Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ели Жуниор Крупи е опериран и ќе отсуствува од три до четири месеци. Операцијата им ги расипа плановите на Борнмут и Барселона. Суперталентираниот напаѓач на „Црешите“ го повреди стапалото за време на тренингот во Австрија, по што веднаш се врати на Островот за да се процени неговата состојба. Одлуката за хируршка интервенција беше донесена брзо, вчера Крупи беше опериран. Првите проценки на медицинскиот тим велат дека 20-годишникот ќе се ...
Според португалските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Герогина Родригез, овој викенд овицијално ќе запловат во брачните води. Се вели дека гламурозната церемонија е закажана за сабота, 1 август, на имотот Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија. Иако славната двојка, ниту ги потврдила ниту ги негирала своите планови за свадба, јавноста веќе многу шпекулира за деталите. Извори блиски до двојката откриваат дека ...
Карло Анчелоти, селектор на Бразил, 24 дена откако беше елиминиран од Светското првенство, го анализираше поразот од Норвешка во осминафиналето. Италијанскиот тренер призна дека направил грешка со промената на структурата на тимот за време на паузата за освежување. Анчелоти верува дека погрешно ја проценил ситуацијата на теренот и направил промени што го нарушиле бразилскиот тим. „Го загубивме Светското првенство за време на паузата за ...
Фудбалскиот клуб Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град донесе одлука за судска ликвидација. Со тоа, заврши 115-годишна традиција. Клубот е основан уште во 1911 година. Долгорочните финансиски проблеми го предизвикаа овој развој на настаните. Се наведува дека долговите изнесувале околу 20 милиони евра. Сè започна пред 18 месеци. На клубот му беа одземени осум бода, што доведе до испаѓање во понизок ранг, односно во Серија Ц, ...
Панатинаикос го комплетираше едно од најголемите засилувања ова лето во Евролигата, откако се договори со Силвен Франциско, објави грчката СДНА. Преговорите што траеја со месеци се успешно завршени, пишува споменатиот извор, а францускиот плејмејкер, кој беше прва желба на Жељко Обрадовиќ од самиот почеток, ќе го пополни последното празно место во составот на „зелените“. Клучна улога во реализацијата на трансферот одиграа финансиските ...
Нејмар, еден од најдобрите бразилски фудбалери во историјата, официјално потврди дека повеќе нема да игра за репрезентацијата. 34-годишниот напаѓач ја објави својата одлука по победата на неговиот клуб Сантос од 4-2 над Универсидад Централ во Копа Судамерикана. Во емотивна изјава, Нејмар рече дека дал сè за дресот на својата земја. „Моето време во репрезентацијата заврши. Испишав историја, бев многу среќен, ја дадов мојата крв и мојот живот ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола (23), постигнал усмен договор со Ливерпул за евентуален трансфер на „Енфилд“ ова лето, објавува францускиот весник „Лекип“. Весникот додава дека играчот веќе разговарал со клубот, па дури и со менаџерот на англискиот тим, Андони Ираола. И покрај овој важен чекор, трансферот е далеку од реализација. Баркола веќе одлучил да не го обнови договорот со Пари Сен Жермен, кој истекува во јуни 2028 ...
Откако беше разоткриен неговиот план за продажба на дел од Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, презема конкретни чекори за негова реализација. Тој план вклучува уцена. Новите информации за овој земјотрес во светот на фудбалот, кои сега пристигнуваат од час во час, велат дека шефот на ФИФА почнал да ги уценува сите федерации во светот да ја одобрат продажбата што ја договорил, во спротивно ќе се соочи со финансиски ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под силен притисок од УЕФА, која сериозно ја разгледува можноста за бојкот на Светското првенство поради плановите за предавање на дел од комерцијалните права на ФИФА на приватни инвеститори. Пред неколку месеци, Инфантино тесно соработуваше со американскиот претседател Доналд Трамп, а дури сега стана јасно што стои зад таа соработка. Првиот човек на ФИФА сака да го одвои комерцијалниот дел од ...
Бразилскиот фудбал доби една од најнеобичните дисциплински одлуки во последните години. Дефанзивецот на Интернационал, Виктор Габриел, нема да може да игра сè додека напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пек, не се опорави од скршената нога и не добие дозвола да се врати на тренинзите. Одлуката ја донесе Врховниот спортски суд на Бразил, највисокото независно тело задолжено за дисциплински постапки во фудбалот. Габриел беше казнет со суспензија од ...
