
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



ФОТО/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13). Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк. Поради лошата реализиција на седмерците ...
Фудбалерите на Борац Бања Лука ремизираа 0:0 со Олимпија во Љубљана и со тоа обезбедија пласман во 1/8 финалето од Конференциската лига. 91 минута во историскиот успех на Борац одигра поранешниот македонски репрезентативев Бобан Николов. На првиот натпревар одигран во Бања Лука домашниот Борац победи со минимални 1:0 и благодарение на таа победа го продолжи натпреварувањето во Европа. Борац во осминафиналето на Конференциската лига ќе се соочи ...
Рома го победи Порто (3:2) и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа. Плејофот го минаа и АЗ Алкмар односно ФЦСБ. Херој на Рома беше Дибала, кој погоди во 35. и 39. минута и со тоа направи пресврт, откако претходно Порто го отвори резултатот со голот на Саму во 27. минута. Клучниот детал беше директниот црвен картон за Еустакио во 51. минута, а Рома ја искористи предноста од играч повеќе во 83. минута кога гол постигха Писили. Порто ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4. Третопласириот на АТП листата и прв носител на турнирот во Доха одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем од првиот сет. Сепак, Алкараз не успеа да го задржи темпото што го наметна и потклекна во втората половина од првиот сет. Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го ...
Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама ќе го пропушти остатокот од сезоната. Шамс Чаранија, познат НБА инсајдер, како причина го наведува згрутчувањето на крвта во десното рамо. Францускиот центар минатиот викенд учествуваше на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско, па оваа вест е дотолку повеќе изненадувачка. Сезонава тој има просек од 24,3 поени, 11 скока и 3,7 асистенции на 46 натпревари. Вембањама е член на Спарс од 2023 година, кога ...
Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ остро го демантираше написот на италијанскиот весник „Ла Република“, кој објави дека капитенот на репрезентацијата на САД сака да го напушти клубот поради наводно несогласување што го имал со тренерот Серж Консеикао. „Никогаш не сум се расправал со тренерот и никогаш не сум побарал да си заминам. Многу сум среќен во Милан и сакам да продолжам да го носам овој дрес. Читањето на овие лаги е неприфатливо, но ...
На лошите вести за Бојан Богдановиќ им нема крај. Истиот ден кога дозна дека мора да има уште една операција, трета во изминатата година, популарниот Бабо доби отказ во Бруклин Нетс. Поранешниот хрватски репрезентативец сега е слободен играч, а Нетси добија простор да го ангажираат Килијан Хејс, како и дополнителни пари во селери капот за да потпишат долгорочен договор со Тајрис Мартин. Што се однесува до Богдановиќ, тој за два месеци ќе го ...
Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес беше прогласен за виновен за бакнувањето на фудбалерката Џени Ермосо без нејзина согласност. Контроверзниот Рубиалес, кој во моментов е под истрага за корупција во Федерацијата, го шокираше светот во 2023 година на доделувањето на наградите, откако Шпанките станаа светски шампиони. Потоа во еуфорија ја бакна Ермосо, а сега е осуден за тоа дело. Рубиалес мина само со ...
Извор/ rkalkaloid.mk РК Алкалоид во сабота ќе го одигра осминафиналниот реванш во ЕХФ Европската лига против Бриксен. Алкалоид со една нога е во следната фаза бидејќи во првиот меч славеше со 44:32. „За мене малку неочекувано во овој период на годината, дојдовме до висока и убедлива победа прротив квалитетен ривал од Италиа. Знаеме дека нивниот ракомет е во подем како репрезентативен така и клупски, така што високата гол-разлика е неочекувана. ...
Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини фигурира како прв фаворит за преземање на тренерската функција во Рома следната сезона, пишуваат медиумите на Апенините. Спортскиот директор на „волчицата“, Флоран Гизолфи наводно добил потврда од сегашниот тренер Клаудио Раниери дека ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната Раниери се врати од пензија за да му помогне на саканиот клуб. Изминативе денови се интензивираа шпекулациите дека ...
Тео Ернандез е означен како виновник број еден за елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите. Се чини дека исклулчувањето против Феенорд во реваншот за пласман во осминафиналето клупските челници нема да му го простат. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан нема да му понуди нов договор на францускиот репрезентативец. Неговиот договор истекува следното лето, па може да се очекува да си замине на крајот од сезоната. Клубот тогаш може ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон уверен е дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула. „Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има се што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи”, изјави Хамилтон за „Скај 2“. Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, од Мерцедес се ...
