Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Килијан Мбапе го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо додека играше за Реал Мадрид. Францускиот фудбалер беше двоен стрелец на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол. Го израмни рекордот на Португалецот, разликата е само што Роналдо постигна 19 гола во осум последователни натпревари, додека Мбапе стигна до бројката од десет гола. Следниот рекорд би можел да биде ако Мбапе ...
Лука Дончиќ блеска на почетокот на НБА сезоната, прва што ја игра во Лејкерси од самиот почеток. Тимот, кој сè уште е без Леброн Џејмс, го предводеше до домашна победа од 130:120 над Мајами Хит. И кога Дончиќ шутира под просекот од поле (9/22) и катастрофално за тројки (1/11), успева да постигне учинок за историјата на најсилната лига. Дончиќ влезе во историјата и покрај лошиот шут од поле. Го надомести тоа со 10 од 12 погоден слободни ...
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот. Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата. Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент. Во финишот од ...
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, беше многу лут по победата на неговиот тим против Борнмут со 3:1 во Премиер лигата. Тренерот на „Граѓаните“ ги нападна судиите поради голот на Борнмут, кој според него беше постигнат по прекршок врз голманот Донарума. „Неверојатно е што претставува гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум среќен со она што го постигнав досега во Сити“, рече Гвардиола. Тој не ...
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот. Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството. Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во ...
Дербито од 11-то коло од турската фудбалска лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче (2:3) беше обележано со зголемени тензии кои кулминираа со инцидент во првото полувреме. Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу поради груб фаул и Серген Јалчин (надвор од теренот), фудбалерот на Фенербахче, Марко Асенсио, беше погоден во главата со предмет фрлен од трибините. 29-годишниот шпански крилен ...
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут. „Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место. Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. ...
Фудбалерите на Фиорентина се во криза во каква што не биле, во поновата историја на клубот. По 10 кола, Фиорентина нема победа во Серија А, со само четири бода се наоѓа на претпоследноот место на табелата. Попладнево на „Артемио Франки“, Фиорентина загуби од Лече (0:1). По овој пораз на време, прашање е само кога тренерот Сетфано Пиоли ќе добие отказ. Стрелец на единствениот гол за гостите од југот беше Албанецот Медон Бериша во 23-та ...
За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз. Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4). Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември. Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој ...
Вест Хем ја забележа првата победа во ерата на Нуно Еспирито Санто. Вест Хем во 10-то коло, го победи Њукасл со 3:1. Ова е прва победа на „чеканите“ против Њукасл по пауза од речиси шест години. Натпреварот започна лошо за Вест Хем, Џејкоб Марфи по само четири минути игра го совлада Ареола. „Чеканите“ лошо запопнаа, но добро го финишираа првиот дел. Лукас Пакета изедначи во 35-та, а во првата минута од судиското продолжение, авто-гол си ...
Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот. Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа на 18-то место. Интер, на време го постигна првиот гол, во 16-та минута, Чалханогдлу од корнер го „гаѓаше“ ...
Лучано Спалети со обеда во Крмеона го запошна мандатото на клупата на Јувентус. „Старата дама“ го победи Кремонезе со 2:1, со головите на Костиќ и Камбијасо, стрелец за домашниот тим беше англискиот ветеран Варди. „Првото полувреме беше добро. Ми се допаѓа начинот на кој се однесувавме, очигледно е дека имаме потенцијал во тимот, па затоа мора брзо да растеме. Им верувам на групата, на играчите што ги имам. Сепак, постои притисок што го ...
Премиер лигата е позната по ниската толеранција на тренерски грешки, а на крајот од 10-то коло беше објавен четвртиот отказ од почетокот на сезоната. Вулверхемптон во моментов не изгледа како тим што ќе биде во елитата следната сезона, па затоа челниците решија цехот да го плати тренерот. Витор Переира не издржа ниту една година на позицијата шеф на стручниот штаб на Вулверхемптон, а овој потег на раководството не претставува големо ...
