Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Владата на својата 166-та седница донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива, со цел да се спречи растот на цените и да се поддржи домашното земјоделско производство, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Со одлуката, највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5 проценти во трговијата на големо и 5 отсто во малопродажбата. За органските, органо-минералните ѓубрива и ...
По повод Европската недела на имунизација за 2026 година, која се одбележува од 19 до 25 април под глобалното мото „Вакцините делуваат за секоја генерација“, овие два дена во општина Кисела Вода интензивно се спроведуваат едукативни презентации посветени на важноста на вакцинацијата. Со цел подигнување на свеста и едукација на младите и родителите, во општина Кисела Вода со овие активности се опфатени две основни училишта, ООУ „Рајко ...
Светски познатиот хор „Мистерија на бугарските гласови“ ќе одржи два концерта во Лондон – на 21 април во The Clapham Grand од 19:00 часот и на 22 април во Union Chapel од 18:30 часот. Организатор е Gotobeat, соопшти бугарскиот весник во Лондон „БГ БЕН“. „Стотици жители и гости на англиската престолнина ќе можат да се допрат до волшебните изведби на автентична и обработена фолклорна музика“, наведуваат од изданието. Хорот е основан во 1952 ...
Градот Гоце Делчев во Бугарија за 17-ти пат по ред ќе го одбележи Меѓународниот ден на танцот со дводневна програма на 25 и 26 април, соопштија од прес-центарот на општинската администрација, пренесува БТА. Настанот го организираат Општина Гоце Делчев и Народно читалище „Просвета – 1865“ и ќе вклучува дефиле, концертна програма и отворен час по бугарски ора. Празникот ќе започне на 25 април (сабота) од 17:00 часот со традиционалното дефиле на ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска ги потпиша првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во износ од 5.000 денари. Финансиската поддршка е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година и, како што информираат од општината, има за цел да ги подобри условите за младите семејства. Покрај оваа мерка, локалната самоуправа инвестира и во инфраструктура за најмладите. Во тек е изградба на две ...
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во ...
Амбасадорката на Бугарија во Република Ирска Вања Андреева ја посети изложбата „Нечуените 12 милиони“, посветена на Ромите и патувачките заедници во Европа, соопшти Амбасада на Бугарија во Даблин, пренесува БТА. Изложбата, организирана од Pavee Point и поддржана од Совет на Европа, беше претставена во април, месецот кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите и патувачките заедници. Преку фотографии и лични приказни се прикажува животот на ...
Министерот за образование и наука на Бугарија Сергеј Игнатов предложи 20 април да стане официјален празник – „Ден на бугарскиот хероизам“. Тој ја изнесе иницијативата во Видин, при посета на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ по повод 150-годишнината од Априлско востание, јавува БТА. „Апсолутно сум убеден дека во блиска иднина Бугарија ќе го прифати 20 април како официјален празник. Нашата гордост и идентитет има три столба: Априлското востание, ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, се закани дека раководството на Хезболах ќе се соочи со сериозни последици, повторувајќи дека целта на Израел е да ја расформира групата и покрај кревкото примирје. Зборувајќи на државната комеморација на гробиштата Маунт Херцл во Ерусалим, по повод Денот на сеќавање на паднатите војници и жртвите на тероризмот, Кац рече дека Израел ќе продолжи со воените операции во Либан доколку е потребно за да ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека со присуството на Зоран Заев на годишнината на СДСМ се потврдиле, како што рече, нивните тези за односите во партијата. Одговарајќи на новинарско прашање за присуството на поранешниот претседател и премиер на настанот, Манасиевски рече: „Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека ...
„ВМРО-ОКГ продолжува со својата болна и црна кампања на лажни вести и фабрикувани приказни. Единствената вистина е дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, беше во Србија на погребот на својот дедо. Никој друг состанок, никој друг договор, никој друг контакт со било кој од споменатите лица не постои“, велат од СДСМ. „Саша Димитријевиќ вчера јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту ...
Француските и полските лидери разговараа во понеделник за одржување заеднички вежби како дел од напорите на Франција да ги вклучи сојузниците во нејзиното нуклеарно одвраќање. Средбата меѓу претседателот Емануел Макрон и премиерот Доналд Туск се одржа во време на дискусии за зајакнување на европската одбрана, објави Политико. На прес-конференција во Гдањск, францускиот претседател Емануел Макрон ја потврди темата на разговорите. „Меѓу ...
Министерството за дигитална трансформација информира дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни. „Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното ...
Пакистанскиот главен град Исламабад се подготвува за можна втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран. Фотографиите покажуваат постери на улични столбови, затворени патишта и зголемена безбедност во градот. Останува неизвесноста дали Иран ќе учествува. Техеран претходно отфрли втора рунда разговори, но сега вели дека ја преиспитува таа одлука. Висок пакистански функционер изјави за Ројтерс дека земјата добила „позитивен сигнал“ од Иран за ...
