
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден, нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат, вели пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска. „Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%. Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските ...
Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките. „Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа ...
Утрово во 5:56 часот регистриран е земјотрес кај Ресен со јачина од 2,8 степени според рихтеровата скала. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од 12 километри. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 км југозападно од Скопје, во ...
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението на јавното обвинителство. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и ...
Утрово најстудено со -8 степени беше во Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, 2 Охрид, Виница, Попова Шапка, 5 Крушево. Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, тивко и студено. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини има појава на слаба ...
Со светата Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ православните верници во Битола започнаа со чествувањето на овој голем светител. За големината на неговиот култ во нашиот град зборува податокот дека на голем број семејства Св.Димитриј им е куќна слава и на уште поголем број наши сограѓани – именден. Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Архиепископот и митрополит Зворничко Тузлански г. ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид на градежните активности на противпожарната зграда чија изградба влегува во финална фаза. „Територјалната противпожарна единица добива нов објект кои е во финална фаза на изградба, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2, со ова Битола добива нов објект кои градот го заслужува со оглед на тоа дека територијалната противпожарна единица ги опфаќа општините,Битола, ...
НОВА ПРОДАВНИЦА НА Comodita ВО БИТОЛА Денеска во „Блис мол“ се отвори најновиот продажен салон на „Комодита“ во Македонија. Големото отворање беше закажано за 13.00часот. Кога ги отворија вратите за сите свои потрошувачи, ТЕРА го регистрира моментот за историја на оваа реномирана балканска компанија. Отворањето на вториот продажен салон на Кoмодита хоум дојде со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. ...
На попладневото продолжение на седницата на Советот на Општина Битола се најдоа и измените на програмите во повеќе области. И тоа во делот на социјалната заштита, културата, спортот, економскиот развој, образованието, урбанистичките планови, таа за животна средина, потоа програмата за хумант третман и благосостојба на бездомните животни, за јавното осветлување, како и развојните планови на општината за 2024-2026 и 2025-2027 година. А како се ...
Кварталнот извештај како и во изминатите години има одлична реализација, вели советникот и координатот на ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски. Тој и ребалансот на буџетот, а и многу други точки денеска пред советниците. Вели свесни сме дека мнозинството нема да го поддржат дотолку повеќе што сега нема да имаат никакви импликации. Корлевски од СДСМ кажа дека на комисиските расправи претставници на општината кажале дека се повлекуваат средства оти немаат ...
Методија Куновски е новиот лидер на ОО на СДСМ Битола. Со решение на претседателот на партијата Венко Филипче деновиве е назначен за претседател, а доаѓа на местото на доскорешниот претседател Драган Крајовски. Денеска Куновски ја следеше седница на Советот, а во изјава за Тера кажа дека ќе работат на креирање на политики кои изворно се социјалдемократски. Пред да започне седницата имаше координативен состанок со советничката група на СДСМ и ...
Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 % минатата година ќе се сведе на 3,5 %, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред ...
Институтот за јавно здравје отвори Центар за откажување од пушењето, како дел од напорите да се намали високата употреба на никотински производи во земјата. На телефонската линија 078 285 873, која ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот, квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Со паролата: „Не пуши, откажи се“, Институтот ги повикува пушачите да преземат ...
Битола добива топлификациски систем кој е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW, рече тогашниот директор на Топлификација Горан Козаров, на настанот кој беше организиран по повод завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот. „Во приказните би рекле, поминавме преку седум планини и мориња, за да дојдеме до ...
Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Силното невреме што во четвртокот го погоди Кадакес, град во провинцијата Жирона во Каталонија, предизвика нова поплава, јавува МИА. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила. Дождот беше толку силен што создаде порој кој носеше се пред себе, а моќта на поројот најдобро се изразува со тоа што носеше ...
После Toyota и Volkswagen ,компанијата Nissan Motor Co. најави обемна реформа заради загубата во последното тримесечје. Генералниот директор Makoto Uchida , кој ја презеде функцијата во време на криза, најави нова стратегија која вклучува значително намалување на производниот капацитет и продажба на дел од сопственоста во Mitsubishi Motors, пишува Ројтерс. Uchida изјави: „Ние не можеме да го игнорираме фактот дека нашиот продажен план беше ...