Мохамед Салах го постигна својот 250-ти гол за Ливерпул, со што „црвените“ ја прекинаа серијата од четири порази во Премиер лигата со победа над Астон Вила во еден од дерби натпреварите од десеттото коло на англиското првенство. Египќанецот без размислување го прифати „подарокот“ од гостинскиот голман Емилијано Мартинез и на крајот од првото полувреме му донесе водство на Ливерпул. Тој гол го стави Салах во одбраното друштво на најдобрите ...
Ламин Јамал има сериозни здравствени проблеми кои би можеле да влијаат на неговата кариера во иднина. Според информациите објавени од каталонските медиуми „Спорт“ и „Мундо Депортиво“, традиционално првирзани за Барселона, Ламин Јамал се бори со пубалгија, непријатна повреда на препоните која предизвикува болка и директно влијае на неговите перформанси на теренот. Тоа е проблем кој не е краткорочен и не се решава преку ноќ. Потребна е ...
Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем со 1:0 во дербито на 10-то коло од Премиер лигата. „Сините“ беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, а на крајот голот на Бразилецот Жоао Педро го реши победникот. Ова беше петта последователна победа на тимот од „Стемфорд Бриџ“ против Тотенхем, кои во претходните 18 меѓусебни дуели остварија само еден триумф со три нерешени резултати и дури 14 порази. За единствениот голл на натпреварот ...
Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао со 3:2 во 11-то коло од шпанската Ла Лига. Дербиот на Баскија се играше во Сан Себастијан, на стадионот „Реале Арена“ пред околу 30.000 луѓе. Натпреварот беше интензивен, Атлетик два пати се враќаше во натпреварот, на крајот херој на Сосиедад е Горотачеги. Во 38-та минута Браиз Мендес ја затресе мрежата на Билбао, но радоста на домашните траеше само четири минути. Горока Гурусета ...
Без победник (0:0) заврши дуелот од 10-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Комо. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас играше од 37-та минута, кога влезе на теренот на местото на повредениот Били Гилмор. Одигра одлиќен натпревар, беше еден од најдобро оцентите играчи во редовите на Наполи. Комо го имаше поседот на топката на почетокот, што е донекаде неочекувано, а потоа во 24-та минута, гостите добија пенал. Мората ја избегна офсајд ...
Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше во Скопје зад затворени врати (29:27), а вториот одигран денеска, во Куманово им припадна на Јапонците со 31:32. Македонија со овие два натпревари ги започна подготвките за Европското првенство, кое ќе се игра во јануари следната година. Работите на теренот бргу се менуваа, Македонија водеше 6:4, потоа на ...
Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах во девтотот коло ја забележаа првата победа сезонава во Бундес лигата. Борусија го „прегази“ Санкт Паули со 4:0. Првата сезонаска победа во првенство во дресот на Борусија ја обележа напаѓачот на Босна и Херцеговина Харис Табаковиќ. Првиот гол го постигна во 15-та, а вториот во 40-та минута за водство на Борусија од 2:0 на полувреме. Макино го зголеми резултатот на 3:0 во 75-та минута, додека Фрауло ги ...
Атлетико Мадрид ја победи Севилја со 3:0 во 11-то коло, во Примера. „Јоганџиите“ ја забележаа третата победа во низа, четврта во последните пет натпревари во првенството, додека Севилја го забележа третиот пораз по ред и веќе има шест загубени натпревари од почетокот на сезоната. Мечот го обележа Антоан Гризман, клупската легенда го постигна 200-от гол за Атлетико во Примера. Атлетико издоминира против Севилја, но отпорот на гостите од ...
Фудбалерите на Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед ремизираа во дербито од 10-то коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ пристигнаа на „Градскиот стадион“ во одлично расположение со три победи во првенството и четири во последните пет натпревари. Касемиро ги доведе гостите во водство во 34-та минута. По 536 минути без гол, проклетството играчите на Шон Дајч конечно го скршија на почетокот од второто полувреме. За само две минути, Морган ...
