
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Индексот на трошоците на живот за октомври во споредба со септември покажува намалување од 0,7 проценти, додека цените на мало се намалени за 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со октомври 2023 година, трошоците на животот пораснале за 3,5 проценти, а малопродажните цени за 3,9 проценти. Според ДЗС, падот на инфлацијата во октомври 2024 во однос на септември 2024 се должи на намалените трошоци за живот во ...
Осум земји наскоро ќе донесат нови закони кои ќе ја забранат телесната казна, најчестата форма на насилство врз деца, што е потег што кампањерите го оценија како „фундаментална промена“ за повеќе од 100 милиони деца помлади од 18 години. Владите на Панама, Киргизстан, Уганда, Бурунди, Шри Ланка и Чешка се обврзаа да ја забранат целосно телесната казна, додека Гамбија и Нигерија ветиле дека ќе ја забранат во училиштата, пишува „Гардиан“. Овие ...
Три основни училишта и една градинка ќе бидат енергетски ефикасни објекти. Овде не станува збор само за изведба на фасада, туку целосна енергетска ефикасност на објектите. Станува збор за основните училишта Трифун Пановски, Тодор Ангелевски и Гоце Делчев и градинката Снегулка. Овие училишта според програмата за енергетса ефиканост 2024-2026 година се ставени на листата на приоритетни за реконструкција. Советот ќе треба да даде согласност на ...
Доналд Трамп се подготвува за comeback во Белата куќа, ветувајќи дека ќе се фокусира на неколку клучни прашања, меѓу кои имиграцијата, економијата и војната во Украина. Тој веројатно ќе има поддршка за својата политичка агенда во Конгресот, откако Републиканската партија ја врати контрола на Сенатот. Во своето победничко обраќање, Трамп изјави дека ќе го води својот мандат според едноставно мото: „Дадени ветувања, исполнети ветувања“. Но, не во ...
Факт е дека битолчани се најверните играчи на игрите на среќа на Државна лотарија. Нема дилема каков ќе биде одговорот кога ќе прашате дали играат Лото7. Одговорот е да. Прашавме и за широката палета на лозови и што би сакале да им падне, стан, електричен скутер, автомобил. Следната соговорничка исто така ни кажа дека ја игра инстант лотаријата. На прашањето која грепка и е омилена, вели рипката. Има и такви кои на лотото ги играле секогаш ...
Мјузиклот „80 чекори“ беше изведен во Центарот за култура во чест на добитниците на четвртоноемвриските награди на Општина Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот и во организација на Општина Битола. Над 200 учесници на сцената потсетија на значајни моменти од историјата на градот, од основањето на културните институции до други важни организации, здруженија и фестивали, меѓу кои: првиот настап на КУД „Стив Наумов“, првата претстава ...
Минималните измерени температури ова утро се: -6 Берово, -3 Битола, -2 Струмица, -1 Демир Капија, Тетово, Скопје-Петровец, Лазарополе, Крива Паланка, 0 Маврови Анови, Штип, Прилеп, Велес, 1 Кавадарци, Попова Шапка, Скопје-Зајчев Рид, 2 Претор, Гевгелија, 3 Виница, Крушево, 4 Охрид. Времето во текот на ноќва и изутринава – понекаде со слаб ветер и мала локална облачност, а утринава е со слаба магла по котлините и значителна облачност на ...
Врвни македонски експерти од областа на надворешната политика денеска дебатираа во Битола на темата проширување на ЕУ во Западен Балкан. Бугарско-македонскиот билатерален спор е пречка, која сепак не ја спречува државава да ги направи реформите што се вистинското мерило за да биде рамноправна членка на блокот. Катедрата Конрад Аденауер, „Мартинс“ европски центар и УКЛО се организаторите на овој собир. Катедра Аденауер е иницијаторот, а ...
За автопатот Прилеп-Битола веќе информиравме. Кога бевме на локацијата каде што се вршеше увид на градежните работи го прашавме премиерот и за патнотo и железничко поврзување на Битола со Грција, преку железницата која се направи и експресниот пат кон границата. „И тоа останува наш приоритет коридорот 10 и очекувам ако се биде како што треба Александар добри вести до крајот на годината и по тоа прашање“ рече Мицкоски. За убавите вести во ...
Мјузиклот „80 чекори“ беше изведен во Центарот за култура во чест на добитниците на четвртоноемвриските награди на Општина Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот и во организација на Општина Битола. Над 200 учесници на сцената потсетија на значајни моменти од историјата на градот, од основањето на културните институции до други важни организации, здруженија и фестивали, меѓу кои: првиот настап на КУД „Стив Наумов“, првата претстава ...
Во пресрет на денот на науката, универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска организираше вебинар на тема „Емпатија спрема надарените и талентираните“. Талентираните се тие кои го прават прогресот во општествата и светот, а образовввниот систем е задолжен нив да ги открие и да ги негува во нивниит професионален живот. Познат факт е дека Битола и Универзитетот се пионери, креатори на имиџот за третманот на талентиратните студенти, а постои и втор ...
Акциите на „Тесла“ (TSLA.O) забележаа пораст од 12% во преттрговијата на Вол Стрит, откако републиканецот Доналд Трамп ја прогласи победата во трката за претседател на САД, по поразот на потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, пишува Ројтерс. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој е познат поддржувач на Трамп, неколку пати изразил поддршка за поранешниот претседател во текот на изборната кампања. Маск, исто така, активно ...
Во петок (8 ноември) Comodita Home го отвора најновиот продажен салон во Македонија, во Bliss Mall во Битола. Големото отворање е закажано за 13 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на првиот кат во молот. Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 3900 денари. За ...
Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори, Европа се наоѓа во многу деликатен момент, со политички и економски нестабилности кои го ослабуваат континентот. Лидерите на Европската унија можеби ќе се надеваат дека новиот претседател на САД нема да ги реализира сите закани што ги изнесе за време на изборната кампања. Но, доколку Трамп навистина ги реализира, Европа ќе биде соочена со сериозни предизвици, особено поради зголемените ...
Вчера, во Нови Сад, се одржа масовен протест на кој учествуваа илјадници граѓани, барајќи одговорност од властите за смртта на 14 лица при уривањето на настрешницата на Железничката станица. Протестот, организиран од опозициските партии и здруженија на граѓани, ескалираше во насилни судири кога групи маскирани мажи започнаа да фрлаат камења и други предмети кон седиштето на Градското собрание. По нападите врз зградата, кои резултираа со скршени ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, му ја честиташе победата на Доналд Трамп, преку социјалните мережи: „Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција. Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, ...
Во изминатите неколку дена, се спроведуваат координирани активности на терен од страна на претставници на ЕСМ Молика , Македонија Пат и Национален Парк Пелистер. Овие институции, по одржаниот координативен состанок, започнаа со сеча на вегетацијата и подобрување на инфраструктурата на патот кој води од Голема Ливада до Хотел Молика. Како дел од овие активности, се изврши кастрење на високи гранки и сечење на нискостеблеста вегетација, а исто ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до Доналд Трамп за неговата победа на изборите. „Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави. Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно ...
Утринските минимални температури се движеа: -5 Берово, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, -1 Демир Капија, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Куманово, Крива Паланка, Прилеп, Струмица, 1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Крушево, Попова Шапка, 3 Претор, 4 Охрид, Виница, Гевгелија. Во текот на ноќта преовладуваше ведро време. Утрово е сончево, само во крајните југозападни и југоисточни подрачја има локална појава на облачност. Времето денеска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп на изборите. „Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни ...
Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина. „Америка ни даде моќен и мандат без преседан. Ја вративме контролата врз Сенатот – тоа е добро, рече Трамп. Тој му се заблагодари на американскиот народ за „извонредната ...
Енергетската транзција е тема која е се поприсутна во јавноста. Најголемиот предизвик за земјата е термоелектраната во Битола, откако пред неколку години ја почнаа оваа тема, конкретно за Блокот 1, едни велеа дека тоа се европски барања и вредности, други обвинуваа дека некој сака да го затвори комбинатото. За време на последната посета на претседателката на Европката комисија Ерсула Фон дер Лајен таа ни го спомена и РЕК. „Втората иницијатива ...
Светскиот ден на ромскиот јазик се одбележува секоја година на 5 ноември, почнувајќи од 2009 година. Во 2012 година, Хрватскиот парламент го признал ромскиот јазик, додека во 2015 година УНЕСКО го прогласил 5 ноември за официјален Светски ден на ромскиот јазик. Од 2018 година, 16 земји членки на Советот на Европа, го признале ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. Претседателката Гордана ...
Шест точки на дневниот ред на седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности. На неа се најдоа неколку програми кои се менуваат, таа за улично осветлување за 2024 година, потоа за градежното земјиште, развојните програми за 2024-2026 и таа за 2025-2027 година, зимската служба и комуналениот ред. Претставникот на оштината образложи кои се причините каде што менуваат сумите за дел од проектите, заради што се случуваат и овие промени. Исто ...
На свечената академија, на актерот во пензија, Борис Чоревски, му беше врачена наградата за животно дело „4-ти Ноември“. Борис Чоревски е роден во Скопје, на 15 септември, 1949 година. Основното и средното образование ги завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Неговото актерско патешествие започнало на сцената на Народниот театар во Битола, каде од младоста настапувал во епизодни ...
Во камерната сала на Македонската филхармонија се одржа свечен концерт по повод 175 години од смртта на Фредерик Шопен. На концертот беа изведени дела од современи жени, композиторки кои напишале композиции во чест на големиот Шопен. Државното музичко училиште учествуваше на овој несекојдневен настан со настапите на ученичките Софија Михајловска од класата на проф. Маја Божиновска и Анастасија Петреска од класата на проф. Татјана Божиновска. На ...
Во чест на 80 години од ослободувањето на Битола, учениците од III одделение од Основното училиште Св.Климент Охридски од Битола, заедно со нивните наставнички, учествуваа на уникатен настан – цртање на 80-метарско платно. Настанот беше организиран од ликовниот уметник Анкица Стевановска, а целта беше да се создаде уметничко дело кое ќе ја одбележи оваа значајна годишнина за Битола. Платното, кое беше дел од изложбата организирана по повод ...
Општина Битола започна со изградбата на новиот „Памп Трак” полигон за велосипеди, кој ќе се наоѓа во Градскиот парк, во близина на „Ќумурното“ игралиште. Полигонот ќе биде изведен на површина од 900 м² и ќе понуди адреналинска патека која вклучува нагорнини и надолнини, околу кои возачите ќе можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и други спортски реквизити. Целта на оваа патека е да обезбеди забавни и безбедни услови за возење, нудејќи ...
Минималните измерени температури утринава: -6 Берово, -2 Битола, -1 Штип, Струмица, 0 Тетово, Крива Паланка, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, 1 Прилеп, Крушево, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Кавадарци, 5 Велес, 6 Гевгелија. Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со слаб северен ветер, а утрово – сончево. Денеска ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Битола ...
4 Ноември 1944.Борците на 49-та дивизија, Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред и Леринско -костурската бригада победносно марширале низ Битола откако го ослободиле градот. „Окупацијата се завршува во триумф на слободата, правдата и личното достоинство оличени во социјалистичката револуционерна самоуправна демократија.“ Додека по Широк сокак се прославувала слободата, во Јенимаале, на славната улица од каде ...