Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на бугарската Агенција за нуклеарна регулација, Цанко Бачијски, изјави дека петтиот блок на АЕЦ Козлодуј во 2027 година ќе биде целосно наполнет со гориво од Вестингхаус, јавува БГНЕС. Според него, диверзификацијата на нуклеарното гориво за реактор од типот ВВЕР-1000 е успешно реализирана, при што Бугарија е првата земја во ЕУ со ваква програма. „Во 2028 година ќе стане јасно дали ова гориво ќе остане“, рече Бачијски, додавајќи ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди на „опасен преседан“ што може да се постави со блокадата на Ормутскиот теснец, клучен воден пат кој е затворен два месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. „Повисоките цени на енергијата поради блокадата ќе им наштетат и на Европа и на Азија“, рече Калас. „Слободата на пловидба мора да се гарантира, во спротивно ќе се создаде опасен преседан во ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец под строги услови на Техеран е неприфатлива за Соединетите Американски Држави и за другите земји. Рубио нагласи дека иранската понуда не е прифатлива бидејќи, според него, на тој начин теснецот и натаму би останал под контрола на Техеран. Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека Трамп разговарал со највисоките советници за ...
Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид успешно реализираше теренска активност во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“, насочена кон превенција од пожари и заштита на природните вредности во периферните зони на Белчишкото Блато. Во активноста учествуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници од локалната самоуправа на Општина ...
Културните работници денеска во 13 часот ќе протестираат пред Уставниот суд, во организација на Синдикатот на културата, поради стравувањата дека постапката поврзана со Колективниот договор во културата може да доведе до уривање на веќе стекнатите работнички права. Протестот е најавен под пораките „Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“, а синдикатот предупредува дека евентуално слабеење на Колективниот договор би имало ...
Денеска со почеток во 12:00 часот пред Собранието, на ул.„11-ти Октомври“, од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство. Од МВР велат дека доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. „Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе ...
Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка состојба на Буџетот. Дефицитот на Буџетот веќе достигна 408 милиони евра. За само три месеци се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година, тврдат од СДСМ. Според партијата, ова е директен демант на бајките на Мицкоски дека сме трета еконмија во Европа. „Дополнително алармантно е што кај приходната страна реализацијата е едвај околу 20%. Овие бројки се ...
Полицијата изврши претрес во тетовска Голема Речица и уапси две лица-администратори на нелегален онлајн пазар. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет ...
Илија Стојановски Во Мелник, при одбележувањето на годишнината од убиството на Јане Сандански, бугарската полиција веднаш реагирала и уапсила еден од луѓето што делеле памфлети на присутните. Памфлети со кои, среде собир на Македонци, требало да им се објасни дека Јане Сандански бил Бугарин. Значи, државата реагирала брзо, полицијата била присутна, редот бил воспоставен, а Македонците сепак можеле да се соберат во Мелник и да го одбележат ...
Во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, покажува извештајот што по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април го објави Македонското здружение за заштита при работа. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а ...
По повод 77 години од одлуката за создавање на логорот Белене, членови на бугарската влада на 27 април оддадоа почит на жртвите и на сите репресирани кои поминале низ островот Персин, јавува БГНЕС. По иницијатива на министрите Андреј Јанкулов и Јулијан Попов, беа положени венци и свежо цвеќе на т.н. Втор објект. Почит оддадоа и Емил Дечев, Георги Клисурски и Румјана Б’чварова, како и претставници на локалната власт. Логорoт е најголемиот и ...
По убедливата изборна победа на Петер Маѓар, дел од унгарската елита поврзана со Виктор Орбан наводно презема чекори за заштита на своето богатство. Според извори на „Гардијан“, некои префрлаат средства во странство, а други бараат американски визи за работа во структури поврзани со MAGA на Доналд Трамп. Пријавени се и чести летови со приватни авиони од Виена, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа. Маѓар изјави дека „олигарсите поврзани ...
Хрватскиот европратеник Томислав Сокол од редовите на ЕНП изјави дека Србија е главен извор на нестабилност во регионот и повика на создавање „санитарен кордон“ околу земјата. „Европските средства треба да бидат запрени за Србија додека некои работи не се променат таму“, рече Сокол за телевизијата N1, пренесува БГНЕС. Тој ја поддржа оценката на Тонин Пицула дека „режимот на Александар Вучиќ е главниот извор на нестабилност во Србија и ...
Во време кога општеството сè почесто се соочува со загрижувачки појави на врсничко насилство, Здружението „Балкански Мост“ чувствува морална и граѓанска обврска јавно да се обрати и да упати јасен повик до сите надлежни чинители во Република Северна Македонија. Како организација што делува во граѓанскиот сектор и се залага за заштита на правата на сите граѓани – особено на децата – констатираме дека досегашните иницијативи, кампањи и ...
