
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Тијаго Мота останува тренер на Јувентус, иако „старата дама“ не игра добро. Јувентус испадна од Лигата на шампионите, а во средата го заврши учеството во Купот на Италија, додека во Серија нема шанси да се бори за титулата. По елиминацијата од Емполи во Купот, Тијаго Мота ги критикувше играчите, рече дека „треба да се засрамат“ и доби поддршка од клупските челници. Поточно, од спортскиот директор Кристијан Џунтоли, кој изјави дека клубот не ...
Баерн Минхен се повлече од преговорите со Џошуа Кимих и нема да му понуди нов договор на капитенот, пишува „Билд“. „На состанокот на Надзорниот одбор било одлучено да се напуштат преговорите бидејќи Кимих премногу се двоумела“, објави највлијателниот германски медиум. Овој триесетгодишен фудбалер во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг и оттогаш одигра повеќе од 400 натпревари за тимот од Минхен. Кимих во Баерн заработува околу 20 милиони ...
Денвер Нагетс уште еднаш не успеаја да добијат натпревар кога Никола Јокиќ запиша трипл-дабл. ЛА Лејкерси во дербито на Западот славеа над Минесота, а Стеф Кари во Орландо ја доби револверашката пресметка со Паоло Банкеро. Милвоки го победи Денвер со 121:112. Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 32 поени, 14 скокови, 10 асистенции. Србинот го запиша 27.трипл-дабл сезонава, 157. во кариерата. Не доби поддршка од соиграчите, го следеше ...
Фондацијата Лауреус одлучи да го отстрани Јаник Синер од листата на кандидати за престижната награда за спортист на годината што ја доделува. Причината е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер. Шон Фицпатрик, директорот на Лауреус, во изјава подетално ја објасни позадината на одлуката. „По разговорите со Академијата Лауреус, одлучено е да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај. Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај. Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија. Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ...
Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години. Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел. Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе ...
Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата. Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, ...
Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса. Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. ...
Манчестер јунајтед минатиот викенд успеа да ремизира против Евертон (2:2) во возбудлив премиерлигашки натпревар, а вчера го победи Ипсвич со 3:2. Бруно Фернандеш со својот гол од слободен удар го започна камбекот на „црвените ѓаволи“ против Евертон. Сепак, овие резултати не го импресионираа легендарниот поранешен капитен на Јунајтед, Рој Кин. Кин, познат по своите остри коментари ги критикуваше играчите на Манчестер јунајтед, смета дека тимот ...
Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин нема да ја вози и втората трка сезонава. Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд овој викенд, а откако заработи нова повреда нема да вози ниту во Аргентина. Возачот на Априлија ја повреди другата рака за време на првиот тренинг по операцијата на скршеница на раката и ногата, поради што било потребно да се изврши уште една операција. Големата награда на Аргентина ќе се вози ...
Поранешниот шпански репрезентативец Џерар Пике има идеја како да ги направи натпреварите уште поатрактивни за навивачите. Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот на Икер Касиљас даде предлог дека на тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови да не добијат по еден бод. На тој начин, рече, ќе бидат казнети за таквиот пристап. Тој додаде дека е апсурдно навивачите да трошат стотици евра за да дојдат на натпревар, а потоа да гледаат два ...
Нов конфликт во Манчестер Јунајтед или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат. Аморим, пред два месеци не го вклучи Гарначо во протоколот против Манчестер сити, тогаш во составот не беше и Маркус Рашфорд. Тренерто се правдаше дека овие двајца не се ангажирале доволно на тренинзите. Синоќа, кога ...
Ливерпул продолжува да маршира кон титулата во Премиер лигата, но напаѓачот Дарвин Нуњез се повеќе го „троши кредитот“ кај тренерот Арне Слот. Уругваецот, кој е вториот најплатен играч на Ливерпул, на теренот не го оправдува она што клубот го вложува. Она што првенствено се истакнува како негова слабост се пропуштените шанси во текот на натпреварите, но холандскиот тренер го критикува и за други работи. „Му помогнав со тоа што му кажав дека ...
Полуфиналниот натпревар на Реал во Копа дел Реј против Реал Сосиедад (0:1) во средата беше накратко прекинат поради скандирањата од публиката упатени кон дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио. Натпреварот на стадионот „Реале Арена“ беше прекинат непосредно пред полувремето, кога капитенот на Реал, Винисиус Жуниор го известил судијата Хозе Марија Санчез Мартинез дека играчите слушнале скандирања „Асенсио, умри“. Судијата го активираше шпанскиот ...
Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Емполи во четвртфиналето на Копа Италија. По натпреварот за италијанските медиуми изјави дека се срами. Стратегот на торинскиот тим истакна дека неговите играчи не заслужиле да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување и дека тој најголем дел од вината за неуспехот. „Не знам што да кажам по ваква игра, освен тоа што се се чувствувам засрамено, не толку ...
Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига. Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво низа. Предводници на овој триумф беа незапирливиот ...
Обвинителството на Верона побара судски процес против Лука Кампедели, поранешен претседател на Киево Верона, под обвинение за измама во процесот на банкрот на клубот. Истрагата спроведена од Финансиската полиција откри „механизам за измама со кој раководството ја претстави навидум добрата економска состојба на клубот кој се нтпреварува во четвртата лига, прикривајќи го колапсот и ерозијата на имотот на компанијата со што клубот доби дозвола да ...
Светската автомобилска федерација (ФИА) ги промени правилата за трката во Формула 1 за Големата награда на Монако. Возачите ќе мора да застанат двапати во боксот, во обид да внесат одредена динамика на трката, каде што претекнувањето е речиси невозможно. ФИА, исто така, објави дека ќе наложи употреба на најмалку три комплети гуми „со намера да се подобри динамиката на трката со оглед на значителните тешкотии при претекнувањето на оваа патека“. ...
Фудбалерите на Јувентус доживеа шокантна елиминација од Емполи во четвртфиналето во Купот на Италија, На домашен терен Јувентус во 90 минути одигра 1:1, а потоа ја загуби пенал серијата со 2:4. Емполи дојде во Торино по поразот од Аталанта (5:0) во лигата и никој не очекуваше дека ќе му пружи сериозен отпор на фаворизираниот ривал. Емполи поведе во 24. минута преку Малех, Тирам израмни во 66. минута. Тиаго Мота ги фрли сите карти во нападот, ...
Ливерпул направи уште еден чекор кон освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. Во 27.коло, Ливерпул го победи Њукасл со 2:0. Претходно Арсенал освои само бод во Нотингем, па сега Ливерпул со натпревар повеќе има 13 поени повеќе од Арсенал. Ливерпул во 28. натпревар од почетокот на сезоната ја забележа 20.победа. Многумина ќе речат дека шампионската трка во Англија е решена. Сензационалниот Мохамед Салах, изненадувачки, не беше ...
Фудбалерите на Нотингем Форест ремизираа со Арсенал на „Сити Граунд“, 0:0 во 27. коло од Премиер лигата. Мначестер сити победи кај Тотенхем (1:0), Манчестер јунајтед со фудбалер помалку го победи Ипсвич (3:2), а Брентфорд и Евертон ремизираа (1.1). Арсенал имаше иницијатива, но не успеа да создаде сериозни шанси. Најдобрата „тобџиите“ ја имаа во 23.минута кога калафиори ја погоди стативата. Во следната рунда Нотингем Форест треба да се соочи ...
Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза. Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос. Ли на почетокот на сезоната настапуваше за Маниса, потоа накратко го облече дресот на ...
Поранешниот фудбалер на Галатасарај и на Челзи, Дидие Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо, откако од Галатасарај го обвинија за расизам. По ремито без голови меѓу Фенербахче и Галатасарај во турското дерби, Мурињо го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито ќе било катастрофа доколку правдата ја делел некој од локалните судии. Тој беше обвинет и дека наводно им рекол на некои ...
Кристијано Роналдо предизвика бура кога во интервју за шпанскиот канал „Ла Секста“ изјави дека е „најдобриот фудбалер на светот на сите времиња“. „Оригиналниот“ Роналдо, одговори на ова прашање во интервју за ESPN. „феномено“ не го дели мислењето на Португалецот. „Кристијано Роналдо имаше фантастична кариера, освои речиси се, постигна голови на секој можен начин. Тој сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња. Го ...
Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими. Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута. Актуелниот шампион на Македонија Струга го ...
Премиер лигата потврди дека тренерот на Ливерпул, Арне Слот е суспендиран на два натпревари. Холанѓанецот претходно во февруари доби црвен картон по натпреварот против Евертон (2:2) на „Гудисон Парк“. Во таа прилика тој се однесувал недолично кон судијата Мајкл Оливер, и му кажал непримерни зборови, за што доби директен црвен картон. Слот ја прина вината, за што беше казнет со два меча и парично со 70.000 фунти. Слот нема да го предводи ...
Формула 1 тимовите претпладнево на патеката „Сакир“ во бахреин ги започнаа тестирањата во пресрет на новата сезона. Три дена тимовите ќе тестираат во Бахреин. Во центарот на вниманието беше седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, кој го имаше првиот официјален настап како возач на Ферари. pic.twitter.com/FqUSvdqpWc — OvoOno (@OvoOnoX) February 26, 2025 Британецот го постави петтото најбрзо време по четиричасовната утринска сесија, со ...
Фото/ facebook.com/rfmofficial По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство. Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на ...
Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата. Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето. Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. ...
Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос. Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“. Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата ...