Утрово 0 степени на Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Берово, Лазарополе, 4 Крива Паланка, Претор, Крушево, 5 Битола, Прилеп, 6 Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес, Кавадарци, 7 Виница, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 10 Штип, Демир Капија, Гевгелија. Најмногу дожд 21 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 15 Тетово, 14 Дебар, 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Струмица, 6 Лазарополе, 5 Крушево, 4 Охрид, Претор, 3 Битола, Куманово, ...

Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија. Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски. Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час. Според информациите од ...

Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми. Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници. -Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас, пренесе Волстрит ...

80 години се навршуваат од почетокот на настава во образовните институции на државата на македонски јазик. Оваа генерација раководство, професори и ученици на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ одлучија да направат одбележување посветено на секој и сите поврзани со историјата на македонскиот јазик и историјата на оваа реномирана битолска образовна институција. Неколкудневно одбележување со разнородни настани најавија денеска од Гимназијата „Јосип ...

Во Општина беше избран новиот состав на локалниот младински совет. за претседател е избрана Викторија Брдаровска. Новиот младински совет има мандат од 2025 до 2027 година. Постапката започна со формирање на иницијативниот одбор по објавен јавен повик на кој се пријавија 5 лица и истите беа дел од иницијативниот одбор кој го објави јавниот повик за Локално собрание за млади, информираат денеска од Општина. На јавниот повик биле пријавени 18 ...

Во Општина беше избран новиот состав на локалниот младински совет. за претседател е избрана Викторија Брдаровска. Новиот младински совет има мандат од 2025 до 2027 година. Постапката започна со формирање на иницијативниот одбор по објавен јавен повик на кој се пријавија 5 лица и истите беа дел од иницијативниот одбор кој го објави јавниот повик за Локално собрание за млади, информираат денеска од Општина. На јавниот повик биле пријавени 18 лица, ...

СВР Битола соопшти дека на вчера во 17:00 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Во соопштението на полицијата се вели дека тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. Кај него ...

Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски” Битола е запозната со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито, се вели во соопштението кое Клиничката болница го испрати до медиумите. „Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која ...

Во најновата емисија „Чујте срби, чувајте се себе“ се осврнуваме на еден од српските писатели значаен за Македонија и посебно за Битола. Минатата година Националниот совет на Срби во соработка со Заедницата на Срби од Битола ја организираа манифестацијата „Национални денови на српската книжевност во Македонија“. Во Битола се говореше за Нушиќ, кој е дел од историјата и културата на македонскиот и српскиот народ. Во оваа емисија осврт и кон Денот ...

Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски ...

Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес конференција. „Постапката е следна, почнува со констатирање на оставката во Собрание, кога ќе биде констатирана, почнува рокот од 30 дена додека мора да се избере Влада, ако не се избере, се распишуваат избори. Претседателот на Републиката е должен да покрене постапка за избор на нова Влада, нема да ...

Утрово -2 степени во Берово, -1 Битола, 0 Струмица, Крива Паланка, 1 Прилеп, Попова Шапка, 2 Штип, 3 Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, Лазарополе, Куманово, 4 Тетово, 5 Велес, Маврови Анови, Крушево, 6 Скопје-Зајчев Рид, 7 Охрид, Претор, 8 Демир Капија, Гевгелија, Дебар. Времето денеска променливо облачно, претпладне по котлините магливо и со ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат ...

Затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“ во Битола најавен и почнат пред 5-6 години денеска се најде пред советниците. Од нив се побара зелено светло на одлуката за давање согласност за склучување на Анекс на Договор за соинвестирање во изградба на затворен пливачки базен во Општина Битола. Дали СДСМ ќе даде поддршка беше прашењето до новиот координатор на СДСМ Николовски, кога се знае дека тој базен беше најавен од неговиот сопартиец ...

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски му честиташе на новиот координатор на СДСМ, Петар Николовски, а го прашавме за коментар на неговата изјава дека вака како што работи ВМРО ДПМНЕ, сигурна била победата на СДСМ на следните локални избори. „Таа тема веќе три години ја зборуваме и кога разговаравме претходно на Советот и за централни политики и тогаш им кажав дека ќе бидат жестоко поразени на парламентарните избори, како и што се случи и ...