Народниот суд во Бугарија (1944–1945) не само ја ликвидира политичката и економската елита на Бугарија – негови жртви се и обични луѓе кои го извршувале својот долг кон државата. Меѓу жртвите на судот се и членовите на ВМРО во Горноджумајската област. Уште повеќе се убиените без суд и пресуда. Ова во интервју за БГНЕС го изјави бугарскиот историчар доц. д-р Светослав Живков. Тој е дел од авторскиот колектив на зборникот „Народниот суд во ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а ...
Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата како премиер кој не направил ништо за државата и граѓаните, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање при посетата на кочанското село Грдовци Тој посочи дека премиерот Мицкоски упорно го спинува ставот на СДСМ во однос на Законот за влада, обидувајќи се да создаде погрешна перцепција во јавноста. Филипче нагласи дека Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата – ...
Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од поголема група малолетници во скопски Аеродром, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите го снимал нападот со мобилен телефон, соопшти полицијата. Случајот во СВР Скопје го пријавил неговиот татко, 54-годишен скопјанец, кој навел дека нападот се случил на 25 април околу 21 часот, додека неговиот син бил со петмина свои другари. Според пријавата, при инцидентот бил нападнат и ...
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје во среда поради посета на претседателот на Швајцарската конфедерација. „На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти МВР и ...
Денес, 27 април 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“ беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Блесок 26“. На настанот присуствуваа: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување-Грција генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис, ...
Триесет и двегодишен маж од Крушево почина по тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „ленд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен прилепчанец, и „опел вектра“ со крушевски таблички, управувано од 32-годишниот Н.З. од Крушево. Возачот на „опелот“ се здобил со тешки телесни повреди ...
СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за случајот „27 април“, обвинувајќи го дека јавно ја рехабилитира, како што велат, насилната банда која учествувала во упадот во Собранието во 2017 година. Од партијата оценуваат дека е срамна и опасна ревизија на фактите тоа што Мицкоски случајот го нарекол политички монтиран и тврдел дека невини луѓе биле прогласени за терористи. „27 април беше организиран обид за државен удар во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати пред собраниската Комисија за надворешни работи, истакнувајќи дека надворешната политика не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, туку мора да претставува јасна државна линија заснована на најширок можен политички консензус. Во своето обраќање, министерот нагласи дека во периодот 2024–2026 е направена суштинска трансформација на македонската ...
Од денеска започнува издавањето на новите бугарски пасоши, соопшти министерот за внатрешни работи Емил Дечев, јавува БГНЕС. Тој го отвори новиот Центар за персонализација на бугарските лични документи – проект на Министерството за внатрешни работи започнат во 2022 година. „Денес гледаме позитивен пример како различни влади работеле за постигнување на една важна цел“, изјави Дечев. Со новиот центар се воведува централизирана персонализација на ...
ВЛЕН ја отфрли денешната иницијатива на ДУИ за собирање потписи за уставни измени, оценувајќи дека станува збор за „несериозна и самосаботирачка“ постапка која, според коалицијата, повеќе наликува на пародија отколку на сериозна политичка иницијатива. Во реакцијата, ВЛЕН наведе дека ДУИ „ја навредува ЕУ и Албанците“ кога Блерим Беџети зборува за европски вредности, обвинувајќи го за политики спротивни на европските принципи во периодот кога ...
Растот на реалните плати во Бугарија достигнал 37,4% во периодот 2020–2025, што ја става земјата на прво место во Европската унија по овој показател, според податоци на Евростат обработени од Евроњуз, пренесува БГНЕС. Во истиот период, просечната бруто часова плата во ЕУ пораснала од 21,5 на 26,2 евра (+21,9%), но инфлацијата од 25,6% довела до реален пад на платите од околу 3% на ниво на Унијата. По Бугарија следуваат Србија (25,4%), ...
Новиот парламентарен состав на бугарското Народно собрание ќе биде свикан на 30 април во 10 часот, ова го соопшти бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува БГНЕС. Веднаш по тоа ќе започне постапката за формирање влада. „Ќе се движиме според уставните одредби“, изјави Јотова, додавајќи дека ќе се земат предвид мајските празници. „Убедена сум дека ќе видиме нов, сосема поинаков парламент“, рече таа, нагласувајќи дека очекува „храбри и ...
Пратениците од Европскиот фронт денеска во Собранието најавија иницијатива за собирање пратенички потписи за отворање постапка за уставни измени. Како што изјави Блерим Беџети од ДУИ, иницијативата се темели на уставната можност предлог за измена на Уставот да поднесат најмалку 30 пратеници. Тој упати повик до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат иницијативата, оценувајќи дека станува збор за клучен чекор за ...
Јане Ченто, еден од осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, заедно со дел од обвинетите кои подоцна беа амнестирани, поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка, Вилма Русковска до Јавното обвинителство. Пријавата се однесува на сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба во постапката за случајот „27 април“. Ченто изјави дека до обвинителството доставиле докази кои, според него, ...