Повеќе од 200 граѓани вечерта на 25 јуни се собраа на плоштадот пред Културниот центар во Цариброд за да му дадат поддршка на Александар Васов и да испратат јасна порака дека во овој град нема место за говор на омраза и за меѓуетнички поделби, јавува ФАР.рс. Собирот беше организиран по обвинувањата што во изминатите денови беа упатени кон Васов во одредени медиуми блиски до власта. Граѓани и претставници на различни групи и организации од ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе положија и претставници на Град Скопје, во ...

Русија во текот на ноќта изврши балистички напад врз Киев, при што беше погодена и станбена зграда, соопштија украинските власти. Нападот следуваше само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои опасност од нов масовен ракетен удар врз главниот град. Според украинските медиуми, околу 00:23 часот по локално време во Киев одекнале повеќе експлозии, а непосредно пред тоа украинското воено воздухопловство ...

Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...

Ви го претставуваме документарниот филм на бугарскиот новинар Иво Иванов и нашиот редовен колумнист Владимир Перев, снимен пред 25 години и посветен на хероите кои пред 119 години, на 14 јули 1907 г. останaле засекогаш на врвот „Ножот“. Христо Силјанов ги нарекол овие млади момчиња „витезите на Ножот“ и во нивна чест ги напишал безвременските зборови: „Тивко е на Ножот“, од своја страна пак авторите на документарецот ќе додадат „верувајте, на ...

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече ...

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...

Летната школа по словенска палеографија „Кирилометодиевско наследство: Кирилицата во средновековните јужнословенски земји“ ќе се одржи во Софија од 27 јули до 2 август, соопштија од Кирилометодиевскиот научен центар кон Бугарската академија на науките (БАН), кој е еден од коорганизаторите на иницијативата, пренесува БТА. Годинава ќе се одржи третото издание на летната школа. Секојдневните активности ќе се реализираат во неколку академски ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Иван Николов/БГНЕС На 8 јули 2026 година, Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за извештајот на Европската комисија за Србија за 2025 година, со 468 гласа „за“, 116 „против“ и 79 „воздржани“. Главните акценти во Резолуцијата се правата на малцинствата, демократијата, владеењето на правото и надворешната политика. Но, не само тоа. Внимателната анализа на Резолуцијата покажува дека таа, всушност, претставува силна европска порака до ...

Партијата на Бугарите во Србија реагираше на колумната на пратеникот и висок функционер на Српската напредна партија, Небојша Бакарец, оценувајќи дека тврдењата изнесени против Александар Васов од Цариброд се неосновани, политички мотивирани и потенцијално опасни за безбедноста на поединецот и за меѓуетничките односи, јавува Фар.рс. Во соопштението се наведува дека Бакарец го претставил Александар Васов како „великобугарски сепаратист“, кој ...

Во Цариброд, на 25 јули (сабота), ќе се одржи собир за поддршка на Александар Васов. Собирот е закажан за 18:30 часот на плоштадот пред Центарот за култура, јавува Фар.рс. Организаторите порачуваат дека нема да дозволат обиди за разгорување меѓуетнички поделби и ширење омраза. Собирот се организира по објавувањето на, како што наведуваат организаторите, невистинити тврдења и клевети на сметка на Александар Васов во одделни медиуми блиски до ...

Оловен печат на цар Симеон е пронајден за време на археолошки истражувања на манастирот на Георги Синкел во старата бугарска престолнина Велики Преслав, јавува БТА. На едната страна од печатот е прикажана Богородица со ореол и медалјон со ликот на Младенецот, со натписи на грчки јазик. На другата страна е претставен владетелот со круна и владетелска облека, со кугла со крст и царскиот знак лабарум. Кружниот натпис во превод гласи: „На Симеон ...

Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше телефонски со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт. Меѓу главните теми биле енергетската диверзификација во Југоисточна Европа преку подобрување на поврзаноста, изградбата на Вертикалниот гасен коридор и проектот за нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“ со технологија од САД, јавува прес-центарот на бугарската Влада. Радев и Рајт разговарале и за изградба на големи центри за ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети ...

Новата унгарска влада предводена од премиерот Петер Маѓар започна институционална истрага за заемот од една милијарда евра што државната Ексимбанка ѝ го одобри на Северна Македонија за време на претходната влада на Виктор Орбан. Според Маѓар, предмет на проверка се условите под кои бил одобрен кредитот, економската оправданост на трансакцијата и можната злоупотреба на државни средства, пишува CIVILMEDIA. Премиерот Петер Маѓар соопшти дека ...

Никица Корубин Постои тема, која е клучна во секоја демократија, која функционира врз база на индивидуалната одлука на граѓаните – а, тоа е точната и навремена информација, односно вистината. Од неа зависи ставот на граѓаните, која како таква – како вистина – се подразбира дека треба да дојде од секоја форма на институционалност, но особено од оние кои постојат за пренесување на информациите, а тоа се медиумите. Но, информации како вистина, ...

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што велат, ...

Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до ...

Командантот на бугарските Военовоздухопловни сили, генерал-мајор Николај Русев, и офицери од 3. воздухопловна база на 23 јули 2026 година ја посетија 86. воздухопловна база Фетешти во Романија. Русев разговараше со командантот на базата, бригадниот генерал д-р Јулијан Пациља, за идна соработка при обуката на бугарски пилоти и инженерско-технички персонал за користење авиони F-16. Делегацијата го посети и Европскиот центар за обука на пилоти ...

Бугарската актерка номинирана за „Оскар“, Марија Бакалова, се приклучи на иницијативата на Министерството за туризам за промоција на Бугарија во светот. На средба со министерот за туризам, д-р Илин Димитров, таа ја прифати поканата да стане амбасадорка на бугарскиот туризам и да ги претставува своите омилени места и доживувања, јавува Актуално. Бакалова истакна дека е особено воодушевена од бугарските рози и традицијата на берење рози, кои ќе ...

Бугарската православна црковна општина „Св. Седмочисленици“ во Рим доби ново постојано место за богослужба. На 16 јули, во Викаријатот на Рим, беше потпишана конвенција за литургиско користење на храмот „Св. Георгиј и англиските маченици“, во институтот „Mater Dei“, објави бугарската редакција на Радио Ватикан, пренесува БТА. Документот, подготвен по повеќе од три години преговори, го потпишаа Конгрегацијата на сиромашните служителки на ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...

Здружението на граѓани „Емблема“ од Цариброд изрази сериозна загриженост поради јавно изнесените обвинувања во медиумите против Александар Васов — музичар, земјоделец, еколошки активист и ветеринар од Цариброд, јавува Фар.рс. Од здружението најостро го осудија, како што наведуваат, говорот на омраза со кој националната припадност и културниот идентитет се користат како основа за доведување во прашање на лојалноста на еден граѓанин кон ...

Со свеченост беше одбележана петгодишнината од приемот на воениот научноистражувачки брод НИК 421 „Св. св. Кирил и Методиј“ во составот на бугарското Високо военоморско училиште. За пет години бродот поминал речиси 100.000 наутички милји и реализирал четири експедиции на Антарктикот, јавува Армимедија. НИК 421 обезбедувал логистичка поддршка за бугарските поларни истражувачи, придонел за целосно обновување на бугарската антарктичка база и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.33
43%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
6.0
55%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.8
75%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.22
46%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
45%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.0
87%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.39
39%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.68
52%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.96
37%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
64%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
0.89
45%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.34

Родиум

278103.96

Злато

141498.65

Кобалт

56.29

Сребро

2102.98

Бакар

13.36

Платина

56328.11

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Паладиум

43853.62

Калај

56.16