Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелската армија ќе ги уништи сите тунели на Хамас во Појасот Газа по ослободувањето на заложниците кои се наоѓаат на таа палестинска територија. На третиот ден од примирјето помеѓу Израел и Хамас, Кац во соопштението нагласи дека овие операции ќе се спроведуваат во рамките на „меѓународен механизам под надзор на Соединетите Американски Држави (САД)“. „Голем предизвик за Израел ...
Авганистанските власти соопштија во неделата дека при ноќни операции долж границата убиле 58 пакистански војници, како одговор на, како што велат, „повторени прекршувања на територијата и воздушниот простор на Авганистан“. Претходно оваа недела, талибанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на Кабул и една пазарска зона на истокот од земјата. Пакистан сè уште не презел одговорност за нападот. Портпаролот на талибанската влада, ...
Себастијан Лекорни, кој во петок повторно ја презеде функцијата премиер на Франција, по оставката што ја поднесе на почетокот од неделата, во изјава за „Трибин диманш“ порача дека „повторно ќе си замина ако условите повторно не бидат исполнети“. „Не можеме да продолжиме како порано. Ни треба пофлексибилна влада, вклучувајќи подобри односи со политичките партии“, рече премиерот, пренесува BFM TV. Тој вчера изрази желба неговата влада да ...
Висок претставник на Хамас, Осама Хамдан, изјави дека ослободувањето на 48 заложници кои се наоѓаат во Газа, претежно израелски државјани, ќе започне во понеделник наутро, пренесува AFP. „Во согласност со потпишаниот договор, се очекува размената на заробеници да започне во понеделник наутро, како што е договорено. Нема нови промени во врска со тоа“, рече Хамдан. Договорот, кој е посредуван од Соединетите Американски Држави, предвидува дека ...
Во понеделник, светските лидери ќе се сретнат во египетскиот град Шарм ел Шеик на клучен мировен самит за Газа, чија цел е финализирање на договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас. Според соопштението од кабинетот на претседателот на Египет, самитот ќе го предводат египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и американскиот претседател Доналд Трамп, а ќе учествуваат челници од над дваесет земји. Цели на самитот: крај на војната, ...
Руски дронови синоќа ја нападнале областа Чугуев во Харковскиот регион. Според градоначалничката на Чугуев, Халина Минаева, во нападот била сериозно оштетена зграда на образовна установа, како и блиска станбена зграда. „Уште една вознемирувачка ноќ и уште еден напад врз нашиот мирен град… Руски дронови удрија директно врз училиште“, напиша Минаева на Телеграм. Детали за можни повредени или жртви не се соопштени. Русија: Оборени 32 украински ...
Биткоинот, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност, доживеа силен пад во петокот откако американскиот претседател Доналд Трамп го заостри трговскиот конфликт со Кина. Трамп најави зголемување на царините на кинескиот извоз во САД на 100%, како и воведување извозен надзор над „сите критични софтвери“. Оваа одлука беше одговор на кинеските рестрикции за извоз на ретки земјени метали, кои се клучни за технолошката и ...
Партијата Републиканци од Франција денеска соопшти дека нема да учествува во новата влада на премиерот Себастијен Лекорни, јавуваат француските медиуми. „Политичкиот биро на Републиканците повторно ја потврдува неопходноста Франција да добие буџет. Токму затоа Републиканците ќе бидат одговорни и нема да учествуваат во хаосот“, стои во соопштението пренесено од телевизијата БФМ. Додаваат дека условите за доверба во владата не се исполнети за ...
Агенцијата за цивилна заштита во Газа соопшти дека од почетокот на прекинот на огнот пронашла тела на 150 Палестинци, додека 9.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Оттаму, додаваат дека 300.000 луѓе пристигнале во градот Газа од почетокот на прекинот на огнот. Околу 700.000 луѓе од градот Газа и северните области беа раселени за време на последната израелска офанзива, која вклучуваше силно воздушно бомбардирање додека копнените трупи ...
