
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, изјави денес при отворањето на нов круг преговори во кој не учествуваат Соединетите Американски Држави, дека е време за меѓународен договор за пандемии. „Ниту една земја нема да може сама да се носи со новата пандемија“, изјави Тедрос Гебрејесус, три дена по официјалната изјава на САД дека нема да учествуваат во преговорите. „Сега или никогаш, навистина. Уверен ...
Во Ријад денес се среќаваат американска и руска делегација. Состанокот започна нешто пред 9 часот по наше време. Американската страна истакна дека денешниот состанок не се однесува на започнување преговори, туку на утврдување дали Русија е сериозна во врска со завршувањето на војната во Украина. Русија вели дека нејзин приоритет е започнување на нормализацијата на односите со САД. Ако ова не е почеток на мировни преговори, тогаш тие се сосема ...
„Овој вид штрајк со прекин на наставата не е регулиран со закон. Доколку го следиме законот, наставниците кои се во прекин одамна би биле без работа, односно би биле покренати дисциплински постапки”, изјави Марков за денешен “Блиц”. Во однос на надоместокот на наставата, тој посочи дека поради нарушениот ритам на работа е невозможно целосно да се надомести наставата, но формално тоа според него сè уште е можно. Додаде и дека очекува да се ...
Трошоците за живот во Европа значително се разликуваат од град до град. Во некои градови може да потрошите половина месечна плата за вечера, додека во други, шише пиво ќе ве чини помалку од едно евро. Сепак, киријата обично е прилично добар показател колку е скап еден град, а нови истражувања откриваат кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци. Со тие параметри, Лондон беше прогласен за најскапо место за изнајмување станови во Европа. Врз ...
По неколку дена без земјотреси, нов земјотрес со магнитуда 5.1, чиј епицентар беше лоциран во морето, се случи денеска кај Аморгос, како еден од најсилните досега. Од Аморгос не е евакуирано населението, кое брои 2.100 луѓе, за разлика од Санторини од каде што заминаа најголем дел од 15.000 жители. На грчкиот остров Аморгос училиштата се затворени. Земјотресите кои се случуваат во оваа област на Егејското море од крајот на јануари, се ...
Авион на компанијата “Delta Airlines” на лет 4819, кој полетал од Минеполис, доживеал несреќа при слетувањето на аеродром Пирсон во Торонто во понеделникот. Извештаите на локалните медиуми пренесуваат дека најмалку осум лица се повредени, пренесува BBC. Фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека авионот се превртел наопаку во снегот. „Изгледа дека поголемиот дел од патниците се надвор и не се повредени, но сè уште сме на местото на настанот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри има во Маврово, во Крушево до 100 метри, на планинскиот превој Ѓавато до 50 метри и од 60 – 80 метри на планинскиот превој Стража. Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираат на внимателно управување со возилата, ...
Со процесот на стареење, нашето тело поминува низ различни промени, што е сосема нормално. Проретчена коса, промени на кожата или, пак, се појавуваат разни дамки. Многу луѓе во одреден момент доживуваат губење на еластичноста на кожата, што е уште една последица од стареењето. Сепак, постојат начини да ја одржите вашата кожа колку што е можно затегната со советите на нутриционистите кои препорачуваат да вклучите поквалитетна исхрана збогатена со ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е во преговори за продолжување на договорот со англискиот клуб. Според некои медиуми во Британија, Египќанецот Мохамед Салах планирал да го напушти Ливерпул и да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Сепак, благодарение на главниот тренер на англискиот тим Арне Слот, фудбалерот е подготвен да ја преиспита својата одлука. Под водство на холандскиот тренер, Ливерпул покажува одлични резултати: тимот води во ...
ЗОО Скопје денеска информира дека минатиот вторник угинале берберски овци кои немале видливи знаци на повреди и претходно не покажувале знаци на болест. „Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите ...
Министерството за здравство на Украина денеска соопшти дека за приближно тригодишната војна при руските напади оштетени или целосно разурнати се 2.285 здравствени институции. До средината на февруари 2025 година, непријателот оштети 1.964 здравствени установи и целосно уништи 301. Најзначајна штета беше причинета на болниците во Харков, Доњецк, Миколаев, Киев, Чернихив, Дњепропетровск, Херсон и Запорожје, се наведува во соопштението на ...
