Србија загуби во претпоследното коло во Лондон, од Англија со 2:0 и со тоа остана без шанса да се пласира во плејофот за Светското првенство. Против големиот фаворит Србите, со новиот селектор Вељко Пауновиќ одиграа коректен натпревар, не ги реализираа неколкуте добри шанси што ги однесе во пораз. На теренот, прв пат со капитенската лента на раката ги предводеше играчот на Јувентус Филип Костиќ. Прво на сите, Костиќ рече дека за него е ...

Франција го обезбеди првото место во Д групата и директен пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Вечерва, Албанија со минималната победа во Андора го обезбеди второто место во К групата, од која претходно Англија се пласира на Мундијалот. Англичаните славеа над србија со 2:0. Италија, во финишот на мечот во Кишињев, славеше победа над Молдавија 2:0. Франција го скрши отпорот на Украинците дури во второто полувреме, а ...

Фудбалерите на Република Ирска направија вистинско изненадување со победата над Португалија со 2:0, во Ф групата, во квалификациите за Светското првенство.. Паро постигна два гола во првото полувреме и пресуди на репрезентацијата на Роберто Мартинез. Португалците до крајот не успеаја да се опорават од тој шок, иако доминираа на теренот. Кристијано Роналдо ја покажа својата „темна страна“. Во немоќ, без топка удри противнички играч, поради ...

Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1. Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција. Норвешка во последното коло ќе гостува во Италија, има гол разлика +29 и само две луди победи на Италија во ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голобви во пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Дуелот со Летонците беше генерална проба за дуелот со Велс во Кардиф, за пет дена. Благоја Милевски, селекторот на Македонија, мечот помалку и очекувано го започна со комбиниран состав. Македонија одигра натпревар далеку под своите стандарди, со две шанси во првиот дел на Ристовски и Костадинов. И двата удари ги скроти летонскиот ...

Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година забележа убедлив пораз (1:4) од Шведска на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство. Македонија постигна гол, имаше водствот, но потоа доживеа колапс. во второто полувреме. Избраниците на Горан Станиќ поведоа со голот на Елези во водство во 12.минута. Швеѓаните пресврт направија за само 120 секунди, во 33-та и 33-та минута стрелец беше Ричи Оморова. Во вториот дел, ...

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, признава дека минимални се шансите да ја одбрани титулата. Ферстапен има 49 поени помалку од лидерот Ландо Норис, на три трки до крајот на сезоната. Ферстапен, вози шампионски во вториот дел оваа сезона, импресивен беше во Бразил, кога трката ја стартуваше од пит-лејнот, а ја заврши на третото место. „Ја загубивме титулата од првата трка па сè до Зандворт (последна трка пред летната пауза)“, ...

Столе Димитриевски без да извртува зборуваше како гостин во “>„Лазаров подкаст“. За вербалните препукувања со Винисиус Жуниор, понудата од Саудиска Арабија, за неуспешниот договор со Барселона, но и за тоа зошто не брани во Валенсија, каде што пристигна како еден од најдобрите голмани во Примера. Минатата сезона, македонскиот репрезентативец беше на теренот само девет натпревари, што доведе до тоа да остане без поголем бонус што го ...

Европското првенство во фудбал, кое ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс и Ирска во 2028 година, ќе започне со натпревар во Кардиф, додека финалето ќе се одржи на Вембли, според британските медиуми. Северна Ирска требаше да биде домаќин на следното ЕП, но се откажа од организацијата поради недостаток на финансиски средства. За разлика од претходните европски првенства, следното ќе биде посебно бидејќи сите домаќини ќе мора да се ...

Џулијано Симеоне, заслужи и доби нов договор од Атлетико Мадрид. 22-годишникот и понатаму ќе соработува со својот татко Диего Чоло Сименоне, кој од декември 2013 година ги предводи „јорганџиите“. Првата задача што новиот спортски директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, сакаше да ја заврши веднаш по преземањето на функцијата беше иднината на Џулијано Симеоне. Младиот аргентински напаѓач и клубот веќе некое време преговараат за ...

Шпанецот Чави Пасквал е новиот тренер на Барселона, ексклузивно објавува „Мундо депортиво“. Пасквал се враќа во „Блауграна“, со која ја освои Евролигата во 2010 година и на чија клупа го помина периодот од 2008 до 2016 година како главен тренер, а претходно беше дел од тренерскиот штаб. По Барселона, 53-годишниот Пасквал ги тренираше Панатинаикос и рускиот Зенит во последните пет години. Пасквал го наследи Жоан Пењароха на клупата на ...

Иднината на германскиот напаѓач Карим Адејеми во Борусија Дортмунд е под знак прашалник, а според германските медиуми, Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата. Главната причина за неизвесноста е нарушениот однос меѓу 23-годишникот и тренерот Нико Ковач, што би можело да го забрза неговото заминување од клубот, пишува „Дејли Мејл“. Проблемите се натрупуваат за младиот напаѓач и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал ...

Португалскиот репрезентативец, играч на бешикташ, Рафа Силва, реши среде сезоната да стави крај на кариерата. Одлуката на 32-годишникот ги шокира сите во клубот. „Имам голема почит кон тренерот, но донесов одлука и таа нема да се промени“, додаде Португалецот откако главниот координатор на Бешикташ, Серкан Рехбер, и тренерот Серген Јалчин, побараа средба со него. Рафа Силва има договор со Бешикташ до 2027 година. Клубот не се откажува од ...