Наесен се локалните избори, значи дека ова е изборна година, а тоа значи дека и партиите веќе прават некакви комбинации и за идниот состав на Советот и за тоа кој ќе биде градоначалник. Новиот координатор на СДСМ, Петар Николовски го прашавме за една прогноза, иако можеби е далеку, дали ќе ги победат ВМРО ДПМНЕ на локалните избори? „Сигурно, со оваа политика и овие проeкти што ги реализира, мислам дека граѓаните како што не казнија нас во 2021 ...

Со свечена академија, многу пораки за соживот и економска, политичка соработка, но и духовно и црквено помирување измина одбележувањето на Св. Сава во Македонија, којашто имаше се – политички говори и пораки, религиски пораки за духовно помирување и единство, богата културно-уметничка програма со некои од врвните белградски и српски оперски изведувачи и првиот белградски аматерски хор и уметничкиот ансамбл на српското министерсто за одбрана. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференцијата во Владата, прашан за најавите за бојкот на продавниците рече дека има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит. „Тука не треба да имаме никаква дилема бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во ...

Портпаролката на СДСМ прашана за најавите за бојкот, вели дека граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити. „Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на ...

Министерството за животна средина соопшти дека институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. И во изминатава недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што ...

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат. -Собрав многу пари за следните избори, претпоставувам дека не можам да ги искористам за себе, но не сум 100 отсто сигурен, рече Трамп на вечерата со републиканските членови на Претставничкиот дом на Флорида. Ова не е првпат Трамп да навести можност за трет мандат. На неодамнешниот ...

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат. -Собрав многу пари за следните избори, претпоставувам дека не можам да ги искористам за себе, но не сум 100 отсто сигурен, рече Трамп на вечерата со републиканските членови на Претставничкиот дом на Флорида. Ова не е првпат Трамп да навести можност за трет мандат. На неодамнешниот ...

Утрово -4 степени воБерово, -3 Битола, Прилеп, -2 Струмица, Тетово, Штип, -1 Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Виница, Попова Шапка 3 Гевгелија, 4 Маврови Анови, 5 Крушево. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка од премиерската функција. Како што рече, неговата оставка е неотповиклива. Тој рече дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ја прифатил неговата одлука и неговите аргументи. „Почитувани граѓани, кога го добив мандатот за формирање влада на крајот на април минатата година, имав силно чувство на гордост. Се обидов да ја сфатам одговорноста на таа работа – рече Вучевиќ, додавајќи дека себеси се ...

Протојереј Ставрофор Златко Костовски ја благослови и трпезата и со присутните се помолија на светецот, Светиот Сава, синот на големиот српски жупан на овие простори Стефан Немања. Образот на Христос го зеде Св. Сава за свој, да ја сочуваме верата и да ја проследиме на тие што доаѓаат по нас- порача отецот. Денеска низ целиот свет православието го одбележува Св. Сава, српски црковен великодостојник кој се велича како прв Архиепископ и ...

Соодветните услови во спортската сала „Боро Чурлевски”, каде е обезбедено греење и можности за одржување на натпревари од репрезентативен карактер, повторно после седум години ќе овозможат Битола да биде домаќин на македонската репрезентација во ракомет, велат од Општина Битола. Во октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а овојпат, Битола ќе ја пречека македонската женска ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,86%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ...

М-р Емилија Стефановска Давкова, докторанд по меѓународно право на Правен факултет “Јустинијан I “ во Скопје е избрана за директор на НУУБ “Св. Климент Охридски” во Битола со Решение на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Националната Установа -Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола одлучи дека кандидатката поседува стручни и професионални квалификации за ...

Два дена со ред Битола повторно е со магла и повторно според мониторинг станиците на министерството за животна средина имаме високо и многу високо загадување. Минатата недела надминат беше прагот на аларнирање, по што министерството даде насоки што треба да се прави. Една од мерките беше да се интензивираат и вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на ...

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот претседателски мандат на изборите вчера на кои не се соочи со вистинска конкуренција. Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите. Официјалното пребројување на гласовите се уште е во тек. Сепак, традиционално, излезните анкети се речиси ...

Кина денеска соопшти дека е „крајно неверојатна“ хипотезата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирусот што протече од кинеска лабораторија ја предизвикал пандемијата „Ковид-19“. „Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.19
27%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
42%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
44%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048