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди регионот Миндано на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 60 километри, соопшти EMSC, пренесува Ројтерс. Епицентарот на земјотресот бил 73 километри североисточно од градот Мати, во покраината Давао Ориентал. Во два силни земјотреси што вчера ги погодија Филипините, загинаа најмалку седум ...
Најпопуларниот и потенцијално обединувачки палестински лидер – Марван Баргути – не е меѓу затворениците што Израел има намера да ги ослободи во замена за заложниците што ги држи Хамас според новиот договор за прекин на огнот во Газа. Израел, исто така, го отфрли ослободувањето на други познати затвореници чие ослободување Хамас долго време го бара, иако не беше веднаш јасно дали списокот од околу 250 затвореници објавен во петокот на ...
Себастиен Лекорни, кого францускиот претседател Емануел Макрон повторно го именуваше за премиер во петокот, изјави денес дека сака „да стави крај на политичката криза која ги вознемири Французите“. Веднаш откако Елисејската палата ја објави одлуката на Макрон, Лекорни на својата сметка на социјалната мрежа X (поранешен Twitter) напиша дека ја прифаќа доверената мисија од чувство на должност, пренесе BFM TV. При денешната посета на градчето ...
По осум месеци од парламентарните избори, Собранието на Косово вчера конечно успеа да се конституира. По вчерашното конституирање косовскиот премиер Албин Курти, кој сè уште е во технички мандат, денес доби мандат да формира нова влада. Указот со кој му се дава мандатот за формирање на новата косовска влада го потпиша косовската претседателка Вјоса Османи, соопшти нејзиниот кабинет. Оваа одлука е донесена, изјавија тие, по официјален предлог ...
Глобалниот пазар на крипто-валути и активи дожиевеа силен пад по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100% увозна царина за кинеската технологија. Продажниот притисок најсилно се почувствува кај водечките криптовалути, а дел од алткоините реагираа со надпросечна волатилност, вообичаена за вакви геополитички шокови. Во рок од 24 часа, беа ликвидирани позиции во вредност од над 19 милијарди долари, што претставува еден од ...
Најмалку осум лица се повредени во вчерашниот масовен напад на руските сили врз енергетските објекти во Киев. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека е можен нов руски напад врз Киев во наредните денови и ги повика жителите на главниот град да подготват залихи од вода, комплети за прва помош, храна и да ги полнат автономните уреди за напојување. „Ситуацијата е комплицирана. И да ја кажеме вистината и да не се лажеме себеси. ...
КомшиLOOK е меѓу 10-те финалисти за наградата на Art Explora – Académie des Beaux-Arts European Award 2025. објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Со еден глас до понеделник можеме да ја освоиме награда од 30.000 евра и да го реализираме следното изданиe на Комшиlook Железара, се наведува во објавата каде се повикуваат граѓаните да гласаат. Комшиlook е настан кој претставува уникатен приказ на уметност, музика, театар, ...
Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај фаворизираната Белгија. Одличниот Столе Димитриевски беше нерешлива енигма за белгиските напаѓачи, па по гостувањето во Гент , Македонија го задржа првото место во групата. По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11, додека Велс е трет со 10 бодови но овие репрезентации имаат и натпревар помалку. Со ...
Лидерите на европските сили со апел до Советот за безбедност на ОН, Планот на Трамп за Газа да биде поддржан. Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција денес го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да даде „целосна поддршка“ на мировниот план за Газа, објавува агенцијата Франс Прес (АФП). „Се согласуваме дека СБОН треба целосно да го поддржи планот и да ја поддржи неговата имплементација“, се вели во заедничката ...
По скандалозното видео на социјалните мрежи на кое наводно се гледа како директорот на неврохирургија проф. д-р Игор Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице, беше разрешен, Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор ...
Изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, „Фауна” е серија на постери во голем формат кои треба да се набљудуваат со апликација за зголемена реалност. Поставени на јавен простор, постерите се надополнуваат така што нивното разгледување е налик на игра. „Оживувањето” на постерите преку екранот во зголемена ...
„Ова признание ги одразува јасните стремежи на народот на Венецуела кон слободни и фер избори, граѓански и политички права, како и владеење на правото,“ изјави портпаролот на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR), Тамин ел-Китан. Според соопштението на Нобеловиот комитет, Мачадо ја доби наградата поради нејзиното „неуморно залагање за промовирање на демократските права на народот на Венецуела и борбата за постигнување ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ќе обезбеди 29 милиони евра итна хуманитарна помош за Појасот Газа, откако Израел го ратификуваше договорот за прекинот на огнот со Хамас. Тој на платформата Икс наведе дека Германија заедно со Египет, ќе организираат конференција за реконструкција на Појасот Газа. Мерц наведе дека примирјето по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блиски Исток и пошироко“. – Нè ...
Белата куќа ја критикуваше одлуката на Комитетот за Нобелова награда да ја додели наградата за мир на лидерката на венецуелската опозиција, наместо на американскиот претседател Доналд Трамп. „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да се роди друг како него, кој е способен да поместува планини со чистата сила на својата волја“, му ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху денеска се обрати до јавноста и најави дека израелските трупи ќе останат во Газа за да извршат притисок врз Хамас сè додека групата не се разоружа. Израелската војска моментално се преместува на договорената првична линија на повлекување во Газа, како што е наведено во договорот за прекин на огнот. Со останувањето на територијата, Израел „го држи Хамас на сите страни како подготовка за следните фази од ...
Цената на среброто денеска порасна за повеќе од 4%, достигнувајќи рекордни околу 51 долар (44 евра) за унца, што се припишува на зголемената побарувачка од страна на инвеститорите кои бараат сигурни вложувања. Според податоците од „Трејдинг економикс“, со ова зголемување среброто ја надмина претходната максимална цена од 1980 година, продолжувајќи го силниот раст што го бележи оваа година. Во 2025 година, среброто поскапело за повеќе од 70%, ...
Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од американскиот план на Доналд Трамп за Газа — спогодба за прекин на огнот и ослободување на заложници, која би можела да го отвори патот за завршување на двегодишната крвава војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас, што го предизвика разорниот израелски напад на Газа, посредни разговори во Египет доведоа до договор за почетната фаза на ...
Овој предлог, кој го достави Владата до Собранието, ја предвидува измената на Законот за ДДВ, со што ќе се укине ослободувањето од плаќање на данок за пратките до 22 евра. Овие промени значат дека сите малите пакети испорачани од странство ќе подлежат на царинска постапка, што ќе ги зголеми трошоците и ќе ги направи поценети на крајниот корисник. Корисниците се загрижени за зголемувањето на цените на популарните пратки од платформи како Тему ...
Оваа промена би можела да има големо влијание на меѓународниот транспорт и да го загрози економскиот сектор кој зависи од транспортот. Представници на транспортните здруженија веќе разговарале со институции на ЕУ, истакнувајќи дека професионалните возачи треба да се третираат поинаку од туристите, со оглед на тоа што тие патуваат со специјални професионални цели и многу често ја преминуваат границата. Тие предлагаат решение во форма на визи ...
Во првите 60 дена од примирјето, целта е да се испраќаат стотици камиони со хуманитарни залихи на дневна основа, изјави Флечер на прес-конференција, пренесува CNN. Тој истакна дека хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, прогласена е глад поради израелските ограничувања на помошта, инфраструктурата е уништена за време на две години израелски воени операции, а голем дел од населението повеќепати е раселено. Званичници на ОН се ...
Израел и Хамас се согласија на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа – договор за прекин на огнот и ослободување на заложници, кој може да го отвори патот за завршување на двегодишната крвава војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас, кој ја поттикна разорната израелска офанзива врз Газа, посредничките разговори во Египет резултираа со договор за првата ...