Вулверхемптон го назначи Роб Едвардс за менаџер на првиот тим. Поранешниот тренер на Мидлсбро, кој го замени Витор Переира како главен тренер на Вулверхемптон, потпиша договор од три и пол години со последнопласираниот тим во Премиер лигата. „Роб и неговиот тим покажаа и претходно дека можат да бидат навистина добри во менувањето на културата, брзо всадувајќи доверба кај играчите и градејќи основа за позитивна иднина. Тој сака да биде на ...

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) изјави дека не брза да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува во јуни 2026 година. По оваа изјава, веднаш започнаа шпекулациите околу неговата иднина. Два клуба веќе се издвоија како потенцијални нови дестинации, Фенербахче и Милан, пишуваат шпанските медиуми. Според информациите на новинарот Серџан Хамзаоглу, турскиот гигант, засега, индиректно прашува за условите под кои Левандовски би ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа против Лос Анџелес Лејкерс и ги декласираа со 121:92. По првата четвртина беше 30:18 за актуелните шампиони на НБА лигата, а на полувреме беше 70:38, со што беа решени дилемите околу победникот. Актуелниот MВП на лигата Шеј Гилџис-Александер беше првото име на дуелот со учинок од 30 поени, пет скока и девет асистенции. Исаија Џо додаде 21 со пет асистенции, а Еј Џеј Мичел имаше 14 поени во 12-та ...

Никола Јокиќ и неговата брилијанта партија во победата над Клиперси во Лос Анџелес 130:116 е историска во НБА лигата. Двократниот МВП во регуларниот дел од сезоната, речиси сам ги победи Клиперси. Постигна 33 поени во едно полувреме, на крајот мечот го заврши со 55 поени, со 78 отсто реализација од поле (погоди пет трјки од шест обиди), забележа 12 скока и шест асистенции. Вкупно на тернот мина 34 минути. Јокиќ е четвртиот играч во ...

Фудбалската репрезентација на Англија успешно ги финишира квалификациите за Светското првенство. Англичаните изборија место на Мундијалот, а од вечерва ги започнуваат подготовките за планетарната смотра. Во К групата, Англија во претпоследното коло ќе ја пречека Србија. Пред натпреварот на „Вембли“, селекторот Томас Тухел ѝ порача на англиската јавност дека Хари Кејн, Фил Фоден и Џуд Белингам не можат да играат заедно во неговиот систем. ...

Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната. Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени против Кардитса. Во средата, во ...

Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на шампиони. Во седмото коло, во Битола, македонскиот првак го победи Пик Сегед со 25:24. Одбраната на Пелистер, особено во првиото полувреме, на крајот беше клуч за победата. Блескаа зелените, во дефанзивата, во првите 15 минути му дозоволија Сегед да постигне само два гола, до крајот на првиот дел уште шест, па по 30 минути игра Пелистер имаше водство 11:8. Вториот дел, во речиси ...

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минималнаа, но голема победа над селекцијата на Данска 79:78. Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика ...

Кандидатот за претседател на Барселона, Ксавиер Вилахоана, го обвини актуелното раководство на чело со Џоан Лапорта дека лаже за финансиската состојба на клубот, повикувајќи на целосна транспарентност во врска со заминувањето на Лионел Меси во 2021 година. Според нов независен извештај, нарачан од самиот Вилахоана, долгот на каталонскиот гигант пораснал на рекордни 4,12 милијарди евра, што фрла сомнеж врз приказните за економско ...

Фудбалската репрезентација на Нигерија ќе го игра натпреварот против Габон во плеј офот за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во вторникот, фудбалерите и стручниот штаб започнаа штрајк поради неплатени хонорари и бонуси. Побараа од Нигериската фудбалска федерација (NFF) проблемот итно да биде решен, бидејќи некои долгови дтарираат уште од 2019 година. Тимот, предводен од ѕвезди како Виктор Осимхен и Адемола Лукман, одби да ...

Британски „Гардијан“ го најави сензационалниот трансфер на Хари Кејн. Според лондонскиот весник, капитенот на англиската репрезентација ќе се пресели од Баерн во Барселона следното лето, а Џоан Лапорта ќе ја плати клаузулата откуп од 65 милиони евра. Кејн, кој и самиот е „помлад“ ветеран на 32 години, ќе ги следи стапките на Роберт Левандовски, кој го напушти Минхен на 35 години и потпиша за Барса за 20 милиони евра помалку. Полјакот ...

Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство. Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота. Според овој извор, ...

Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес. Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, му порача на напаѓачот на реал, Ендрик дека мора сериозно да размисли за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Младиот фудбалер го изгуби местото во ротацијата со доаѓањето на Чаби Алонсо, а откако се рахабилитира од повредата на грбото, има одиграно само 14 минути оваа сезона. Новинарите беа заинтересирани дали ова ќе влијае врз статусот на Ендрик во националниот тим, ...

Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа. Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор. „Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е ...

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за 1 милион фунти (1.300.000 евра) поради наводна „клиничка небрежност“ во третманот на повреда на грбот, тврдејќи дека таа му предизвикала „сериозни“ и долгорочни проблеми. Туанзебе, кој поминал низ познатата фудбалска академија на клубот, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се откриени клучни детали од случајот. Главната поента на тужбата се ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Алуминиум

3.09

Иридиум

221848.72

Цинк

3.29

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04