
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Матео Бочели, синот на славниот тенор, ќе одржи ексклузивен концерт во Филхармонија. Ѕвездата на класичниот кросовер, извонредниот пејач и кантавтор МАТЕО БОЧЕЛИ штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје. Уште од неговото прво појавување на синглот ...
Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, информираше за првата приватна инвестиција во индустриската зона во Новаци, чии темели беа поставени денеска. „Среда за среќа ги туривме темелите на првата приватна инвестиција во Индустриската зона во Новаци. Станува збор за наш сожител од Новаци Зоран Николовски– Поката кој започна да ја гради својата приватна автомеханичарска работилница. Тоа што беше само ветување пред 3 години полека ...
Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, информираше за првата приватна инвестиција во индустриската зона во Новаци, чии темели беа поставени денеска. „Среда за среќа ги туривме темелите на првата приватна инвестиција во Индустриската зона во Новаци. Станува збор за наш сожител од Новаци Зоран Николовски– Поката кој започна да ја гради својата приватна автомеханичарска работилница. Тоа што беше само ветување пред 3 години полека ...
Генералниот штрајк што ја зафати целата земја ја парализира Грција, додека владата на премиерот Киријакос Мицотакис се соочува со силен притисок да се справи со кризата. Синдикатите побараа од владата да ги зголеми платите и да преземе мерки за справување со високата инфлација, пишува Гардиан. Работниците во Грција ја напуштија работата како дел од 24-часовниот штрајк, кој ја стопираше работата на бродовите, ги затвори училиштата и ги прекина ...
За прв човек на националниот парк „Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски, кој ќе ја извршува функција в.д. директор. Тошевски во јавноста е познат како голем вљубеник во планината, планинар. Го познаваме и од традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во планината секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер. А, што се ...
Денеска без магла или ниска облачност, а загадувањето во Битола средно. Мерната станица на министерството за животна средина Битола 2 во центарот на градот претпладнево во 10:00 часот измери средно загадување и со ПМ2,5 честичките и со МП10. Мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на градот во истото време измери ниско загадување со ПМ2,5 честичките. Високо загадување е регистрирано во Тетово и Кавадарци. Денеска метеоролозите со прогноза ...
Денеска во 12:00 часот е презентацијата од интердисциплинарниот проект „ДОКУМЕНТАРНИОТ ТЕАТАР КАКО АЛАТКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА“. Овој проект ќе се случи во Приватната Установа за Социјална Заштита Старски Дом Софија, а во самиот проект учествуваат старите лица, (корисниците на овој дом), како и режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски, композиторот Александар Талевски, кореографот Борис ...
На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а десет години подоцна, на 20 ноември 1989 година, беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето. Овие документи нагласуваат дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, какви се социјалните и економските услови, на која религија и култура припаѓаат, дали имаат попреченост ...
Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски направив увид на градежните работи каде во моментот се изведува пешачка патека од потегот на влезот во село Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци. Ова, вели тој, е едно негово предизборно ветување кое веќе се реализира. Вкупната должина на пешачката патека е 1440 метри при што планирано е да содржи пешачка патека во должина од 378 метри која ќе биде поплочена, велосипедска ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ има посебна политика за поддршка на студентите што ја реализира во текот на последниве неколку години. Топла вода во студентските домови и висина на цената на студентскиот оброк не се единствените параметри кога се зборува за студентски стандард, вели проф.д-р Јасмина Буневска-Талевска, професор на Техничкиот Факултет, проректор за студентски прашања. Разговорот сепак го имаше текот на овие прашања. ...
Поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шекеринска е новиот заменик генерален секретар на НАТО. Веста ја соопшти лично шефот на Северноатлантскиот договор Марк Руте, а бугарските медиуми го искритикуваа што не ја одбрал нивната политичарка. По објавата во европски „Политико“ од август годинава дека една од можните кандидати за функцијата заменик генерален секретар е македонската политичарка Радмила Шекеринска, деновиве стигна и ...
Во 92 коло на Лото7 извлечени се следните броеви: 5, 9, 14, 27, 28, 30 и 31. Извлечено беше и црвеното топче, кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а извлечени беа четири шестки, секоја од нив вредна по 151.913,25 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.316.000 денари. Извечен беше џокер бројот: 4, 7, 0, 0, 1, 2. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 231.066,00 денари. ...
Македонскиот, светски признат филмски класик, „Пред дождот“, на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994 година, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Настанот беше организиран од Државниот филмски архив на Кина, а режисерот Манчевски се обрати до кинеската публика преку видео-порака, претставувајќи го филмот. „Пред дождот“ беше прикажан трипати во текот на три дена, проследено со панел-дискусии со реномирани ...
Фестивалот на музика од светот започнува на 28 ноември, со уникатниот настан „Волкот на љубовта“ или „Поетска вртелешка“. Овој проект ќе се одржи на новата сцена во Центарот за култура со почеток во 20:00 часот. Настанот ќе понуди поетско-музички интерпретации од Бранислав Николов, музичар, и Тихомир Јанџовски, автор, кои ќе ги изведат најубавите љубовни песни од современата македонска поезија. Дел од програмата се стихови од македонските ...
