Министерството за здравство, во соработка со повеќе надлежни институции подготви национален план за справување со масовни жртви, со цел справување со зголемени ризици од настани кои може да резултираат со масовни жртви – природни катастрофи, сообраќајни несреќи, индустриски инциденти, пожари и други вонредни ситуации. Особено по трагичниот настан во Кочани, евидентно е дека е неопходно изработка на сеопфатен план кој поставува институционални ...

На денешната редовна седница, Владата го разгледа мислењето на Советот на Јавното обвинителство во однос на постапката за избор на нов државен јавен обвинител. По сеопфатна, аргументирана и конструктивна дискусија, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, информира владината портпаролка Марија Митева. Владата, додаде таа, се раководеше од принципите на професионалност, ...

Вчера во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер. По што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на дводневна обука за претприемништво, наменета за наставници од сите основни училишта на територијата на општината, со што се прави значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и развој на современи вештини кај учениците. Преку оваа обука, наставниците се стекнуваат со знаења и практични алатки од областа на претприемништвото, финансиската писменост, циркуларната економија, ...

Претседателот на здружението „Балкански коридор“, Добре Митрев, во свој статус на социјалната мрежа Facebook се осврна на изјава на адвокатот Тони Менкиноски во врска со 30 лица полковници во пензија, кои наводно биле во редовите на нелигитимната организација ОМО „Илинден-Пирин“ во Софија. Митрев, вели дека од изјавата на Менкиноски дознал за тие 30 полковници во пензија. „Триесет полковници, еден академик и електроинженери не е така лош ...

Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на ...

Со 75 гласови ,,за” и ниту еден ,,против“ Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување на Предлог-законот за јавното обвинителство, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура . Образложувајќи го Предлог-законот пред пратениците, министерот за правда, Игоир Филков истакна дека со новото законско решение се врши сеопфатна модернизација на организацијата, надлежностите и функционирањето на ...

Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да ...

Продолжуваме да ги реализираме проектите. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Тој оценува дека досега е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции. „Околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два ...

По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Праша зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи. Според неа, со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. „Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора. Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои ...

Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови. Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се ...

На 10 март одбележуваме 148 години од раѓањето на Леонид Јанков, легендарен војвода на ВМОРО. Леонид Јанков е роден на 10 март 1878 година во Мачуково, тогаш во Османлиската империја, во семејството на Трајко и Ката Јанкови. Добива основно образование. Во Мачуково имало стабилен комитет на ВМОРО, на чело со Генчо Лазаров Ортаков, а таткото на Леонид, Трајко, бил член на Организацијата. Леонид се приклучува на ВМОРО во рана возраст и извршува ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите. „Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката ...

Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна. Излажа, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Мицкоск, додава таа, ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници. „Не им кажа на граѓаните дека поништување на ...

Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот, одговори премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени во однос за стабилизација цените на нафтените деривати. Тој вели дека на бензинските пумпи се создава гужва поради возачите од соседството кои доаѓаат да точат гориво кај нас. Вели дека Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и дека нема прекини во снабдувањето. ...

На 8 март 1983 година во Орландо, Флорида, Роналд Реган одржал говор пред Националната асоцијација на евангелистите, кој и денес се смета за особено актуелен. Говорот бил посветен на моралните вредности и слободата во контекстот на Студената војна, пишува Фактор. Во своето обраќање пред евангелистите, 40-тиот претседател на САД зборувал за комунизмот како олицетворение на злото и ги обвинил комунистичките лидери за принципиелна аморалност. На ...

Историчарот доц. д-р Милен Михов е избран за нов претседател на Македонскиот научен институт. Тој го наследува медиевистот проф. д-р Георги Николов, кој раководеше со Институтот од август 2020 до март 2026 година. Одлуката беше донесена со големо мнозинство на Генералното собрание на Македонскиот научен институт, одржано на 9 март во Софија. За заменик-претседатели беа избрани лингвистката проф. д-р Ана Кочева и историчарот доц. д-р Наум ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес на отворањето на вториот Нуклеарен самит во Париз изјави дека ни треба нуклеарна енергија како двигател на напредокот и независноста. „Голема чест е за Франција да биде домаќин на овој меѓународен самит за нуклеарна енергија денес во Париз. Причината зошто сме тука како претставници на влади, научници, луѓе од индустријата и граѓанското општество е тоа што сите споделуваме многу едноставно верување ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република ...

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели, реагираат од ДУИ. Ова, како што рече Албана Мустафа не е изолиран случај. „Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви ...

Секоја година на 10 март доаѓаме на овој споменик – Споменикот на спасението – за да им се поклониме на жртвите на Холокаустот и секоја година неуморно повторно да изјавиме „Никогаш повеќе!“. Секоја година доаѓаме на овој споменик за повторно да прочитаме една од најправедните страници во бугарската историја – тогаш, кога пред 83 години Бугарската православна црква, цар Борис III, духовници, политичари, општественици и обични луѓе покажаа ...

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изрази претпазливост во врска со можноста американско-израелската војна против Иран наскоро да заврши. Зборувајќи во Никозија заедно со својот кипарски колега Константинос Комбос, Вадефул рече дека САД остануваат фокусирани на намалување на воените капацитети на Иран, „кои претставуваат закана за неговите соседи, но и за Европа, до тој степен што таа закана повеќе да не постои“. ...

Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови. Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст. Денеска, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставник на Црвениот крст, беше во домовите на Нада Костова и Љубица Ѓорѓиоски, кои од 2024 година се дел од корисниците на овој уред. Услугата „Итно копче“ ја ...

Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе. Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во ...

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со првите откажувања на аранжмани, би можел да пренасочи дел од туристичката побарувачка кон европски дестинации како што е Шпанија. Поради ескалацијата на тензиите, два клучни воздушни центри во регионот се привремено затворени, што доведе до откажувања на летови, промени на рутите и зголемена ...

Десет лица беа повредени во РУСКИОТ напад врз градот Днепар, вклучувајќи и едно 12-годишно момче. Ударниот бран оштети повеќекатна станбена зграда, објави Олександр Ханжа, началник на регионалната воена администрација на Днепар, објави „Украинска правда“. Ханжа објави на Телеграм дека по нападот избувнал пожар. „Ударниот бран оштети повеќекатна станбена зграда и банка“, рече тој. Според првичните информации, повредени се две лица. 29-годишна ...

Турција денес објави дека американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за воздушна и ракетна одбрана“ на НАТО. „За време на неодамнешните настани во нашиот регион, се преземаат неопходни мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и ние сме во консултација со НАТО и сојузниците“, објави турското Министерство за одбрана на X. Се додава дека, покрај ...

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот на краиштата зависи од нив“. „Но, нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските“, рече Нетанјаху за време на состанокот со раководителите на израелските болници и здравствениот систем. Утрово, една од ...

Во Република Северна Македонија се раѓаат сѐ помалку деца, а сѐ повеќе луѓе се соочуваат со проблеми со инфертилитет. Со стапка на фертилитет од околу 1,5 деца по жена, значително под нивото од 2,1 потребно за природна обнова на населението, земјата веќе влегува во сериозни демографски предизвици, велат од ХЕРА и МАГО (Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари). Според нив, прашањето кое ретко се поставува е дали правиме доволно за ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1017
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
76%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
73%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
57%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.52
89%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.72
94%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1011
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
62%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
82%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Сребро

2840.84

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Паладиум

45911.27