Долгогодишниотвработен во „Епл“, Џон Тернус, ќе ја преземе челната позиција во компанијата вредна 4 трилиони долари на 1 септември. „Ја поминав речиси целата моја кариера во ‘Епл’. Имав среќа да работам под Стив Џобс и да го имам Тим Кук како ментор“, рече тој во изјавата најавувајќи ја својата нова улога, објави CNN. Тернус ја познава компанијата одвнатре. Тој моментално работи како виш потпретседател за хардверско инженерство, што значи ...
Лабораторијата за вештачка интелигенција на Џеф Безос е близу до собирање 10 милијарди долари во нова рунда на финансирање, проценувајќи го новиот стартап, Проект Прометеј, на 38 милијарди долари, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори. Зголемувањето на капиталот доаѓа во време на силен интерес на инвеститорите за компаниите за вештачка интелигенција, бидејќи големите технолошки инвестиции ги преобликуваат бизнисите во низа ...
Европска комисија нема да одобри исплата на средства за Србија додека не се утврди дали ги исполнува условите, особено во однос на препораките од Венецијанска комисија за измените во правосудните закони. Еврокомесарката Марта Кос изјави дека ЕУ е сè позагрижена поради состојбите во Србија – вклучувајќи закони што ја загрозуваат независноста на судството, притисоци врз медиумите и односот кон протестите. ЕУ очекува слобода на изразување, ...
„Додека премиерот Христијан Мицкоски се фали дека сме „трета најбрзо растечка економија во Еевропа“ и дека имаме раст од 3 отсто, граѓаните се борат со се поскапиот живот. Синдикалната минимална кошница за април 2026 година достигна речиси 69.000 денари. За само еден месец се покачи за скоро 1.000 денари, а од почетокот на кризата (март) за над 2.300 денари“, велат од СДСМ. „Инфлацијата повторно расте, а потрошувачката кошница продолжува да ...
Македоно-бугарската фондација „Гоце Делчев“ заедно со Културен центар „Булгарика“ организираат историско предавање и дискусија посветени на Априлското и Разловечкото востание од 1876 г. Настанот ќе се одржи на 9 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Bulgarica Center во Елк Гроув Вилиџ. Предавањето ќе опфати теми за причините и подготовките за востанијата, значајни личности и клучни моменти, како и нивното историско ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека најверојатно следната недела ќе биде првата седница на новиот парламентарен состав во бугарското Народно собрание. Тоа треба да се случи по официјалното објавување на изборните резултати и имињата на 240 избрани пратеници. Јотова се обрати при отворањето на изложбата „За слободата на еден народ“ по повод 150-годишнината од Априлско востание во Национална библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“. ...
Во Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ во Софија на 20 април, свечено беше претставена изложбата „За слободата на еден народ“, посветена на 150-годишнината од Априлското востание. Експозицијата, која е заедничка иницијатива на библиотеката и Државната агенција „Архиви“, е дел од националните чествувања под покровителство на претседателката Илијана Јотова, јавува БНР. „Оваа изложба е изложба на бесмртноста – на луѓето кои го ...
Атанас Величков Поранешниот бугарски претседател и иден бугарски премиер Румен Радев ги доби убедливо поредните вонредни парламентарни избори во Бугарија. Победата се разбира со себе носи и огромна одговорност, а имено комплетирање на компетентен владин кабинет и владеење во време кога Европа треба да се еманципира и да се сврти кон своите реални проблеми. Тоа треба да се случи со една, единствена цел, а имено Стариот континент да остане, па ...
Бугарија до 2030 година се очекува да ја надмине Грција по бруто-домашен производ (БДП) по жител според паритет на куповна моќ, покажуваат прогнозите на Меѓународен монетарен фонд, пренесе БГНЕС. Според проекциите, Бугарија ќе се искачи на 30-то место меѓу 41 европска економија, додека Грција ќе биде 32-ра. Земјите од Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина – ќе се рангираат меѓу 34-то и 38-то ...
На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана. „Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со кои значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање ...
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на ...
ДУИ денес функционира како адвокатска канцеларија на подземјето каде за Ахмети обичниот Албанец е само бројка за гласање, а неговите мили функционерите се штитови за заштита на неговиот личен капитал, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата од ДУИ дека премиерот Христијан Мицкоски го држи под контрола Меџити со судско досие за дивоградби во Чаир. „Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не ...
Од полноќ дизелот и бензините ќе поевтинат за 1,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...
Претседателот на Европскиот совет, Антониo Кошта, му честиташе на Румен Радев преку социјалната мрежа Blue Sky за категоричната победа на вчерашните парламентарни избори во Бугарија: „За мене е задоволство повторно да ве поздравам во Европскиот совет“, напиша Кошта. „Како што споделив во нашиот телефонски разговор утрово, со нетрпение очекувам да работиме заедно во рамките на Европскиот совет на нашата заедничка агенда за просперитетна, ...
Giro d’Italia 2026 ќе стартува со етапи во Софија од 8 до 10 мај, што, според координаторот на софискиот дел Петар Хераков, претставува едно од најзначајните спортски домаќинства во современата историја на Бугарија, јавува БНР. Подготовките се во завршна фаза, а институциите, локалната власт и организаторите работат координирано за реализација на настанот. Се бележи голем интерес од земјата и странство, со очекувања илјадници посетители да ...