Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик. Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во ...
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс. Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“. Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата. Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите. „Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат ...
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец. Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро. Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од ...
Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, учествувал во сообраќајна несреќи, но не е повреден и, според планот, ќе учествува на предсезонскиот тест на Формула 1 оваа недела во Бахреин. Непосредно пред да замине за Бахреин, Антонели доживеал несреќа на патот во Серавале. Според извештајот на сообраќајната полиција, неговиот автомобил излигал на патот, удрил во заштитната ограда. Во сообраќајната несреќа не биле вклучени други возила. ...
Раул Гонзалез, селектор на ракометната репрезентација на Србија, ќе стане тренер на Партизан на крајот од сезоната, дознава „Моцарт спорт“. „Црно-белите“ ќе се разделат со Ѓорѓе Чирковиќ по три сезони, а него ќе го наследи шпанскиот стручњак. Европскиот првак со Вардар и поранешен селектор на Македонија, според овој извор договорил двегодишна соработка со Партизан, односно до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на ...
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина. Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот. Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86). Фото/ МОК ...
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис. Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен ...
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници. Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех. Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го ...
Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс требаше да биде еден од подобрите натпревари изминатата ноќ, со оглед на тоа што Шарлот влезе во натпреварот со девет последователни победи, додека Детроит е на првото место во Источната конференција. Сето тоа падна во втор план поради големата тепачка што се случи во текот на третата четвртина и целосно го обележа натпреварот. Инцидентот се случи на малку повеќе од седум минути пред ...
Иако Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл во својата богата кариера, Денвер Нагетс беа поразени од Кливленд Кавалирс со 119:117 во драматична завршница во ноќта помеѓу понеделник и вторник. Нагетс го забележаа четвртиот пораз во последните пет натпревари, а Кливленд осмата победа на последните девет натпревари. Српскиот центар го заврши натпреварот со 22 поени, 14 скока и 11 асистенции, достигнувајќи го 183-от трипл-дабл во својата кариера, ...
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1. Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата. Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на ...
Кадилак, тим што од оваа сезона ќе се натпреварува во шампионатото на Формула 1 го претстави автомобилот со реклама на Супербоул. Во исто време, реплика на автомобил беше претставена на Тајмс Сквер во Њујорк. Промоццијата траеше околу 30 секунди и чинеше околу осум милиони долари. The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our season kicks off March 7th streaming on @AppleTV in the US. ...
Демијан Лилард сè уште не одиграл ниту една минута во тековната НБА сезона поради операција на Ахиловата тетива, но тоа не го спречи да биде учесник на претстојниот Ол-стар викенд. Организаторите го вклучија меѓу кандидатите за титулата најдобар шутер за три поени во лигата. Натпреварот во брзо шутирање тројки се одржува оваа сабота, во Лос Анџелес, а за искусниот плејмејкер на Портланд тоа ќе биде шести настап на глобално популарниот ...
Хулијан Алварез, напаѓачот на Атлетико Мадрид го продолжи голгетерскиот пост. Атлетико Мадрид загуби од Бетис со 0:1, а покрај резултатот, лоша вест е уште една лоѓа партија на Хулијан Алварез, поради што беше заменет по првото полувреме. Верувале или не, Алварез врза 16 натпревари без постигнат гол за Атлетико, последниот го постигна на 1 ноември против Севилја. Во Лигата на шампионите потоа постигна уште три гола, по еден против Ројал ...
Американскиот кошаркар Најџел Хејс-Дејвис разгледува понуди од Европа. МВП-то на Фајналфорот на Евролигата беше отпуштен во Милвоки и наскоро би можел да се врати на Стариот континент. Тој ја одби понудата од Панатинаикос, а во меѓувреме доби од Хапоел од Тел Авив. Се наведува дека има точно 24 часа да одговори на понуда вредна 10 милиони долари за договор од две и пол години. Покрај споменатите клубови, се споменува и Фенербахче, кој, ...