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт планира да инвестира 700 милиони долари во Полска за да ја подобри кибербезбедност во соработка со вооружените сили на земјата. Премиерот на Полска, Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Мајкрософт, Бред Смит, истакна дека инвестицијата ќе биде за втората фаза од веќе завршениот проект на центарот за податоци вреден еден милијарда долари. Центарот за податоци беше отворен ...
Станува збор за магичната Неретва, чија просечна температура во горниот тек, во лето, е само 7 Целзиусови степени. Научниците објаснуваат дека причината за тоа е што изворот на Неретва се наоѓа на надморска височина од 1.227 метри, под планината Јабука, која е дел од Зеленгора и поради тоа ја доби титулата за најстудена река во светот. На својот пат, од околу 230 километри, низ Босна и Херцеговина и Хрватска до Јадранското Море, температурата на ...
Таа на своите профили на Инстаграм и Икс објави дека во моментот е хоспитализирана и дека лекарите ја известиле дека не е во состојба да настапи, пренесува АП. „Многу сум тажна што денес нема да можам да излезам на сцена. Бев длабоко емотивна и возбудена поради повторното обединување со мојата сакана перуанска публика“, напиша Шакира. Таа додаде дека планира да го одржи овој концерт што е можно побрзо и дека нејзиниот тим и промотерите веќе ...
„Клиничката состојба на папата е стабилна, а терапевтско-дијагностичкиот процес што го пропишаа лекарите продолжува. Утринава тој прими евхаристија и ја следеше светата миса на телевизија“, се наведува во соопштението на Ватикан што го пренесе агенцијата АНСА. Папата беше примен во болницата „Џемели“ во петокот, откако неговиот бронхитис се влоши. Ова е неговата четврта хоспитализација од изборот за папа во 2013 година, што повторно ги отвори ...
„Можеме да потврдиме дека осум граѓани од Кентаки го загубија животот поради невремето“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир. Поголемиот дел од жртвите биле заробени во своите возила под надојдената вода, меѓу нив и мајка со нејзиното дете. Гувернерот прогласи вонредна состојба и изрази загриженост дека бројот на жртвите може да се зголеми, додавајќи дека во последните 24 часа биле спасени над 1.000 луѓе. Според неколку американски ...
Во актерските категории, Адриен Броди ја доби наградата за најдобар главен актер за својата улога во „Бруталист“, додека Мајки Медисон беше прогласена за најдобра главна актерка за нејзината изведба во комедијата „Анора“. Зои Салдана ја освои наградата за најдобра споредна актерка за „Емилија Перез“, а Киран Калкин беше награден за најдобар спореден актер за „Вистинска болка“. „Бруталист“ се истакна и во други категории, освојувајќи награди за ...
Во неделата по неговото појавување на глобалните насловници, DeepSeek стана изузетно популарен во Јужна Кореја, достигнувајќи го врвот на продавниците за апликации со повеќе од милион корисници неделно. Меѓутоа, неговиот нагло растечки успех привлече внимание и од други земји кои воведоа ограничувања на апликацијата поради загриженост за прашања поврзани со приватноста и националната безбедност. Оние кои веќе ја презеле апликацијата, ќе можат ...
Обилниот снег кој паѓаше целата ноќ на југозападот на Србија, продолжил да паѓа и утрово и предзивика проблеми на сите сообраќајни делници. Најкритичната е ситуација во Полимље, со оглед на тоа дека на патот Бистрица – Нова Варош – Пријепоље има доста снег. Поради задржувањето на снегот на патот, сообраќајот на оваа делница е многу отежан и се одвива многу побавно, а се јавуваат и километарски колони. Снегот велат метеоролозите, ќе продолжи да ...
Наша гостинка во оваа епизода на РеТрн е македонската актерка Верица Недеска! По враќањето во татковината, веднаш се врати на даските кои живот значат со претставата „Замисли нов свет“ која се игра во МНТ. Овој пат излеговме од стандардниот формат на РеТрн за да ви го пренесеме монологот на Султана од драмата „Лет во место“ на Стефановски, кој е дел и од претставата „Замисли нов свет“. Верица ги сака непредвидливите работи, исто како што Горан ...