Зголемување од 10 отсто на паричната маса наменета за покачување на платите во здравството е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност на средбата меѓу Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар – Скопје и Владата. На прес-конференцијата по средбата, на која присуствуваа претедателите на двата синдиката и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, беше ...
Во Собранието на комисиска расправа е предлог буџетот за 2025 година. Пред членовите на комисијата пратеникот од Битола, Милевски рече дека ова е сериозен документ, кој што има најдиректно и најсилно влијание врз животот на сите граѓани во државава. Според него предлог буџетот за 2025 година, е наполно различен од сите досегашни буџети на претходната Влада, предводена од СДСМ и нејзините коалициони партнери. „Јас сум особено задоволен, затоа ...
Оваа година тутунопроизводителите повторно се разочарани од неспособноста и неисполнетите ветувања на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Откупните цени на тутунот паѓаат, а тутунарите оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет, рече денеска пратеникот од СДСМ, Миле Талевски. „Пред изборите, ДПМНЕ ветуваше повисоки откупни цени, зголемени субвенции и поддршка за тутунопроизводителите, но реалноста е сосема поинаква. Оваа година ...
Во Собранието на комисиска расправа е предлог буџетот за 2025 година. Пред членовите на комисијата пратеникот од Битола, Милевски рече дека ова е сериозен документ, кој што има најдиректно и најсилно влијание врз животот на сите граѓани во државава. Според него предлог буџетот за 2025 година, е наполно различен од сите досегашни буџети на претходната Влада, предводена од СДСМ и нејзините коалициони партнери. „Јас сум особено задоволен, затоа ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска најави дека по Нова година ќе бидат познати условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот „Купи куќа за млади“. “Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по ...
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“,се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на ...
Електронска размена на податоци помеѓу Македонија и Црна Гора пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот. Ова е предвидено со Протоколот што беше потпишан денеска во Будимпешта, од страна на директорот на македонската Царинска управа, Бобан ...
Народниот театар во Битола, еден од најстарите и најзначајни културни институции во Македонија, деновиве свечено прослави 80 години постоење. Во овој контекст, ќе ги спомнеме основоположниците на оваа институција. Театарот беше формиран благодарение на напорите на неколку клучни личности кои оставија длабок траг во македонската театарска уметност. Овие глумци, режисери и сценаристи не само што го поставија камен-темелникот на театарот, туку и ги ...
Украина го одбележа 1.000-тиот ден од руската целосна инвазија, со исцрпени војници кои се борат на бројни фронтови, Киев под интензивни напади со дронови и ракети, и официјални лица кои се подготвуваат за можноста Доналд Трамп да ја преземе Белата куќа во јануари, пишува Ројтерс. Во поддршка за Украина, претседателот на САД, Џо Бајден, го одобри користењето на американски ракети за напади врз цели длабоко во Русија, што би можело да ги ...
Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од ...
Oд Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“, пишува МИА. -Не поседувам никакви нови информации за оваа политика. Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји ...
Минимални измерени температури: -6 Берово, -4 Прилеп, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово, Битола, -2 Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница, 3 Крушево, Крива Паланка, Охрид. Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро со мала преодна облачност, а во котлините понекаде се задржа ниска облачност. Утринава ниска облачност и услови за магла има на југозапад, ...
Заради извршување на работни активности, денес прекинато водоснабдување ќе имаат жителите на улица Никола Тесла, на потегот оф Триангл до улица Солунска. „Се информираат граѓаните дека во текот на денешниот ден 19.11.2024 (вторник), поради изработка на девијација на полиетиленска цевка Ф – 225 мм, со прекинато водоснабдување од 09 :00 ч. ќе бидат корисниците од ул.Никола Тесла, потег од Триангл до ул.Солунска ( до О.У. Коле Канински). Прекинот ...
Дали глумците играат логото или гребат инстант лоз? Ова прашање го разјаснува познатиот битолски актер, Огнен Дранговски, кој е дел од Битолскиот Народен Театар. Дранговски има среќа не само на театарската сцена во Битола, туку и на престижните сцени во Лондон. Со неговите изведби во Битола и на меѓународната сцена, тој се истакнува како еден од повлијателните актери во регионот. Но, освен на сцената, го прашавме дали има среќа и кога станува ...
„Од колено на колено“ е нов, музички, етно албум на Александар Јовевски, кој е базиран на македонскиот фолклор, традиција и идентитет. Во составот на проектот се вклучени повеќе професионални музичари, а застапени се народни инструменти како кавал, тамбура, канон и женски вокали, кои се збогатени со клавијатури. На албумот се претставени обработки на стари македонски изворни песни, но и авторска музика, која е создадена во духот на македонската ...
На последната редовна седница на Советот на Општина Битола се најде и барањето за корекција на цените на јавното претпријатие „Паркинзи“ во делот на казнените одредби кои се однесуваат на непочитување на условите при користењето на услугите за паркирање на јавните паркиралишта на територијата на општина Битола. Директорот на претпријатие Зоран Михајловски објасни дека се бара зголемување и на цената за поставување на блокатор или попознато во ...