Процесот на избор на нов претседател на Барселона официјално започнува овој понеделник, а тоа исто така значи дека најавената оставка на Џоан Лапорта стапи на сила. Од една едноставна причина – да се започне кампања за реизбор. Барселона го објави ова во соопштение објавено пред неколку дена. Џоан Лапорта поднесе оставка од функцијата претседател за да може да започне кампања за реизбор. Лапорта, со помош на неколку директори од клубот, ќе ...
Реал Мадрид славеше на „Местаља“ во недела навечер со голотвите на Карерас и Мбапе и го задржа чекорот со Барселона. Наместо за триумфот, по натпреварот се зборува за капитенот на тимот, Дани Карвахал. Иако целосно се опорави од повредата, капитенот не добива минути на теренот од тренерот Алваро Арбелоа. Според шпанските медиуми, Арбелоа и Карвахал едвај комуницираат. Имено, по победата над Валенсија, Карвахал разговарал на теренот со ...
Голема победа оствари Манчестер Сити на „Енфилд“ против Ливерпул. „Граѓаните“ не само што успеаја да го задржат чекорот со водечкиот Арсенал, туку за прв пат по 89 години, забележа два триумфа против „Црвените“ во една сезона во Премиер лигата. Исто така, за прв пат од 2021 година, „граѓаните“ славеа на гостински терен. Стрелецот на голот за победа, Ерлинг Халанд, го стави судијата Крег Посон во преден план, поради ситуацијата што се селучи ...
Манчестер Сити го доби Ливерпул на „Ефилд“ во 25.коло во Премиер лигата, со 2:1 и остана во трката за шампионската титула. Сè што беше важно се случи во последните 20 минути од натпреварот. Ливерпул поведе во 74-та минута, но со голови во 84-та и 93-та минута, Сити направи пресврт и запиша три важни бода. Доминик Собослај постигна гол за водство на Ливерпул со моќен погодок од слободен удар со помош на стативата. Сити израмни по само десет ...
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км. Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0. Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер Нагетс над Чикаго (136:120). Во натпреварот против Чикаго, Јокиќ имаше 22 поени, 17 асистенции, 14 скока, четири блокади и една украдена топка. Србинот го забележа 182-от трипл-дабл кариерата, во регуларниот дел од сезоната, што го смести на второто место на „вечната“ листа. Тој го помина Оскар Робертсон, а сега пред него е само Расел Вестбрук (207). Следната ...
Сан Антонио Спарс ги победија Далас Маверикс со 138:125 во текот на изминатата ноќ. Спарс го добија дербито на Тексас против Далас, благодарение на „ненормалната“ игра на Стефон Касл, кој го заврши натпреварот со трипл-дабл од 40 поени, 12 скока, 12 асистенции и имаше дури 79 отсто шут од поле, односно 15/19. Единствениот играч кој имал 19 шутеви и над 75 проценти успех пред Касл е легендарниот Вилт Чемберлен. Касл е најмладиот играч што ...
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ја презема вината за лошите резултати. Њукасл, во Премиер лигата е во серија од три порази. Вчера, во судиското надополнување на времето, Њукасл загуби дома од Брентфорд со 2:3. „Ова е мојата сурова реалност. Мислам дека морам сериозно да размислам… Не за мојата посветеност, бидејќи немам причина да се сомневам во мојот труд, но мислам дека морам подобро да си ја работам работата“, рече Хау, кој – ако не добие ...
Фудбалскиот клуб Барселона се огласи со кратко соопштение, кое се однесува на она што каталонските медиуми го објавија пред четири месеци. „Фудбалскиот клуб Барселона објавува дека формално ја извести компанијата на Европската суперлига и клубовите дека го напушта проектот на Европската суперлига“. Со ова каталонскиот гигант стави крај на учеството во создавањето на затворено континентално натпреварување. Најбогатите европски клубови се ...
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната. Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната. Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција. Дејвис има важечки договор за следната сезона, ...
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд. Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку. Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0. ...
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната. Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки. Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, ...
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб. Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот. „Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата ...
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига. Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели. Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од ...