Денеска Битола беше најстуден град во Македонија. Но, не толку студен како што Битола беше позната пред повеќе децении. Некои споредуваат дека сегашните темеператури се благо кажано пролетни во споредба со тоа дека некогаш снтигнувале и подолу од -25 степени. Битола со -6 степени Целзиусови и наврнати триесеттина сантиметри снег, иако се стопи и денеска е само 17тина, сепак е најзимскиот, истовремено и најстудениот град во Македонија денеска. ...

На 49-та седница на Советот на Општина Битола која е закажана за 28 јануари како прва точка ќе се најде пливачкиот базен во Битола. Советниците ќе треба да гласаат за одлука за давање согласност за склучување на Анекс на Договор за соинвестирање во изградба на затворен пливачки базен во Општина Битола со бр.10-45/29 од 19.02.2020 година. Во членот 1 се предвидува давање согласност за соинвестирање во изградбата меѓу Општина Битола и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена. Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“. Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува на Министерството за правда да испраќа писма до компании како Епл и Гугл кои работат ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека на денешната седница на Владата усвоија одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. „65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен. 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен. 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен. Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото ...

Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ...

Утрово најстудено со -6 степени беше во Битола, -5 Прилеп, -3 Тетово, Штип, Виница, Куманово, -2 Дебар, Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Скопје-Петровец, Крушево, 1 Претор, Гевгелија, 2 Охрид. Висината на снежната покривка до 7:00 часот утрово е 46 см на Попова Шапка, 42 Маврови Анови, 22 Крушево, 17 Битола, 10 Дебар, 9 Тетово, 7 Демир Капија, 6 ...

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД. „Свечено се колнам (или потврдувам) дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и ќе го зачувам, заштитувам и бранам Уставот на Соединетите држави најдобро што можам, ќе го зачувам, штитам и бранам Уставот на САД“, рече Трамп во Заклетвата. Претседателската заклетва на функцијата е наведена во член II, дел 1 од Уставот на САД. ...

Празниците се време кога и одмараме и празнуваме. Но, не сите. Тие се дел од оние кои и во празник и во делник и во неработен ден се на своите работни места, односно 24/7 или 365 денови во годината и така од пандемијата наваму кога се и дежурни аптеки. Сузана Христовска-Димовска е дипломиран фармацевт од приватната здравствена установа аптека „Роса Вита“ , таа и нејзиниот тим се условно речено чуварите на нашето здравје. Годинава аптеките ...

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва за втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави. Инаугурацијата ќе се одржи во 12 часот по источно време во САД (17:00 часот по Гринич) на 20 јануари 2025 година. Церемонијата првично требаше да се одржи на отворено, на западниот преден дел на американскиот Капитол, свртен кон паркот наречен Национален мол, во Вашингтон. Но, ниските температури го принудија Трамп да се премисли. Во ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,16%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола, по повод Водици. 15 годишниот Иван Миовски кој е ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански”, раскажа за своето прекрасно искуство од учеството на оваа манифестација. Коњановски, посакувајќи ...

Изралеската војска потврди дека првите три заложнички штп го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел. „Тие се дома“, објави израелската војска на социјалната мрежа Икс. Ослободените три жени, се првите од 33-те заложници кои треба да бидат пуштени од Хамас согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа. Според израелските медиуми, трите ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, ...

Утрово најстудено со -9 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, -7 Битола, Прилеп, -6 Виница, -4 Тетово, Штип, Куманово, -3 Струмица, Дебар, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Маврови Анови, -1 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Гевгелија, Лазарополе, 1 Попова Шапка, 3Крушево. До утринава до 7:00 часот висната на снежната покривка е 47 см на Попова Шапка, 44 Маврови Анови, 24 Крушево, 17 Битола, 10 Тетово, 8 Демир Капија, 6 ...

Денес, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник, Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител, го крстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето, значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. По повод денешниот празник, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата на положување на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар. Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и ...

Соединување на човекот со Христос е чинот на положување на светиот Крст во водите и негово пребарување, а по осветувањето од епископите, водите стануваат лековити. За 2025 година останува забележано дека на Иван Миовски Бог му помогна да го пронајде крстот фрлен во базенот на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Битола, кадешто со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Петар. Тој е ученик во средното економско училиште „Јане Сандански“ ...

Богојавление – Водици, еден од најголемите христијански празници, беше свечено одбележан во 15 населени места во Општина Новаци со традиционалниот чин на фрлање на светиот крст во осветените води. Овој празник ја симболизира светлината и духовното прочистување, привлекувајќи верници и учесници кои со голема посветеност го почитуваат неговото значење. Како и секоја година, најхрабрите жители на општината се впуштија во осветените води со желба ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, за противник ја има селекцијата на Гвинеја. Натпреварот се игра во Вараждин Арената, со почеток во 18:00 часот. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на денешниот натпревар со Гвинеја. „Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го ...

Денеска се слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение ...

Денеска македонските православни верници го празнуваат Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со една од светите тајни на православната црква или сакраменти на католичката. Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават ...

Утрово најстудено со -13 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, -6 Битола, Прилеп, -5 Виница, Маврови Анови, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -1 Демир Капија, 0 Гевгелија, Крушево, 1 Попова Шапка. Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во котлините со магла до 4, а во ...

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација. – ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески ...

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД, соопштија денеска од Владата. Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската ...

Утрово најстудено со -12 степени беше во Берово, -8 Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, -1 Охрид, Гевгелија. Висината на снежната покривка до утрово до 7:00 часот е 53 см на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 29 Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, ...

Основните и средните училишта во Битола, подготвени се за почетокот на наставата во второто полугодие во учебната 2024/2025 година. Покрај тековните подготовки, продолжуваат и новите инвестиции во училиштата кои се реализираат во соработка со локалната самоуправа и министерството за образование и наука, соопштија од Општина Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско земјоделско училиште ...

Неопходна е потребата правната рамка да ја следи постојната административна и институционална структура, а исто така јасно да се определат надлежностите и одговорностите на органите на управата. На овој начин се надминуваат правните празнини односно се отстрануваат можностите за правна несигурност на граѓаните. Предложените измени и дополнувања се и во насока на хармонизирање на Законот за инспекција на трудот со одредбите од Законот за ...

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. „За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на ...

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во ракомет во салата во Вараждин, Хрватска. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32. Тој изјави дека мора да се погледнат грешките направени од овој натпревар и дека можеби не бевме доволно добри за да победиме. ...

„Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце. Пругата ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.19
27%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
42%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
44%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048