Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Баерн Минхен забележа победа на теренот на европскиот првак ПСЖ (2:1). Баварците ја продолжиа перфектната низа, победија на сите 16 натпревари од почетокот на сезоната. Вистински ролеркостер е триумфот на Баварците на „Паркот на принцовите“. Одиграа прво полувреме од сништата, во режија на Луис Дијас. Колумбиецот погоди во четвртата и 32-та минута кога ја искористи големата грешка на Маркињос. ПСЖ при 1:0 постигна гол, но ВАР го поништи ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите. Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул. Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди ...
Новак Ѓоковиќ, петтиот тенисер на АТП листата, се врати на терените по Мастерсот во Шангај, поточно на турнирот од серијата АТП 250 во Атина. Ѓоковиќ во неговиот прв меч во грчката престолнина го победи Чилеанецот Алехандро Табило (89-ти на АТП листата) со 7:6 (3), 6:1. Ѓоковиќ прв пат во кариерата го победи Табило, откако претходно без да освои сет, загуби од 28-годишниот Чилеанец во Рим во мај минатата година, а една година подоцна во ...
Натпреварите Наполи-Ајнтрахт и Славија Прага-Арсенал, го отворија четвртото коло во Лигата на шампионите. Наполитанците одиграа без голови со гостите од Франкфурт, додека Арсенал лесно победи во Прага со 3:0 и го задржа максималниот ефект. Елиф Елмас повторно беше стартер во тимот на Наполи и го одигра најдобриот меч во сезоната. Македонскиот репрезентативец беше најголема закана по голот на Ајнтрахт, на крајот доби највисока оценка oд сите ...
Кристијано Роналдо (40) планира наскоро да ја заврши кариерата и призна дека веројатно ќе плаче кога тоа ќе се случи. Фудбалерот на саудискиот Ал Наср постигна 952 гола во кариерата, а неговата цел е да постигне 1000 пред да се пензионира. „Ќе биде тешко, веројатно ќе плачам затоа што сум емотивна личност. Ја подготвувам мојата иднина уште од моите 25, 26, 27 години и мислам дека ќе можам да го издржам тој притисок“, рече Роналдо во ...
Црногорските медиуми, вчера објавија дек поранешниот репрезентативец на Македонија, Виктор Треневски ќе биде тренер на Партизан. Црно-белиот клуб, во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, по елиминацијата во Купот од второлигашот Мачва и дебаклот во првенството од Чукарички. Треневски, моментално е тренер на третолигашкиот клуб Тузи од Црна Гора, инаку е поранешен играч на партизан. „За мене, како и за повеќето, ова е добра вест што ...
Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам, официјално е прогласен за витез за неговите заслуги во фудбалот и неговиот придонес во британското општество. 50-годишниот Бекам, кој претходно оваа година, беше на списокот на почести за роденденот на кралот Чарлс, ја прими почеста лично од монархот за време на церемонија одржана во Беркшир. „Не би можел да бидам погорд“, рече Бекам, „Секој знае колкав патриот сум, ја сакам мојата земја. ...
Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор. Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во ...
Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А. Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата. Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба. Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 ...
Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција. Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор. Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во уперлативи зборуваше за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој сè уште не не може да се снајде во Ливерпул, откако две сезони блескаше во Баер Леверкузен. Баер во сезоната 2023/24 ја освои двојната круна под водство на Алонсо, со напомена дека стигна до титулата во Бундеслигата без пораз. Вирц постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања таа сезона и беше прогласен за најдобар играч во ...
Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (19), е пред привремено заминување од клубот откако не успеа да го импресионира тренерот Чаби Алонсо. Иако беше поврзуван со позајмица во Премиер лигата, каде што интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Астон Вила, 19-годишникот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Лион, Франција, пишува специјализираниот фудбалски поратал „Goal.com“. Ендрик се врати на теренот минатиот викенд по петмесечна пауза ...
Вечерва се играат девет натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА, кои носат неколку многу интересни дуели каде што секој бод ќе биде исклучително важен за пласман во нокаут фазата. Посебен акцент треба да се стави на средбата помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, како и на пресметката помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Ливерпул го пречекува Реал Мадрид на „Енфилд“, а судија е романецот Иштван Ковач. Домашниот тим го предводи Арне Слот, ...
Во 4. коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Јувентус вечерва ќе го пречекаат Спортинг од Лисабон. Пред натпреварот, тренерот на „Старата дама“, Лучано Спалети зборуваше за подготовките на тимот, статусот на некои од фудбалерите и амбициите на клубот за сезоната. Спалети истакна дека напаѓачот Душан Влаховиќ и дефанзивецот Андреа Камбијасо се фундаментални за тимот. „Андреа е силен и модерен играч кој може да се снајде на неколку ...
Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ со звукот на сирената им донесоа победи на своите екипи, Милвоки Бакс, односно Јута Џез, во НБА лигата. Јанис погоди за победа во Индијанаполис, а Нуркиќ во Бостон. Милвоки Бакс славеа на теренот на еден од најголемите ривали во лигата, Индијана Пејсерс. Адетокумбо е омразен лик во Индијанаполис од декемви 2023 година, кога постигна рекордни во кариерата 64 поени, а потоа ги обвини домашните кошаркари дека му ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Сакраменто Кингс со 130:124. Нагетс ја забележаа четвртата победа во сезоната, имаат и два порази, додека Кингс се на скор две победи и пет порази. Никола Јокиќ го одигра најефикасниот меч од почетокот на сезоната и го задржа континуитетот и во шестиот меч забележа дабл-дабл. Србинот натпреварот го заврши со 34 поени, 14 асистенции, седум скока и четири украдени топки. Јокиќ моментално е најдобар ...
