
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



„Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти. Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство ...
„Климатските промени не чекаат. Земјиштата се деградираат, шумите исчезнуваат, биодиверзитетот е во опасност. Соочен со овие предизвици, „Влен“ не седи со скрстени раце. За прв пат, Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, успеа да обезбеди нов договор за соработка со УНДП, во рамките на 8-та фаза од проектите на GEF, со вкупен буџет од 6,74 милиони американски долари“, известув „Влен“. „Овој фонд ...
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, најави евакуација на хрватски дипломати од Израел и Иран. „Со оглед на тоа што и други земји ги евакуираат своите дипломати и претставништва од Техеран, одлучено е дека ќе го евакуираме и амбасадорот и персоналот на амбасадата од Техеран преку безбедни гранични премини што ги користат други дипломати. Таква евакуација ќе се спроведе и за амбасадата, односно за вработените ...
Улиците на иранската престолнина денес беа претежно пусти поради израелските напади, јавуваат странските медиуми. Повремено автомобили или мажи на скутери минуваа покрај затворените продавници откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека сите треба „веднаш да се евакуираат“. Израел, повторувајќи ја тактиката што често ја користи во Газа, исто така ги повика жителите на југозападен Техеран да ги напуштат своите домови за да можат ...
„Демократската унија за интеграција реагира со длабока огорченост на скандалозниот начин на кој средствата се распределуваат на граѓанските здруженија од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, на чело со вицепремиерот Иван Стоилковиќ“, велат од ДУИ. „Според податоците објавени од медиумите, резултатите се следниве: 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и само 3 проекти за ...
Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени, изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој рече дека паркингот не е ниту мапиран, односно не се знае ниту колку паркинг места има. „Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички е паркингот. За жал ...
Од денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град, извести УХМР. Во Скопје, денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. ...
Македонскиот народен театар ќе гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“, која ќе се изведе на 18 јуни (вторник), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Во ...
На денешната редовна седница, бугарската влада се очекува да донесе одлука со која ќе биде утврден составот на националната делегација, како и рамковните позиции на Бугарија за учество на претстојниот Самит на НАТО. Самитот ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија. Според најавите, на седницата ќе се разгледаат клучните приоритети на Бугарија во рамките на алијансата, вклучувајќи ги безбедносните предизвици во регионот, соработката во ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица, четири деца и четири возрасни, кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје. ...
МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки, информира Министерството за образование. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемија ...
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент. „Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел ...
Демократската унија за интеграција јавно ги осудува, како што велат, дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и тројца Албанци. Оваа институција, велат од ДУИ, се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ. „Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако раководителот е само Албанец ...
Со задоволство информирам дека на денешната седница на Владата беше усвоена Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот План, изјави вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. „Овој документ ја одразува непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас. Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија. Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го спречи израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, за време на викендот, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници. Израелската војска процени дека имала можност да нападне, но Трамп го отфрлил планот. Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на нуклеарните и ракетните програми на Иран, но се спротивставува на ...
Повеќе од 450 луѓе се убиени во изминатите четири дена во израелските напади врз Иран, објави непрофитната организација Активисти за човекови права во Иран (HRANA), која го следи бројот на цивилни и воени жртви од почетокот на бомбардирањето. Според нивните податоци, 224 цивили се убиени, додека уште 188 се повредени. Покрај тоа, HRANA наведува дека 109 припадници на војската се убиени, а уште 123 војници се ранети. Имало и 119 жртви чиј ...
Еруптира вулкан во Индонезија, а пепелта достигнала висина од 9,5 километри. Властите го кренаа статусот на тревога на највисоко ниво и ги повикаа туристите и локалното население да се држат настрана. Планината Левотоби Лаки-Лаки, вулкан со два врва висок 1.584 метри на туристичкиот остров Флорес, еруптираше вчера во 17:35 часот по локално време. Индонезиската геолошка агенција соопшти дека евидентирала дека вулканот испуштил густи сиви облаци, ...
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека целта на воените акции на израелската армија (ИДФ) не е да се промени режимот во Иран, дури и ако тоа е последица. „Тоа не е целта, иако би можело да биде исход“, изјави Саар пред новинарите во Ришон Лезион, град во централен Израел кој неодамна беше цел на ирански напади. Саар наведе три главни израелски цели во конфликтот. „Прво, да се предизвика голема штета на иранската ...
На летот, при враќањето од самитот на Г7 во Канада, американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистираше дека Иран е „многу блиску“ до изградба на нуклеарно оружје, и покрај спротивните проценки од американските разузнавачки агенции. Според „Скај њуз“, ова е во спротивност со изјавата на Тулси Габард, која Трамп ја назначи за свој врвен советник за разузнавање за неговиот втор мандат. Габард му рече на Конгресот во март дека американските ...
„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и ...
Ажурирани бројки беа објавени од израелското Министерство за здравство, според кои 154 повредени лица се пренесени во израелските болници од синоќа. Од нив, четири лица се во „умерена состојба“, 130 се во „блага состојба“, 15 се во фаза на проценка, а за пет лица се вели дека примаат третман за анксиозност. Според најновиот извештај од иранското Министерство за здравство, најмалку 224 лица се убиени, а повеќе од 1.200 се повредени во израелските ...
Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани. Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на ...
Велика Британија и нејзините сојузници од Г7 треба да објават дополнителни санкции против Русија, соопшти британската влада, засилувајќи го притисокот врз Москва поради војната во Украина. Се очекува премиерот Кир Стармер да го објави финализирањето на пакетот санкции и да каже дека сака да работи со сите партнери од Г7. Целта е да се исцрпат руските енергетски приходи и да се намалат средствата што можат да се инвестираат во војната. Велика ...
Facebook статус на Никица Корубин 7 години Преспански договор, дефинитивното верификување на независноста на државата од 1991 година. После 23 години од Времената спогодба, која требала да го затвори спорот за 7 години. Стратешки договор со Грција, под директно покровителство на Обединетите нации, какви што мораат да имаат соседите. Членки на НАТО, кандидати за ЕУ, само-блокирани, ќе ги чекаме новите “23 години” или конечно ќе го оствариме ...
И ова лето, Општина Илинден го организира традиционалниот училишен летен камп, како награда за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Избраната група на талентирани млади оваа година уживаат во престојот во еден од најпознатите туристички центри во земјава – градот Охрид. Проектот е дел од Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со фокус на поддршка, ...
„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен џип од 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време на СДС и ЈО молчи и не отвора случај“, кажа Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Односот на ЈО кон Филипче е зачудувачки. Зошто ЈО молчи? Дали ЈО не смее да постапува затоа што Филипче е претседател на партијата која ги избра скоро сите обвинители? ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на локалната инфраструктура. Утринава беше извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица 100, со продолжение на улицата што води кон железничката станица, известува Општината. „Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов ...
Општина Кисела Вода интензивно работи на изградбата на новото рекреативно и туристичко место – „Покрсти“, кое наскоро се очекува да прерасне во омилена дестинација за љубителите на природата и рекреацијата од цело Скопје, велат од Општината. „Сместена во зелена околина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината, локацијата „Покрсти“ го добива свој нов лик. Веќе е изградена асфалтирана рекреативна патека, а во тек се ...