Кина денеска соопшти дека е „крајно неверојатна“ хипотезата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирусот што протече од кинеска лабораторија ја предизвикал пандемијата „Ковид-19“. „Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло ...

Утрово -4 степени во Берово, -2 Битола, Прилеп, 0 Крива Паланка, Охрид, Претор, Попова Шапка, 1 Штип, 2 Тетово, Струмица, Лазарополе, 3 Виница, Кавадарци, Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Велес, 9 Гевгелија. Сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. По котлините во поголем дел од денот со ниска облачност и магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени. Во ...

Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците дека е „дојдено време за наплата“. Тој во четвртокот во онлајн обраќање на Светскиот економски форум во Давос порача дека ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските технолошки компании и со суфицитот во меѓусебната трговска ...

Самите судии имаат ниска доверба во Судскиот совет, вели претседателот на ова тело, Александар Камбовски во неделното интервју за РСЕ. Тој вели дека целта му е прво да ја врати довербата од фелата. Господине Камбовски, во јуни 2024 бевте избран за член на Судски совет. Претходно беше судија во Апелациониот суд во Битола. На почетокот на јануари едногласно бевте избран за претседател на Судскиот совет. Како успеавте за неколку месеци да ја ...

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена со 32-25 (18-14) од Франција на последниот меч од главната фаза на Светското првенство. Со овој резултат Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот. Филип Кузмановски со осум голови беше најпрецизен во македонскиот состав, додека Марко Митев реализира четири голови. Дика Мем со осум гола беше најпрецизен кај „триколорите“. МИА ...

Утрово -4 степени во Битола, Берово, -3 Прилеп, -2 Тетово, Штип, Кавадарци, Охрид, -1 Лазарополе, Крива Паланка, 0 Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Попова Шапка, 3 Виница, Крушево, 4 Гевгелија. Вчерашното релативно топло време придонесе за намалување на снежната покривка, па таа 38 см изнесува на Попова Шапка, 29 Маврови Анови, 11 Крушево, 9 Битола. Времето денеска променливо облачно ...

Хамас предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија. Израелската армија соопшти дека четирите заложнички пристигнале во Израел. Четирите жени војници – Карина Ариеф, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг – беа стационирани во набљудувачка станица во близина на границата со Појасот Газа, кога беа киднапирани од борците на Хамас, кои ја презедоа нивната база за ...

Утрово -4 степени во Битола, Прилеп, Берово, -2 Тетово, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Претор, Велес, Штип, Демир Капија, 1 Крива Паланка, Охрид, Виница, Маврови Анови, Попова Шапка, 2 Куманово, 3 Крушево, Гевгелија. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во ...

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои ...

На Комисијата за финансии и буџет се најде одлуката за давање согласност за склучување на анекс договор за надзорот врз изградбата на пливачкиот базен во Битола. „Во договорот кој што беше склучен во 2020 година помеѓу Општина Битола и Агенцијата за малди и спорт, обврската за надзор беше на Агенцијата за млади и спорт. Со овој анекс договор се прави измена во членот 6 во обврските на Општина Битола и се додава дека надзорот ќе го има Општина ...

Пентагон издаде наредба за итна глобална пауза на сите објави на социјалните мрежи, освен оние поврзани со воената операција на јужната граница, објави „Фокс њуз“. Наредбата, одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе остане во сила додека не се потврди новиот секретар за одбрана и не донесе спротивна одлука. Паузата ќе трае неколку дена, додека не се издадат упатства за сите воени и цивилни вработени задолжени за социјалните мрежи. ...

Во Србија денеска генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм. Генерален штрајк прогласи и Републичкиот синдикат на културата, а претходно на истиот чекор презедоа адвокатите и наставниците. На ...

Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија. Повикот за бојкот се споделуваше на ...

Дизајнер на капата е Ерик Џавитс, претприемач со неколку децениско искуство, чии производи ги носеле Мадона, Џенифер Лопез, Аријана Гранде и други први дами како Хилари Клинтон и Лора Буш. Оваа што ја носела Меланија била втора таква, тој никогаш не се сретнал со неа, но, во транспортот првата многу се изгужвала, па, Меланија ја ставила втората. За едни капата е израз на мистериозноста со која зрачи Меланија, која секогаш го предизвикува ...

