Словенечкиот голман Јан Облак стана најдобар голман во шпанската Ла Лига по рекорден шести пат. Голманот на Атлетико Мадрид повторно го крена трофејот Замора, именуван по поранешниот легендарен голман Рикардо Замора. Облак беше голманот со најмал процент на примени голови во сезоната. Условот е секој голман да има најмалку 28 настапи во текот на сезоната во Ла Лига со 60 или повеќе минути на теренот. 32-годишниот Облак претходно ја доби оваа ...

Заврши сезоната во англиската Премиер лига. Од претходно беше познато дека титулата ја освои Ливерпул, дека Арсенал го освои второто место, а главната борба се одвиваше меѓу пет тима за трите места и пласман во Лигата на шампионите. На крајот место во Лигата на шампионите изборија Манчестер сити, Челзи и Њукасл. Извисија Астон Вила и Нотингем Форест. Вила доживеа пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед (2:0), откако второто полувреме го ...

Фудбалерите на Риека ја освоија титулата шампион на Хрватска, откако на домашен терен го совладаа Славен Белупо со 2:0, во последното, 36. коло од хрватската прва лига. Стрелци за Риека беа Нико Јанковиќ во 12-та минута и Тони Фрук во 50-та минута. Риека заврши на првото место со 65 бода, колку што освои и Динамо Загреб, но Риека во меѓусебниот скор беше подобра. Во последното коло, Динамо го победи Вараждин со 1:0 на домашен терен, со голот ...

Повеќе лица се повредени денеска, кога автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска. Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата. Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска. Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од кои четворица потешко. Новинската агенција ПАП јавува ...

Нова тренерска ера во Реал започна, Чаби Алонсо официјално го презеде кормилото од Карло Анчелоти. Последните 24 часа во Реал беа бурни и емотивни, Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукаш Васкез се збогуваа со клубот, испраќањето беше величествено, како што им доликува на имиња кои дале толку многу на клубот… Веќе еден ден подоцна, време е за нови предизвици, нови имиња. Реал во неделата објави дека Алонсо потпишал тригодишен договор. ...

Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Монако. Британецот во Монте Карло ја забележа втората победа во сезоната. Тимот на Мекларен победи во малото кнежевство прв пат пауза од 17 години. Британскиот возач имаше предност од првиот до последниот круг, а Шарл Леклер не можеше да му се приближи и да го загрози во борбата за првото место. Норис заврши прв, Леклерк втор, а Оскар Пјастри трет, и покрај малку послабиот тркачки викенд. ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун. На подиумот се искачија и Џоан Зарко од Хонда и Марк Маркез од Дукати. Браќата Маркез, имаа лош старт, прво Алекс излета од патеката, а потоа во вториот круг и Марк. За нивна среќа, Франко Морбидели и Алес Еспаргаро се судрија набргу потоа, црвените знамиња беа во сила, што предизвика трката да биде рестартирана малку подоцна. По ...

Еден час пред почетокот на натпреварот за третото место во Евролигата, на трибините имаше се судрија навивачите на грчките клубови, Олимпијакос и Панатинаикос. За време на загревањето на играчите на теренот, имаше инциденти на горниот прстен од салата во Абу Даби. Видеата покажуваат како навивачите во зелени и црвени дресови започнаа со вербални навреди, а некои навивачи решија физички да се пресметаат. Овој натпревар практично е неважен во ...

Ферарито со кое Михаел Шумахер ја освои Големата награда на Монако во 2001 година беше продадено за 15,98 милиони евра на аукција во Монте Карло. Легендарниот Германец се тркаше во него и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи таа година и ја освои четвртата од своите седум светски титули. Автомобилот беше понуден на аукција во „Сотеби“ пред да квалификациите за овогодинешното Гран При на Монако. Болидот од 2001 година е ...

Холандскиот тренер Ерик тен Хаг утре ќе потпише договор со Баер Леверкузен, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Тен Хаг е невработен откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во октомври. Тој имаше бројни понуди за работа, но реши да направи пауза до крајот на сезоната. Тој чекаше вистинска можност и ќе ја добие во тим чиј тренер Чаби Алонсо заминува во Реал Мадрид. Алонсо направи одлични работи во Леверкузен, минатата сезона ја ...

Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал. На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид. Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз Руиз досуди пенал за домашната екипа по контакт помеѓу Алехо Велиз ...

Кевин Де Брујне, попладнево ќе го одигра последниот натпревар за Манчестер сити, а потоа ќе го напушти клубот чии дрес го носеше цела деценија. Сити гостува кај Фулам, со победа ќе заврши на третото место со пласман во Лигата на шампионите. Светските медиуми објавија дека Де Брујне, кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Клубот од југот на Италија, во петокот ја освои четвртата титула во клупската историја. Фабрицио Романо, објави дека ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со додавање на три позиции на квалификацискиот пласман, па затоа претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако ќе ја започне од седмото место. Седумкратниот светски шампион беше казнет за попречување на Макс Ферстапен од Ред Бул во текот на квалификациите. Хамилтон, доби погрешна информација од неговиот инженер, кој го извести преку радио дека Ферстапен, кој беше зад него на патеката ...

