Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Првите 12 електрични возови „Корадија стрим“ (Coradia Stream) на францускиот производител „Алстом“, наменети за Бугарија, успешно ги минаа постапките за прием во земјата, соопшти денеска компанијата, јавува БТА, пренесува Радио Бугарија. Од „Алстом“ оценуваат дека тоа претставува важен чекор во реализацијата на проектот за испорака на 35 нови електрични меѓуградски возови за Бугарија. Десет од композициите веќе се наоѓаат во депото на ...
Младинскиот оркестар на Европската Унија, во чиј состав настапуваат и тројца млади бугарски музичари, одржа концерт на 3 август во Концертхаус Берлин, соопшти Амбасадата на Бугарија во Германија на својата страница на Фејсбук, пренесува Радио Бугарија. Во оркестарот учествуваат Јана Местдаг, Антон Георгиев и Вероника Венчарска, кои, како што велат од дипломатската мисија, достојно ја претставиле Бугарија. „Горди сме на младите бугарски ...
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд За време на одбележувањето на 150-та годишнина од Априлското востание не еднаш стана збор за учеството на Бугарите од Македонија во тие настани. На оваа тема беше посветена националната научна конференција „Априлското востание и националноослободителните борби на Бугарите во Македонија“, одржана во Разлог на 14 и 15 мај. Нејзини организатори беа Македонскиот научен институт, Фондацијата „Васил Левски“, ...
Со свечено собрание-концерт на 8 август во Варна ќе биде одбележана 147-годишнината од основањето на Военоморските сили на Бугарија, соопшти Министерството за одбрана, пренесува БТА. Свеченоста ќе почне во 18:00 часот во Фестивалскиот и конгресен центар во Варна. На припадниците на морнарицата ќе им се обратат заменик-министерката за одбрана на Бугарија Катерина Граматикова-Иванова и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов. За време на ...
Загадувањето на водата за пиење во градот Гостивар во Република Северна Македонија доведе до физичка пресметка со млади лица во Ново Село, недалеку од Струмица, јавува БГНЕС. Тешкиот инцидент кај Струмица потсетува на методите на режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој користи насилство против своите противници. Нападот врз активисти на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) се случил за време на посетата на ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази „сериозна загриженост“ откако Основниот суд во Кочани повторно го одби барањето на Ива Михаилова да се лекува надвор од Република Северна Македонија. „Денеска, 7 август, Основниот суд – Кочани повторно донесе негативна одлука, Ива Михаилова да го спроведе потребното лекување“, се наведува во соопштението на бугарското МНР Како што се наведува во соопштението, веќе повеќе од половина ...
Бугарија и во мај останала земја со најголем годишен раст на производството на услуги во Европската Унија, покажуваат најновите податоци на Евростат, јавува Actualno. Обемот на производството во бугарскиот услужен сектор, без финансиските и јавните услуги, се зголемил за 8,1 отсто во однос на мај минатата година. Растот е понизок од априлските 9,3 отсто, кога Бугарија исто така беше на првото место во ЕУ и го забележа највисокиот годишен раст ...
Дванаесетгодишната Ана-Марија и нејзиниот брат Теодор, ученици во бугарското училиште „Дора Габе“ во Минхен, се меѓу наградените на традиционалните творечки конкурси на Извршната агенција за Бугарите во странство, јавува БГНЕС. На конкурсите годинава учествувале повеќе од 1.000 деца и млади од бугарските заедници ширум светот. Победниците беа наградени на свеченост во Националната палата на децата во Софија. Ана-Марија го освои третото место ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. „Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони ...
Доколку Исланд на референдумот на 29 август гласа за повторно отворање на преговорите за членство во Европската Унија, земјата и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Унијата, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати. Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави за „Политико“ дека Исланд е „посебен случај“, бидејќи веќе е членка на Европскиот економски простор и на Шенген. Според неа, доколку ...
Бугарија учествувала со 0,6 отсто во вкупното економско производство на Европската Унија во 2025 година, со што се наоѓа на 19. место меѓу земјите членки според големината на бруто-домашниот производ, покажуваат најновите податоци на Евростат, пренесува 24 часа. Бугарскиот БДП достигнал речиси 116,02 милијарди евра во 2025 година, наспроти 32,46 милијарди евра во 2007 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ. Тоа претставува номинален раст од ...
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 отсто од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Тој на прес-конференција рече дека, покрај јавниот долг, кој во вториот квартал во споредба со првиот се намалил на 58,8 отсто од БДП, намалување има и кај државниот долг. „На месечно ниво имаме ...
Симитли на 5 септември 2026 година по шести пат ќе биде домаќин на Националниот фолклорен фестивал „Со леб, вино и песна“, кој ќе се одржи на плоштадот „Септември“, соопшти Општина Симитли, пренесува Пиринско. На фестивалот ќе настапат машки и женски пејачки состави од различни делови на Бугарија, кои ќе претстават традиционални народни песни и обичаи. Настанот е дел од програмата по повод Денот на градот Симитли, кој се одбележува на 8 ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите. „Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти ...
Бугарија ќе ја претставуваат четворица ученици на Меѓународната олимпијада по информатика (IOI) 2026 во Узбекистан, соопшти Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT), пренесува БТА. На 7 август бугарската репрезентација отпатува за Узбекистан. Ден претходно националниот тим беше примен во INSAIT на покана на Илијан Јорданов, докторанд во институтот, главен ментор на репрезентацијата и член на Меѓународниот ...