Големиот скандал во Турција околу фудбалските судии кои имаат налози во обложувалници доби епилог. Турската фудбалска асоцијација суспендираше 149 судии поради поседување налози за обложување. Неодамна беше откриено дека од 571 фудбалски судии во Турција, дури 371 имаат налози за обложување. Од нив, 152-ца се активни. Казните за овој прекршок се суспензија помеѓу осум и 12 месеци. Турската фудбалска асоцијација сè уште ги истражува тројцата ...
Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира повеќе не е тренер на Џенова, објави во саботата клубот кој моментално е последен во Серија А. Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и шест порази, што е нивниот најлош почеток на сезоната. За среќа, по девет кола во Серија А има дури четири клуба кои сè уште не знаат за победа, па работите сè уште можат да се поправат. Виеира ја презеде ...
Минатиот викенд, Мохамед Салах ја прекина серијата без голови што траеше повеќе од еден месец. Беше стрелец во поразот од Брентфорд. Кризата на формата се совпаѓа со лошите резултати на целиот тим. „Црвените“ беа елиминирани од Лига купот од Кристал Палас во средата. Емил Хески, поранешен напаѓач на Ливерпул, се осврна на формата на Салах. „Да, тој не е во форма, но има одреден пад што е неизбежен како што стареете. Секој во триесеттите ...
Меѓу 20-те најплатени фудбалери во Примера, има дури 18 играчи се од двата најголеми клуба, Реал и Барселона, 11 од кралскиот клуб и седум од каталонскиот клуб, плус по еден од Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Најголема плата во Шпанија има напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Неделно заработува околу 600.000 евра, што на месечно ниво изнесува речиси два и пол милиони евра. Покрај францускиот ас, Реал е застапен со: Давид Алаба, ...
Партизан го доживеа третиот последователен пораз во Евролигата, втор во низа на домашен терен. По поразот од Париз во Белград и Хапоел во Софија, црно-белите на домашен терен загубија од Барселона 76:78. Долго време ќе се прашуваат во црно-белиот табор како успеаја да загубат и покрај тоа што имаа апослутна контрола врз она што се случуваше на теренот. Победникот го реши неверојатниот кош на Вил Клајбурн. Американецот погоди тројка од ...
Европската фудбалска унија (УЕФА), триумфално ги објави промените во форматот на своите натпреварувања, новите формати што беа лансирани минатата сезона и пофалени пред почетокот на оваа сезона беа помпезно најавени. Но дали идејата за новите формати е на УЕФА или тоа е плагијат. УЕФА се соочува со тужба бидејки го „го украла концептот“. Наместо 32 екипи, во новиот формат од минатата сеозна се натпреваруваат 36. Наместо осум групи, има една ...
Никола Јокиќ не успеа да влезе во историјата на НБА лигата, како играч со пет трипл-дабл натпревари во првите пет дуели од стартот на сезоната. Денвер загуби во Портланд 109:107, а на српскиот центар асистенција му недостигаше за трипл-дабл. Лука Дончиќ со 44 поени ги предводеше Лејкерси до победата во Мемфис (117:112), а Чикаго Булс го бележат најдобриот старт во сезоната во последните 30 години. Лука Дончиќ одигра маестрално во Мемфис, ...
Вардар и по 11-то коло остана лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига и единствен е без пораз во досегашнуот тек од сезоната. Вардар во дербито на колот го обеди Силекс со 2.1. Со оваа победа, „црвено-црните“, се лидери на табелата со 27 поени, еден повеќе од Струга, три во однос на Шкендија и шест во однос на Силекс. Жестоко и во добро темпо започна дербито во Скопје. Во првите 15 минути беа постигнати два гола. Омерагиќ ...