Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите. Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри. Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“. „АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има ...
Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од ...
Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид. Португалецот го почувствува тоа на своја кожа кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб, вчера на „Монжуик“. Фиго го гледаше поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите во живо од ВИП ложата. Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барса и покрај фактот дека ...
Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето. Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола. „Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и ...
Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот. Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1. „Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу ...
Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера. Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер ...
Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот. „Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири ...
Манчестер сити не успеа да победи во Монако, во второто коло во Лигата на шампионите. Бод на Монако му донесе поранешниот англиски репрезентативец Ерик Даер со гол од пенал во 90-та минута. Двата гола за Сити ги постигна Ерилнг Халанд. Норвежанецот го одигра јубилејниот 50-ти натпревар во Лигата на шампионите. Во исто време, тој постави рекорд за најмногу голови во првите 50 натпревари во елитното европско натпреварување. Со овие два против ...
Српскиот кошаркар и крилен центар на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се согласи да ја продолжи соработката со франшизата за уште четири години. Потпишувањето вреди дури 62,4 милиони долари, изјавија за ESPN неговите менаџери Џеф Шварц, Шон Кенеди и Џаред Муча од агенцијата „Excel Sports Management“. Јовиќ минатата сезона постигнуваше просек од 10,7 поени по натпревар – што е неговиот најдобар настап во неговата НБА кариера досега. Со потписот на ...
Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори. Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да ...
Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото. Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1. Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред. Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во ...
Foto/ EPA Јувентус и Манчестер сити во 90-та минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник. Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, покрај победата на ПСЖ ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим. На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол. Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во ...
Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл. Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност. Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и навивачите го дадоа својот глас и заеднички одлучија дека Џуд Белингам е најдобриот англиски фудбалер за сезоната 2024/2025. Веднаш зад него беа Деклан Рајс и Хари Кејн, што покажува дека конкуренцијата за оваа награда беше навистина голема. Тој одигра осум натпревари за националниот тим, а Англија избори промоција во А дивизијата на Лигата на нации. Покрај тоа, тој учествуваше и во квалификациските ...
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14). Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место. ...
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат тимот на Спортинг во 21:00 часот, а на дуелот од второто коло од Лигата на шампионите му претходеа тепачки низ улиците на Неапол. Хулиганите на италијанскиот клуб нападнаа група навивачи на португалскиот тим во елитното натпреварување, меѓутоа, како да не очекуваа жесток отпор од другата страна. Тепачката на улиците на италијанскиот град траеше неколку минути, а кога навивачите на Наполи проценија дека ...
Њукасл ја забележа првата, а Карабаг втората победа во Лигата на шампионите. Њукасл во Брисел го победи, Унион Сен Жилоа со 4:0, а Каранаг на домапен терен славеше во дуелот со Копенхаген 2:0. Во Брисел, црно-белите победија со 4:0, со головите на Волтемаде, Барнс и Гордон двапати од пенал. Фудбалерите на белгискиот првак Унион одиграа добар натпревар. Само во првото полувреме беа поагресивни од Њукасл и создадоа повеќе шанси во споредба со ...
Тимот на Мекларен може да ја освои шампионската титула на трката во недела за Големата награда на Сингапур. Мекларен можеше да ја освои шампионската титула кај конструкторите во 2025 година во Азербејџан, на градската патека во Баку, но го имаа најлошиот викенд во сезоната со освоени само шест бода. Тие победија на 12 трки во сезоната, седум пати возачите на папаја тимот беа на првите две позиции и со причина се први фаворити за освојување ...
Култниот стадион „Ла Ромареда“ во Сарагоса, дом на истоимениот фудбалски клуб, е срушен за да се направи место за модерна арена пред Светското првенство во 2030 година. На овој начин во историјата замина стадионот изграден пред 68 години. Капацитетот на „Ла Ромаледа“ изесуваше 33.000 седишта. Сите четири трибини се срамнети со земја, а изградбата на новиот објект се очекува да започне во наредните месеци. Планирано е реновираниот стадион да ...
