Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, сè уште не може да ги контролира емоциите по поразот од Анадолу Ефес (76:79). Ефес направи брејк во „ОАКА“ и со 1:1 влегува во третиот натпревар на домашен терен во Истанбул. Јанакопулос, не го прими добро овој неуспех, на неговиот тим. Нескротливиот гнев на сопственикот на Панатинаикос беше насочен кон Дејан Бодирога, претседателот на Евролигата, како и кон судиите. Јанакопулос ...

Дарвин Мачис (32) е познато име на Пиринејскиот полустров, зад себе има респектабилна клупска и репрезентативна кариера. Крилниот напаѓач на Ваљадолид има 52 настапи за репрезентација на Венецуела, додека по пристигнувањето во Европа играше за бројни клубови во Италија, Португалија и Шпанија. Сепак, Мачис ќе биде запаметен е бројот на клубови со кои испадна од елитните рангови на шпанскиот фудбал во последователни сезони. Откако вчера Бетис го ...

Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб. Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда, се враќа во тимот. Финалето на Купот на Кралот ќе ...

Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона. На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа. Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога ...

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема. „Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и ...

Дресот на Коби Брајант во предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави аукциската куќа. Дресот се совпаѓаше со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996/1997, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16. октомври и дебито во регуларната сезона на 3. ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА. Со ...

Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западот. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серија која се игра на четири победи, Клиперсите водат со 2:1. Кај гостите, Никола Јокиќ беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шут од игра) со по 13 скока и асистенции. Јокиќ беше најдобар играч на натпреварот во сите три најважни категории, ...

Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивец во американската професионална кошаркарска лига (НБА) за сезоната 2024/2025. 23-годишникот беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари. Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади, 0,9 украдени топки и седум дефанзивни скока по натпревар. Тој ја ...

Денвер доживеа дебакл во Лос Анџелес, Оклахома со нестварен пресврт победи во Мемфис, а Њујорк го врати брејкот во Детроит, во третите натпревари од четвртфиналните серии во НБА лигата. Лос Анџелес Клиперс го прегазија Денвер со 117:83 и поведоа во серијата со 2:1. Залуден беше трипл-даблот на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скока и асистенции. Покрај Јокиќ само двајца кај Денвер беа двоцифрени: Џамал Мареј постигна 23 поени, а Арон Гордон ...

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3:0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2:1. За пехарот ќе се борат против Милан. Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано. Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута. Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 ...

Ефес успеа да направи брејк во Атина, на теренот на европскиот шампион Панатинаикос, додека Фенербахче со убедливата победа над Париз дојде на чекор до пласман на завршниот турнир. Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1. Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени ...

Вардар по пауза од три години успеа да го победи Пелистер во Битола и да направи голем чекор кон освојување на шампионската титула. Во дербито црвено-врните славеа со 35.34 со голот на Хориха во последната секунда. Дуелот во Битола го обележаа и 26. изведени седмерци (15 Пелистер, 11 Вардар). Вардар подобро влезе во натпреварот, поведе со 3:0, а потоа успеа да ги контролира работите на теренот. Дека Вардар апсолутно ја заслужи победата говори ...

Ти Џеј Шортс (27), еден од најдобрите кошаркари во Европа, наводно ја одбил понудата од Барселона од 2,5 милиони евра. Шортс, годинава „ведри и облачи“ од европската кошарка, а заедно со неговиот Париз е најубавата приказна сезонава во Евролигата. Американецот со македонски пасош статистички доминираше, па регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши со 18,8 поени и 7,5 асистенции,а со Париз избори место во плеј-офот. Со оглед на тоа ...

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“. „Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо ...

Реал Сосиедад во четвртокот објави дека ќе се раздели со тренерот Иманол Алгуасил на крајот од сезоната. Всушност, одлуката за заминување беше негова. „Иманол Алгуасил го извести клубот за неговата одлука да не го води тимот следната сезона. По шест и пол години на чело на стручниот штаб, тој одлучи дека е време да се повлече кога ќе заврши оваа сезона. Но, пред да дојде тој момент, имаме уште многу работи за кои вреди да се бориме. Билет за ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави дека се повлекува од Мастерсот во Мадрид поради повреда на препоните на десната нога. Алкараз беше втор носител на турнирот во Мадрид и требаше да игра со победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и Канаѓанецот Габриел Диало во второто коло. „Решивме да не ризикуваме. Направив се што можев, но работите не се подобрија многу. Морав да го послушам моето тело и да донесам тешка одлука. Мислам дека ја ...

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси. Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами. Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб ...

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона. На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута. Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна ...

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“. Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела. Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата. Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на ...