Пеп Гвардиола минува низ најтешката сезона во својата импресивна тренерска кариера. Кошмарот продолжи со елиминацијата на Манчестер сити од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Во реваншот од баражот за осминафиналето на елитното натпреварување „кралевите“ победија со 3:1, го добија двомечот со 6:3. „Не треба да се биде многу памент за да се разбере дека на овој тим му треба реконструкција. Манчестер сити беше феноменален тим, игравме ...
Арсенал забележа загуба од 21,4 милиони евра во текот на сезоната 2023/24, и покрај рекордните приходи, кои изнесуваат околу 745 милиони евра, објави клубот во финансискиот извештај. Враќањето на лондонскиот клуб во Лигата на шампионите ги зголеми приходите, кои пораснаа од 564 на 745 милиони евра. А сето тоа благодарение на учеството во елитното европско клупско натпреварување, приходите од ТВ правата исто така се зголемени за околу 86 ...
Сезоната во НБА продолжи по паузата за Ол Стар викендот со натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Шарлот Хорнетс. Сензационално победија гостите со екипа славеше 100:97. Во преден план беа двете суперѕвезди на Лејкерс. Лука Дончиќ не можеше да погоди нешто, а од друга страна Леброн Џејмс имаше две шанси да го одведе мечот во продолжение, имаше две шанси но не усшеа да погоди за три оени. . Се одеше добро за Лејкерси во првото полувреме кое ...
Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 со голот на Лионел Меси. Аргентинецот по којзнае кој пат покажа класа, неговиот гол во 56. минута беше дефиниција за мајсторство и генијалност на фудбалски генијалец. This angle of Lionel Messi's goal on his weaker foot. 🇦🇷😍 pic.twitter.com/Af4nlDWtKV — Stop That Messi (@stopthatmessiii) February 20, 2025 Бравурата на Меси беше доволна за гостите да победат на првиот ...
Манчестер сити доживеа катастрофа против Реал Мадрид и рутински беше елиминиран во двомечот за пласман осминафиналето. Реал победи со вкупен резултат 6:3. Тренерот на Сити накратко го сумираше она што се виде на теренот по натпреварот во Мадрид, во кој со хет-трик блескаше Килијан Мбапе. „Победи подобриот тим. Немаме ритам каков што има Реал Мадрид, во сите сегменти. Во се беа подобри, имаа поголем посед, подобро се бранеа високо и ниско, беа ...
Ерик Тен Хаг добро го наплати отказот што му го врачи Манчестер јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“, покрај Тен Хаг ги обесштети и неговите помошници, како и спортскиот директор Ден Ешворт. Манчестер јунајтед е навистина очаен оваа сезона, а ниту промената на тренерот не ги подобри резултатите. „Црвените ѓаволи“ во моментов се на 15. место на табелата во Премиер лигата, со само 29 бодови. Навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ веруваа дека ...
Во петок, во 12 часот во седишетот на УЕФА ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. За потсетување, првите осум екипи во регуларниот дел од сезоната обезбедија директен пласман во осминафиналето: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила. Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, ПСВ, Феенорд, Баерн, Бенфика и Клуб Бриж се пласираа ...
Јувентус го комплетираше дебаклот на италијанските тимови во плејофот за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страта дама“ по продолженијата доживеа елиминација од ПСВ во Ајндховен. Првиот меч заврши со победа на Јувентус од 2:1, а во реваншпт ПСВ победи со 3:1. Голот за пласман во осминафиналето го постигна Фламенго во 98.минута. Претходно Милан беше елиминиран од Феенорд, а Аталанта од Клуб Бриж. ПСВ поведе во 53. минута со ...