Денес, конечно, долгонајавуваниот снег пристигна во Скопје и пошироко низ Македонија, носејќи зимска магија и радост за многумина. Граѓаните уживаат во снежните пејзажи, додека децата се радуваат на снежните игри. Еве ја временската прогноза за Скопје и неколку други градови во Македонија за денес и наредните денови: Скопје: Моментално 2° · Облачно Битола: Моментално 5° · Претежно облачно Гостивар: Моментално 1° · Облачно Струмица: Моментално ...
И Европската унија планира да блокира увоз на одредени намирници за да ги заштити своите земјоделци, по углед на реципроцитетната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на свои извори. Европската комисија следната недела ќе се согласи да истражи построги увозни граници, наведува весникот повикувајќи се на изјави на три неназначени функционери. Меѓу првите намирници чии увоз може да биде ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави денеска дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи состанок на европските лидери во понеделник во Париз, но нагласи дека овој состанок „не треба да се драматизира“. Сега CBS News доби потврда од канцеларијата на Макрон дека францускиот претседател ќе одржи неформален состанок утре попладне на тема Украина и европска безбедност. Според соопштението, на состанокот ќе ...
Instagram го воведе копчето „дислајк“ на својата платформа. Нова функција се однесува исклучиво на коментарите, а некои корисници можат да ја пробаат веднаш. Меѓутоа, не и сите затоа што сè уште е во фаза на тестирање. Популарната платформа со новото копче сака да им понуди на корисниците можност да изразат негативно мислење за одредени коментари под објави и reels. Во зависност од бројот на „лајкови“ и „дислајкови“, коментарите ќе бидат повеќе ...
Една година по смртта на главниот противник на Кремљ, Алексеј Навални, повеќе од 1.000 негови поддржувачи се собраа денеска на неговиот гроб во Москва, иако постои ризик од правни постапки и гонења, додека други комеморации се одржаа надвор од Русија. И покрај тоа, најмалку 1.500 луѓе го посетиле гробот и положиле цвеќе, јави агенцијата Франс Прес и додаде дека во текот на денот имало долг ред пред гробиштата. Во краткиот говор на гробиштата, ...
Бројот на загинатите во поплавите кои ги предизвикаа силни дождови во американските сојузни држави Џорџија и Кентаки, се зголеми на девет, јавува АП. Претходно беше соопштено дека четири лица загинале, откако поголемиот дел од Соединетите Американски Држави се соочиле со силни дождови кои предизвикале поплави на југоистокот на земјата. Во исто време, на северот на САД се прогнозира дека температурите ќе достигнат -45 степени Целзиусови, а ...
„Парамаунт Пикчерс“ го претстави првиот трејлер за својот нов музички филм „Штрумфови“, во кој пеаачката Ријана и го позајми гласот на Штрумфета. Покрај оваа улога, Ријана била вклучена и во продукцијата во „Парамаунт Анимација“, а исто така напишала и оригинални песни за филмот. „Пробав да ја добијам улогата на Големиот Штрумф, но не успеав“, се пошегува Ријана. Режисери на филмот се Крис Милер и Мет Ландон, додека сценариото го напишала Пам ...
Двајца пациенти од областа Менхетен во Њујорк со симптоми кои укажуваат на ебола се итно пренесени во болница, пренесуваат медиумите во САД. Итната помош, чиј медицински тим бил опремен со заштитни одела, утрово ги транспортирала пациентите од ургентниот центар CityMD. Според пишувањата на медиумите, пациентите пристигнале од Уганда и покажувале симптоми на ебола, но до сега не се направени тестови кои би го потврдиле присуството на вирусот. Тие ...
Најмалку девет лица загинаа во последното невреме што ги погоди САД. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека стотици луѓе, заглавени во поплавите и мораат да бидат итно спасени. Бешир рекол дека многу смртни случаи, вклучувајќи ја мајката и седумгодишното дете, се предизвикани поради тоа што автомобите се заглавени во водата. Во исто време, на северот на САД е многу студено, со температури до -45 степени Целзиусови, а издадени се ...
Неколку десетици илјади луѓе се собраа денес во Берлин на протест против екстремната десница која не ја сакаат на власт, а собирот беше одржан една недела пред предвремените парламентарни избори во Германија. Полицијата соопшти дека на протестот имало околу 30.000 луѓе, додека организаторите навеле бројка од 38.000 собрани против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD). Сличен собир беше одржан на 8. февруари во Минхен, ...