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш покажа дека неговото семејство е негов врвен приоритет, дури и кога станува збор за незамисливи финансиски понуди. Претседателот на саудискиот фудбалски клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, откри дека неговиот клуб се обидел да го доведе Меси откако тој го напушти ПСЖ, нудејќи му договор каков што спортскиот свет никогаш порано не видел. Според него, Ал-Итихад му понудил на легендарниот ...
Сè уште младиот бразилски ас, 22-годишниот Савињо, според последните информации од Англија, донел конечна одлука тоа каде сака да игра во новата сезона. Тој не беше редовен стартер во тимот на Манчестер Сити минатата сезона, забележа 36 настапи во сите натпреварувања. Во овие натпревари, крилниот напаѓач помина вкупно 1502 минути, постигна четири гола и имаше две асистенции. Сега бара нов предизвик и сака да го напушти „Етихад“. Експертот ...
Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, Николас Џексон се врати во Челзи. Сенегалецот нема да се задржи во Лондон, бидејќи за него нема место во плановите на новиот менаџер, Чаби Алонсо. Сериозен интерес за 25-годишниот напаѓач покажува Астон Вила. Менаџерот Унаи Емери добро го познава Џексон. Во минатото тие имаа успешна соработка во Виљареал. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, клубовите ги ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), телото одговорно за Правилата на играта, издаде појаснување во врска со употребата на ВАР технологијата за време на Светското првенство во 2026 година, отворајќи нова дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот. Во објаснувањето објавено од IFAB се наведува дека ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играч со жолт картон, но не и за преиспитување ...
Бразилскиот напаѓач донесе одлука да остане во Реал Мадрид. Арсенал е заинтересиран за него, му нуди неделна плата од 400.000 фунти, но Винисиус не сака да го напушти Мадрид. На новиот тренер на Реал, Жозе Мурињо, му е јасно дека Бразилецот е многу важен играч за тимот и поради тоа се потрудил да го убеди да остане во Мадрид, објави „Скај Спортс“. Винисиус влезе во последната година од договорот со Реал, а двете страни во преговорите се во ...
Челзи е на прагот да го потпише Дени Велбек од Брајтон откако искусниот англиски напаѓач доби дозвола да ги помине медицинските прегледи на „Стемфорд Бриџ“. Велбек (35) треба да им се придружи на своите нови соиграчи во Хонг Конг следната недела, каде што тимот ќе спроведе дел од подготовките за новата сезона. Потоа се очекува да потпише двегодишен договор со лондонскиот клуб. Доаѓањето на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Арсенал е ...
Ликот на селекторот на Шпанија од денес ја краси надлактицата на Марк Кукуреља. Шпанскиот лев бек го исполни ветувањето дадено во текот на Светското првенство, ако „фуријата“ ја освои титулата, ќе го истетовира ликот на селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте. Кукуреља неодамна на своето тело додаде уште една тетоважа на десната рака, што ќе го потсетува на најголемиот успех во неговата кариера. И на човекот што го одведе до ...
Вардар ги заврши настапите во европските купови за сезоната 2026/2027. Македонскиот шшампион откако во првото коло испадна од Лигата на шампионите, вечерва го заврши настапот и во квалификациите, во Конференциската лига. Вардар, по поразот во Скопје од Рига (2:3), загуби и во реваншот во Латвија со 5:2. Црвено-црните беа на чекор до сензација, имаа водство од 2:0 до 87-та минута, иако од 19-та играа со фудбалер поналку, поради исклучувањето ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно размислува за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори, објавува „Фајненшл тајмс“. Оваа идеја и нејзината потенцијална имплементација веќе се опишани од спортските инсајдери како вистински „нуклеарен удар“ врз фудбалскиот свет. Според истиот извор, ФИФА планира да основа нова компанија која би ја презела контролата врз организацијата и комерцијалните права на Светското ...
Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Јошко Гвардиол, го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2031 година, објави англискиот клуб. Гвардиол (24) пристигна во Манчестер Сити во 2023 година од Лајпциг. Хрватскиот фудбалер одигра 122 натпревари за англискиот клуб и постигна 13 гола. Освои шест трофеи со клубот од Манчестер. „Кога слушнав дека Сити ми понуди продолжување на договорот, веднаш знаев дека го сакам тоа. Навивачите на ...
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џовани Малаго, откри дека Роберто Манчини наскоро треба да стане селектор на „Аѕурите“. По „не“-то за Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторник се одржа итен состанок на Сојузот. „Разговарав со Роберто Манчини за тоа да стане нов селектор. Чекаме негов потпис“, рече Малаго. Манчини веќе еднаш беше селектор, во периодот од 2018 до 2023 година, кога замина и набрзо ја ...
Ливерпул отвори преговори со претставници на Бредли Баркола и Пари Сен Жермен. Договорот ќе зависи од тоа дали двата клуба ќе се согласат за финансискиот дел од трансферот. Францускиот репрезентативец стави до знаење дека не сака да го продолжи договорот со европскиот шампион и е отворен за преселба на „Енфилд“. Ливерпул го следи долго време, но цената што ја постави ПСЖ е многу висока. ПСЖ е подготвен да го продаде играчот, но Баркола има ...
Винисиус Жуниор (26) се соочува со сериозно предупредување дека неговата тактика во преговорите со Реал Мадрид би можела да значи и крај на кариерата во клубот, по примерот на поранешниот капитен Серхио Рамос. Преговорите за нов договор се во застој, а сегашниот трае уште една година. Ситуацијата ја следи Арсенал, кој е подготвен да му понуди на Бразилецот статус на еден од најплатените играчи во светот. Стручњаците веруваат дека ...
Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана нов селектор на Франција. Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешан на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Дешан ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, ...
Од сезоната 2026/27, официјално стапи на сила долгонајавуваната забрана за рекламирање на обложувалници на предната страна од дресовите на клубовите од Премиер лигата. За прв пат по многу години, ниту еден од 20-те клубови од англиската Премиер лига нема лого на обложувалница на градите од својот дрес. Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалната политика на англискиот фудбал во последните години. Во текот на ...
Миле Свилар стави крај на шпекулациите што го поврзуваа со Јувентус во претходните денови и јасно изјави дека својата иднина ја гледа исклучиво во Рома. По продолжувањето на договорот со римскиот клуб, Свилар истакна дека не обрнал внимание на гласините за можен трансфер во редовите на големиот ривал. „Не знам, тоа не е прашање што ме засега. За мене, отсекогаш постоела само Рома, тоа веќе треба да биде јасно по продолжувањето на договорот. ...
Мохамед Салах (34) пред неколку недели заврши успешен деветгодишен период во Ливерпул. Египетскиот напаѓач е без клуб од 30 јуни, а сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Кога беше објавено дека го напушта „Енфилд“, речиси сите претпоставуваа дека ќе оди во Саудиска Арабија, каде што претходно се обидуваа да го доведат. Сепак, во меѓувреме се појавија нови можности што го привлекоа играчот. Поранешниот фудбалер на Рома ...
Џон Стоунс е во финални преговори со Интер. Англискиот дефанзивец е слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити на крајот на јуни. Бројни европски клубови, вклучувајќи ги Челзи и Јувентус, покажаа интерес за 32-годишниот стопер. Сепак, италијанскиот шампион во моментов е најблиску до неговиот потпис по разговорот со играчот. Интер наводно му понудил двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона. Стоунс ...
По скандалот што го спречи Андреа Пирло да стане селектор на Италија, Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки и го напуштија проектот по само 16 дена на функцијата. Легендарниот капитен на Милан ја имаше улогата на технички директор, додека славниот Бразилец беше советник на Италијанската фудбалска асоцијација. Причината за нивното заминување е несогласувањето со претседателот на асоцијацијата, Џовани Малага. Поранешното дуо на Милан беше ...
Младиот фудбалер на Реал, Франко Мастантуоно, до крајот на преодниот рок веројатно ќе се пресели на позајмица во некој друг клуб, каде што ќе собира искуство. Бенфика се споменува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да се избори за повеќе минути откако пристигна од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра. Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, тој дополнително ќе ја засили конкуренцијата на ...