Иван Перишиќ, ветеранот на ПСВ Ајндховен влезе во историјата во Лигата на шампионите. Перишиќ го постигна првиот гол за ПСВ, во реваншот против Јувентус во 53.минута. Хрватскиот ветеран беше стрелец и на првиот натпревар во Торино со што стана највозрасниот фудбалер кој постигнал по гол во два последовни натпревари во нокаут фазата во Лигата на шампионите. 36 – Aged 36 years and 17 days, PSV’s Ivan Perisic is the oldest player ever to score in ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го совладаа Брест со 7)0 во реваншот од баражот за Лигата на шампионите и со вкупен резултат 10:0 се пласира во следната фаза. Баерн Минхен и Сити двапати успеаја да слават со идентични резултати во нокаут фазата, а сега им се приклучи и тимот од француската престолнина. Победите од 8-0 (остварени во групната фаза) и понатаму остануваат сопственост на Реал Мадрид и Ливерпул. Иако се очекуваше дека ...
Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампионите. Во реванпот од плејофот Реал го победи Сити со 3.1 и со вкупни 6:3 се пласира во осминафиналето. Килијан Мбапе го постигна својот прв хет-трик во дресот на Реал во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец си поигруваше со порозната одбрана на Манчестер сити. Првиот гол го постигна во четвртата минута, кога Асенсио испрати долга топка, која патуваше речиси 60 метри, Рубен ...
Астон Вила и Ливерпул ремизираа 2:2 во натпревар од 29. коло на Премиер лигата. Овој натпревар се одигра предвреме поради обрските на Ливерпул во финалето на Лига купот кое ќе се одигра на 15.март. Ливерпул влезе во мечот по турбулентниот крај на градското дерби против Евертон кога ја испушти победата во 98.минута и неубедливата партија во победата над Вулвехемптон во саботата. Тимот на Арне Слот, во Бирмингем потврди дека не е форма во каква ...
Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско го завршија учеството во двојки на турнирот во Доха. Овој меч беше последен во кариерата на Вердсако. Подобри од српско-шпанската комбинација беа Хари Хеливар и Хенри Патен, инаку втори носители и актуелни шампиони на Австралија опен. Ѓоковиќ и Вердаско загубија со 2:0 (7:5, 6:4). Вообичаено Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на тениските мечеви, но овојпат не беше така. Ова беше збогување на Вердаско со ...
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март, а атмосферата веќе ја подигнаа Макс Ферстапен и Џорџ Расел. Возачите на Ред Бул и Мерцедес ја продолжија вербалната војна која започна минатата сезона на Големата награда на Катар.. Ферстапен доби казна на стратот, а трката во Катар ја стартуваше од пол-позицијата Расел. Британецот се жалеше дека Холанѓанеџот го попречувал додека бил во брз круг. Судиите ја уважија жалбата на расел. Потоа Макс ...
Оскар де Маркос, капитенот на Атлетико Билбао, најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Одлуката им ја соопшти на соиграчите пред денешниот тренинг. „Остануваат уште три неверојатни месеци до крајот на сезоната, не сакав повеќе да ја одложувам оваа одлука. Имам уште три месеци и треба да уживаме во нив. Исполнив многу повеќе соништа отколку што очекував и го исполнив мојот животен сон“, изјави капитенот на Атлетик. Де Маркос пред ...
Џуд Белингем ја дозна казната за црвениот картон што го доби на натпреварот против Осасуна. Фудбалерот на Реал Мадрид е казнет со два натпревари суспензија и ќе ги пропушти натпреварот против Џирна во Мадрид и гостувањето кај Бетис во Севилја. Репрезентативецот на Англија упатил вулгарни зборови кон судијата Монтеро Мунуера. кој деновиве се наоѓа под силен притисок од јавноста, а доби и смртни закани. Белингем и неговиот тренер Карло Анчелоти ...
Легендарниот претседател на Интер, Масимо Морати, по повод 30-годишнината од преземањето на „нероаѕурите“ даде интервју за „Кориере дела сера“. Откеи неколку интересни детали, пред се во врска со трансфер политиката во периодот додека го водеше клубот. Многу големи ѕвезди дојдоа во Интер во времето на Масимо Морати. Секако, не секоја желба што ја имаше и можеше да ја си ја исполни. Но, некако сите се во сенка на човекот кој дојде тивко, ...
Хари Кејн ќе пропушти неколкудневни тренинзи откако полесно ја повреди потколеницата, објави во средата бундеслигашот. Напаѓачот на Англија заработи повреда која доведе до внатрешно крварење пред ремито во вторник во Лигата на шампионите против Селтик (1:1). „Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн откако Баерн се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите со вкупни 3-2, додавајќи дека ...