Ал Наср, клуб во кој прва ѕвезда е ветеранот Кристијано Роналдо, во последните години докажа дека не штеди пари, демонстрирајќи голема финансиска моќ. Во летниот преоден рок, со 100 милиони евра ќе тргнат во офанзива по потписот на фудбалерот на Вест Хем, Мухамед Кудс. „Чеканите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата за 24-годишниот репрезентативец на Гана, кој има договор со клубот до јуни 2028. Се очекува Мохамед Кудс да се пресели во Ал-Наср ...

Фудбалерот на Манчестер сити во заминување, Кевин Де Брујне, би можел да направи изненадувачки потег на крајот од сезоната и да ја продолжи кариерата во Астон Вила, пишува британски „Скај Спорт“. Истиот извор наведува дека во еден од најпрогресивните клубови во Премиер лигата веќе се воделе интерни дискусии, околу можниот ангажман на Де Брујне, што е прв чекор кон евентуалниот трансфер. Договорот на искусниот белгиски фудбалер со Сити истекува ...

Реал, во предградието на мадрид, со тешка мака го победи Хетафе со 1:0 во 33.коло. Реал остана четири чекори зад Барселона во пресрет на меѓусебниот дуел, најпрвин в Купот, а потоа и во првенството. Единствениот гол на натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го постигна турскиот репрезентативец Арда Гулер. Покрај Гулер херој на Реал е Тибо Куртоа кој имаше вкупно шест одбрани, од кои две во самиот финиш. Реал натпреварот го заврши со играч ...

Лука Јовиќ повторно е стартер, повторно дава голови, постигнува важни голови и решава натпревари, ова е главниот впечаток во Италија по „Дерби дела Мадонина“ во Купот на Италија. „Росонерите“ благодарение на двојниот стрелец Јовиќ во реваншот го победија Интер со 3:0, вкупни 4:1 и се пласираа во финалето на Купот. За титулата ќе се борат со Болоња, која првиот меч во Емполи го доби со 3:0, така што реваншот вечерва ќе биде само формалност. ...

НБА го објави името на добитникот на наградата „Џери Вест“ која се доделува во последните три години. Лауреат е Џејлен Брансон од Њујорк Никс, која доби најмногу гласови, веднаш пред второпласираниот Никола Јокиќ. Станува збор за награда наречена „NBA Clutch Player of the Year“, односно за најдобриот играч во одлучувачките моменти од натпреварот. Брансон навистина се истакна оваа сезона во неизвесните завршници и беше фаворит за освојување на ...

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на 1.1 против Голден стејт. Актуелниот шампион Бостон Селтикс го победи Орландо со 109:100 и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум. Натпреварот беше решен во третиот период во кој тимот од Масачусетс стекна предност од 15 поени. До крајот не дозволија ривалот да се спушти на помалку од осум поени. Џејлен Браун ...

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид. Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри. Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач. Конкуренција на Дуплантис годинава беа Карлос ...

Фудбалерите на Арсенал ремизираа со Кристал Палас 2:2 (2:1) во малото лондонско дерби од 34. коло на англиската Премиер лига. Домашните поведоа на „Емирати“ во третата минута кога Јакуб Кивиор беше највисок во скокот и со глава ја затресе мрежата на Палас. Израмнувањето го донесе Еберечи Езе, во 27. минута, но Арсенал сепак со предност замина на одмор. На три минути до одморот, во 42. минута, Леандро Тросар постигна гол. Во вториот дел Арсенал ...

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Вечерва, Милан го декласира градскиот ривал Интер во полуфиналниот реванш со 3:0. Патот на Милан до финалето му го трасира Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец кој на крајот од годината беше отпишан, во последниот месец почна да добива шанса од Сержо Консеисао. Довербата на тренерот ја оправда со голови. Во првенството погоди против Наполи и Фиорентина. Вчерва постигна ...

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал. Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен. Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и ...

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А. До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино. Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма. Во 91. минута Консеисао ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1014
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
10.7
73%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.2
43%
1004
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
8.23
40%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
7.72
76%
1007
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
76%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
11.83
57%
1006
Currency

61.535

Currency

52.546

Currency

71.4497

Currency

34.3256

Currency

38.3636

Currency

66.0973

Currency

7.32321

Currency

0.67179

Currency

0.35875

Currency

0.5255

Currency

1.31181

Currency

0.61303

Алуминиум

2.59

Иридиум

145787.60

Кобалт

42.99

Никел

14935.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.66

Сребро

1178.48

Злато

105864.20

Бакар

11.46

Паладиум

35623.03

Платина

43874.61

Родиум

177632.87

Цинк

2.70