Најголемото богатство на Битола се луѓето! Ова е главната порака од документарниот филм „Најголемото богатство – Битола“ кој на 19 јули премиерно беше прикажан на ТВ Тера. Филмот е продуциран во рамките на проектот „Младите за мир преку филмска уметност“ имплементиран од граѓанските организации “Граѓански Патеки“ и “ИКТ Свет“, а со поддршка од Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд како дел од проектот „Градење нови мостови” на Мисијата на ОБСЕ ...
Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата Хоризонти на првиот натпреварувачки ден на годинешното издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Македонија повторно ќе биде дел од еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали во светот, а со „МАЈКА“ ќе се натпреварува за награди во повеќе категории – режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања и други. Ова е трет пат како Теона Стругар Митевска ...