
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде новиот повик за општините, изјави дека тоа би требало да се случи во првите месеци од следната година. „Па би требало од февруари, можеби март, зависи од подготовката на општините. Знаете донесовме Закон во Парламентот, измени на Законот за градежно земјиште каде што сите оние објекти, јавни објекти, како што се градинки, училишта и слично, а кој ...
Склучен договор за грант вреден 68,194 евра меѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Могила. Договорот беше потпишан помеѓу градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски и неговата екселенција амбасадорот на Јапонија во Македонија, Оцука Казуја во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје. „Со помош на оваа донација, која е од исклучителна важност за Општина Могила и нејзините жители, ќе се обезбеди ново возило за собирање на ...
„Подарокот за роденденот на театарот, ќе ве чини само 200 денари“. Вака битолскиот народен театарот се обраќа до јавноста, односно народот за претствата со која се одбележува 80 годишниот јубилеј од постоењето на народниот театара, кој со доаѓањето на новиот директор има нов слоган или како што вели Васко Мавровски, визијата на театарот наречана „Театарот повторно твој“ и „Враќање на театарот на народот“. Очекувањата на некои беа дека ...
Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува секоја година на 16 ноември за да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури. Тоа е ден за реафирмирање на принципите на човековите права и еднаквоста и за поттикнување на слободоумноста, емпатијата и сочувството меѓу заедниците. По овој повод, денеска, во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата со ...
„Подарокот за роденденот на театарот, ќе ве чини само 200 денари“. Вака битолскиот народен театарот се обраќа до јавноста, односно народот за претствата со која се одбележува 80 годишниот јубилеј од постоењето на народниот театара, кој со доаѓањето на новиот директор има нов слоган или како што вели Васко Мавровски, визијата на театарот наречана „Театарот повторно твој“ и „Враќање на театарот на народот“. Очекувањата на некои беа дека ...
Се чини дека никако не престануваат несреќите кои ја следат Шпанија во последниве недели. Откако земјата се соочи со силни поплави во кои настрадаа голем број на жртви и причинета е огромна материјална штета, утрово повторно нови настрадани. Најмалку 10 лица загинаа откако избувна пожар во дом за стари лица на северот на Шпанија рано утринава, соопштиле официјални лица. Двајца се сериозно повредени во пожарот во домот во градот Вилафранка де ...
На Француските воени гробишта во Битола, денес се одржа традиционалната церемонија по повод Примирјето од 11 Ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“. Заедничката комеморација на амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција е во знак на сеќавање на загинатите, повредените, исчезнатите и прогонетите од сите војни и нации, во чиј спомен денес, свежо цвеќе положија Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот ...
Развојната програма 2025-2027 година е програма која во најголем дел ќе треба да ја спроведува новата локална власта, бидејки в година во октомври се локалните избори. Таа помина во Советот, но кои беа политичките поенти или обидите да се поентира во текот на седницата. Координаторот на СДСМ, Илиевски побара да го прашаат Коњановски. но, залудно….статутот и деловникот на вонредна седница тоа не го дозволуваат, појасни претседателката Илиевска. ...
На светскиот ден на дијабетот, Центарот за јавно здравје Битола организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта на плоштадот „Магнолија“ . „Тука сме за да ја разбудиме свеста кај луѓето да си проверуваат гликемија, односно шеќер во крвта. Мериме бесплатно шеќер за сите лица кои што сакаат да си проверат“ вели д-р Јован Тодоровски, од Центарот за јавно здравје Битола. Тој кажа дека според регистарот за дијабетес во 2023 година бројот на ...
Како значаен чекор за зголемување на урбаните зелени површини и намалување на загадувањето на воздухот, во партнерство помеѓу Општина Битола и проектот „ЕУ за чист воздух” во Битола се садат 1,500 внимателно избрани видови дрвја. Финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНОПС во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, проектот преку акцијата за садење дрвја има за цел да го намали загадувањето и да создаде ...
Трагите од пареа кои авионите ги оставаат зад себе на небото и сериозно и штетат на климата, може лесно да се решат, велат експертите за авијација, а новата студија сугерира дека тие би можеле да се елиминираат за неколку фунти по лет. Овие трагови се јавуваат кога авион поминува низ ладна и влажна атмосфера, создавајќи облаци кои ја задржуваат топлината „Тие создаваат вештачки слој од облаци, кој ја заробува топлината од Земјата која се обидува ...
Силни громови и поројни дождови повторно го погодија крајбрежјето на Шпанија, што доведе до евакуација на илјадници луѓе, само две недели по смртоносните поплави во Валенсија и соседните општини. Во регионот на Малага, повеќе од 4.000 луѓе и 1.000 домаќинства беа евакуирани, според најновиот извештај од Антонио Санз, директор на Ургентен план за ризик од поплави во Андалузија, објавен во четвртокот. Пет области на брегот на реката Гвадалорсе беа ...
Мерната станица на Министерството за животна средина, во центарот на Битола, попладнево во 15 часот регистрираше средно загадување со ПМ2,5 честичките и ниско загадување со ПМ10 честичките. Во индустрискиот дел на градот каде што е поставена мерната станица Битола 1 и каде се мерат само ПМ2,5 честичките, загадувањето беше ниско. Деновиве се актуелизира темата за чистиот воздух, а властите освен апел до граѓаните најавија и како што велат ...
Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков, денеска се сретна со претставници на канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ Кастареде, раководителка на канцеларијата на UN Women во нашата земја, информираат од Министерството. На средбата се дискутираше за важноста на родовата еднаквост и улогата на жените во општеството, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу институциите и UN Women во насока на ...
Нашите годинашни претставници на детската Евровизија,битолчаните Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, ја имаа втората проба на големата сцена во Мадрид, Шпанија. На фотографиите од пробата, објавени на официјалните инстаграм-профили на Ванчевска и Ивановски, можеме да видиме како ќе изгледа дуото за време на големото финале, кое ќе се одржи во сабота, на 16 ноември, со почеток од 18 часот. Гласањето започнува во петок, 15 ноември, од 21 часот на ...
На музичкиот маратон организиран во рамките на прославата на 4-ти Ноември од Општина Битола, 120 ученици од Државното музичко училиште ја освоија сцената во Свечената сала на Културно-информативниот центар Битола. Со својот талент и труд, тие приредија незаборавен настап за публиката и уште еднаш го потврдија угледот на училиштето како врвен центар за музичко образование. Музичкиот маратон беше составен од пет концерти кои ги обединија учениците ...
Рокот фатен. Со 17 гласа „за“ изгласана развојната програма за 2025-2027 година. Беше на вонредна седница, бидејки на последната редовна не помина. Нешто после ручек советниците се вратија во салата на Советот, откако администрацијата требаше да ги вметне предложените и прифатени амандмани на денеска доставената развојна програма за перидот 2025-2027 година за гласање во советот. Станува збор за неколку амандмани на советничката на ДОМ, ...
Во потпелистерието се случи првата регионална средба на печуркари, организирана од друштвото „Фунги Игнатиа“ од Битола. Гости од Србија и Грција и домаќините. Искуствата кои што ги стекнале во минатото сега ги преточуваат во дела. „Прва ваква печуркарска средба во Македонија, под името „Печурките на Пелистер“. Неколку години сме поканети и одиме по овие средби кои се доста добро организирани во Србија, стекнавме искуство околу организација, ...
На почетокот на денешната седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодари на советниците за поддршката на иницијативата која ја достави до Советот за одржување на вонредната седница за нивното прифаќање, со како што рече, Општина Битола да има одобрена програма за развојните планови за периодот 2025-2027 година. Со ова рече тој се овозможува континуитет во работењето на локалната самоуправа, особено во ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола одбележува два значајни настани кои имаат историско и научно значење за неговото постоење и развој: 100 години од основањето на најстарата единица на Универзитетот, Научниот институт за тутун – Прилеп, и 45 години од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО). Со цел да се одбележат овие важни јубилеи, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе ја издаде оригиналната и ...
Вонредната седница на Советот на Општина Битола беше со една точка на дневниот ред, а тоа е програмата за развојни планови на Општина Битола за 2025-2027 година. Тригодишната програма е проектирана на околу 3,5 милијарди денари. Во 2025 предвидени се на 550 милиони денари, за 2026 планирани се скоро 900 милиони денари, а за 2027 година над 2 милијарди денари. За мултифункционалниот спортски комплекс како капитален проект се предвидени над 2 ...
Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната ...
Фискалната стратегија за периодот 2025 – 2029 година, документ во кој се презентираат претпоставките за макроекономските проекции и насоките на фискалната политика за тековната и за следните пет години, беше усвоена во Собранието. Целите на Фискалната стратегија ги презентираше заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. „Фискалната политика за периодот 2025 – 2029 година ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и ...
Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 15 и 16 ноември 2024 г. ја одржува Годишната меѓународна научна конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“. Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 15 и 16 ноември 2024 г. ја одржува ...
За нов вд директор на Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” – Битола е назначена г-ѓа Драгана Кирковска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и стручно лице од редот на вработените во институцијата. Своето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште ,, Д-р Јован Калаузи ” во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј ” ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицковски, во вчерашниот говор по повод 80 години од ослободувањето на Скопје, нагласи дека предвидени се низа системски мерки, со цел намалување на загаденоста на воздухот. „Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам како нашиот главен град – градот на слободата, сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно ...
Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именува Илон Маск за лидер на нова функција која има за цел да ја направи владата поефикасна, додавајќи му уште поголемо влијание на најбогатиот човек на светот, кој донираше милиони долари за поддршка во предизборната кампања, објави Ројтерс. Маск и поранешниот претседателски кандидат на Републиканците, Вивек Рамасвами, ќе го водат новоформираното Министерство за ефикасност на владата, ентитет кој ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на рамките на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и ...
Минимални температури: 0 Маврови Анови, Попова Шапка, 1 Крушево, Лазарополе, 3 Берово, Крива Паланка, 4 Виница, Прилеп, Битола, 5 Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, 6 Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија. Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има појава на слаб повремен дожд и дува слаб променлив ветер. Времето ...
Валенсија се соочува со една од најголемите катастрофи во поновата историја, откако силни поплави оставија трајни последици врз регионот. Повеќе од 200 животи се загубени, додека повеќе од 1,300 лица сè уште се водат како исчезнати. Природната катастрофа предизвика и разорни последици врз заедниците, а многу од локалното население сè уште не може да се врати во своите домови, кои се затрупани во кал и остатоци. Од самиот почеток, граѓаните на ...