Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Априлската епопея през 1876 г., чиято 150-годишнина отбелязваме през тези дни, е катализатор на т. нар. Източна криза, довела до Цариградската конференция, Руско-турската война (1877-1878 г.) и раждането на модерната ни държава. Въпреки тежките клаузи на Берлинския договор, с Учредителното събрание в Търново младото Княжество България поема по своя нелек път. Начело на държавата застава избраният на 17 април 1879 ...
Кривичниот суд им определи мерка ефективен притвор на шестмина осомничени за фалсификуваниот ботокс и филери кои им биле вбризгувани на пациентки во Македонија, на 4 лица им определи мерка куќен притвор а останатите деветмина добија мерки за претпазливост. Мрежата е под истрага поради сомнежи дека шверцувала ботокси и филери кои во Македонија се сметаат за лекови и медицински средства, без притоа да ги регистрира во Агенцијата за лекови и ...
Бесплатната стручна едукативна тура со стручен водич ќе се одржи денеска во скопската општина Центар. Турата ќе почне напладне, во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за Градскиот ѕид, Главната ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, нагласувајќи дека актуелниот систем не обезбедува правда поради силното политичко влијание врз институциите. „Никола Груевски можеби избега, ама јас велам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за сè што правел. Со ваков систем, каков што го контролира премиерот, граѓаните не можат да очекуваат правда и ...
ЈСП Скопје информира дека на 25 и 26 април жичницата ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли. -Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно на 25 и 26 април 2026 година, информираат од ЈСП Скопје. Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија ...
Скопскиот приватен МИТ Универзитет на 24 април по 16 пат испрати нова генерација дипломци и магистри. Свеченоста се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Воведниот говор на настанот го имаше проф. д-р Ана Здравковска Илиевска, која им посака топло добредојде на гостите од името на Универзитетот и ги поздрави дипломците и магистрите на образовната установа. Свои обраќања исто така имаа ректорот на универзитетот ...
Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, ...
Денес, во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопшти, Генералштабот на АРМ. „На денешното официјално ...
Бугаринот Карлос Насар ја освои својата ја освои својата четврта европска титула во кревање тегови овој пат во категоријата до 94 кг. Насар триумфираше на првенството во Батуми, Грузија со вкупен резултат од 396 килограми. Бугарскиот шампион се закити со златни медали и во двете дисциплини – кревање и оттурнување, јавува БГНЕС. Карлос Насар беше најдобар во кревањето со 176 килограми. Во третиот обид Карлос неуспешно се обиде да го турне ...
Министерството за здравство информира дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем, велат од оваа институција за акцијата на МВР. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди, додаваат од таму, ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на ...
Вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“, соопшти МВР. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно ...
Вчера во 15:00 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на место викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода И.М.(68) од с.Дебреште, општина Дебреште. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., а во кое имало бесправно пресечена дрвна маса. На даден знак да запре, возачот не ги почитувал дадените наредби и почнал со поголема ...
ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво. Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети, велат од „Вреди“. Груби, како што додаваат, не е само поранешен функционер. „Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси. -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка ...
Бугарскиот меѓународен пасош веќе ќе има 10-годишна важност и ќе содржи биометриски податоци. Тоа го предвидуваат промените усвоени од бугарската Влада. Граѓаните веќе ќе можат да вадат и привремена лична карта за идентификација. Се ажурираат и цените за издавање документи. Промените се воведени со обновената тарифа бр. 4. Одлуката на владата е само дел од преминот кон централизираниот систем за персонализација на лични документи. Новите цени ...
По повод Светскиот ден на книгата, кој се одбележува на 23 април, од Бугарската амбасада во Србија ја споделија желбата на амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана да обноват една прекрасна традиција, изгубена низ времето, имено да ја возобноват библиотеката на амбасадата, јавува БНР. „Ги покануваме сите кои би сакале да се вклучат и да донираат книги да стапат во контакт со амбасадата. Со заеднички напори можеме да ...
Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата. Во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања за важноста на имунизацијата и се вакцинираат на терен на пропуштените деца. Акцијата ќе се ...
Скопјанец на возраст од 53 години пријавил дека подолг период бил изложен на малтретирање и закан. Според пријавата, на 22 април околу 08:00 часот, во неговиот дом дошол Д.В., сопруг на неговата поранешна снаа, кој претходниот ден физички го нападнал и му упатил закани по живот. Пријавителот навел дека лицето со месеци го вознемирувало, а во еден случај физички ја нападнало и неговата внука. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(41) од Скопје и Ж.Н. (54) од с.Брвеница, тетовско. Тие се сомничат за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16.01.2026 на Попова Шапка, пријавените со ратрак превезувале туристи, без лиценца и без договор со националниот парк, а при обид да бидат спречени во намерата, упатиле закани кон вработените од Националниот парк, а потоа В.Д. се обидел да ...
Во СВР Скопје вчера во 13:20 часот било пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од ...
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, А.А.(33) од с.Дебреше, гостиварско, управувајќи патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Н.А.(72), додека со телесни повреди 14-годишна малолетничка, двете од с.Дебреше, гостиварско, констатирани во Клинички центар Тетово. ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Саудиска Арабија, каде ќе разговара со престолонаследникот Мохамед бин Салман, потврди висок украински претставник за АФП. Посетата доаѓа во период кога Украина работи на зајакнување на соработката со земјите од Заливот, вклучително и во одбранбениот сектор, особено во областа на противдронска заштита. Ова е втора посета на Зеленски на Саудиска Арабија во последните два месеци, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека техничката влада мора да остане и СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да не се укине. Филипче на денешната прес-конференција, наведе низа аргуметни, зошто мора да остане техничката влада. „Ако целокупниот механизам, начин на владеење е само една имитација на механизмот со кој што владееше Никола Груевски до 2016 година, кога сите институции беа узурпирани од него лично, од негови блиски ...
Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. -Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово. Oд нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ...
Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори и физичките лица ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени, соопшти обвинителството. „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери. Во своето обраќање, истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна, отпорна и доверлива ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат. Во своето обраќање, Тошковски нагласи дека безбедносната ...
Советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кисела Вода побара итно свикување вонредна седница по трагичниот настан на градилиште, во кој загина работник, а неколкумина беа повредени. Координаторката на советничката група Даниела Настова Пиштолова изрази сочувство до семејството на загинатиот и посака побрзо закрепнување на повредените, нагласувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности и ...