Минималните температури утрово: -8 Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, -1 Куманово, Штип, Прилеп, 0 Крива Паланка, Маврови Анови, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 Охрид, Попова Шапка, 3 Виница, 4 Крушево. Времето во текот на ноќта и изутринава се задржа претежно ведро и тивко.Утрово е сончево со појава на слаба магла во дел од Скопската и Полошката котлина. Времето денеска ...
На маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски оствари, како што вели продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон. „Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“ вели ...
Денеска пред советниците е новиот ребаланс на буџетот за 2024 година. Прераспределбата на средствата, односно намалувањето или зголемувањето во одредени ставки е причина за овој ребаланс, а по промената на програмите во повеќе области. Деновиве на неколку комисии се зборуваше за измените на програмите и тоа во делот на социјалната заштита, културата, спортот, економскиот развој, образованието, урбанистичките планови, таа за животна средина, ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. Во соопштението од министерството се вели дека до вчера до 15:00 часот, беа доделени над 80% од предвидените 6.182 ваучери. Од таму велат дека благодарение на внимателното планирање и целосната ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола е добитник на наградата „4ти Ноември“ за едногодишни достигнувања, како признание за значајните успеси во областа на науката и високото образование. За само 10 години постоење, ФИКТ стана факултет со најголем број на студенти во Битола. Ова признание е резултат на посветеноста на наставно-научниот кадар, којшто преку едукација и развој на високопрофесионален ИТ кадар значително ...
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денеска церемонијално го означи почетокот на изградба на нова комерцијална зграда во АРМ четврт 1. Се очекува зградата да биде готова во 2026 година, цената на становите и деловниот простор за триесетттина проценти пониско од сегашните и, ова е мал почеток на проектот на владата за изборно ветените проекти за поволно купување на имот од младите генерации. По 12 ...
Според денешните сфаќања, детството започнува од периодот на раѓањето па сè до пубертетот. Во османлискиот период на детето во суштина било гледано како на мал човек, за кој треба родителите да водат грижа и да го израснат. Ваквата пракса била загарантирана и со низа на религиски норми, кои го обликувале секојдневието на османлиското население од сите вери. Во училиштата владеела строга дисциплина. Секое отстапување од пропишаните правила било ...
Над 6000 ваучери за набавка и вградување инвертер клима-уреди за домаќинства почнаа да им се доделуваат денеска на граѓани низ државава кои аплицирале и ги исполниле критериумите од јавниот повик објавен од Министерството за економија во февруари годинава. Гужви и нервози и во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде се подигнуваат ваучерите за инвертер клима уредите што ги доделува Министерството за енергетика. Решенијата се доделуваат ...
Во Градскиот парк во Битола, денес беше оддадена почит пред Споменикот посветен на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на македонскиот фронт. Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски во присуство на заменик амбасадорот на Италија Марио Де Роси и останатите претставници на дипломатскиот кор, АРМ и воениот корпус, ја истакна важноста од загубата на секој еден човечки живот. „Овде сме да се присетиме на ...
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ , во соработка со Општина Битола, Министерството за животна средина и просторно планирање, а со поддршка на шведската заедница на локана самоуправа САЛАР Интрернационалн, денеска официјално го започна процесот на селектриање на отпад. На жителите на населбата Јенимаале им беа доделени канти за селекција на пластичен смет. Селекцијата на отпад и можноста за рециклирање и добивање на сосема различнo ...
Денес градоначалникот Тони Коњановски ги прими во својот кабинет Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) ученици во ОУ „ Даме Груев “ од Битола, кои ќе ја претставуваат Македонија на „ Детска Евровизија 2024 “ со песната „ Маратон “, а со тоа изрази задоволство што овогодишните претставници се токму млади луѓе од нашиот град, кои ќе ја претставуваат Македонија и Битола. Им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан. Ова ќе ...
Дополнителни пари за ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, пари плус за пелети за загревање на спортската сала и пари за спортистка која донесе златен медал. Ова се барањата за измената на програмата за спорт, а пред носењето на ребалансот на буџетот кој е утре на седница. Претставникот на општинската администрација кажа дека ставката за транфер кон спортски клубови се зголемува за 6 милиони денари наменети за РК Еурофарм Пелистер, а согласно ...
Денес започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата кај новиот маркет „Лидл” и трговскиот комплекс „Блис”, која се изведува согласно склучениот договор за “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола”, соопштуваат од Општина Битола. Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек, а согласно ...
На свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Радовиш, синоќа проф. д-р Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-то ноемвриската плакета за животно дело. Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека е човек кому сè му оди од рака во професионалниот и приватниот живот, ...