Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена за спречување службено лице во вршење службено дејствие. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо. Јавниот обвинител до ...

Предлогот за гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзината Комисија не помина во Европскиот парламент во Стразбур. Фон дер Лајен и Европската комисија преживеаа гласање за недоверба, при што 175 пратеници гласаа за предлогот, 360 беа против, додека 18 беа воздржани, според медиумите. Бројот на гласови „за“ беше далеку под потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број гласови за предлогот да ...

Во однос на иницијативата „Српски свет“ на претседателот Александар Вучиќ, сакам да изјавам дека секој чекор којшто гледа наназад, се повикува на реторика од минатото, би можел да нè загрижи и звучи загрижувачки и за Косово, и за Албанија. Ова го изјави претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, одговарајќи на прашање на БГНЕС, дали иницијативата „Српски свет“ претставува безбедносен проблем за Албанија и Балканот. „Во наш ...

Започна Четвртата конференција за обновување на Украина, која се одржува во Рим. Бугарскиот премиер Росен Желјазков, беше пречекан од премиерката на Италија, Џорџа Мелони, која е домаќин на настанот, јавува БГНЕС. Главната цел на форумот е мобилизација на меѓународна поддршка – финансиска, политичка и техничка – од влади, меѓународни организации, финансиски институции и приватниот сектор за обновување, реконструкција, реформи и модернизација на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 дронови за напад. „Оваа ноќ, Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 дронови за напад, од кои речиси 200 се од типот „шахед“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ. ...

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите. Но вистината е поинаква, а фактите говорат јасно, велат од „Вреди“. Како што додаваат, истата таа ДУИ што денеска зборува за застапеност, била 20 години на власт и за тоа време ги оставила Албанците со нула застапеност во многу клучни државни институции. ...

„Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини“, велат од СДСМ. „На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата. Минатата година, во која изгореа 10% од ...

САД испорачуваат артилериски гранати и мобилни ракетни лансери во Украина, изјавија двајца американски функционери за Ројтерс во среда, неколку дена откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп запре некои клучни испораки на оружје во Киев. Паузата во некои испораки на оружје минатата недела може да биде поврзана со загриженоста дека воените залихи на САД можеби се намалуваат, рекоа функционерите. Трамп рече дека не знае кој ја наредил ...

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на ...

Успеавме да не дозволиме Европскиот парламент да биде искористен за внатрешнополитичка пропаганда на Мицкоски. Премиерот на Северна Македонија очигледно не се грижи за позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со инсинуации кои се бесплодни. Бугарија е силна држава, Бугарија е фактор и во Европската Унија, и во регионот кој РС Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а РСМ засега е само кандидат. Ова го изјави ...

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење на кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава. Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на ...

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици. „Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а постојат основани сомневања дека дел од нив биле подметнати. „Се дадоа натчовечки напори. За повеќето пожари причина беа временските услови и силниот ветер, но имаме сериозни индиции дека човечки фактор стои зад нивното распламтување“, рече Тошковски во денешното обраќање по состанокот на Кризниот штаб. Министерот посочи ...

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, преку објава на својот Фејсбук профил ја истакна подготвеноста на Бугарија да помогне на Република Северна Македонија во справувањето со пожарите што го зафатија регионот на Крива Паланка. „Политичкото не смее и нема да надвладее над човечкото“, напиша Георгиев. Тој информира дека властите во Северна Македонија побарале помош при гаснењето на пожарите, а Бугарија реагирала веднаш. По ...

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи. Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров. Армијата активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај ...

Во атарот на село Бардовци, под црквата Св. Троица, од спој на електричен кабел на улична бандера запалена е сува трева која со брза интервенција на мештаните е изгасната. Општина Карпош соопшти дека своите екипи за косење, денеска и во наредните три дена ги упатувааат да косат сува трева во населеното место Бардовци со цел да се обезбедат куќите кои се наоѓаат во непосредна близина на висока сува трева. Воедно апелираат до сопствениците на имот ...

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите. „Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори ...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев соопшти преку својата официјална страница на Фејсбук дека извештајот за Република Северна Македонија бил ослободен од формулации со кои, како што наведува, се злоупотребувало од страна на соседите. „Извештајот за РСМ беше ослободен од формулации со кои се злоупотребуваше од нашите соседи. Такви теми немаат место во извештај за напредок на земја-кандидат за членство во ЕУ,“ напиша Ковачев. Тој нагласи дека ...

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и животите на граѓаните. Се апелира до сите жители да се вклучат во гаснењето. „Ситуацијата е критична – не е време за чекање или размислување. Апелираме до сите граѓани што се во можност: излезете и помогнете!“ – се вели во пораката од Општина Крива Паланка. На терен делуваат пожарникари, волонтери и вработени ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизија Алсат-М, која денеска го документираше пожарот кај депонијата во Визбегово. „Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани. Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и ...

Повторно ја подавам раката кон нашите пријатели во Северна Македонија – да одиме заедно напред, врз основа на почитта и исполнувањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое лице и во лицето на Бугарија секогаш ќе имаат искрен и близок партнер. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по повод одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли сите текстови поврзани со „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за напредокот на ...

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот. Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата, реагираат од СДСМ. Според оваа партија, последните пожари во близина на Скопје се реална закана по здравјето и безбедноста на граѓанит. „Гори на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје. Алиу ја истакна заложбата ...

Папата Лав денес го прекина двонеделниот одмор за да одржи посебна миса со која ги повикува католиците да се грижат за создадениот свет, за справување со глобалните климатски промени. „Светот гори поради вооружените конфликти и глобалното затоплување“, рече папата. „Мора да се молиме за многу луѓе кои сè уште не ја гледаат итноста од грижата за нашиот заеднички дом“, рече папата. Новиот папа рече дека Црквата со 1,4 милијарди членови е посветена ...

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот, на територија на цела држава имало 14 активни пожари, од кои четири се изгаснати. На територијата на државата има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои: Активни: 10 Општина Македонски Брод 1: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Македонски Брод 2: с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) Општина Македонски Брод ...

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци. „Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за ...

Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Таа кажа дека законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста. „Претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата. ...

Општина Центар ги повикува пензионерите да аплицираат за еднократна финансиска помош од 2.500 денари. Повикот започнува од денеска, 9 јули, и важи за пензионери, жители на Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, со месечен износ до 26.157 денари. Пензионерите треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и потврда за последната примена пензија, односно чек или потврда од банка за мај или ...

Времето денес, сончево со мала до умерена облачност. Во крајните западни делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Попладне вдолж Повардарието и во источните делови ветерот ќе го смени правецот во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност. Ќе дува ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
88%
1020
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.72
90%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.79
94%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
80%
1017
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1016
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
82%
1021
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
95%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Бакар

11.02

Платина

64478.87

Злато

139515.92

Сребро

2159.30

Калај

43.93

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60