Хулијан Алварез е голема желба на Барселона, но Аргентинецот воопшто не размислува за гласините за неговиот трансфер. Додека цела Европа зборува за него откако блесна против Реал Мадрид и во Лигата на шампионите против Ајнтрахт, Аргентинецот е смирен и фокусиран само на својот тим и теренот. „Јас сум целосно смирен. Секогаш ќе има шпекулации, имаше и минатата сезона. Сепак, сезоната штотуку започна и јас сум фокусиран само на мојот ...
Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, но неговата соблекувална никогаш не била и никогаш нема да биде најлесната за управување во професионалниот елитен фудбал. „Ас“ пишува за неочекуваната драма во Реал. Посетата на Алмати ги ублажи раните по градското дерби против Атлетико, но тренерот Чаби Алонсо се врати од Казахстан со два големи проблеми: Винисиус, кој повторно протестираше кога беше заменет, и Валверде, кој не играше ниту една ...
Центарот на Црвена звезда, Хасиел Риверо, ќе биде надвор од терените околу три месеци, неофицијално дознава српскиот „Спорт Клуб“. Во средината на втората четвртина од натпреварот со Армани Милано, на отворањето на сезоната во Евролигата, Риверо доживеа сериозна повреда на стапалото, што е нов голем удар за црвено-белите. Прегледите што биле извршени покажаа дека кубанскиот кошаркар ја скршил метатарзалната коска и, во најдобар случај, ќе ...
Бернардо Силва, еден од клучните играчи на Манчестер Сити, отворено проговори за својот договор, кој истекува во јуни. Иако иднината на португалскиот играч од средниот ред е тема на бројни шпекулации, тој вели дека не е време за јавни соопштенија. „Знам точно што ќе правам, но сега не е време да зборувам за тоа“, изјави Бернардо, јасно ставајќи до знаење дека одлуката ќе ја зачува кога ќедојде вистинскиот момент. Во моментов, фокусот на ...
Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат. Сет кој во текот на кариерата бележи респектабилни 43,3 проценти во шутот за три поени, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9 “ што му овозможува да го помине тренинг кампот со Голден Стејт, а потоа ќе биде отпуштен и ...
Џејми Карагер, поранешен капитен на Ливерпул, жестокот го нападна својот поранешен тим по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите. „Црвените“ загубија во Истанбул со голот на Виктор Осимен од пенал. Ова е втор пораз за Ливерпул во само неколку дена, откако во саботата беа поразени од Кристал Палас (2:1) во Премиер лигата. Џејми Карагер, за Си-би-ес рече дека овој Ливерпул не може да се спроедува со Ливерпул од минатата сезона. „Она ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6:2, 6:2. Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера. Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја ...
Атлетико Мадрид, во интервал од три дена „пукна“ уште една петарда во мрежата на противникот. Откако, во саботата со 5:2 го победија Реал во градското дерби, одиграно во седмото коло во Ла Лига, со пет гола во мрежата „Метрополитано“ стадинот го напуштија и фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт. Атлетико, во второто коло во Лигата на шампионите, го победи Ајнтрахт со 5:1. Натпреварот никогаш нема да го заборави Антоан Гризман. Францускиот ас, ...
Ливерпул со пораз се врати од Истанбул. В второто коло во Лигата на шампионите „црвените“ загубија од Галатасарај со 1:0. Голот за победа го постигна Виктор Осимен во 16-та минута од пенал. Ливерпул, во Истанбул не само што доживеа пораз, туку остана и без првиот голман Алисон Бекер. Бразилскиот голман го напушти натпреварот во 56-та минута. Менаџерот на тимот, Арне Слот потврди дека повредата е од посериозна природа и дека сигурно нема да ...
Килијан Мбапе со хет-трик го предводеше Реал до победата 5:0 против Каират, во Алмати, во второто коло во Лигата на шампионите. Мбапе во првите две кола веќе постигна пет гола, три од нив од белата точка. Сепак, француската ѕвезда не дозволи убедливата победа да го засени неодамнешниот неуспех. „Дали оваа победа значи дека го забораваме дербито? Не, не, тоа не смее да се заборави“, рече Мбапе по натпреварот, додавајќи: „Не можеме да ...