Лионел Меси планираше да ја искористи претстојната четиримесечна пауза од МЛС за да остане во форма пред Светското првенство во 2026 година, но неговиот план не наиде на разбирање во Саудиска Арабија. Како што објави „RMC Sport“, аргентинскиот фудбалер сакал да потпише краткорочен договор со еден од клубовите на Саудиската професионална лига во текот на зимскиот период, со цел да остане во натпреварувачкиот ритам. Сепак, локалните власти и ...
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, за шпански „АС“, ги избра петте најдобри фудбалери во историјата. Модриќ (40), играч од средниот ред на Милан, беше замолен да издвои пет играчи од која било ера. „Марадона, Франческо Тоти, Бразилецот Роналдо, Звонимир Бобан, кој е мој идол, и Зизу (Зинедин Зидан)“, рече Модриќ. Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, кој замина ова лето по 13 сезони во клубот. Со ...
Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција. Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч Џанлуиџи Донарума, кој ја освои Лигата на ...
Требаше тренерот на Џенова Патрик Виера да добие отказ за тимот да го забележи првиот триумф оваа сезона. Џенова, под водство на новиот тренер Доменико Кришито, на гостински терен го победи Сасуоло со 2:1. Џенова по овој триумф избегаа од дното на табелата, сега со шест бода сега се на 18-то место, додека Сасуоло е 11-ти со 13 бода. Џенова поведе во 18-тата минута со брилијантниот гол на Украинецот Руслан Малиновски. Гостите на полувремето ...
На тренерот на Раднички од Крагуевац, Младен Жижовиќ, му се слоши во текот на натпреварот против Младост во Лучани, а малку подоцна беше објавено дека починал во болница. Жижовиќ се струполи крај теренот, додека го водеше својот тим, во средишницата на првото полувреме. Судијата веднаш го прекина натпреварот, играчите во паника повикаа помош, лекарите реагираа, беше ставен на носилка и однесен во болница, додека гледачите аплаудираа во знак ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, ќе биде надвор од терените на неопределено време поради повреда на препоните или спортска хернија, пишуваат шпанските медиуми. Според овие извори, 18-годишниот Мастантуно не тренирал заедно со тимот на Реал во понеделникот. „На нашиот играч Мастантуоно му е дијагностицирана пубалгија по медицинските тестови. Неговото закрепнување ќе биде внимателно следено“, објави клубот. Во соопштението не се ...
Англискиот фудбалер Трент Александар-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал. Десниот бек го замени својот роден град со Мадрид ова лето. Навивачите на Ливерпул не му го простија предавството. Најмногу поради начинот на кој го направи тоа, претходно не го обнови договорот, поради што си замина без обештетување. Реал на крајот плати околу 10 милиони евра ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски, според црногорските медиуми и главниот кандидат за нов тренер на фудбалскиот клуб Партизан. Партизан, во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, откако клубот испадна од Купот на Србија, по поразот од второлигашот Мачва, а во саботата доживеа тежок пораз од Чукарички. Виктор Треневски е поранешен македонски фудбалер кој ги бранеше црно-белите бои помеѓу 1995 и 1998 година. ...
Познат играч на англиската Премиер лига, чија вредност се проценува на речиси 70 милиони евра, доживеал застрашувачки инцидент кога му се заканиле со пиштол во центарот на Лондон. Фудбалерот, кој е во дваесеттите години, бил во друштво на пријатели кога нападот се случил на 6 септември доцна навечер, поради што била повикана полицијата, пишува „Сан“. Поради инцидентот, 31-годишен фудбалски менаџер кој исто така застапува некои англиски ...
Во својата емисија на британскиот национален сервис, Би-Би-Си, Вејн Руни пред неколку дена изјави дека говорот на телото на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, и тоа не само неговиот, е нешто што треба да ги загрижи сите во и околу клубот. Капитенот на Ливерпул, одговори на критиката Руни, а поранешниот играч на Манчестер Јунајтед не му остана должен. По поразот на Ливерпул од Брентфорд, Вејн Руни изјави дека доколку бил вработен во ...
Поранешниот играч на Челзи и англиски репрезентативец, Џо Кол, откри како Жозе Мурињо го „запалил“ тимот по поразот од Барселона во 2005 година. Годината е 2005 година. Стадион „Камп Ноу“. Челзи загуби од Барселона со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „сините“, влегол во соблекувалната и истурил се жшто му лежело на душата. Џо Кол го открива тоа во ...
Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата. Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во ...
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди. „Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини. Пауло ...
Шампионот на НБА, Оклахома Тандер, остана единствениот непоразен тим во новата сезона. Тандер до седмата победа во исто толку натпревари дојдоа против слабиот Њу Орлеанс со 137:106. Њу Орлеанс заедно со Бруклин Нетс, останаа единствената франшиза без триумф во сезоната досега. МВП-то од минатата сезона, Шеј Гилџис Александар, постигна 30 поени, со совршени 13/13 од линијата за слободни фрлања. Шеј влезе во аналите како трет кошаркар со ...