За време на меѓународна воена тактичка вежба на полигонот „Корен“ во Бугарија одржана од Втора тунџанска бригада на бугарските копнени сили за првпат беа употребени бугарски беспилотни летала за разузнавање и означување цели, баражна муниција и антидрон-систем, јавува Армимедија. Меѓу новите средства е системот ТЕРЕС-02, составен од копнена станица и летало со камера за дневно и ноќно набљудување. Леталото има плафон од 4,5 километри, распон ...

Проф. д-р Спас Ташев/ИИНЧ-БАН / ЈЗУ „Неофит Рилски“, Благоевград Историјата не може да се пишува само врз основа на агентурните извештаи на Државната безбедност Во еден софиски весник беше објавен текст со сензационалниот наслов „Валканите тајни на бугарската историја: Досието „Главорез“ на ДС – Иван Михајлов избегал од Бугарија скриен во ковчег“. Публикацијата се повикува на различни полициски и оперативни документи – службени извештаи, ...

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...

Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк Фест Скопје 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место. „Честитки ...

СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...

Во Пловдив на 2 август, во 10 часот, свечено ќе биде одбележан споменот на хероите загинати во Илинденско-Преображенското востание, кое започнало на истиот датум во 1903 година, јавува локалниот весник Марица. Церемонијата ќе се одржи пред споменикот на Бугарите од Источна и Западна Тракија и Егејска Македонија, загинати во националноослободителните борби и војните за Бугарија. Споменикот се наоѓа во реонот „Јужен“, во градината покрај ...

Од 24 до 26 јули, бугарскиот град Пловдив ќе биде домаќин на фестивалот Hills of Rock, кој со години привлекува десетици илјади љубители на рок музиката, јавува Радио Бугарија. На фестивалот, кој се одржува само неколку дена по првото издание на PHILLGOOD, ќе настапат речиси 50 меѓународни и бугарски групи. Меѓу нив се Marilyn Manson, Of Mice and Men, Vended, Godsmack, Black Label Society, Nothing More, Karen Dio, Electric Callboy, Lamb of ...

Д-р Валентина Александрова-Кирова и Маргарита Русанова подготвија подобрено второ издание на учебниот прирачник „Нашата Бугарија“ за учениците од трето и четврто одделение во бугарските неделни училишта во странство, јавува Радио Бугарија. Прирачникот е адаптирана замена за учебникот по предметот „Човекот и општеството“ и е приспособен на ограничениот број часови и потребите на децата што растат во различна јазична и културна средина. Покрај ...

Рекордни 152 од вкупно 255 ученици ја завршија со одличен успех националната програма „Обука за ИТ-вештини и кариера“ на бугарското Министерство за образование и наука. Од нив, 23 се дипломирале со највисока оценка 6,00. На свеченоста беа наградени и 10 наставници и универзитетски професори, јавува 24 часа. „Среќна сум што стојам пред млади луѓе кои избрале да ги надградат своите вештини и да имаат поголем избор при градењето кариера“, изјави ...

Бугарија е пример за толеранција, заемно почитување и разбирање меѓу верските заедници, а активен придонес кон тоа има и работата на Главното муфтиство во земјата. Ова го изјави премиерот Румен Радев на средбата со новоизбраниот главен муфтија на муслиманите во Бугарија, д-р Ахмед Хасанов, јавува БГНЕС. Радев истакна дека добрите односи се засноваат врз цврстите темели на традиционалниот ислам и врз заедничките вредности на муслиманите и ...

Анализа на БГНЕС Одбивањето на Северна Македонија да ги исполни условите содржани во Францускиот предлог од 2022 година, усвоен од Советот на Европската Унија и одобрен од македонското Собрание, претставува критичен момент во поновата историја на земјата. Блокирањето на европската интеграција поради одбивањето бугарската заедница да биде внесена во Уставот ќе има сериозни последици врз државноста, економијата и внатрешнополитичката стабилност ...

Претставникот на „Рајнметал“, Паскал Шрајер, по средбата со бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека германската компанија планира да ја продлабочи соработката со Бугарија и активно да работи на основање заеднички претпријатија, јавува БГНЕС. На разговорот присуствувал и вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија, Александар Пулев. „Би сакал да им се заблагодарам на премиерот и на вицепремиерот за поканата. Водевме ...

Техничкиот проект за изградба на осумте километри од патот што недостигаат меѓу Струмјани и граничниот премин „Клепало“ се очекува да биде готов во рок од еден месец. Потоа треба да почнат активностите за изградба на преминот и целокупната пристапна инфраструктура. Ова во Благоевград го соопшти заменик-министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Десислава Георгиева, пренесува БГНЕС. Таа потсети дека во април биле одобрени ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...

ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во РС Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...

Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во РС Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде ...

Бугарскиот пасош зазема повисока позиција во меѓународното рангирање за мобилност од пасошите на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците од глобалниот индекс за моќност на пасошите, објавени од „Гардијан“, пренесува Актуално. Бугарските граѓани можат да патуваат до повеќе дестинации без претходно издадена виза или со олеснети процедури, со што земјата се вбројува меѓу државите со најголема слобода на ...

Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...

Четвртиот концерт од серијата „Вечери на бугарската култура“ се одржа во албанскиот град Драч, со што заврши културната програма реализирана во текот на летото, соопшти Амбасадата на Бугарија во Албанија на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА. Фестивалот го организира бугарскиот кореограф и долгогодишен фолклорен деец Џејљан Демирев, поранешен главен уметнички раководител и кореограф на Северњашкиот ансамбл за народни песни и танци во ...

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

Бугарија работи на зацврстување на своето место во реиндустријализацијата на Европа и на развој на иновативна економија со висока додадена вредност. Ова го изјави премиерот Румен Радев на средбата со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева, соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Радев ја истакна амбицијата на Бугарија за индустриска и технолошка конвергенција во Европската Унија и за обезбедување ...

До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...

Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.33
43%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
6.0
55%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.8
75%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.22
46%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
45%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.0
87%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.39
39%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.68
52%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.96
37%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
64%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
0.89
45%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Иридиум

252383.36

Калај

56.16

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.34

Бакар

13.36

Цинк

0.00

Платина

56328.11

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

2102.98

Паладиум

43853.62

Злато

141498.65