се заканува на меѓународниот поредок заснован на почитување, рамноправно партнерство и правила кои сите треба да ги почитуваат. Според него Русија, со поддршка од Кина, Иран, Северна Кореја и други држави, не само што продолжува да ...