На денот на натпреварот со Монца, во последното коло од сезоната, најстрасните навивачи на Милан организираа низа перформанси и протести против актуелните газди. Со недели, ултрасите на „росонерите“ изразуваат незадоволство од лошите резултати на тимот, кој, на крајот, ја заврши сезоната без изборено место во европските купови. Во саботата навечер, тие отидоа уште подалеку во својот бунт, ги радикализираа своите постапки. Пред да се упати кон ...

Кошаркарите на Минесота ја декласираа Оклахома (143:101) и го намалија резултатот на 2-1 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата. Тимбервулвс направија изненадување и им возвратија на Тандерите за првите два убедливи порази во Оклахома. Најзаслужен за победата на домашниот тим беше Ентони Едвардс, кој постигна 30 поени, девет скока и шест асистенции. Минесота веќе имаше предност од 20 поени по првата четвртина, па дури и ...

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата. Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5:7, 7:6(2), 7:6(2) и повторно покажа зошто е најдобар досега. „Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го ...

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата откако во финалето на турнирот во Женева го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 2:1 – резултатот беше 5:7, 7:6 (2), 7:6 (2). Она што го видовме во Женева беше навистина тениски спектакл. По нешто повеќе од три часа игра, голема борба и драма, победата дојде кај Ѓоковиќ кој слави јубилеј – дури 100-та титула во кариерата. Во вистински шампионски манир, Новак тој го врати ...

Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид. По натпреварот тој отиде во прегратките на своето семејство. Хрватскиот фудбалер не ги задржа солзите, а плачеа и неговите деца и сопругата Вања. Вања и нејзините деца, 15-годишниот Иван, 12-годишната Ема и 7-годишната Софија, често го бодрат Лука од трибините. Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал. Во последниот натпревар на култниот стадион во Мадрид, ...

Утре, недела, со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Свети Пантелејмон и обратно. Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани. МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се ...

Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ...

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, не планира да се врати на работа пред 2026 година. Чави го напушти „Камп Ноу“ во мај 2024 година по турбулентен период. Во својата прва сезона на клупата на Барселона, тој го освои шпанското првенство, а во последните месеци од неговиот мандат беше опкружен со негативна енергија и притисок. Шпанецот истакна дека има желба за нов предизвик, но дека сè уште чувствува огорченост поради целата ...

Антонио Конте рече дека е „многу тешко да се победи со Наполи“, но и дека ова е „извонредна сезона“ во која „момците заслужуваат признание“, откако ја освоија титулата шампион на Италија во последното коло од Серија А. Конте стана вториот тренер во историјата кој ја освоил Серија А со три различни клуба, претходно тоа му успеа на легендарниот Фабио Капело. Конте Серија А ја освојуваше и со Јувентус и Интер. „Овие момци беа одлични. Не беше ...

НБА лигата ги објави најдобрите петорки за сезоната 2024/2025. Најдобрата петорка во лигата е речиси иста како и минатата сезона. Четворица од петте кошаркари добија максимални 100 гласови. Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер, Јанис Адетокумбо и Џејсон Тејтум ги добија сите 100 гласови што ги ставија во првиот тим. Овие четворица беа меѓу првите пет и минатата сезона. Единствената промена во однос на минатата ...

Ремонт го очекува Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Англиските медиуми тврдат дека сите играчи, со исклучок на Буно Фернандеш се на продажба. Има и незадоволни кои најавија заминување. Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач, беше исклучително лут по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа, бидејќи одигра само 20 минути. Токму ова е причината зошто Гарнасио сака да го напушти клубот. Дури и пред овој натпревар, Гарначо ...

Кошаркарите на Индијана поведоа со 2-0 во серијата од финалето на Источната конференција против Њујорк Никс. Пејсерсите славеа и во вториот натпревар во „Медисон Сквер Гарден“, овој пат без продолженија, со резултат 114:109. Најефикасен актер на натпреварот беше Паскал Сиакам со 39 поени за 33 минути и висока, погоди 15 од 23 обиди од поле. Мајлс Тарнер го следеше со 16, додека Тајрис Халибартон (5/16) имаше слаба шутерска вечер, и покрај ова ...

Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз. Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд. „Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме ...

Еден од најбараните играчи во Европа, Флоријан Вирц, е блиску до преселба во Ливерпул, објави германскиот „Скај Спортс“. Се зборуваше дека може да оди во Баерн или во Манчестер сити, но неговиот траснфер на „Енфилд“ практично е завршен. Наводно, најдобриот играч на Баер Леверкузен му реклол „да“ на актуелниот шампион на Англија откако разговарал со менаџерот Арне Слот. Сега е ред на клубот, Ливерпул треба да испрати понуда до Леверкузен, а ...

Фудбалерот на Наполи, Скот Мектомини, е прогласен за најдобар играч во Серија А во сезоната 2024/25. Мектомини беше стрелец и во победата над Каљари (2:0), со која Наполи ја обезбеди четвртата титула во италијанското првенство, втора во последните три сезони. Шкотланѓанецот постигна 12 гола и имаше шест асистенции на 34 натпревари во италијанското првенство оваа сезона. Тој е член на Наполи од минатото лето, кога пристигна од Манчестер ...

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0. Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал. ¡NAPOLI CAMPEÓN DE LA SERIE A! pic.twitter.com/HhY7LlIWkB ...

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“, Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе. Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција. Главната ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1028
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Загреб

19ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1029
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.98
45%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.47
40%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
46%
1026
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
62%
1026
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941