Мерната станица на Министерството за животна средина денеска во 15:00 часот во Битола регистрираше многу високо загадување во центарот на градот со ПМ 2,5 честичките и високо загадување со ПМ 10 честичките. Во истото време мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на градот измери средно загадување со ПМ 2,5 честичките . Според податоците во 15:00 часот само во Битола од сите градови во Македонија е регистрирано многу високо загадување. Во ...

Нов координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола е советникот Петар Николовски. Тој доаѓа на местото на Методија Илиевски кој исто така е советникот. Причината за оваа промена, како што вели претседателот на битолските социјалдемократи Методија Куновски е деакумулација на функции, односно според статутот на партијата не смее еден член да има повеќе од една партиска и една политичка функција или не може да се биде се. ...

Утрово -4 степени во Битола, -3 Прилеп, -1 Тетово, Виница, Струмица, Берово, 0 Гевгелија, Дебар, Лазарополе, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Демир Капија, 3 Попова Шапка, 4 Крушево, Денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во крајните северозападни планински региони ќе има услови за ...

По вчерашната објава за бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, граѓаните можат да се пријавуваат на следниот телефонски број 070 288 640, соопштија денеска од Општина Битола. Пријавувањето ќе биде денес до 17.00 часот, за сабота и недела, каде граѓаните ќе треба да остават лични податоци, по што ќе бидат информирани во кое возило ќе бидат сместени. Поаѓањето ќе биде од една локација – паркингот на спортската сала Боро ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – Битола 2. Прагот на ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025. Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет. По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале. Во последното коло од главната ...

Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не пресојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух, соопштија од Општина Битола. Во соопштението се вели дека во ...

Утрово најстудено со-6 степени беше во Берово, -4 Попова Шапка, -3 Битола, Прилеп, Струмица, -2 Лазарополе, Виница, Тетово, -1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 1 Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар, 2 Охрид, Велес. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди претежно во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави присуствуваше на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од постоењето на црквата „Свети Никола”, на коj присуствуваа и бројни македонски иселеници. Во своето обраќање тој истакна дека овие 7 месеци откако е избрана Владата, таа ја води борбата дома за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија и ...

Се почести се информациите за тешката финансиска состојба на Германија, за нивото на сиромаштија и опасноста од прогласување рецесија. И додека сите пресметуваат колку автомобилската индустрија е во криза односно дали зелената енергија им прави проблем на Германците, никој не мисли дека дел од проблемот може да биде и едноставна административна грешка која одлева пари од државната каса. Млад брачен пар буквално ништо и никаде не прави, и ...

Електронската трговија е се попопуларна и на македонско како и на светско ниво. Но, исто така и измамите се глобални, па за македонските купувачи може правдата да не е достапна. Оттука, Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија направи посебен маркер којшто до некаде ја гарантира чесноста на електронскиот трговец. Чести се моментите во кои слободното веме се минува со телефонот во рака и се вртка надолу по бескрајниот чаршав од ...

Судскиот совет денеска за нови судии во Апелациониот суд Битола ги избра судиите Билјана Белевска Пројковска за судија во кривичната област, и Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски за судии за граѓанска област. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски истакна дека на објавениот оглас за избор на еден судија за кривична област и тројца судии од граѓанската област формирана е Комисија за рангирање чиј претседател е ...

Белата куќа го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална Кока-Кола. Црвеното копче за Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави весникот „Волстрит џурнал“. Позната е неговата наклонетост да пие диетална Кока-Кола. Тој многу пати изјави дека не пие ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа. Зеленски ја даде изјавата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, еден ден откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД со ветување за брз крај на војната во Украина. Украинскиот лидер апелираше до европските држави да преземат поодлучни чекори за заштита на континентот. ...

Утрово -4 степени во Битола, -2 Прилеп, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Тетово, Демир Капија, Струмица, Штип, Берово, Кавадарци, Крушево, Маврови Анови, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Виница, Велес, Дебар, 2 Куманово, 3 Охрид, Гевгелија. Висината на снежната покривка е 49 см на Попова Шапка, 40 Маврови Анови, 22 Крушево, 15 Битола, 7 Тетово, 5 Демир Капија, Берово, 4 Штип, Лазарополе. Променливо облачно со сончеви ...

Државниот завод за статистика денеска ја објави информациајта за индексот на просечната исплатена нето плата по вработен за ноември минатата година. Изнесува 109.5 што подразбира дека просечната плата во Македонија изнесува 41.999 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5. Ваквото зголемување ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.19
27%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
42%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
44%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048