
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има намера да купи значителен дел од акциите на Валенсија и со тоа да стане мнозински сопственик на клубот од „Месталја“, пренесува „Фут Меркато“. Истиот извор додава дека актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим е подготвен да му го продаде на Роналдо мнозинскиот пакет акции во поранешниот шпански шампион и дека целата трансакција би можела да биде официјализирана до крајот на сезоната. Се ...
Манчестер сити започнаа со реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Клубот потроши повеќе од 200 милиони евра за трансферите на четворица фудбалери. Според медиумите реконструкцијата ќе заврши во летниот преоден рок. Пеп Гвардиола на пазарот бара плејмејкер, некој што ќе ја преземе улогата на Кевин Де Брујне кој ќе го напушти клубот. На „Етихад“ не кријат дека прва желба е играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Проблем за Сити е ...
Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња. Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси. „Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон. Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на ...
Лука Дончиќ го одигра својот прв натпревар со Лос Анџелес Лејкерс против Далас Маверикс, клубот во кој ја започна НБА кариерата и каде што стана миленик на навивачите. Словенецот го заврши натпреварот со 19 поени, 15 скока, 12 асистенции, три блокади и две украдени топки, а Лејкерси победија со 107:99. Дончиќ не ја пропушти можноста да им се сити на луѓето кои решија да го трампаат. На загревањето пред натпреварот почна да прави склекови ...
Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1. Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси. MESSIIIIIIII 🐐😱 What a goal for ...
Фудбалскиот клуб Ливерпул по завршувањето на сезоната 2025/2026 ќе го смени спонзорот. Ливерпул нема да го продолжи договорот со компанијата за спортска опрема „Најки“. Според актуелниот договор со „Најки“, Ливерпул добива фиксна сума од 30.000.000 фунти по сезона, плус 20 отсто провизија од нето продажбата на клупската стока, со што вкупниот износ е над 60.000.000 фунти годишно. Американската компанија ќе му исплати на клубот 2.500.000 фунти ...
Марио Лопез, поранешен тренер на шпанската женска кошаркарска репрезентација, е осуден на 13 ипол години затвор поради злоупотреба на малолетно девојче. Како што е наведено во пресудата, Лопез, кој сега има 57 години, силувал девојка 18 години помлада од него во 1998 година, кога имал 31 година, во период од три ипол години. Според шпанските медиуми, злоупотребата се случила во текот на околу 50 состаноци на кои тој ја малтретирал на различни ...
Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 4:4 на „Монжуик“ во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј. Тимовите приредија вистински спектакл. Атлетико водеше 0:2, Барселона направи целосен пресврт за 4.2, на крајот мечот заврши без победник. Тренерот на Барселона, Ханси Флик проговори за натпреварот во кој неговите играчи пропуштија голема шанса да остварат предност пред реванѓот во Мадрид. „Горд сум на овој натпревар, но морам да ...
Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на неговиот довчерашен тим Далас Маверикс 107:99. Словенецот, кој го држи рекордот на Далас по вкупен број на трипл-дабл (89, од кои 10 во плеј-офот) и постигнати поени по сезона, доби шанса на дело да покаже колку им недостасува на Маверикс. „Кошаркарскиот бизнис може да биде шокантен, а овој (потег) го потресе светот“. „Сепак, мора да продолжите понатаму… Ја заврши работата, ...
Интер се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако го совлада Лацио со 2-0 (1-0) на „Џузепе Меаца. „Нероаѕурите“ во полуфиналето ќе играат против градскиот ривал Милан. Клучен момент за победата на Интер беше 39. минута. Тогаш австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со прекрасен волеј му донесе водство на својот тим. Точка на мечот стави Хакан Чалханоглу од пенал на 15 минути до крајот на натпреварот. . Интер игра одлично пред своите ...
Фудбалерите на Челзи убедливо го совладаа Саутемптон со 4:0 (3:0), во 27.коло во Премиер лигата. Без сомнение, Челзи го забележа најлесниот триумф сезонава, против најслабиот тим во лигата. Серијата на „Стемфорд Бриџ“ ја отвори Кристофер Нкунку во 24. минута, а по 12 минути Нето го удвои водството за сините. На минута пред паузата Колвил зголеми на 3:0, а во вториот дел Марк Кукуреља стави точка на натпреварот во 78. минута. Челзи повторно ...
Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4. На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот. Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. ...
Францускиот ракометар Лука Карабатиќ објави дека ставил крај на репрезентативната кариера. Карабатиќ (36) со француската репрезентација има освоено десет медали на големите натпреварувања, од кои пет златни. Во моментов е член на Пари Сен Жермен. „По Олимпијадата дојде до смена на генерацијата, а кога се вратив на тренинзите по мојата повреда во ноември 2024 година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Тоа ме натера да се преиспитам. ...
Кевин Де Бујне (33), еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и легенда на Манчестер сити, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч, објави „Скај Спорт“. Белгиецот кој во Сити пристигна во 2015 година за 76 милиони евра, одби да го продолжи договорот со клубот. Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет ...
Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата. Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството. „Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“. Арсенал во среда гостува ...
Џан Пјеро Гасперини (67) нема да го продолжи договорот со Аталанта. Искусниот тренер го предводи клубот од Бергамо од 2016 година. Под негово водство, тимот постојано е меѓу најдобрите во италијанскиот фудбал, редовен учесник во европските купови. Во Серија А еднаш беа втори, три пати трети и двапати четврти. Најлошиот финиш на Аталанта под водство на Гасперини беше во сезоната 2021/22, кога беа осми. Минатата сезона беше најуспешна за нив, ...
Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми. „Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине во Турција. Влаховиќ ...
Фото/ rkalkaloid.mk Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп. Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март. Четвртфинални двојки: Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија) АЕК (Грција) – Партизан (Србија) Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд ...
Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се осврна на обвинувањата од Мадрид дека судиите работат против Реал, во интервју за шпанскиот весник „АС“. Тебас рече дека станува збор за агресивна кампања и дека Реал преку клупската телевизија манипулира си луѓето. Тебас рече и дека другите клубови сметаат дека употребата на ВАР технолигијата најмногу профитираат Реал и Барселона. Освен што го критикуваше Реал, Тебас го кажа и своето мислење за начинот ...
Сержо Консеисао, тренерот на Милан, би можел да добие отказ доколку неговиот тим не ги добие натпреварите против Болоња и Лацио оваа недела, објавија медиумите на Апенинскиот полуостров. „Росонерите“, откако беа елиминирани во Лигата на шампионите од Феенорд, викендов доживеаја нов студен туш. Во саботата загубија на гостувањето кај Торино со 2:1. Ова уште повеќе им ја отежна ситуацијата кога е во прашање борбата за позициите кои водат во ...
Виктор Осимен е прв избор на тренерот Рубен Аморим за нов напаѓач на Манчестер јунајтед. Последните информации велат дека работата е речиси завршена и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го стави својот потпис на договорот со великанот од „Олд Трафорд“. Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување. Парите за трансферот треба да ги обезбеди „Инеос“ компанијата на ...
Шкотскиот менаџер Бери Фергусон (47) е назначен за привремен менаџер на Ренџерс, соопшти клубот од Глазгов. Фергусон, како наследник на Филип Клемент, кој беше разрешен по серија лоши резултати, ќе ги предводи „полицајците“ до крајот на сезоната. На крајот од сезоната клупските челници ќе донесат одлука дали Фергусон ќе добие долгорочна шанса или ќе биде именуван нов тренер. Ренџерс практично ги загуби шансите за освојување на титулата по ...
Лионел Меси и Интер Мајами минатата недела го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ. Натпреварот беше под голем лупа и поради тоа што се играше на температура од -16°C, а со налети на ветер вистинското чувство на студ беше -24°C. Натпревар беше тема и поради гавниот судија Марко Антонио Ортиз Нава. Мексиканскиот судија од КОНКАКАФ доби шест месечна суспензија, бидејќи побарал ...
Пеп Гвардиола, во јануари ја започна реконструкцијата на Манчестер сити. Донесе четворица нови играчи, а во летниот преоден рок се очекуваа уште неколку нови играчи и нов голман. „Футмеркато“, тврди дека Гвардиола нашол замена за Едерсон и дека тоа е голманот на Порто, Диого Коста. Се додава дека преговорите се веќе започнати. Коста има откупна клаузула во договорот со Порто за сума од 75.000.000 евра. Португалецот ги мина сите младински ...
Минесота Тимбервулвс со спектакуларен пресврт и едно продолжение забележаа победа во Оклахома 131:128. „Шумските волци“ на теренот на лидерот во НБА лигата, направија еден од најголемите пресврти оваа сезона. Во еден момент кошаркарите на Минесота беа на -25, а во последната четвртина влегоа со негатива од 22 поени. Последниот период го одиграа брилинантно го добија со 41:19 и се изборија за продолженија. Во дополнителните пет минути Шеј ...
Кошаркарите на Денвер ја совладаа Индијана со 125:116 во Индијанаполис. Никола Јокиќ на овој натпревар имаше повеќе асистенции отколку поени (18), а му недостигаше скок за трипл-дабл учинок. Никола Јокиќ против Индијана забележа 19 асистенции што е негов личен рекорд во НБА лигата. Вавата игра на актуелниот МВП придонесе шест играчи од тимот на Мајкл Мелоун да постигнат двоцифрен број на поени. Најдобар стрелец беше Арон Гордон (25), го следеа ...
Големото дерби на турскиот фудбал заврши без победник, 0:0. На крајот резултатот повеќе му одговараше на Галатасарај, кој ја задржа предноста од шест бода пред најголемиот ривал, Фенербахче Резултатот, а и играта во дербито беа разочарувачки, мрежите останаа мирни. Фенербахче за нијанса беа подобри на теренот но тоа не успеа да го материјализира. Претходно, челниците на турската суперлига, на барање на Фенербахче, го делегираа Словенецот ...
Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд. Причината за ова е поради тоа што неговото опоравување од повредата е продолжено, објави неговиот тим Априлија. Мартин се здоби со повеќе скршеници на раката и стапалото во несреќа што ја доживеа на почетокот на овој месец за време на предсезонските тестирања на патеката Сепанг во Малезија. На негово место, тест возачот на тимот, ...
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Македонската кошаракраска репрезентација со победа над Полска 88:74 (26:19, 19:20, 22:26, 21:19) ги заврши неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство. Македонија квалификициите ги заврши на третото место во групата со две победи (двете над Полска) и четири порази. Од групата пласман на ЕП изборија Литванија, Естонија и Полска како коорганизаторо на првенството. За крај на Македонија одигра добар ...
Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, во плејофот ќе влезе од првата позиција пред Вардар и вечерашниот ривал. Пелистер на Алкалоид му покажа кој е актуелен шампион. Наметна ритам кој играчите на Алкалоид не можеа да го следат. Фуризоно отвори Пелистер со 5:1, набргу стекна предност и од пет ...