На денешен ден во 1981 година, точно во 13:35 часот, од космодромот Плесецк со ракетата „Восток-2М“ беше лансиран првиот бугарски вештачки сателит „Интеркосмос-Бугарија-1300“, познат и како „Интеркосмос 22“ или „ИК-Б-1300“, пишува Actualno. Вселенскиот апарат бил проектиран и изграден од Централната лабораторија за вселенски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН), во рамките на програмата „Бугарија-1300“, посветена на ...
Бугарија бележи најголем раст во Европската Унија на буџетските средства за истражување и развој по жител во периодот 2015–2025 година, покажуваат прелиминарните податоци на Евростат, пренесува БГНЕС. Во 2025 година земјата предвидела 92,3 евра по жител за научноистражувачка и развојна дејност, наспроти 15,5 евра во 2015 година, што претставува раст од 495,5%. Вкупниот буџет за оваа намена се зголемил од 108,6 милиони евра на 593,9 милиони ...
Велислав Илиев/БГНЕС Од почетокот на војната во Украина, светската јавност се обедини околу ставот дека во дваесет и првиот век е недозволиво меѓународно призната држава да биде нападната од својот сосед. Кажано поинаку: светот не може да се управува според правото на посилниот. Претседателот Володимир Зеленски се претвори во симбол на украинскиот отпор против руската агресија. Во моменти кога воената помош за Киев беше доведувана во прашање, ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека „се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања“. „Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде ...
Бугарските ученици досега освоиле 68 медали на меѓународни олимпијади и натпревари по природни науки во тековната натпреварувачка сезона, а националните тимови треба да учествуваат на уште четири меѓународни олимпијади, јавува БНР. „На нашата држава ѝ се потребни талентирани, способни, образовани и одговорни млади луѓе“, изјави министерот за образование и наука на Бугарија проф. Георги В’лчев, обраќајќи им се на учениците кои освоија медали ...
Британското издание „Метро“ ја вбројува Софија меѓу најдобрите европски дестинации за туристи кои бараат пристапни цени, богато културно наследство, добра храна и можности за одмор во природа, оценувајќи ја бугарската престолнина како „најпотценетата престолнина во Европа“, пренесува БГНЕС. Во публикацијата се наведува дека Софија сè уште ретко се наоѓа на листите на најпосетувани европски градови, но нуди комбинација од историја, природа и ...
Обласниот центар за бугарска култура во Болград, Украина, ќе ја организира иницијативата „60 секунди за Болград“, во чии рамки ќе се објавуваат кратки видеозаписи по повод 205-годишнината од основањето на градот. Материјалите ќе се примаат од 10 до 23 август, соопшти културната институција на својата страница на „Фејсбук“, пренесува БТА. Целта на иницијативата е преку лични приказни да бидат претставени историјата, културата и традициите на ...
Бугарија има голем потенцијал во областа на информатичките технологии и вештачката интелигенција, а бизнис-секторот ги препознава овие перспективи, изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува БНР. Таа ова го истакнала на средба со тимот на водечка ИТ-компанија, која развива и обезбедува информатичко-технолошки решенија за неколку оддели на германската групација „Шварц“. Јотова нагласила дека развојот на технолошките капацитети ...
Воените воздухопловства на Бугарија, Романија и Кралството Шпанија потпишаа тристран технички договор за спроведување прекугранични операции за заштита на воздушниот простор во рамките на мисијата „Ер полисинг“ на НАТО, јавува бугарското Министерство за одбрана. Договорот овозможува дежурни борбени авиони од трета земја, во конкретниот случај од Шпанија, да се вклучат во прекугранични операции за воздушно патролирање. Документот е потпишан ...
Скриено во подножјето на Источните Родопи, селото Мандрица, во општина Ивајловград, е единственото албанско село во Бугарија. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од градот Ивајловград, во непосредна близина на границата со Грција, и е сместено меѓу две реки – Бела Река и Луда Река, пишува БТА. Селото е дел од „соѕвездие“ од населби во Одринска Тракија, кои некогаш биле основани од Албанци, а сите други денес се наоѓаат на територијата на ...
Џабир Дерала/ Civil media Јули 2026 година донесе нови настани, некои од нив и крајно вознемирувачки, но не донесе ништо суштински ново во тоа како се однесуваат политичарите, олигарсите, медиумите и општеството. И, за жал, донесе уште докази дека политиката не функционира во служба на јавниот интерес, туку во служба на моќниците. Во операција што ја најавуваше од ноември минатата година, девет месеци подоцна, владата се (пре)породи. Д-р ...
Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за експремиерот, Никола Груевски, за случајот „Талир 2“. Кривичниот суд изрече ослободителна пресуда за Груевски, обвинет во случајот „Талир 2“, за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Овој случај застарува на крајот на август. Пред три години Кривичниот суд пресуди шест години затвор за Груевски и условна казна за Кирил Божиновски. Беше наложена и конфискација на ...
„Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, „кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО“. Филипче во изјавата нагласи дека „младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи“. „Беа нападнати млади деца. ...
Деница Китанова/Актуално „Српскиот свет“ подготвува иницијатива за поставување споменик „Мајка Македонија“ во српскиот град Нови Сад. Станува збор за бронзена скулптура на жена во традиционална македонска носија со две деца. Планот е едното дете да биде свртено кон Србија, а другото кон Северна Македонија, пренесе македонското издание „Рацин“. Скулптурата ќе биде висока два метра и ќе биде поставена на постамент од околу 40 сантиметри, а ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана. „Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа ...